feature

Шкупи го промовираше Гоце Седлоски за свој нов тренер

Гоце Седлоски е нов тренер на Шкупи. Клубот од Чаир и официјално го промовираше Седлоски за нов шеф на стручниот штаб. Очекувањата од Седлски се највисок пласман, а во клубот веруваат дека тоа може да го оствари. „Сакам да се заблагодарам на раководството, сопственикот и сите кои помогнаа да бидам тука. Разговаравме и во текот на зимата, но тогаш не се договоривме. Сега бил вистинскиот момент да дојдам во Шкупи. Амбициите ни се совпаѓаат. Знам дека клубот многу вложува, некои фудбалери ги познавам од времето кога бев во Вардар“, изјави Седлоски на промоцијата.


Евротип предлог тикет – Сабота 17.04.2021

Еден од најдобрите спортски новинари во државата и регионот – Зоран Мишевски селектира дел од понудата за денешните натпревари и ни даде свое гледиште како би се одвивале истите. Украдете дел од идеите или преземете ги неговите типови, па се надеваме на добивки. Предлог тикетот во ЕВРОТИП носи над 32 коефициент:

Волвс – Шефилд Јунајтед 1-1

„Волците“ се многу поквалитетна екипа и да не ги снајдеа многу повреди сезонава, веројатно ќе се бореа за европските места. Против последнопласираната екипа на табелата екипата на Нуно Еспирито Санто има императив да ги освои трите бода.

 

Каљари – Парма 1

Директен дуел за опстанок во Серија А, а на домашниот тим му „гори под нозе“. Иако има големи имиња, Каљари игра лоша сезона, менува тренери пречесто и нема тимска хемија. Сепак, овој натпревар е финале и квалитетот на фудбалери како Годин, Наинголан, Симеоне треба да дојде до израз.

 

Волфзбург – Баерн Минхен 2

Елиминацијата од Европа остави трага кај Баварците и потребна е реакција по ремито со Унион Берлин и лошиот крај во Париз. Левандовски уште неколку дена нема да настапи, но и без него Баерн е апсолутен фаворит во северна Германија.

 

Црвена Звезда – Радник 1,3+

Прашање на време е кога Црвена Звезда ќе ја освои титулата во српската Линг-лонг Суперлига. Радник е ривал по мерка за убедлива победа и настап за душа на фановите.

 

Бенфика – Жил Висенте 1-1

Борбата за титулата во Примеира веројатно е загубена за Бенфика, но само три бода е дистанцата со второпласираниот Порто, а второто место води во Лигата на шампионите. Тимот на Жорж Жесус е огромен фаворит против Жил Висенте и единствена разумна опција е домашна победа.


Драган Бајиќ пред промоција за нов Македонски селектор

Тренерот на кошаркарите на Игокеа, Драган Бајиќ, најверојатно ќе го наследи Александар Тодоров, на кормилото на нашата машка кошаркарска репрезентација. Српскиот стретег кој во 2013 година беше прогласен за „тренер на годината“ во АБА лигата, успеа со неговиот сегашен тим да влезе меѓу најдобрите четири екипи во регионалната конкуренција. Доколку се остварат најавите на КФСМ на прес-конференцијата закажана за вo понеделник, Бајиќ првата обврска како наш селектор ќе ја има во претквалификациите за Светското првенство.


Три фудбалери се враќаат меѓу „кралевите“ за дуелите со Челзи

Рафаел Варан, Еден Азар и Даниел Карвахал ќе бидат спремни за првиот полуфинален дуел од Лигата на шампиони против Челзи, пренесуваат шпанските медиуми. Варан даде позитивен тест на коронавирус, додека Азар и Карвахал подолго време се рехабилитираат од повреда. Се очекува тројцата да му бидат на располагање на Зинедин Зидан за првиот меч со Челзи во полуфиналето кое на програмата е на 28-ми април. Што се однесува до Серхио Рамос најверојатно ќе го пропушти првиот меч, но лекарскиот тим ќе се обиде да се опорави за реваншот.


Кејн бира меѓу гигантите од Манчестер

Хари Кејн ќе остане во Премиер лигата, иако големи се шансите да го напушти Тотенхем ова лето. Кејн веќе најави дека размислува за трансфер бидејќи сака да игра во тим кој ќе се бори за трофеи и наводно е спремен да го напушти Тотенхем бидејќи не е задоволен од политиката на клубот. Меѓутоа, напаѓачот има договор со „спарси“ до 2024 година, па Тотенхем сигурно нема така лесно да го пушти и ќе бара 130 милиони фунти. За Хари Кејн интерес покажувата многу европски гиганти, но тој сака да остане во Англија и преферира да се пресели во Манчестер.


Ѓорческа на чекор до финалето во двојки во Калви

Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа, продолжува да бележи одлични настапи во игра на двојки на турнирот во Калви кој се реалзира на тврда подлога за награден фонд од 25.000 американски долари. Таа и домашната претставничка Французинката, Амандин Ес, како први носителки, ги совладаа Флави Бруњон и Обан Дрог во два сета со идентичен резултат 6-2. Лина и Амандин во последниот филтер пред финалето ќе се сретнат со Жад Сувреј и Луси Нгујен Тан откако нивните противнички, Марго Јеролимо и Анџелика Моратели го предадоа мечот.


Барса планира кам-бек на Дани Олмо

Барселона е заинтересирана за ѕвездата на Лајпциг и шпански репрезентативец, Дани Олмо, пренесуваат каталонските медиуми. Олмо ја помина школата на Барселона во младинските категории, од каде замина за Динамо Загреб каде ја доживеа својата фудбалска афирмација. Минатата година направи трансфер во Лајпциг, каде блеска оваа сезона, па Барселона сака да го врати на „Камп Ноу“. „Барселона секогаш ги следи своите поранешни играчи. Луѓето од клубот во повеќе наврати го следеа во живо. Дани ја напушти Барса за да се изгради како фудбалер и тоа му успеа во Хрватска и Германија“, пишува каталонски „Спорт“.


Фоден се израмни со Мбапе

Во реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампионите, Борусија Дортмунд беше домаќин на Манчестер Сити на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд. Средбата заврши со победа на гостите со резултат 2-1. Победничкиот гол на мечот го постигна играчот за врска на „граѓаните“, Филип Фоден. Како што беше објавено по натпреварот, Фоден е вториот играч кој постигнал гол во две четвртфиналиња на Лигата на шампиони на УЕФА пред да наполни 21 година. Претходно, напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе, успеа да го направи тоа. Во реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампионите, Манчестер Сити ја победи Борусија Дортмунд на гости со 2-1. Првиот натпревар, кој се одигра на стадионот „Етихад“ во Манчестер, исто така заврши со победа на Манчестер од 2-1. Така, Манчестер Сити се пласираше во полуфиналето на Лигата на шампионите на УЕФА, каде ќе игра со ПСЖ.


Двајца ракометари на Еурофарм Пелистер повикани за хрватската репрезентација за Еврокупот

Започнаа првите репрезентативни повици пред ЕХФ неделата која следи на крајот од месецот. Селекторот на хрватската ракометна репрезентација, Хрвоје Хорват и неговиот нов асистент, Ивано Балиќ, го објавија списокот на ракометари за Еврокупот против Словачка и Унгарија, кои ќе се одиграат кон крајот на овој и почетокот на следниот месец. На списокот на новиот предводник на „каубоите“ се најдоа 22 ракометари, меѓу кои младиот бек на Еурофарм Пелистер, Матео Мараш и кружниот напаѓач Томислав Кушан. Противници на Хрватска во оваа ЕХФ седмица ќе бидат Словачка и Унгарија, а натпреварите во Вараждин ќе се одиграат на 28 и 29 април.


Марко Кизиќ потпиша тригодишен договор со Еурофарм Пелистер

Младиот голман на македонската репрезентација, Марко Кизиќ е нов ракометар на Еурофарм Пелистер за периодот од јуни 2021 до јуни 2024 година. 20-годишниот Кизиќ потпиша договор со битолскиот клуб и ќе ја зголеми конкуренцијата на голманската позиција. Овој млад голман доаѓа од Вардар, висок е 190 сантиметри, а тежок 89 килограми. Кизиќ веќе има искуство од настапи во Лигата на шампионите, а во новиот клуб ќе се приклучи по завршувањето на сезоната. Официјалната презентација на Марко Кизиќ ќе се одржи пред почетокот на сезоната 2021/22 во Битола.