feature

Арсенал е во најголема криза во историјата, а Венгер е среќен?!

Арсенал се наоѓа во можеби и најголемата криза во клупската историја.

Екипата на Микел Артета во првите три кола од новата сезона запиша три порази без постигнат погодок, што е најлош старт во последните 128 години. Арсенал изгледаше криминално лошо во последното коло против Манчестер Сити, кој го прегази со 5:0, а можеше да постигне уште толку погодоци. Навивачите се огорчени, стравуваат од испаѓање, а поранешни играчи и легенди на клубот се бесни.

Но, Арсен Венгер не е претерано загрижен.

Французинот кој повеќе од две децении беше на кормилото на „топџиите“ смета дека до крајот на сезоната Арсенал ќе биде при врвот на Премиерлигата.

„Преубав дел од животот поминав во Арсенал. Ги следам нивните натпревари како фан и не сум загрижен од лошиот старт, на секого може да му се случи.“ – рече Венгер додавајќи:

„Арсенал има одлична екипа и до крајот на сезоната ќе биде при врвот на табелата.“


Ветеранот Бруно Алвес потпиша за грчки Аполон Смирнис

Поранешниот португалски репрезентативец, Бруно Алвес како слободен играч премина во грчки Аполон Смирнис.

После одличната кариера во Порто, Зенит, Фенербахче, Каљари, Ренџерс и на крајот Парма, 39 годишниот стопер во јули го најави португалската Фамалика каде што требаше да остане две години, но си замине после само три недели.

Сепак, сега има нов клуб. Вечерва ќе пристигне во Грција за да ги одработи лекарските прегледи и да потпише договор со Аполон.

Минатата сезона искусниот дефанзивец со 96 меѓународни настапи запиша 19 натпревари во Серија А како играч на Парма и постигна еден гол.


Денес тренинг во Рејкјавик, утре мундијалски квалификации

Македонската фудбалска репрезентација е во Рејкјавик, утре се среќава со Исланд во 5. коло од групата „Ј“ во квалификациите за Светското првенство во Катар.

Нашиот национален тим по нерешените 0-0 во Скопје со Ерменија, посакува победа против Исланд кој загуби од Романија со 2-0 во Рејкјавик.

Селекторот Благоја Милевски има закажан еден тренинг со почеток од 18 часот, а натпреварот со Исланд во недела се игра во исто време.

Македонија по четири одиграни средби, на табелата има 7 бода и се наоѓа на третата позиција зад Ерменија со 10 и Германија со 9 бода, Исланд има 3 бода на претпоследното место.


Кастиљехо од Милан се сели во ЦСКА Москва

Самуел Кастиљехо е пред трансфер ви ЦСКА Москва, пренесуваат италијанските медиуми. Кастиљехо цело лето беше на излезна врата од Милан, а со доаѓањето на Месијас неговата минутажа сигурно додатно ќе се намали.

Трансфер пазарот во Русија е отворен до 7 септември, па ЦСКА Москва започна преговори со Милан за трансфер на Шпанецот.

Фудбалерот е отворен за преселба во Москва, а двата клуба ги договараат последните детали.

Кастиљехо треба да се пресели во ЦСКА на едногодишна позајмица со задолжителен откуп за сума од 8 до 10 милиони евра.


Орие преговара за премин во Арсенал

Поранешниот дефанзивец на Тотенхем, Серж Орие, изненадувачки размислува да го замени дресот на Тотенхем Спарс со оној на големиот ривал Арсенал.

Договорот на десниот бек беше раскинат последниот ден од преодниот рок и тој се уште не најде нов клуб. Токму поради оваа причина, „топџиите“ се многу заинтересирани да го привлечат за да ја зголемат конкуренцијата на десниот бек, каде што последниот ден од трансфер пазарот беше донесен Такехиро Томијасу од Болоња, но Хектор Белерин беше испратен во Бетис.

Токму поради оваа причина, Серж Орие се гледа како добра опција што може да донесе различна длабочина во составот, бидејќи е познат по својата корисна офанзивна игра.


Ново засилување за Бруклин, повторно ќе атакува на титулата

Пол Милсап, четирикратниот Ол-стар играч, стана нов член на Бруклин Нетс.

Последните четири сезони 36-годишниот крилен центар ги помина во Денвер, а по крајот на минатата сезона стана слободен играч. Откако бираше помеѓу Голден Стејт, Чикаго, Клиперс и Бруклин, тој се одлучи за последната екипа, која минатата сезона беше еден од главните фаворити за титулата, но не успеа во конференциското полуфинале против Милвоки, кој подоцна стана и шампион.

Милсап во последната сезона во Денвер забележа просек од 9 поени по натпревар и 4,7 скокови. Пред Денвер, настапуваше и за Јута и Атланта.

Милсап е второто засилување за Бруклин, откако во клубот претходно дојде Пети Милс. Со Милсап и Милс, Нетси добија двајца одлични играчи по што се големи фаворити за титулата.


Грилиш: Имам уште многу да учам, идеалната возраст ќе дојде за 2-3 години

Џек Грилиш, знае дека очекувањата од него се големи откако „граѓаните“ и дадоа на Астон Вила 100 милиони фунти за неговиот потпис. Со таа сума,  тој стана најскапиот британски играч.

„Секогаш размислувам колку можам да му помогнам на тимот. Затоа платија толку многу за мене. Тоа го прават за играчите како Кевин Де Бруjнe кој знае да донесе пресврт. Имам 25 години, имам три, четири, пет години додека не ја достигнам идеалната возраст. Имам уште многу да научам и многу да се подобрам“, потенцираше напаѓачот.


Госенс се повреди, ќе ги скокне натпреварите против Ерменија и Исланд

Робин Госенс денес ги помина медицинските прегледи и е под знак прашалник за настап на следните квалификациски натпревари за Светското првенство.

Фудбалерот на италијанската Аталанта Госенс го извиткал скочниот зглоб во победата над Лихтенштајн со 2-0. Неговата конечна дијагноза ќе стане јасна до крајот на денот, но речиси е сигурно дека тој нема да биде во комбинација за натпреварот со Ерменија в недела и гостувањето на Исланд следната среда.

„Има проблем со зглобот и има многу болки“, изјави новиот селектор Ханзи Флик. Госенс е уште еден фуидбалер кој има проблем откако Томас Милер го напушти таборот на тимот поради повреда. Но, голманот Мануел Нојер е подготвен да се врати да игра против Ерменија. Дебитантот Давид Раум од Хофенхајм може да го заземе местото на Госенс, бидејќи тој е единствениот друг лев дефанзивец во тимот на Флик.


Манчини го израмни рекордор на Липи како италијански селектор

Роберто Манчини го запиша своето име во историјата на италијанскиот фудбал со интересно достигнување.

По ремито 1-1 со Бугарија во Фиренца во натпревар од квалификациите за СП, Манчини стана селектор со најмногу домашни натпревари без пораз во историјата на италијанската репрезентација – 18, објави Опта.

Така, тој го подобри рекордот на легендарниот Марчело Липи (17), кој ги предводеше националниот тим на Италија до последната светска титула на тимот (2006 година).


Клоп: Англија има седум напаѓачи, зошто ние немаме?

Менаџерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп ја коментираше состојбата во германската репрезентација.

„Англија има седум напаѓачи, зошто ние немаме? Англија има најмалку седум класични централни напаѓачи кои можат да играат за националниот тим. Зошто го немаме тоа? Во принцип, тоа ни недостасува. Напаѓачите мора да доаѓаат од некаде“, изјави Клоп.