feature

Нагелсман презема одговорност, но нема да поднесе оставка

Јулијан Нагелсман не бега од одговорноста, но нема намера да поднесе оставка на функцијата, откако Гермнија во 1/16 финалето го заврши својот настап на СП.

Наглсман истакна дека Германците повеќе не припаѓаат на самиот врв на светскиот фудбал.

Парагвај славеше по изведувањето на пенали, каде што Каи Хаверц, Ник Волтемаде и Џонатан Та беа непрецизни, поради што четирикратниот светски шампион повторно предвреме го заврши учеството на Светското првенство.

По елиминациите во групната фаза во 2018 и 2022 година, германската репрезентација играше за прв пат по 12 години во нокаут фазата на Светското првенство, но ниту овој пат не успеа да направи нешто значајно.

„Ако сте елиминирани на првата пречка, тоа не е доволно за германскиот фудбал. Ова е трета последователна елиминација и повеќе не припаѓаме на првата класа на светските репрезентации. Многу сум разочаран“, рече Нагелсман на прес-конференцијата.

Нагелсман е на клупата на Германија од 2023 година, а има договор со Германскиот фудбалски сојуз до крајот на Европското првенство во 2028 година. Селекторот одговори и на прашања за неговата иднина, нагласувајќи дека нема намера да поднесе оставка.

„Доколку Германската фудбалска асоцијација сака да останам, ќе продолжам да работам. Знам дека многу луѓе сакаат да си заминам, но би сакал да продолжам ако Асоцијацијата го сака тоа. Ќе ги презентирам моите аргументи пред челниците“, рече Нагелсман.

Во моментов нема многу за што да се биде среќен.

„Доколку денес се спроведе анкета во Германија, сигурно е дека луѓето нема да зборуваат позитивно за мене. Не направивме многу на ова првенство. Не сум човек што бега од одговорност“, заклучи германскиот тренер.


Тренерот на Валенсија ќе го заземе местото на Скариоло во Мадрид

Педро Мартинез оваa лето би можел да се приклучи на кралскиот клуб, кој е подготвен да му плати на новиот шампион на Шпанија милион евра на име отштета.

Оваа информација ја објави вечерва шпанската „Марка“, нагласувајќи дека Реал подготвил тригодишен договор за Мартинез и дека веќе е јасно кој ќе биде наследник на Серхио Скариоло доколку го напушти овој клуб.

Валенсија одигра сезона од соништата, овековечена со титулата национален шампион, додека Реал беше елиминиран за прв пат од 2008 година веќе во четвртфиналето од плејофот на домашното првенство.


Антон Гавел е наследникот на Пешиќ во Баерн

ACHTUNG FOTOMONTAGE Wird Anton Gavel beim FC Bayern Nachfolger von Svetislav Pesic Die Bamberger wollen eine faire Lösung. Bambergs Trainer Gavel will zu Bayern Muenchen wechseln, beruft sich auf einen Formfehler in seinem Vertrag und kuendigt ihn. ARCHIVFOTO. *** ATTENTION

Антон Гавел, официјално е нов тренер на германскиот гигант и евролигаш, Баерн Минхен.

Гавел доаѓа од редовите на Бамберг, а претходно го водеше и тимот на Улм. Доби тригодишен договор од баварскиот клуб, со надеж за далеку подобри резултати во првенството, но и во елитното натпреварување.

За Гавел ова е нова етапа во Баерн, затоа што како активен играч настапуваше за овие бои во периодот меѓу 2014 и 2018 година.

На клупата ќе го замени славниот српски тренер, Светислав Пешиќ.


Мароко по пенали ги исфрли од Мундијалот „лалињата“

Селекцијата на Мароко со погодок во судиското надополнување се избори за 1-1, по што по изведувањето пенали ја елиминираше Холандија и си обезбеди место во осминафиналето на Светското првенство.

Мундијалот заврши за уште една европска репрезентација. Холанѓаните беа на неколку минути до пласман во следната фаза, но на крајот останаа со празни раце.

Мрежите мируваа сѐ до 72. минута, кога Коди Гакпо реализираше и им донесе водство на „лалињата“ од 1-0.

Холандија ја чуваше позитивата и го очекуваше крајот на мечот, но во 91. минута Диоп приреди вистински шок и стрелаше за израмнување на 1-1.

Натпреварот отиде во продолженија, а таму немаше нови погодоци, патникот понатаму мораше да се решава преку удари од 11 метри.

Во пенал-драмата, Холандија не реализираше дури три удари; Клајверт и Тимбер промашија, додека Боно го скроти ударот на Самервил. Кај Мароканците, Ел Ајнауи и Хакими не беа прецизни од белата точка, но погодија повеќепати од Холанѓаните и заслужено славеа голема победа.

Во осминафиналната пресметка, репрезентацијата на Мароко ќе ги одмери силите со селекцијата на Канада.


Џа Морант го замени Мемфис со Портланд

Кошаркарот на Мемфис, Џа Морант, ќе игра во Портланд од следната сезона.

Проблематичниот Морент, двократен Ол-стар играч, а во последниве години, откако се приклучи на Гризлис, заштитен знак на франшизата од Тенеси, го напушта Мемфис по седум сезони.

Треилблејзерс ќе ги испратат Џереми Грант и Крис Мареј во Мемфис во замена за Морент.

Покрај учеството во два Ол-стар натпревари, Морент еднаш беше избран во вториот најдобар тим на сезоната (2022), во истата година беше прогласен за играч кој најмногу напредувал, а две години претходно ја освои и титулата „дебитант“ на годината.

Неговиот атлетизам, ретко видени забивања и рампи, не оставија никого рамнодушен во последните години, но повредите и, пред сè, инцидентите што ги предизвика надвор од теренот, го направија Морент повеќе проблем отколку адут за Мемфис.

Затоа во тенеси решија да се разделат со него. За Морент Мемфис доби класичен скорер Грант од Портланд (18,5 поени во просек по натпревар) и Мареј, кој е добар дефанзивец, а минатата сезона имаше просек од 5,6 поени и 3,8 скока по натпревар.


Сити го официјализираше наследникот на Мареска

Манчестер Сити стави крај на шпекулациите и официјално го потврди именувањето на Енцо Мареска за нов менаџер на првиот тим.

Италијанскиот стратег потпиша тригодишен договор со кој се обврза да остане на „Етихад“ до летото 2029 година.

Мареска e подготвен да ја започне новата ера со Манчестер Сити.

„Манчестер Сити е клуб кој одлично го познавам и да се има шанса да се води овој тим е брилијантна можност за мене. Сити е неверојатно добро воден фудбалски клуб.

Сè што прават е иновативно, планирано и со цел. За еден менаџер, тоа е ситуација од соништата, бидејќи ја обезбедува конзистентноста која ми е потребна за ефективно да си ја вршам работата“, изјави Мареска.


Синер во пет сета го доби маратонот со Кецмановиќ

Првиот носител на Вимблдон, Јаник Синер, добро се испоти за да го победи Миомир Кецмановиќ, Италијанецот го доби мечот во пет сета.

Србинот тргна одлично, го доби првиот сет со 6-4, но Синер возврати со 6-3 и изедначи на 1-1 во сетови.

Третиот сет беше најдраматичен, се играше тајбрејк кој го доби Кецмановиќ со 8-6 и поведе со 2-1 во сетови.

Кога требаше најмногу, Синер се крена, ги доби следните два сета со 6-2 и 6-3 и го доби мечот со 3-2.

Синер во следното коло ќе игра против Боргеш кој со 3-0 беше подобар од квалификантот Бојер.

Од досегашниот дел од турнирот за издвојување е елиминацијата на Каспер Руд кој со 3-0 загуби од Куркач, како и поразот на Рубљов кој беше поразен од Сафулин со 3-2 во сетови.


Бразил во финишот го „скрши“ јапонскиот отпор

Меч со исклучително драматична завршница одиграа Бразил и Јапонија кој го доби фаворитот и продолжува понатаму на Мундијалот.

Бразилците напаѓаа во текот на целиот меч, а Јапонија се закануваше од контра напади.

При еден таков напад во 29. минута Сано даде гол за водство на Јапонија од 1-0. Со тој резултат заврши и првото полувреме.

По десет минути игра во второто полувреме по асистенција од Габриел, Касемиро даде гол со глава за 1-1.

Кога се чинеше дека натпреварот ќе отиде во продолженија, Мартинели даде гол за победа на Бразил од 2-1.


Елмин Растодер потпиша за Панатинаикос

Елмин Растодер го направи најголемиот чекор во досегашната кариера и од новата сезона ќе го носи дресот на Панатинаикос.

Грчкиот великан вечерва го официјализираше трансферот на македонскиот репрезентативец, кој потпиша договор до летото 2030 година.

Растодер првпат ќе ја напушти Швајцарија, земјата во која е роден и во која ја изгради својата кариера. Напаѓачот мина низ младинската школа на Грасхоперс, а по настапите за неколку швајцарски клубови, вистинската афирмација ја доживеа во Тун. Минатата сезона беше меѓу најзаслужните за шампионската титула на Тун, постигнувајќи 15 гола и додавајќи шест асистенции. Одличните настапи не останаа незабележани, па интерес за негов ангажман покажаа повеќе клубови.

Сепак, Растодер се реши кариерата да ја продолжи во редовите на Панатинаикос, кој според информациите ќе плати околу 3,5 милиони евра за неговиот трансфер од Тун.


Ѓоковиќ со тешка победа го почна Вимблдон

Новак Ѓоковиќ стартуваше со победа на овогодинешното издание на Вимблдон, откако со 3-1 во сетови славеше над кинескиот претставник Јибинг Ву.

Српскиот ас мораше добро да се потруди за да го скрши отпорот на противникот, кој моментално се наоѓа на 102. позиција на АТП рангирањето.

Првиот сет му припадна на Ноле со 6-4, меѓутоа Ву возврати со одлична игра во вториот и со 7-5 израмни на 1-1, најавувајќи голема борба.

Во продолжението од мечот Ѓоковиќ не дозволи сензација, па иако мораше да игра максимално претпазливо и без премногу простор за грешки, ги освои следните два сета со идентични 6-4 и 6-4.

Вистински спектакл го очекува Новак веќе во втората рунда, каде ќе ги одмери силите со Стефанос Циципас, кој претходно денеска забележа максимална победа од 3-0 против Гастон.