feature

Маркос Алонсо пред враќање во Ла Лига

Новинарот Фабрицио Романо објави дека дефанзивецот на Челзи, Маркос Алонсо, сака да се врати во Шпанија и следната сезона да игра во Ла Лига.

Интерес за шпанскиот фудбалер има од екипата на Барселона, каде веќе се разгледува ситуацијата околу негов трансфер.

Од Челзи немаат намера да го спречат евентуалното заминување на Алонсо од клубот, но засега нема конкретна понуда за негова продажба.


Ливерпул преговара со Чуамени

Англискиот „Дејли Експрес“ пишува дека Ливерпул е во преговори со играчот од средниот ред на Монако, Аурелиен Чуамени. Монако го проценува 22-годишниот играч на 60 милиони евра.

Фудбалерот од Франција е интересен и за Реал Мадрид, кој според некои информации исто така ќе се обиде да го доведе во своите редови.

Договорот на Чуамени со Монако е со важност до јуни 2024. Тој сезонава запиша 46 натпревари, постигнувајќи три гола и две асистенц


Големиот Пеле со пофалби за Родриго

Најдобриот бразилски фудбалер на сите времиња Пеле, преку објава на Инстаграм му честиташе на Родриго, кој беше херој во победата на Реал Мадрид во полуфиналето од ЛШ над Манчестер Сити.

Родриго беше најзаслужен за резултатскиот пресврт на „Сантијаго Бернабеу“, кога при водство на гостите од Манчестер од 0:1, после 90. минута од средбата успеа да постигне два брзи гола со кои натпреварот отиде во продолжение, за на крајот Реал да оствари конечна победа од 3:1 и ќе игра во големото финале во Париз против Ливерпул.

„Отсекогаш знаев дека ќе дојде денот кога ќе те поздравам пријателе. Не може поинаку да биде за оние кои напорно работат и го сакаат тоа што го работат. Ти си просветлен и ќе ни донесеш многу повеќе радост Родриго. Напред Реал Мадрид! Едвај чекам да го гледам финалето!“, напиша Пеле на Инстаграм.


Погба одлучил да игра за ПСЖ

„Мундо Депортиво“ пренесува дека играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, сака да заигра за Париз Сен Жермен ова лето.

Французинот наводно веќе им кажал на своите блиските луѓе дека посакува да се врати во Франција по истекот неговиот договор со Јунајтед по крајот на сезоната.

29-годишниот играч го одигра последниот натпревар за „црвените ѓаволи“ минатиот месец против Ливерпул на „Енфилд“. Тој поради повреда нема да може да учествува во натпреварите на тимот до крајот на сезоната.


Кепа ќе го замени Рули на голот на Виљареал

Полуфиналистот од Лигата на шампионите, Виљареал е подготвен да го ангажира голманот на Челзи, Кепа Аризабалага, објавија медиумите во Англија.

Тренерот на Виљареал, Унаи Емери смета дека купувањето голман е приоритетна цел за летото, поради неубедливиот настап на Џеронимо Рули. Аризабалага оваа сезона забележа 15 настапи во сите натпреварувања.

На 8 август 2018 година, Кепа му се приклучи на Челзи од Атлетик Билбао. Договорот е на 7 години, трансферната сума изнесуваше 80 евра, со што стана најскапиот голман во историјата на фудбалот. Покрај тоа, тој стана и најскапиот Шпанец.


Борусија Дортмунд не може да си го дозволи Пауло Дибала

Иако се појавија шпекулации дека Паоло Дибала може да се пресели во редовите на Борусија Дортмунд, Патрик Бергер тврди дека информациите на италијанскиот „Кориере дело Спорт“ не се точни.

Дибала е една од главните теми во Италија после одлуката да не го продолжи договорот со Јувентус и често пати се поврзува со разни клубови. Бергер набрзо после сензационалната вест за Борусија Дортмунд тврди дека Борусија не може да ги исполни финансиските услови на Аргентинецот.

„Дибала одби понуда од 6.5 милиони евра од Јувентус. Борусија не може да му понуди повеќе, нема шанси да дојде тука“, објави новинарот на германскиот „Спорт“.

Како еден од најсериозниот кандидати за доведување на Дибала во медиумите важи и големиот ривал на Јувентус, екипата на Интер.


Бекер може да биде депортиран во Велика Британија

Се анализира дали Борис Бекер може да биде депортиран, потврди Министерството за внатрешни работи на Велика Британија, пишува Гардијан.

Минатата недела, поранешната тениска ѕвезда беше осуден ана две години и шест месеци затвор за криење имот вреден милиони фунти, откако банкротираше во јуни 2017 година. Бекер, осуден според Законот за несолвентност, ќе отслужи, како што пишува овој весник, половина од целосната затворска казна.

Портпаролот на тамошното МВР рече дека, иако не коментира поединечни случаи, „секој странски државјанин кој е осуден за кривично дело и е осуден на казна затвор се разгледува за депортација во најкраток можен рок“.

„Борба која може да чини и до 30.000 фунти, велат експертите, што значи дека Бекер можеби ќе мора лично да се застапува на суд како страна во тужбата. Доколку делото се случило по 31 декември 2020 година, Бекер е предмет на автоматска депортација бидејќи е осуден на 12 месеци или повеќе“, рече адвокатот Колин Јео.


Тен Хаг ќе го засилува Манчестер Јунајтед со Дамфрис од Интер

Новиот тренер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг веќе започна со селекција на играчи кои би го засилиле тимот летово. Холандскиот стручњак посакува да ја подобри дефанзивната линија на екипата со доведување на играчот од Интер, Дензел Дамфрис.

Сонародникот на Тен Хаг би претставувал идеална замена за Арон Ван Бисака кој според шпекулациите ја губи довербата и веројатно ќе ја напушти екипата. 

Интер за услугите на 26-годишниот дефанзивец кого го купи од ПСВ плати 13,7 милиони евра и тој има договор со екипата до 2025 година. Па така ако Јунајтед се одлучи во реализација на трансферот тогаш со сигурност ќе треба да издвои околу 40 милиони евра.


Фирмињо се врати во тимот на Ливерпул

Напаѓачот на Ливерпул, Роберто Фирмињо ги обнови тренинзите со својата екипа. Бразилскиот играч ги пропушти последните пет натпревари на „црвените“ поради повреда на стапалото. Тренерот на Ливерпул Јирген Клоп неодамна изјави дека повредата не е сериозна, но е многу болна за играчот. Англиските медиуми пренесуваат дека Фирмињо ќе биде во составот на Ливерпул за дерби дуелот со Тотенхем во сабота.


Борусија Дортмунд со понуда за Дибала

Италијанскиот весник „Кориере дело спорт“ објави дека напаѓачот на Јувентус, Пауло Дибала добил понуда и од Борусија Дортмунд за негов премин во бундеслигашот.

За 28-годишниот фудбалер има понуда и од милански Интер, и се очекува Дибала сепак да ја прифати истата и да остане во Серија А.

Аргентинецот ова лето ќе си замине од Јувентус како слободен играч откако не успеа да се договори со клубот за нов договор.

Според информациите, со понудата, Дортмунд на Дибала му нуди 4,5 милиони евра годишно и клучна улога во тимот за следната сезона, додека понудата на Интер изнесува 6 милиони евра.