Минатата недела, Болоња, го потврди заминувањето на Винченцо Италијано, а Доменико Тедеско веќе е ангажиран како негова замена. Поранешниот тренер на „рособлу“ не доби трансфер во Наполи, но сега би можел да се упати кон Турција.
Џанлука ди Марцио објави дека Бешикташ е заинтересиран и го гледа Италијанецот како замена за Серген Јалчин, кој ја напушти менаџерската позиција пред неколку недели.
Првичниот контакт за Италијано е направен и постои шанса тој да стане следниот менаџер на Бешикташ. Тоа би била неговата прва работа надвор од Италија.
Омерагиќ оствари средба со првиот човек на турскиот фудбал
Омерагиќ оствари средба со првиот човек на турскиот фудбал
За време на престојото во Турција на пријателскиот натпревар меѓу Турција и Македонија, претседателот на Фудбалската федерација на Македонија оствари средба со првиот човек на турскиот фудбал, Ибрахим, Етем Хаџиосманоглу.
“Одлична средба со мојот пријател, претседателот на Турската фудбалска федерација, Ибрахим Етем Хаџиосманоглу и неговиот најблизок тим. Разменивме идеи за унапредување на соработката меѓу двете федерации и разговаравме за проекти што можат дополнително да не зближат. Благодарност за искреното гостопримство и пријателскиот пречек. На Турција и посакувам многу успеси во периодот што следи”, изјави Омерагиќ.
Доделени трофеите за шампионите во женските фудбалски лиги
На крајот од сезоната во двете конкуренции во Фудбалското првенство во женска конкуренција беа доделени трофеите за двете најдобри екипи.
Шампионската титула во ЖФЛ ја освои ЖФК Скопје кој првенството го заврши со 69 бода, 12 повеќе од најблискиот конкурент ЖФК Тиверија Брера.
Елитното фудбалско друштво го напушта Топ Гол, а од следната сезона дел од Првата лига ќе биде ЖФК Конзули од Битола.
За пополнување на уште едно место во ЖФЛ преку бараж ќе решаваат ЖФК Кочани и ЖФК Билјанини Извори што ќе се одигра утре на стадионот во Ѓорче Петров.
Најефикасна фудбалерка во сезоната беше Ана Димитровска од ЖФК Каменица Саса која постигна 35 гола, 12 повеќе од Радица Чонева од ЖФК Истатов додека трета на листата на стрелци е Рабија Дервиши со ЖФК Скопје со 20 погодоци.
Доминацијата во македонскиот женски фудбал, Скопје ја потврди со освојување на шампионските титули во младинска и кадетска конкуренција.
Гавриловиќ го одреди списокот за турнирите во Порто и Аликанте од Европската лига
Селекторот на женската сениорска репрезентација на Македонија, Милош Гавриловиќ го дефинираше списокот од 14 репрезентативки кои ќе го понесат товарот на првите два турнири од годинешното издание во Европската лига, кои истовремено се и дел од циклусот за квалификации за Европското првенство во 2028 година.
Во последниот пресек селекторот им се заблагодари на интернационалката Добрина Хаџи Тосева и на младата 16-годишна Андреа Митиќ, на кои секако ќе смета во средните репрезентативни акции. Премиерно во А селекцијата шанса добиваат примачот Даниела Горбок и средниот блокер Стефанија Кипријановска.
Дамите до четврток ќе тренираат во Скопје, додека в петок рано наутро патуваат за Порто, каде на 6 јуни ќе се соочат со Унгарија, додека на 7 јуни играат со домаќинот Португалија. По завршувањето на настапот на првиот турнир репрезентацијата продолжува директно во Аликанте, Шпанија. На вториот турнир, на 12 јуни ќе ги пречека организаторот, додека ден подоцна играат со Азербејџан.
Последниот, трет турнир од Европската лига 2026, Македонија го игра пред својата публика во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје од 19 до 21 јуни кога ќе ги пречека Словенија и Хрватска.
Темов го освои турнирот Битола Опен
Младиот македонски тенисер Андреј Темов триумфираше на турнирот Битола Опен за тенисери до 14 години. Турнирот беше од категорија 3, а Темов во финалето го победи Ленарт Кадриу од Швајцарија со 2-0 во сетови (64 76(4)).
Но,патот до финалето за Темов беше потежок отколку самиот финален меч. Во полуфиналето во три сета со 2-1 во сетови (46 63 62) го победи Димитрис Николау од Грција, а во четвртфиналето беше поуспешен од Ставрис Ладерос од Белгија со 2-1 во сетови (63 57 62). Во првите две кола Андреј беше убедлив со двете победи против Топрак Албајрак од Турција со 2-0 во сетови без загубен гем, додека во второто коло го победи Виктор Дамјанов од Германија со 2-0 во сетови со само еден загубен гем.
Во конкуренција на двојки Темов настапи со Василиј Закоски и беа елиминирани во полуфиналето од победниците во двојки Сами Дамани од Франција и Леви Де Вахтер од Белгија.
Темов оваа недела настапува на турнирот во Скопје на МТП опен, каде е рангиран како прв носител, а покрај него настапуваат и уште неколку млади македонски тенисери и тенисерки.
Големиот настан – „Денот на спортот“ доаѓа во Битола!
„Денот на спортот“ ќе се одржи и во Битола. „Градот на конзулите“ утре (04.06.2026) ќе дише во ритамот на Плазма Спортските игри за млади, кои за првпат оваа година се одржуваат во Македонија. Зборно место е салата „Боро Чурлевски“, големиот спортски настан е закажан со почеток во 10:00 часот.
На младите „симовци“ ќе има обрати претседателката на Плазма Спортските игри за млади во Македонија, Елена Мицковска, градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.
Битола е еден од главните спортски центри во Македонија, тод овој град потекнуваат бројни македонски репрезентативци и репрезентативки, уникатни спортски имиња кои се запишале во историјата на спортот.
На отворањето на СИМ ќе бидат присутни Оливера Бикова, нашата параолимпијка која има златниот медал во воздушен пиштол SH1 за жени на 10 метри на Летните параолимписки игри 2012 во Лондон, како и бројни други одличја, како и Весна Дуномагловска првата македонска олимпијка на Зимските Олимписки игри.
Главната цел на СИМ е бесплатен спорт за секое дете, како и поттикнување на здрав, активен и динамичен животен стил, промоција на инклузијата, развој на здрави навики, негување на фер-плејот, создавање искрени пријателства и градење на вистински вредности.
Овој голем спортски настан претставува една од најголемите аматерски спортски платформи во Европа, со традиција подолга од 30 години. Право на учество имаат сите деца и млади, не само оние кои активно се занимаваат со спорт, што ја прави оваа манифестација отворена, инклузивна и достапна за сите.
Игрите со години испраќаат моќна и инспиративна порака: „Чекор за подобра иднина“.
Дечињата се натпреваруваат 10 атрактивни спортски дисциплини: Coca-Cola Cup 2011 во машка и женска конкуренција, мал фудбал 2015, баскет 3×3 во машка и женска конкуренција, ракомет во машка и женска конкуренција, одбојка во машка и женска конкуренција, народна 2015 и 2017 и ателтика.
Организаторите ги покануваат сите деца, родители, наставници и граѓани да бидат дел од овој спортски празник во Битола – заедно да создадеме нови незаборавни моменти и дружби со Кока Кола, Шпаркасе Банка, Шпаркасе Лизинг и Плазма.
По успешните настани во Скопје, Куманово, Штип, Кочани, Струмица, Велес, Кавадарци и денешниот спектакл во Прилеп, спортскиот караван пристигнува во Битола.
ИГРИТЕ СЕ ЗАКОН!
Белгија ја совлада Хрватска на тест мечот во Ријека
Хрватска загуби од Белгија (0-2), во првиот подготвителен натпревар пред стартот на Светското првенство. Во Риека, Белгија славеше со головите на Јури Тилеманс во 38-та и Ромелу Лукаку во 96-та минута.
Имаше шанси на двете страни, Хрватите можеа барем да израмнат, но Тибо Куртоа остана несовладан.
Токму Куртоа го спречи Лука Модриќ на крајот од првото полувреме, да изедначи, со феноменална рефлексна интервенција.
Непосредно пред тоа, Тилеманс ја искористи лошата реакција на Јосип Шутало и го совлада Доминик Ливаковиќ.
Резервата Анте Будимир ја пропушти најдобрата можност во продолжението од натпреварот, напаѓачот на Осасуна ја погоди гредата.
Белгијците исто така се заканија во неколку наврати, додека во финишот Марко Пашалиќ шутираше од далечина веднаш покрај стативата.
Лукаку стави точкај на овој натпревар, по одличен контранапад, во последните моменти од играта.
Пред Светското првенство, Хрватска ќе се соочи со Словенија на 7 јуни, додека Белгија ќе игра против Тунис ден претходно.
Дензел Дамфрис го менува Интер со Реал
Холандскиот репрезентативец Дензел Дамфрис е нов играч на Реал Мадрид.
Николо Скира, а по него и Фабрицио Романо, тврдат дека договорот е веќе завршен и дека лично Жозе Мурињо го договорил трансферот.
Реал на крајот ја активирал клаузулата за откуп на договорот на Дамфрис, коај стапи на сила од 1 јуни. Холанѓанецот пристигнува во Реал за 25 милиони евра.
Според извештаите, сè е договорено меѓу играчот и клубовите, сè што останува да се направи во наредните денови се формалностите околу потпишувањето.
Дамфрис пристигна во Интер пред пет години од ПСВ и стекна репутација на врвен десен бек. Тој одигра 207 натпревари за Интер и постигна 27 гола со 28 асистенции. Во Дамфрис, Мурињо го гледа наследникот на Дани Карвахал, кој го напушти клубот на крајот од сезоната. Дамфрис ќе се бори за место во тимот со Трент Александар-Арнолд.
Собослаи не е недопирлив, може да замине летово од Ливерпул
Преговорите меѓу Доминик Собослаи и Ливерпул се во сериозна фаза, клубот нуди продолжување на договорот што истекува за две сезони.
Во Ливерпул на најдобриот играч минатата сезона, му зголемување на платата. Во клубот се свесни дека мора да делуваат за да не им се повотрни ситуацијата Трент Александар-Арнолд и Ибрахим Конате, кои на крајот го напуштија клубот без обесштетување.
Ливерпул го направи првиот чекор и започна преговори, но извори блиски до клубот наведуваат дека доколку не се постигне договор, Собослаи може да биде продаден во летниот преоден рок.
Пораката на клубот е јасна – прв приоритет е продолжување на договорите на највредните играчи.
Влоговите се огромни за двете страни.
Шпанецот Мичел промовиран за нов тренер на Ајакс
Мигел Анхел Санчез Муњоз, во фудбалската јавност позната како Мичел, ќе го тренира Ајакс во следните две сезони, објавија од холендскиот великан.
Мичел доаѓа во Ајакс по пет незаборавни години во Џирона, го предводеше тимот до промоција во Ла Лига, потоа до историскиот пласман во Лигата на шампионите, но клубот неодамна испадна од елитната група, а 51-годишниот роден во Мадрид ја напушти клупата.
Претходно ги водеше Рајо Ваљекано и Уеска.
Ајакс зад себе има една од најслабите сезони во поновата историја на клубот, покрај катастрофалните резултати во ЛШ, во домашното првенство, дури преку плеј-офот, успеаја да обезбедат место на европската сцена.
Со победата над Утрехт, тие обезбедија место во Конференциската лига, третото најсилно европско натпреварување.