feature

Пирло ги врати суспендираните за дербито со Наполи

Јувентус веднаш започна со подготовки за новиот меч со Наполи по ремито 2-2 со Торино. Интересно, во групата која се појави на тренинг беа и Пауло Дибала, Вестон Мекени и Артур Мело.
Тројцата играчи беа казнети и изоставени од торинското дерби поради кршење на ковид-19 протоколите минатата недела.
Андреа Пирло реши да ги пречека тројцата играчи во групата по локалното дерби, бидејќи „бјанконерите“ се подготвуваат за средбата во среда против Наполи. Наполи доаѓа на „Алијанц“ арена за да го одиграат одложениот натпревар од октомври минатата година, а дуелот ќе биде важен за двете страни во борбата за пласман во Лигата на шампионите.


Конте го сака Колумбиецот Мина од Евертон од следната сезона

Дефанзивецот на Евертон, Јери Мина, може да добие понуда во текот на летото да се пресели во Италија, објавија денеска дел од светските медиуми.
Наводно, тренерот на Интер, Антонио Конте, направил список за нови играчи на кој високо котира токму фудбалерот на „карамелите“ кој е речиси незаменлив во првата постава.
Според весникот „Сан“, за младиот фудбалер се заинтересирани и луѓето од шпанската Валенсија и од италијанската Фиорентина.


Златан и Милан се договориле за нов едногодишен договор

Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ ќе потпише нов договор со клубот. Двете страни се согласиле да го продолжат договорот за една година, пренесуваат извори блиску до клубот.
„Росонерите“ веќе неколку недели преговараат со Швеѓанецот и конечно успеале да постигнат договор. За детали за договорот се уште се преговара.
Наскоро се очекува и официјално да биде објавено потпишувањето на нов договор со 39-годишниот фудбалер.


Хоџсон заминува од Кристал Палас, клубот спрема големо име за замена

Раководството на Кристал Палас не планира да го продолжи договорот со тренерот Рој Хоџсон. Според изворот, раководството на клубот веќе започнало да бара нов тренер. Тренерот на Рома, Пауло Фонсека и поранешниот тренер на Челзи, Френк Лампард се сметаат за главни кандидати за менаџерската позиција во Кристал Палас. Прелиминарните преговори веќе се водат со двајцата тренери. Покрај Фонсека и Лампард, кандидати се и главниот тренер на Барнли и предводник на Свонси Сити, Стив Купер. Рој Хоџсон на 9 август ќе наполни 74 години, а самиот тренер постојано повторуваше дека размислува да стави крај на тренерската кариера. Неговиот договор со Кристал Палас завршува на крајот на оваа сезона. Хоџсон ги предводи фудбалерите на оваа екипа од 12 септември 2017 година.


Санчо ќе го пропушти дуелот со поранешниот клуб

Џејдон Санчо се уште се опоравува од повредата здобиена на почетокот на март и не е подготвен да се врати во тимот за овонеделните средби во Лигата на шампионите. 21-годишниот Англичанец, најверојатно ќе биде надвор од составот на „милионерите“ за првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампиони против Манчестер Сити закажано за утре. Санчо не тренираше во неделата, а денеска се очекува да замине на нови лекарски тестови. Германските медиуми велат дека Борусија (Д) нема да го форсира неговото враќање на оваа средба, туку ќе се обиде да го има максимално подготвен за реваншот на 14 април.


Деценија од магијата на Дејан!

На денешен ден пред 10 години, Дејан Станковиќ го постигна еден од најубавите погодоци со волеј удар во Лигата на Шампионите на сите времиња.
Овој погодок сигурно сеуште го памти еден од најдобрите голмани на денешница Мануел Нојер, кој во тоа време беше чувар на мрежата на Шалке 04.


Белгиецот Де Кетелар пред потпис со Аталанта

Шарл Де Кетелар од Бриж најверојатно ќе биде новото летно засилување за италијанска Аталанта. Составот од Бергамо е заинтересиран за услугите на 20-годишниот Белгиец и веќе почнал преговори со неговиот агент. Аталанта во Де Кетелар гледа како на потенцијална замена за Јосип Иличиќ, кој е близу до заминување од клубот ова лето. Според информациите, Аталанта подготвува сума од околу 16 милиони евра, на колку што во моментов е проценет младиот Белгиец. Инаку Де Кетелар потекнува од фудбалската академија на Бриж, а во тековнава сезона одигра 38 натпревари и постигна 4 гола за својот актуелен клуб.


Зидан „раситна“ 250 натпревари како тренер на Реал Мадрид

Претседателот на Реал Мадрид Флорентино Перез, му даде подарок на тренерот Зинедин Зидан кој со победата против Еибар прослави јубилеј на клупата на „кралевите“. За францускиот стратег тоа беше 250-от натпревар. „Живеам за фудбалот и секој ден што го поминувам како тренер на Реал Мадрид. Не сакам јубилеи, бидејќи не живеам во минатото туку во сегашноста“, вели Зидан. Најмногу натпревари на клупата на„белите“ има легендарниот Мигел Муњоз (605).


Кејн постави нов рекорд во Премиер лигата

Напаѓачот на Тотенхем и Англија, Хари Кејн се запиша во историјата на Премиер лигата со рекорд на постигнати голови. Кејн ги постигна двата гола за Тотенхем на нивното гостување кај Њукасл во натпреварот од 30. коло во Премиер лигата. Натпреварот заврши без победник – 2:2, а Кејн веќе има 84 голови за Тотенхем на гостински терен во Премиер лигата. Ова е рекорд за играч во дресот на тим во Премиер лигата, а мора да се потенцира дека на Кејн му беа потребни само 120 натпревари за да ја достигне оваа импресивна бројка. Тимот предводен од Жозе Мурињо е петти на табелата, со ист број на бодови како Ливерпул и Вест Хем, а „чеканите“ имаат помалку средби.


Марсијал сериозно е повреден, неизвесен настапот и на ЕП

Лоши вести од Манчестер пристигнуваат за француската репрезентација, имено оваа селекција на Европското првенство би можела да биде без Ентони Марсијал. Марсијал заработил повреда минатата недела за време на мундијалските квалификации. Проценката прво била дека не станува збор за многу тешка повреда, но изгледа дека не е баш така. Вчера Солскјер изјави дека сезоната за него најверојатно е завршена, а можно е и да го пропушти Евро 2021. „Ентони има повреда на коленото. Секогаш кога има репрезентативна пауза се надевате дека сите играчи ќе ви се вратат здрави. Од Франција ни кажаа дека не е ништо сериозно, но излезе големо разочарување. Веројатно нема да сметаме на него до крајот на сезоната“, изјави Солскјер.