feature

Милан и Стразбур не се договорија за братот на Дезире Дуе

Милан никако не успева да се договори со Стразбур за потписот на Гела Дуе. Според „Л’Екип“, „росонерите“ испратиле втора понуда за 22-годишниот десен бек од Брегот на Слоновата Коска во вредност од само 3 милиони евра повеќе од претходно. Наводно, Милан е подготвен да плати 18 милиони евра за Гела, но Стразбур сака да добие значително повеќе.

Според Calciomercato.com, Французите го процениле фудбалерот на 28 милиони евра.

Гела е постар брат на крилниот напаѓач на ПСЖ, Дезире Дуе.


Рома и Брајтон преговараат за Еван Фергусон

Рома тргнува во обид да го ангажира напаѓачот на Брајтон, Еван Фергусон.

Според Џанлука Ди Марцио, 20-годишниот Ирец се согласил да се пресели во римскиот клуб, и покрај интересот од други тимови.

Сепак, Брајтон се надева дека ќе добие 45 милиони евра за Еван, додека Рома се обидува дека ќе ја намали цената.

Фергусон постигна 1 гол во 13 натпревари од Премиер лигата за Брајтон во сезоната 2024/25.


Денвер го претстави Литванецот Валанчиунас

Литванскиот центар Јонас Валанчиунас и официјално е играч на Денвер Нагетс. Договорот со кој Денвер го испрати напаѓачот Дарио Шариќ во Сакраменто во замена за центарот Јонас Валанчиунас е официјален.

И покрај интересот на Панатинаикос за Литванецот, Нагетс очекуваат Валанчиунас да ги исполни своите договорни обврски, кои вклучуваат уште две години и исплати од околу 20 милиони долари. Само претстојната сезона, со плата од 10,3 милиони долари, е загарантирана..


Марко Бизо е нов голман на Астон Вила

Искусниот, 34. годишен холандски голман, Марко Бизо кој што досега беше дел од тимот на Брест, од денес ќе биде нов член на екипата на Астон Вила.

Клубот од Бирмингем се одлучи за искусниот чувар на мрежата кој што веќе ги започна подговотките со Брест, летово, па менаџментот одлучи да испрати приватен авион за да го доведе директно во Англија.

Визо првично е планиран како замена за Емилијано Мартинез, но аргнетинецот изрази желба да напушти, па холанѓанецот многу веројатно и ќе биде број еден следната сезона.

За Брест настапил на 148 меча и примил 213 гола.


Маодо Ло потпиша за Жалгирис

Маодо Ло и официјално го напушти кошаркарскиот клуб Париз. Германскиот плејмејкер во новата сезона ќе го носи дресот на Жалгирис,

Минатата сезона, Германецот имаше просек од десет поени и 2,1 асистенции во 29 натпревари што ги одигра во најсилното кошаркарско натпреварување – Евролигата.

Маодо Ло во својата кариера играше за три германски клуба, Бамберг, Алба и Баерн Минхен.


Одбојкарите шести на Балканскиот шампионат

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија до 19 години го заврши настапот на БВА Балканскиот шампионат на шестото место. Во денешниот натпревар за пласман на петтото место Црна Гора оствари победа од 3-1 во сетови (25-17; 20-25; 25-19 и 27-25).

Кадетите имаа многу добро претставување на Балканијадата на која запишаа две победи над БиХ со 3-1 во групата фаза и над Грција со 3-2 во разигрувањето за пласман.

Македонија загуби од Романија 3-2 по голема борба, како и од Турција 3:0 во групата, додека од Црна Гора поразот беше во разигрувањето.


Синер: Емотивно ова беше многу тешко финале за мене

Јаник Синер, тенисер број еден во светот, ги сподели своите впечатоци по финалето на Вимблдон во кое беше подобар од Карлос Алкараз (4-6, 6-4, 6-4, 6-4).

Синер ја освои својата прва титула на Вимблдон победувајќи го Алкараз во финалето.

„Сакам да му се заблагодарам на Карлос, одигра уште еден неверојатен турнир. Ти благодарам што си таков играч, толку е тешко да се игра против тебе. Имаме прекрасно добар однос и надвор од теренот, се обидуваме да го градиме и врз него. Ова не би било можно без најдобрите тимови на теренот, знам дека го држеше овој трофеј неколку пати, веќе имаш два… Да, да, ова е толку посебно. Ги гледам моите родители тука, мојот брат, целиот мој тим. Посебна благодарност до мојот брат, тој имаше слободен викенд, затоа е тука“, рече Синер.

Пред еден месец во Париз, тој загуби во финалето на Ролан Гарос од Алкараз, иако водеше со 2-0 во сетови.

„Пред сè, емотивно, имав многу тежок натпревар во Париз. Но, денес не беше толку важно дали ќе победам или изгубам, ова е толку важен турнир, останува да видиш што си направил и да продолжиш да работиш, затоа стојам тука со трофејот. Благодарен сум за сè, што сум здрав, што можам да играм, сето тоа ми значи многу.“


Рашфорд ги одби понудите од Саудиска Арабија и ќе ја чека Барса

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, одбил одлична финансиска понуда од екипа од Саудиска Арабија.

Медиумите во Англија трвдат дека брзоногиот напаѓач добил понуда со која може да заработи големи 40 милиони евра но, истата ја одбил. Рашфорд не крие дека сака да го облече дресот на Барселона и повторно да игра во Лигата на шампионите.

„Црвените ѓаволи“ имаат намера да го испратат на позајмица за максимум 30 милиони евра.


Кол Палмер е најкорисен фудбалер на СКП

Со постигнати два гола во финалето и една асистенција за погодокот на Жоао Педро, англискиот репрезентатигвец Кол Палмер ја доби наградата за најдобар играч на првото издание во овој формат на Светското клупско првенство.

Челзи го совлада ПСЖ со 3:0 во финалето во Њујорк, а собра и добар дел од индивидуалните признанија на ФИФА.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, лично му го додели големиот пехар на Палмер, кој го круниса за МВП на овој турнир кој траеше еден месец. Челзи извојуваше шест победи на седум натпревари и загуби само во групната фаза од Фламенго.

Најдобар стрелец на шампионатот е Гонзало Гарсија од Реал Мадрид со четири гола и две асистенции. Ист број на голови постигнаа и Ди Марија, Гираси и Маркос Леонардо.

Роберт Санчез од Челзи е најдобар голман, а Дезире Дуе од ПСЖ најдобар млад фудбалер.


Палмер го сруши ПСЖ, Челзи е светски клупски првак

Челзи е првиот освојувач на Светското клупско првенство во овој формат, сините со убедливи 3-0 го совладаа европскиот шампион ПСЖ и заслужено го кренаа големиот трофеј, Кол Палмер и голманот Роберт Санчез се хероите на англискиот тим.

ПСЖ беше доминантен во европскиот фудбал во изминатите месеци, па тие ја имаа фаворитската улога и во денешното финале. Работите овојпат се одвиваа поинаку.

Челзи уште од почетокот тргна фокусирано и се обидуваше да воспостави доминација, тоа и им успеа, а брзо почнаа да доаѓаат и головите.

Резултатот беше отворен во 22. минута кога по асистенција од Густо, Палмер убаво ја пласираше топката во голот на Донарума за водство од 1-0.

Осум минути подоцна повторно Палмер е главен, овојпат погоди за предност на Челси од 2-0, уште поубав гол.

Во финишот од првото полувреме Палмер ја имаше улогата на асистент, одлично додаде до Жоао Педро кој погоди за водство од 3-0 што беше и конечен резултат.

Во второто полувреме ПСЖ се обидуваше да се врати, создаде неколку шанси, но не успеа да постигне гол, Челзи на голот го имаше денеска одличниот Роберт Санчез.

На крајот Челзи заслужено се радува на големиот трофеј кој ветува многу подобра сезона за момците на Мареска.