feature

Гoлемата награда на Сингапур доби нов договор до 2028 година

Формула 1 и организаторите на трката за Големата награда на Сингапур најавија потпишување на нов договор. Новиот договор ќе биде со важност до 2028 година.

Поради ограничувањата предизвикани од пандемијата со Ковид-19, Големата награда на Сингапур не се одржа ниту во 2020 ниту во 2021 година. Оваа сезона, Големата награда на Сингапур е закажана за 2 октомври.


Начевски и Николов ќе бидат судии на првиот полуфинален натпревар од ЕП

Најдобрите македонски ракометни судии, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов,ќе ја делат правдата на првото полуфинале на Европското првенство, помеѓу актуелниот светски првак Данска, и бранителот на титулата, Шпанија.

Полуфиналниот дуел на двата европски гиганти се игра во Петок со почеток во 18 часот.


Френк Лампард на нова тура разговори со Евертон

Поранешниот англиски репрезентативец и тренер на Челзи, Френк Лапмард, по најавата на медиумите во Англија, се очекува да има втор состанок со раководството на Евертон.

Според информациите, Лампард е прв фаворит за функцијата нов тренер на популарните „карамели“.

Претходно, Евертон најави дека е можно тренерското место во екипата да му припадне на Португалецот Переира, но таквата најава предизвика големо незадоволство кај навивачите и таа опција е повлечена.

Доколку Лампард биде назначен за тренер, тој ќе има огромна задача да го подобри тимот на Евертон кој моментално е 16-ти на табелата со 19 освоени бодови.


Барселона се договори со Адама Траоре

Фудбалскиот клуб Барселона упати официјална понуда до екипата на Вулверхемптон за ангажман на Адама Траоре, и таа ќе биде прифатена.

Предлогот на Каталонците е шпанското репрезентативно крило, да пристигне на Камп Ноу како позајмен играч до крајот на сезоната, но со опција за целосен откуп ова лето за 35 милиони евра.

Иако понуда за Траоре испрати и лондонски Тотенхем, сепак играчот посакува да се врати во Барселона каде и започна со професионалното играње на фудбал преку академијата Ла Масиа.

Преселбата на 26-годишниот фудбалер во редовите на Барселона се очекува да се реализира но наредниве неколку дена.


Едногодишна суспензија за германски тренер кој фалсификувал ковид-сертификат

Германскиот фудбалски сојуз (ДФБ) го суспендираше поранешниот тренер на Вердер, Маркус Анфанг на една година, откако беше откриено дека користел лажен сертификат за коронавирус.

Во ноември минатата година беше откриено дека Анфанг и неговиот помошник Флоријан Јунге користеле фалсификуван сертификат за вакцинација. Кога аферата избувна во јавноста, Анфанг и Јунге поднесоа оставки, а ДФБ започна истрага.

Дисциплинското тело на ДФБ го суспендираше Анфанг до 20 октомври годинава, а тој мора да плати казна од 20.000 евра, соопштија од фудбалскиот сојуз.

Казнет е и неговиот помошник. Тој е осуден на десетмесечна суспензија и парична казна од 3.000 евра.


Нов ковид-протоколо во Премиер лигата: Меч се одлага со четири позитивни случаи

Раководството на англиската Премиер лига одлучи дека во иднина ќе се одложуваат натпреварите само доколку има четири потврдени позитивни тестови за коронавирус, пренесува англискиот весник „Дејли мејл“.

Според изданието, новите правила ќе стапат на сила во февруари, а 18 од 20-те клубови ги поддржале промените. Според сегашните правила, одложувањето се заснова на бројот на играчи кои се достапни за игра.


Зајков потпиша за украинска Ворскла Полтава

Македонскиот фудбалски репрезентативец Ѓоко Зајков се сели во Украина. Украинскиот прволигаш Ворскла синоќа го објави потпишувањето на договор со дефанзивецот на нашата селекција.

Договорот кој Зајков го потпиша со Ворскла е во период од две и пол години.

Претходно Зајков го носеше дресот на Левски, со кој постигна спогодбен раскин на договорот.


Откриена статуа во чест на Коби Брајант и неговата ќерка Џиана

По повод две годишнината од трагичната хеликоптерска несреќа во која животот го загуби легендарниот кошаркар Коби Брајант и неговата ќерка Џиана, на местото каде се случи трагедијата,во нивна чест беше откриена статуа. Споменикот се наоѓа на периферијата од Лос Анџелес.


Надал: Целосно сум уништен по победата над Шаповалов

Еден од најдобрите светски тенисери, Рафаел Надал, сеуште е воодушевен од остварената победа во четвртфиналната пресметка против  Денис Шаповалов на Австралија опен.

Шпанецот изгуби предност од два сета и беше на праг од пораз, но успеа да смогне сили и да го добие дуелот, со што се пласира во полуфиналето од турнирот.

„Искрено, не знам како го добив овој натпревар. Јас сум целосно уништен. Имав среќа на почетокот на петтиот сет и тоа ми ја донесе победата. Во првите два сета играв одлично, но потоа имав потешкотии против толку силен противник како Денис. Веќе немам 21 година и добро е што имам време да се одморам после ваков маратон“, изјави Надал.

Тренерот на шпанскиот стручњак,Карлос Моја, откри дека Надал во текот на мечот поради дехидрација изгубил 4 килограми.


Наполи ја одреди цената за напаѓачот Виктор Осимен

Италијанскиот весник Газета дело Спорт пренесува дека Наполи е подготвен за продажба на напаѓачот Виктор Осимен и дека цената за негов ангажман би изнесувала 70 милиони евра.

22-годишниот Нигериец пристигна во италијанскиот клуб во 2020 година од францускиот Лил и стана најскапиот африкански фудбалер.

За напаѓот интерес покажуваат неколку европски клубови, но високата цена која ја одреди Наполи може да стане пречка за негов трансфер.

Осимен оваа сезона поради повреда беше приморан да пропушти голем број на натпревари, па така тој настапи на само 11 натпревари во Серија А и успеа да постигне 5 гола.