feature

Калум Чемберс потпиша за Астон Вила

Астон Вила продолжува со својата политика на засилувања. Уште едно сериозно име кое пристигна на Вила Парк е дефанзивецот на Арсенал, Калум Чемберс.

Договорот меѓу двата клуба е веќе факт, откко 27-годишниот дефанзивец потпиша договор со тимот од Бирмингем за следните три и пол години. Сепак, не ја соопштија вредноста на трансферот.

„Астон Вила е среќна што може да го објави ангажирањето на Калум Чемберс од Арсенал. Разновидниот дефанзивец може да игра и во центарот на одбраната и како десен бек. Тој потпиша договор за следните три и пол години. Чемберс е дете на Саутемптон, по кој се пресели во Арсенал во 2014 година. Тој исто така има два периоди на позајмица во Мидлзброу и Фулам“, се вели во најавата.

Ова е четврти нов играч во клубот во текот на зимскиот преоден рок, откако на Вила Парк веќе пристигнаа Лукас Дињ, Филипе Кутињо и Робин Олсен.


Вејн Руни го одби Евертон: Имам работа во Дерби Каунти

Легендарниот англиски напаѓач, откри дека ја одбил понудата од екипата на Евертон за позицијата нов тренер на тимот.

Руни изјави дека челниците на неговиот бивш клуб Евертон, ги контактирале неговите менаџери за да му го понудат тренерското место на екипата.

„Од Евертон се обратија до мојот менаџер и го замолија да разговараме за работата. Јас ги одбив бидејќи имам незавршена работа во Дерби Каунти, и тоа ми е најважно во моментов“, истакна 36-годишниот тренер.

Вејн Руни има договор со клубот од Чемпионшип до 2023 година. Во меѓувреме Евертон ги продолжи преговорите со Френк Лапмард и Витор Переира.


Рафаел Надал и Данил Медведев ќе се сретнат во финалето на Австралија опен

Шпанецот го победи Матео Беретини и ќе игра за рекордна 21. Гренд слем титула во кариерата против Данил Медведев, кој го победи Стефанос Циципас во четири сета.

Рафаел Надал стигна до само еден натпревар од рекордната 21. Гренд слем титула, победувајќи го Матео Беретини од Италија со 3:1 во сетови (6:3, 6:2, 3:6, 6:3).

Шестиот носител на турнирот, Надал ќе се соочи со носителот број 2, Данил Медведев кој го совлада Гркот,Стефанос Циципас со 3:1, по гемови 7:6,4:6, 6:4, 6:1.


Душан Влаховиќ на лекарски прегледи во Торино и потпис со Јувентус

Екипата на Јувентус и офоцијално потврди дека српскиот напаѓач, Душан Влаховиќ е во Торино, каде ги обавува лекарските прегледи пред неговиот потпис за црно-белите.

Вкупната трансфер сума се очекува да изнесува 150 милиони евра по што Влаховиќ својот 22 роденден ќе го прослави како нов играч на Јувентус.

Според договорот, екс голгетерот на Фиорентина, ќе остане во Јувентус наредните 4,5 години со нето плата од 7 милиони евра по сезона.


Конте го сака Мароканецот Амрабат од Фиорентина

Тотенхем е подготвен да достави официјална понуда за мароканскиот репрезентативец од екипата на Фиорентина Софијан Амрабат. Разговорите меѓу двата клуба се водат цела недела.

Спарс се подготвени да го ангажираат 25-годишниот фудбалер со опција за купување од 16 милиони евра.

Се зборува дека менаџерот на клубот Антонио Конте е голем фан на Амрабат и сака да го има во својот тим. Фудбалерот од средниот ред моментално е со репрезентацијата на Мароко на Африканскиот куп на нации.


Додиг и Младеновиќ победници во мешани двојки на Австралија опен

Петтите носители Иван Додиг (Хрватска) и Кристина Младеновиќ (Франција) ја освоија титулата во мешани двојки на Австралија Опен.

Во битката за трофејот победија против претставниците на домаќините Џејми Фурлис и Џејсон Кублер со 6-3 и 6-4.

Средбата траеше нешто повеќе од еден час, а победниците не оставија сомнеж во нивната супериорност.


Арсенал се фокусира на Дуглас Луиз од Астон Вила

Отако се дозна дека Арсенал ќе ја пропушти можноста за да потпише договор со играчот на Лион Бруно Гимараеш кој се очекува да биде нов член на Њукасл, популарните „топџии“ сега се фокусираат на Дуглас Луиз од Астон Вила.

Бразилецот од средината на теренот, има договор со Астон Вила до 2023 година, но тренерот на екипата Стивен Џерард не планира преговори за продолжување договорот со 23-годишен играч, па големи се шансите Луиз да ја прифати понудата и да се пресели ви Арсенал. 

Очекуваната сума за реализација на овој трансфер се движи околу 35 милиони евра.


Федерацијата ја одби жалбата на Реал за црвениот картон на Марсело

Реал Мадрид ја загуби жалбата за црвениот картон на Марсело од натпреварот против Елче (2-1) во осминафиналето од Купот на Шпанија. Тоа значи дека санкцијата од три натпревари останува на сила.

Во оваа ситуација, бразилскиот ветеран би можел повторно да игра во ова натпреварување само доколку тимот игра во финалето. Левиот дефанзивец беше исклучен директно поради прекршок над противничкиот играч. Казната за ова е само еден натпревар, но во вербалниот дуел со судијата Марсело му рекол „многу си лош“. Ова му носи санкција на играчот уште два натпревари.

Марсело нема да може да игра во четвртфиналето против Атлетик Билбао по една недела кога ќе се игра еден натпревар. Потоа полуфиналето е во два натпревари, што овозможува учество на дефанзивецот евентуално во финалето, доколку Реал стигне до него.


Црвена Звезда заработи 5 милиони евра, Лазетиќ потпиша за Милан

Милан вчера го потврди трансферот на Марко Лазетиќ, кој доаѓа од Црвена Звезда. 18-годишниот напаѓач потпиша договор со „росонерите“ до 2026 година, а Милан за неговиот потпис на српскиот клуб му плати 5 милиони евра.

Лазетиќ важи за голем талент и ќе игра за првиот тим, а за место во тимот ќе се бори со ветераните Оливие Жиру и Ибрахимовиќ.

Српскиот напаѓач го избра дресот со број 22, кој во минатото го носеше неговиот идол Рикардо Кака.


Сити размислува да испрати понуда за Пауло Дибала

Манчестер Сити моментално го проучува потенцијалниот на напаѓачот на Јувентус, Пауло Дибала. Венсикот „Газета дело Спорт“ наведува дека Пеп Гвардиола е заинтересиран за Аргентинецот најмногу поради тоа што може да игра различни улоги на теренот.

Сити ќе бидат подготвени даму дадат висока плата од над 10 милиони евра по сезона, доколку играчот прифати слободен трансфер. Иако Дибала никогаш немал намера да игра во Премиер лигата, Сити на Пеп е исклучок што тој би можел да биде подготвен да го направи по неуспешните преселби во Манчестер Јунајтед и Тотенхем во минатото.