feature

Арсенал во јануари се враќа по потписот на Даглас Луиз од Астон Вила

Арсенал во јануари се враќа по потписот на Даглас Луиз од Астон Вила

Арсенал во последниот ден од преодниот рок се обиде да го донесе играчот на Астон Вила и бразилскиот репрезентативец, Даглас Луиз.

Даглас Луиз е еден од најдобрите поединци во Астон Вила, но влезе во последната година од договорот и сака да ја промени средината,  па одби продолжување на договорот.

И покрај тоа Астон Вила ја одбие понудата на „топџиите“ бидејќи немаше време да донесе соодветна замена.

Меѓутоа, Арсенал не се откажува и во јануари повторно ќе се обиде да го донесе Бразилецот на „Емирати“.

Англиските медиуми пренесуваат дека Арсенал е спремен да понуди 18 милиони фунти.


GOLD FELICIA ги пречека супер-шампионите

Eurofarm Pelister

Шампионите градат шампиони, соработката раѓа нови победи и успеси. Честитки за РК Еурофарм Пелистер за освоениот трофеј од Суперкупот на Македонија, витешката борба и достојното репрезентирање на нашиот град. GOLD FELICIA како партнер на клубот ги пречека и угости ракометарите по големиот успех.

Чест е да се биде во победничкиот тим, бидејќи само победници бираат победници. Од почетокот на нашата соработка нижеме само победи. Три трофеи во еден месец стигнаа во Битола.

Нека се множат!


Ѓоковиќ доби дозвола за настап на Австралија Опен

Ѓоковиќ доби дозвола за настап на Австралија Опен

Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ, ќе може да настапи на Отвореното првенство на Австралија во 2023-та откако Федерална влада дала зелено светло.

Србинот кој во почетокот на годинава  беше депортиран од „земјата на кенгурите“ поради прекршување на правилата за заштита од Ковид-19, сега ќе може без проблем да отпатува на петтиот континент.

Веста беше потврдена од угледниот – „Хералд Сан“.


Голема победа на Еурофарм Пелистер над Вардар 1961

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја одбранија титулата во Суперкупот на Македонија, против лутиот ривал Вардар 1961 со 22-23 (12-12).


Абрахам им се врати на тренинзите по повредата во Удине

Најдобриот стрелец на Рома, Тами Абрахам, сега тренира заедно со своите соиграчи, откако заработи повреда во тешкиот пораз од Удинезе со 4-0 пред една недела. Англискиот интернационалец го пропушти гостувањето кај Лудогорец во Лигата на Европа (1:2), но се очекува да стартува против Емполи во понеделник.

Рик Карсдорп исто така не отпатува за Разград, но се опорави од повредата и ќе стартува од првата минута против Емполи. Во амбулантата на „волците“ остануваат Мараш Кумбула, Стефан Ел Шарави, Николо Заниоло, Џорџињо Вајналдум и Ебрима Дарбо.

Пауло Дибала и Лоренцо Пелегрини кои стартуваа против Лудогорец нема да бидат поштедени. Двајцата ќе играат во понеделник, а на голот ќе се врати Руи Патрисио.

Тренерот Жозе Мурињо ќе треба да одлучи на кој меѓу Леонардо Спинацола и Никола Залевски ќе се обложи на левото крило.


Сантон ја заврши кариерата на 31 година

Поранешниот дефанзивец на Интер и на репрезентацијата на Италија, Давиде Сантон објави дека се повлекува од фудбалот на 31-годишна возраст поради постојани проблеми со повреди.


Фудбалерот ги помина последните четири години во Рома, но не успеа да забележи ниту еден настап под водство на Жозе Мурињо во сезоната 2021/2022. Сантон заработи осум настапи за Италија помеѓ 2009 и 2013 година и ја освои титулата во Серија А двапати со Интер за време на првата од неговите две периоди во клубот.


Сепак, повредите сериозно се одразија на кариерата на Италијанецот, кој својата одлука ја објави во интервју за изданието Tuttomercato.


Пеп го сака Крос во Манчестер Сити

Касемиро го растури легендарното трио на Реал Мадрид, кое уште беше составено од Тони Крос и Лука Модриќ, откако потпиша за Манчестер јунајтед.


Крос наскоро би можел да го напушти Мадрид и да се пресели во Манчестер, но овој пат да му биде ривал на Касемиро. Германецот е на листата со желби на тренерот Пеп Гвардиола, кој планира да го купи искусниот фудбалер за врска, кој претходно најави дека сака да си замине.


Искусниот фудбалер ја почна кариерата во Баерн, по што беше во Баер Леверкузен на позајмица, а потоа се пресели во Реал Мадрид, каде што стана еден од најдобрите во свет.


Њукасл пред потпис со Лорис Кариус

Германскиот голман, Лорис Кариус, кој го напушти Ливерпул, веројатно ќе потпише за екипата на Њукасл. Тој треба да биде замена за Дубравка кој во текот на летото се пресели кај Манчестер Јунајтед.


Кариус кој играше со потрес на мозокот во финалето на ЛШ против Реал Мадрид, редовно беше испраќан на позајмици. Прво во турскиот Бешикташ а потоа во Унион Берлин (Германија). Во двата клуба остана по две сезони се додека на му истече договорот во текот на летото.


Бидејќи Кариус е слободен играч, Њукасл може да го искористи правилото да го ангажира иако во Англија е завршен преодниот рок.


Грција со заедничка кандидатура сака Светско првенство во фудбал

Саудиска Арабија, Египет и Грција, ќе поднесат заедничк кандидатира за да бидат домаќини на фудбалскиот Мундијал во 2030 година, пренесува денеска весникот – „Тајмс“.


Доколку нивната понуда биде прифатена, за прв пат Светско првенство би се играло во три земји на исто толку континети и тоа не во лето туку во зимскиот период како што годинива ќе се игра во Катар.


Покрај споменатите земји, понуди за организација за СП 2030 заеднички доставиле Португалија и Шпанија, како и четири јужноамерикански земји, Уругвај, Аргентина, Парагвај и Чиле.


Коман од Баерн поради повреда ќе паузира одреден период

Фудбалерот на Баерн Минхен, Кингсли Коман, за време на тренинг со тимот заработи повреда на тетивата од десната нога.
Клубот од Минхен објавува дека медицинскиот тим ја потврди повредата и дека играчот ќе мора да биде одреден период надвор од терените, без точно прецизирање за должината на отсуството.
Фудбалерот за врска на Баерн оваа сезона беше стартер на секој од последните четири натпревари на екипата.
Баерн во сабота го пречекува тимот на Штутгарт, а во вторник на свој терен во рамките на Лигата на шампионите ќе игра против Барселона.