Тренерот на Пари Сен-Жермен, Луис Енрике, зборувајќи на телевизискиот канал Око, ја прифати одговорноста за поразот (1:3) од Монако во 25-то коло од француското првенство.
„Денешниот пораз не е вина на целиот тим. Само на тренерот. Мора да се подобриме, почнувајќи од мене“, рече Енрике.
Монако собра 40 бода и се искачи на 5. место на табелата во Лига 1. ПСЖ води со 57 бода.
Брандт бесплатно заминува од Борусија Дортмунд
Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Јулијан Брандт, ќе го напушти клубот на крајот од сезоната, кога ќе му истече актуелниот договор.
Спортскиот директор на Борусија, Ларс Рикен, потврди дека договорот на офанзивниот играч од средниот ред нема да биде продолжен и дека 29-годишникот заминува како слободен играч.
Рикен ова го изјави за германски „Скај Спорт“, откако Дортмунд го победи Келн во натпреварот од 24-тото коло од Бундеслигата. Одлуката ја потврди и тренерот на Борусија, Нико Ковач.
„Имавме отворени дискусии, по што се согласивме дека договорот нема да биде продолжен. Тој одигра неколку стотици натпревари за Борусија Дортмунд – речиси 300, за да бидам попрецизен. Мислам дека можеме само да му бидеме благодарни; играше за нас седум години“, рече Рикен.
Брандт пристигна во Дортмунд во летото 2019 година, откако со голем успех го носеше дресот на Баер Леверкузен, шретходно играше за Волфсбург во помладите категории.
Оваа сезона, Брандт одигра 32 натпревари за Борусија, со учинок од 10 гола и три асистенции.
Дортмунд е втор на табелата во Бундеслигата со 55 бода, додека лидерот Баерн има 11 повеќе.
Расел победи на првата трка во новата Формула 1 сезона
Новата сезона и новата ера во Формула 1 започна со двојна победа на Мерцедес. Големата награда на Австралија ја освои Џорџ Расел пред Андреа Кими Антонели и Шарл Леклер од Ферари.
Што се однесува до самата трка, таа започна спектакуларно каде што во првите неколку круга голема борба водеа Ферари и Мерцедес и каде што дури и Леклер изгледаше посериозно и поконкретно од Расел.
Како што одминуваше трката и тактиките излегуваа на виделина, предноста на Ферари почна да се намалува… Ферари направи грека, кој често пати им се случуваше во изминатите сезон. Не заминаа на смена на гумите, кога на патеката беше возилото за безбедност. Тој подарок го искористи Мерцедес.
Гумите ги сменија на време, ги зазедоа првите две места и го оставија Ферари над 10 секунди зад нив, што беше доволно за убедлива победа во Мелбурн.
Веднаш зад најдобрите тројца се пласираа, седумкратниот шампион Луис Хамилтон, по него следуваат Ландо Норис, Макс Ферстапен, Оли Берман, дебитантот Линдблад, Бортолето и Пјер Гасли.
Актуелниот шампион Мекларен ја започна трката само со Ландо Норис, бидејќи Оскар Пјастре имаше инцидент пред почетокот на трката, а Нико Хулкенберг исто така отпадна.
Фернандо Алонсо, Исак Хајар и Валтери Ботас се откажаа за време на трката.
Сезоната продолжува наредниот викенд со трката за Големата награда на Кина.
Суспензија за Пеп по Куп-дуелот со Њукасл
Во саботата навечер, екипата на Манчестер Сити обезбеди место во следната фаза на ФА купот со победата против Њукасл.
За време на натпреварот, Гвардиола доби жолт картон поради „судир“ со четвртиот судија Луис Смит. Сè се случи по прекршокот на Киран Трипиер врз Жереми Доку.
Жолтиот картон беше шести за Гвардиола оваа сезона, а тоа значи дека го очекува казна од две натпревари кои ќе ги следи од трибините.
Следните два натпревари на Манчестер Сити се против Вест Хем во Премиер лигата, а потоа против Арсенал во Карабао купот, се разбира во финалето.
Според БиБиСи, Гвардиола нема да биде суспендиран за финалето на Карабао купот, кое се игра на Вембли.
Тоа е затоа што суспензијата се однесува на лигашките и на натпреварите од ФА купот, но не на финалата на домашните купови и, се разбира, не на европските натпревари.
На прес конференцијата, Гвардиола зборуваше за предстоящата суспензија.
“Ќе ви кажам нешто, имаме сите рекорди во оваа земја, но сите, без оглед на сè. Имаме рекорд за менаџер со најмногу жолти картони, сакам сите рекорди и сега ги имам. Суспензија од две натпревари и одам на одмор наредните две натпревари.
Ливерпул го продолжи договорот со Гравенберх
Ливерпул потпиша нов договор со Рајан Гравенберх. Холанѓанецот се обврза до 2032 година и ќе добива отприлика 250,000 фунти неделно.
23-годишниот играч од средниот ред пристигна на “Енфилд” во 2023 година од Баерн Минхен. Тој имаше голем удел во освоената титула минатата сезона. Гравенберх одигра извонредна сезона и беше стартер во речиси сите натпревари во Премиер лигата.
„Се чувствувам многу добро. Горд сум што го продолжив договорот со толку голем клуб. Среќен сум што ќе останам уште многу години. Одлуката беше лесна за мене. Од почеток го чувствувам довербата на клубот и на менаџерот. И семејството ми се чувствува одлично овде.
Кајоде од Брентфорд се враќа во Јуве?
Медиумите од Италија пренесуваат дека „старата дама“ го мерка Микаел Кајоде од Брентфорд за засилување на десната бековска позиција, ќе бидат потребни околу 30 милиони евра за негов ангажман.
Раководството на Јувентус веќе работи на тимот за следната сезона и започнување на нов проект кој ќе треба да го врати клубот на врвот.
Последните информации велат дека ново име на листата со желби е Микаел Кајоде од Брентфорд, весникот Тутоспорт пишува дека се работи за играч кој може да блеска по десната страна во „бело-црниот“ дрес во следните 10 години.
Младото момче има одлична сезона, не само што го привлече вниманието на многу клубови, сериозно тропа и на вратата на сениорската репрезентација на Италија, неодамна пофалби доби од Џиџи Буфон, кој извршува важна директорска функција кај „аѕурите“.
Јувентус се надева дека 30 милиони евра ќе бидат доволни за ангажман на Микаел Кајоде, кој одлично се снаоѓа како десен бек во формација со четворица дефанзивци, или како офанзивен бек во формација со петмина во последниот ред.
Нојер ќе го скокне првиот меч на Баерн со Аталанта
Искусниот голман на Баерн, Мануел Нојер се повреди на мечот од Бундес лигата против Борусија Менхенгладбах (4-1).
Клубот објави дека 39-годишниот Германец има мало кинење на мускулот на листот.
Според „Билд“, голманот ќе биде надвор од терените приближно две недели.
Тоа значи дека Нојер дефинитивно нема да игра во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите против Аталанта (10 март), а голема е веројатноста да го пропушти и реваншот (18 март).
Изненадување во Монако: Тренерот Спанулис поднесе оставка
Василис Спанулис поднесe оставка на позицијата тренер на екипата на Монако. Засега веста не е потврдена од клубот, иако повеќе медиуми веќе објавија дека грчкиот стратег заминал од францускиот клуб.
Спанулис претходно изјави дека е фокусиран на завршувањето на сезоната со клубот, но одлучил да го прекине партнерството.
Монако ја одложи постапката за банкрот за најмалку еден месец благодарение на владина интервенција, но е во процес на ревизија и проценка на солвентноста.
Ѓоковиќ со победа го започна Мастерсот во Индијан Велс
Откако беше слободен во првото коло, Новак Ѓоковиќ славеше во второто коло на Индијан Велс против Полјакот Камил Мајхшак со 2-1 во сетови.
Почетокот на мечот воопшто не беше според планот на Ѓоковиќ.
Првиот сет го загуби со 6-4. Ѓоковиќ го доби вториот сет со убедливи 6-1. Во третиот сет при резултат 2-2 во гемови, по голема борба Ѓоковиќ успеа да направи брејк и едноставно да го скрши отпорот на противникот.
По тој освоен гем, Ѓоковиќ издоминира до крајот и го доби сетот со 6-2, што значеше и крај за 57-мо рангираниот тенисер на АТП листата.
Почнува Параолимпијадата, Македонија со еден учеснник
По нешто помалку од две недели по Зимските олимписки игри во Милано и Кортина д’Ампецо, започнуваат Параолимписките игри во 2026 година. Тоа натпреварување се враќа во Италија по вторпат. Во 2006 година, Торино беше италијански град домаќин на Зимските игри.
Како и Олимписките игри, натпреварите ќе се одржат на три главни локации: Милано (спортови на мраз), Кортина Дампецо (алпско скијање, сноубординг, карлинг во инвалидски колички) и Вал ди Фиеме (нордиски дисциплини).
Церемонијата на отворањето е во историската Арена ди Верона. Амфитеатарот има капацитет од околу 12.000 гледачи и е едно од најважните места во Милано Кортина. Организаторите ветуваат дека тоа ќе биде „совршено место за единствена прослава што ќе ги допре срцата на сите и ќе ги прослави вредностите што ги отелотворуваат Параолимписките игри“.
На овие 14-ти Зимски олимписки игри, речиси 650 спортисти од 50 земји ќе се натпреваруваат за медали во 79 дисциплини. Церемонијата на затворање ќе се одржи на 15 март на стадионот за хокеј на мраз во Кортина д’Ампецо.