feature

Брајант го напушти Ефес и потпиша за Хапоел

Американскиот кошаркар Елајџа Брајант е нова аквизиција на Хапоел Тел Авив, потврди актуелниот шампион на Еврокупот.

Хапоел ја информираше јавноста дека, Брајант црвениот дрес ќе го носи во следните три сезони.

Кошаркарот од сојузната американска држава Џорџија ги помина претходните четири години во Истанбул, во Анадолу Ефес, а во 2022 година го освои елитното европско натпреварување.

Човекот кој има и титулата во НБА лигата во 2021 година, минатата сезона забележа 13,9 поени, 4,2 скока и 3,2 асистенции во Евролигата, со дури 1,2 украдени топки по натпревар.

Според медиумите Брајат годишно ќе заработува 2,8 милиони евра.


Денвер нема да го пушти Валанчиунас во Европа

Литванскиот центар, засега, останува во Денвер, кој го гледа Јонас Валанчунас како клучна резерва за Никола Јокиќ.

Додека во Панатинаикос нетрпеливо чекаат разрешница на ситуацијата околу Валанчунас, од САД доаѓаат вести што нема да им се допаднат. Денвер Нагетс не сакаат да го пуштат.

Како што објави секогаш добро информираниот НБА инсајдер Марк Штајн, Валанчунас останува во НБА бидејќи Денвер го гледа како клучен играч од клупата, како резерва за најдобриот играч Никола Јокиќ. Иако

Литванецот, од вчера е во Атина, имал контакти со луѓе од Панатинаикос, но трансферот во моментов е на чекање.

Причината? Сè е дел од веќе договорената размена, Дарио Шариќ оди во Сакраменто, а Валанчунас во Колорадо.


Анте Ребиќ пред потпис со Хајдук

Поранешниот хрватски репрезентативец Анте Ребиќ би можел наскоро да се врати на домашната сцена, а како негова можна нова дестинација се споменува сплитски Хајдук.

Ребиќ е слободен играч откако ја заврши епизодата во италијанскиот Лече, што го отвора патот за евентуален трансфер без отштета. Хајдук, според хрватските медиуми, веќе ги интензивирал преговорите со 31-годишниот фудбалер, кој играше клучна улога во репрезентацијата на Хрватска што стигна до финалето на Светското првенство во Русија во 2018 година.

Идејата за негово доаѓање во Сплит не е нова, но овојпат околностите се поинакви, Ребиќ е без клуб, а Хајдук гледа прилика да ангажира уште едно звучно име и да продолжи со политиката на доведување на познати хрватски играчи.

Клучна улога во целиот процес би можел да има Иван Ракитиќ, кој по завршувањето на играчката кариера доби раководна функција во Хајдук. Тој и Ребиќ се добри пријатели и поранешни соиграчи од репрезентацијата, па тоа во Хајдук би можеле да го искористат.

Иако Ребиќ не е во најдобра форма како пред неколку сезони, во Хајдук го гледаат како големо засилување и лидер на теренот.


Мусиала скрши нога, го чека пауза од пет месеци

На мечот меѓу Баерн Минхен и ПСЖ, Џамал Мусиала заработи хорор повреда поради која на носилки беше изнесен од теренот и однесен право во болница.

Повредата изгледаше шокантно, а „Билд“ ја открива и дијагнозата. Јамал ја скршил левата фибула и оштетил неколку лигаменти.

Прогнозите на германските медиуми велат дека Мусиала ќе биде надвор од теренот околу 4-5 месеци.


Парагваецот Диего Леон потпиша за Манчестер Јунајтед

Диего Леон е нов играч на Манчестер јунајтед, објави англискиот клуб. Станува збор за 18-годишен фудбалер кој пристигна во Манчестер Jунајтед од тимот на Серо Портењо.

Финансиските детали и времетраењето на договорот не се откриени, но британските медиуми објавуваат дека клубот од „Олд Трафорд“ издвоил околу седум милиони фунти за овој трансфер.

Леон одигра 33 натпревари за сениорскиот тим на Сера Портењо и постигна четири гола. Тој е член на младинската репрезентација на Парагвај, а игра на позицијата лев бек.


Британецот Елис потпиша за Олимпија Милано

Британскиот кошаркар Квин Елис е најновото засилување за италијанскиот евролигаш, Олимпија од Милано. Тој потпиша повеќегодишен договор и беше претставен како дел од визијата за привлекување млади играчи.

Клубот веќе го потврди трансферот и му посака добредојде на плејмејкерот, од кого се очекуваат успешни настапи во овој дрес.

Британецот Елис има 22 години. Во минатото настапуваше за екипата на Тренто, каде остави одличен впечаток и просечно бележеше 10,3 поени, 5,1 асистенција и 4,4 скокови по натпревар.


Томас Милер го одигра последниот натпревар за Баерн

Легендата на Баерн и германскиот фудбал, Томас Милер, го одигра својот последен натпревар во дресот на Баварците. Фудбалерите на Пари Сен Жермен го победија тимот на Баерн со 2-0 и се пласираа во полуфиналето на Светското клупско првенство во САД.

Томас Милер играше за германскиот тим во финишот од натпреварот. 35-годишниот фудбалер влезе на теренот во 80-та минута наместо Кингсли Коман и тоа беше неговиот последен натпревар во дресот на Баерн.

Германскиот ветеран не доби нов договор и во април го објави своето заминување од Минхен на крајот од сезоната.

Томас Милер е дете на Баерн, целата своја кариера ја помина со Баварците. Дебитираше за првиот тим во 2007 година и одигра вкупно 756 натпревари, постигна 250 голови и запиша 276 асистенции.

Тој е еден од најтрофејните фудбалери во историјата. Во дресот на Баерн, освои точно 33 трофеи.

„Danke für alles, Томас!“, објави Баерн на социјалните мрежи со емотикон од срце.


Адријана Будимир нов тренер на ЖРК Војводина

Женскиот ракометен клуб Војводина официјално објави дека нов тренер на првата екипа ќе биде Андријана Будимир.

Поранешната европска шампионка со Кометал Ѓорче Петров го прифати предизвикот и ќе го предводи тимот низ предизвиците следната сезона.

Од новиот клуб веќе ѝ посакаа добредојде, со надеж за плодотворна работа и успешни резултати.


ПСЖ и со деветмина го совлада Баерн и обезбеди полуфинале

Фудбалерите на ПСЖ изборија место во полуфиналето на Светското клупско првенство во САД. Во третото четвртфинале на турнирот, ПСЖ го победи Баерн Минхен со 2-0 (0-0). Натпреварот мина во сенка на тешката повреда со која се здоби Џамал Мусијала во финишот на првото полувреме.

ПСЖ натпреварот со Баерн го заврши со двајца фудбалери помалку на теренот. Откако Десире Дуе постигна гол за 1-0 во 78.минута, пет минути подоцна црвен картон доби Пачо, а во 92. минута исклучен беше и поранешниот играч на Баерн, Лукас Ернандес. Точка на натпреварот стави Услам Дембеле во 96.минута.

ПСЖ во полуфиналето ќе игра против победникот од последното четвртфинале во кое се среќаваат Реал Мадрид и Борусија Дортмунд.


Бразилецот Игор Жесус потпиша за Нотингем Форест

Бразилскиот репрезентативец Игор Жезус се пресели од Ботафого во Нотингем Форест.

„Шумарите“ објавија дека потпишала четиригодишен договор со 24-годишниот фудбалер, до летото 2029 година.

Клубовите не ја објавија сумата на трансферот, но медиумите известуваат дека станува збор за околу 10 милиони фунти (околу 12 милиони евра).

Жезус ја започна својата професионална кариера во бразилскиот клуб Коритиба, потоа играше за Шабаб Ал Ахли од Обединетите Арапски Емирати пред да се приклучи на Ботафого во 2024 година.

Напаѓачот одигра 59 натпревари за клубот од Рио де Жанеиро во сите натпреварувања и постигна 17 гола.

Тој особено се истакна на Светското клупско првенство, помагајќи му на Ботафого да се квалификува во нокаут фазата, постигна два гола, вклучувајќи го и победничкиот гол против европскиот шампион Пари Сен Жермен.