feature

Ориги не сака раскин, го сака и последното евро од Милан

Медиумите од Италија пренесуваат дека Дивок Ориги одбил на взаемна согласност да го раскине договорот, напаѓачот ќе го цеди до крај Милан и без да игра ќе си „лапне“ плата од 4 милиони евра.

Дивок Ориги пристигна на Сан Сиро летото во 2022, со оглед на тоа дека пристигна беспари, доби богат договор со плата од 4 милиони евра по сезона.

Но напаѓачот не се снајде во Калчото и сега е голем товар на буџетот на Милан.

Минатата сезона не одигра ниту еден натпревар, едно време никој не знаеше каде е тој, одредени луѓе велеа дека го виделе во Рим, други пак го виделе во Фиренца.

„Росонерите“ ова лето се обидоа да раскрстат со Дивок Ориги и му понудија на взаемна согласност да го раскинат договорот.

Но на напаѓачот не му се допаднала компензацијата која му била понудена, па тој во моментов останува на ставот во целост да си го одработи договорот до 30. јуни 2026 и да си „лапне“ нови 4 милиони евра.


Поранешниот дански селектор е нов тренер на Баер Леверкузен

Медиумите од Германија пренесуваат дека раководството на Баер Леверкузен донело одлука да го именува Каспер Хјулманд за нов тренер.

„Фармацевтите“ му врачија отказ на Ерик тен Хаг на 1. септември, и по само два натпревари во Бундеслигата.

Неколку имиња, како Раул, Чаи и Анге Постекоглу се поврзуваа со тренерското столче на Баер Леверкузен, но клубот на крајот се реши за ангажман на не толку звучно име.

Како што пренесуваат Кикер и Скај Германија, наследник на Ерик тен Хаг ќе биде Каспер Хјулманд.

53 годишниот стратег беше селектор на Данска од 2020 до 2024, и повеќе од една година е без работа.


Мбапе: Јас лично ќе ја донесам „Златната топка“ за Дембеле

Најпрестижната индивидуална награда во фудбалот, „Златната топка“, ќе биде доделена на 22 септември, во Париз.

За истата има неколку кандидати, а меѓу нив најмногу се издвојуваат Осман Дембеле и Ламин Јамал.

Дембеле имаше одлична сезона со ПСЖ каде што ги освоија сите домашни трофеи, како и престижниот трофеј од Лигата на шампионите. Покрај овие двајца, се споменуваат и имиња како Рафиња, Мохамед Салах и Килијан Мбапе.

„Усман ја заслужува (Златната топка), го поддржував од самиот почеток. Ако ме прашаше, јас лично би му ја однел дома“, изјави тој Мбапе за „Телефут“.


Германија остана без селектор, Мумбру се повлече среде Евробаскетот

Многу тимови на тековниот Евробаскет имаат проблеми со повредени и болни играчи, а германската репрезентација има проблеми со селекторот.

Алекс Мумбру беше хоспитализиран поради инфекција непосредно пред почетокот на турнирот и се мачеше многу за време на групната фаза во Тампере.

„Панцерите“ го презеде неговиот помошник Алан Ибрахимагиќ, кој ќе биде на чело на еден од главните фаворити за златото во продолжението на Европското првенство.

Мумбру едноставно не можеше целосно да се посвети на кошарката, а Германската кошаркарска асоцијација го објави ова на своите официјални мрежи.

„Во текот на изминатите неколку дена сфатив дека не сум физички подготвен да го водам тимот од клупата за време на натпреварите. Решив да ги прилагодам улогите во тренерскиот штаб и Алан да ја преземе одговорноста на главен тренер за време на натпреварите. Јас сè уште ќе бидам на клупата, ќе го поддржувам тимот и ќе продолжиме тесно да соработуваме. Верувам дека ова е најдобриот начин да му помогнам на тимот да постигне успех“, рече Мумбру.

Германија ќе игра против Словенија во четвртфиналето на Евробаскетот во среда од 20 часот.


Лина Ѓорческа со голем пресврт до титула во Романија!

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа, уште еднаш ја покажа својата класа и ментална цврстина.

Во спектакуларно финале на силниот ИТФ турнир во Слобозија, Романија, таа со голем пресврт успеа да ја совлада домашната тенисерка, Елена Руксандра Бертеа, со 2:1 во сетови (3:6, 6:3, 6:4) и да стигне до својата втора титула оваа сезона.

Со оваа победа, Ѓорческа ќе се искачи помеѓу 250-те најдобри тенисерки на светот.

Веќе следната недела, таа ќе настапи на уште посилен турнир од категоријата W75, каде што со добар резултат ќе има шанса да се доближи до топ 200, што ќе ѝ обезбеди место во квалификациите за најголемите Грен слем турнири.


Пешиќ не ни помислува на оставка и покрај дебаклот во Рига

Српската кошаркарска репрезентација се врати во Белград, откако во саботата доживеа сензационална елиминација од Европското првенство. Финска ја победи Србија во осминафиналето со 92-86.

Српската јавност по елиминацијата бара оставка од селекторот Светислав Пешиќ, тој на новинарите на аеродромот „Никола Тесла“ им кажа дека нема намера да го направи тоа.

„Јас никогаш не поднесувам оставка. Зошто оставки? Дојдов тука да го средам она што требаше да се среди. По Олимписките игри, никој не сакаше, јас прифатив пред сè од одговорност кон играчите. Имаме таков договор до крајот на септември. Ќе седнеме, ќе разговараме, јас сум секогаш тука, достапен сум за секаков вид помош и ангажман. Ова не е фудбал туку кошарка, оставки не се даваат и нема причина да се прави тоа“, рече Пешиќ.


Напаѓач од Гватемала има подобри бројки од Роналдо

Кристијано Роналдо, дури и во педесетите години од животот, докажува дека е вистински феномен на светскиот фудбал. На почетокот на квалификациите за Светското првенство, Португалија ја декласираше Ерменија со 0-5 на гости, а искусниот ас постигна два гола и со тоа уште еднаш покажа дека времето за него како да стои в место.

Со овие два нови погодоци, стигна до неверојатни 140 гола во дресот на националниот тим во 222 одиграни натпревари, со што дополнително го зацврсти тронот на најдобар стрелец во историјата на репрезентативниот фудбал.

Секако, познато е дека Роналдо отворено зборува дека сака да ја заврши кариерата со 1.000 постигнати голови. Моментно е на бројката од 942, па јасно е дека таа цел сега не е само пуста желба, туку се повеќе изгледна реалност.

Покрај тоа, Португалецот постави личен рекорд во квалификациите за Мундијал, постигнувајќи 38 гола и престигнувајќи го Лионел Меси, кој остана на 36. Сега пред него е само легендарниот напаѓач на Гватемала, Карлос Руиз, со 39 постигнати гола во квалификациите за Светското првенство.


Кејн би бил идеална замена за Левандовски во Барса

Барселона го идентификуваше Хари Кејн како идеален избор и алтернатива за Роберт Левандовски. Каталонскиот клуб веќе бара опции за нов напаѓач за следната сезона, а англискиот репрезентативец се наоѓа на врвот од желбената листа на играчи, објавуваат каталонските медиуми.

Левандовски има договор со Барселона кој истекува на крајот од сезоната и клубот веќе размислува за животот без искусниот 37-годишен Полјак. Очигледно е дека се насочиле и кон искусниот, само пет години помлад Кејн. Изгледа дека највеќе привлече цената која би била разумна.

Според информациите, Баерн би бил подготвен да го продаде англискиот репрезентативец за сума меѓу 40 и 50 милиони евра. Се очекува дека пазарната вредност на Кејн ќе падне следното лето, бидејќи тогаш ќе му остане само една година од договорот со баварскиот гигант.

Од кога е дел од Баерн, Англичанецот собра 91 гол и 28 асистенции во точно 100 натпревари во сите конкуренции.


Али Коч објасни зошто го отпушти Мурињо

Претседателот на Фенербахче, Али Коч, објасни зошто клубот донел одлука да му врачи отказ на Португалецот Жозе Мурињо. Трофејниот тренер неодамна беше разрешен од функцијата прв тренер на екипата бидејќи не го исполни главниот натпреварувачки цел и тимот не успеа да се пласира во Лигата на шампионите. Во двомечот со Бенфика, Фенербахче не постигна ниту еден гол и беше елиминиран.

Коч во својата објава наведе дека токму дефанзивниот принцип по кој е познат Мурињо бил главната причина за разделбата со португалскиот стратег.

„Беше тоа болна разделба… Имавме добра хемија, самиот фактот што го доведовме во Фенербахче веќе беше успех. Пред сè, за мене лично беше тешко на некој кого го сметам за пријател да му кажам збогум. Знаевме дека игра дефанзивно, па на крајот на сезоната дискутиравме и заклучивме дека е потребно да игра поофанзивно.

Во нашиот ДНК е да даваме 99 голови и да освоиме 99 поени. Начинот на кој бевме елиминирани од Бенфика е неприфатлив. Му се заблагодаривме на Мурињо за соработката бидејќи веруваме дека овој тим може да игра многу подобар фудбал. Стилот кој Мурињо го наметна овде можеби поминува во Европа, но во Турција мораме да доминираме над противниците“, изјави Коч.


Ведран Ќосевски е нов голман на Вардар

Победникот на Купот екипата на Вардар има ново име на голманската позиција. Едногодишен договор со „црвено-црните“ потпиша досегашниот голман на Струга Трим Лум, Ведран Ќосевски.

Тој пред неколку дена го напушти тимот од Струга, а со доаѓањето ќе преставува засилување за „црвено-црните“ од причина што тимот сега има поголема конкуренција за оваа позиција.

Ќосевски е поранешен голман на Железничар Сараево и Вележ Мостар од БиХ, а бранеше и во Ештегал од Иран, додека во Македонија го бранеше голот на Струга ТЛ со кој тим ја освои и шампионската титула.