feature

Шкендија ја заврши полусезоната со победа во Куманово

Екипата на Шкендија стигна до рутинска победа на гостувањето кај Башкими во Куманово, совладувајќи ги домаќините со резултат 1-3. Тетовчани го отворија резултатот уште на самиот старт, а потоа го контролираа натпреварот и покрај брзото израмнување на Башкими.

На првиот напад, Шкендија поведе откако по центаршут на Вебстер, Арменд Алими несреќно ја смести топката во сопствената мрежа (0-1). Сепак, Башкими веднаш возврати. По асистенција на Пановски, Алексовски израмни на 1-1.

Клучниот момент во првото полувреме се случи во 34. минута. По акцијата на Бесарт Ибраими, топката дојде до Фабрис Тамба, кој погоди во незаштитениот агол за ново водство на Шкендија од 2-1.

Во второто полувреме, Шкендија ја потврди својата доминација. Откако во 70. минута Фитон Адеми ја погоди пречката, а голманот Јашар одбрани силен удар на Тамба, третиот гол беше само прашање на време. Тој пристигна по брзиот контранапад предводен од Лиридон Латифи, кога Фитон Адеми реализираше за 3-1. Ова е четврти гол за Адеми во сезоната.

Натпреварот помина со неколку шанси и од двете страни, но резултатот остана непроменет.


Едерсон во јануари заминува од Бергамо

Фудбалерот на Аталанта, Едерсон, кој има договор до 2027 година, веројатно нема да ја продолжи соработката со италијанскиот елитен состав, наведуваат дел од медиумите повикувајќи се на изјавата на неговиот агент.

Ќе потсетиме дека пред една година Манчестер Јунајтед понуди 50 милиони за неговиот потпис но, сумата беше одбиена од екипата од Бергамо.

Бразилецот според одредени шпекулации се наоѓа на радарот на неколку екипи од Италија и Шпанија.


Марсело: Немам повеќ страст, не гледам фудбал ни на ТВ

Легендата на Реал Мадрид и Бразил, Марсело откри дека веќе не гледа фудбал, дури и тешко му е да ги гледа неговите деца како играат.

Марсело беше запрашан што мисли за случајот меѓу Винисиус и Чаби Алонсо, тој одговори:

„Не гледам фудбал. Не знам што се случува, но Алонсо ми е голем пријател и тој е голем тренер“, рече Винисиус.

„Станувам нервозен кога ги гледам моите деца како играат фудбал, исто и Реал Мадрид. Од таа причина не сакам веќе да гледам фудбал“.

Марсело е еден од најтрофејните играчи на Реал Мадрид, со кралскиот клуб тој освои вкупно 25 трофеи, од кои пет Лигата на шампиони и шест Ла Лига. Но тој е скромен на оваа тема.

„Кога зборувате за мои трофеи, тоа е Реал Мадрид. Јас бев само вработен во Реал Мадрид. Титулите се наши, не можам да ги освојам сам“.


Бизарна казна за фудбалер на Барнли, ќе паузира четири натпревари

Фудбалската асоцијација на Англија објави дека играчот за врска на Барнли, Ханибал Мејбри, е суспендиран на четири натпревари по инцидентот на дуелот со Лидс во октомври. Репрезентативецот на Тунис плукна во насока на навивачите на Лидс во 67 минута од мечот што Барнли го доби со 2-0, по што против него беше покрената дисциплинска постапка.

ФА потврди дека фудбалерот го признал прекршокот: „Ханибал Мејбри ја призна обвинението, а регулаторната комисија му изрече суспензија од четири натпревари“, се наведува во соопштението.

Покрај казната за неиграње, на Мејбри му е изречена и парична глоба во висина од 15000 фунти.

Барнли моментално се наоѓа на деветнаесеттото место во Премиер лигата со десет бодови, што е четири помалку од Лидс кој е прв безбеден.


Слот: Исак го купивме за шест години, а не за три месеци

Тренерот на Ливерпул, Арне Слот се обиде да ја одбрани лошата форма на Александер Исак кој на почетокот од својата кариера на Енфилд игра под сите очекувања.

Не е само Исак, во Ливерпул сите се лоши, овие месеци и нема некоја светла точка во тимот. Но во центарот на вниманието се Исак, Вирц и Салах како фудбалери од кои многу се очекува, но играат далеку под своите можности.

„Го потпишавме Александер Исак за шест години, не за три месеци“, вели Слот кој сака да каже дека рано е за да му се суди на напаѓачот.

Самиот Исак вели дека очекувал многу повеќе.

„Очекував многу повеќе. Јас сум првиот кој знае кога играм добро, а кога лошо. Не треба некој да ми каже. Навистина не знам зошто е толку тешко. Тоа е фудбалот, понекогаш леташ, понекогаш не. Треба само да се продолжи да се работи и да се верува“, рече Исак.


Се повреди и Москера, Артета остана без дефанзивци

Арсенал претрпе уште еден тежок удар во дедефанзивниот дел од тимот. Кристијан Москера ќе отсуствува најмалку шест недели поради комплицирана повреда на глуждот што ја заработи во победата против Брентфорд во средата.

Со оглед на тоа што Габриел Магаљаеш и Вилијам Салиба веќе се надвор од тимот, „топџиите“ се соочуваат со сериозни проблеми во одбраната, во клучниот период од годината.

Москера мораше да ја напушти играта за време на победата на Арсенал од 2:0 над Брентфорд откако направи незгоден старт, а првичните проценки сугерираат дека шпанскиот дефанзивец ќе отсуствува помеѓу шест и осум недели.

Неговата повреда дополнително го прошири списокот на повредени дефанзивци и создаде нови главоболки за тренерот Микел Артета, чиј тим се бори на неколку фронтови.

Арсенал е веќе без Салиба и Габриел. Французинот наводно е само „неколку дена“ од враќањето по мала повреда на тренинг, додека Бразилецот би можел да биде надвор од теренот до јануари поради проблем со бутниот мускул.

Во нивно отсуство, Москера формираше централен бек со Пјеро Хинкапи.

Артета сега ќе мора да формира нов пар во централниот дел од одбраната, извесно е дека покрај Хинкапи е ќе игра Калафјори.


Жорди Алба ја завршува професионалната кариера

FORT LAUDERDALE, FL – MARCH 10: Inter Miami’s Jordi Alba makes a heart with his hands as he celebrates scoring a goal during the MLS soccer match between CF Montreal and Inter Miami CF from the stands at Chase Stadium on March 10, 2024 in Fort Lauderdale, Fla. (Photo by Doug Murray/Icon Sportswire via Getty Images)

Пред финалето на МЛС Купот, Жорди Алба призна дека натпреварот во сабота против Ванкувер ќе има единствена емотивна тежина.

Легендарниот лев бек на Интер Мајами ќе се збогува со фудбалот по последниот свиреж, надевајќи се дека ќе ја круниса блескавата кариера со уште еден трофеј

Иако играл во повеќе од 20 големи финалиња во текот на својата кариера, Алба влегува во непозната територија овој викенд – не поради важноста на натпреварот, туку затоа што тој го означува крајот.

Кога Интер Мајами ќе биде домаќин на Ванкувер Вајткепс, шпанскиот дефанзивец ќе ги врзе копачките за последен пат. Зборувајќи со медиумите пред натпреварот, тој нагласи колку е различен овој момент.

„Знаев дека ќе биде ново, но возбудливо искуство“, рече тој. „Повторно се сретнав со моите поранешни соиграчи и јасно е колку клубот пораснал. Достигнувањето до финалето е историско за Интер Мајами, и иако имав среќа да играм во многу од нив, ова е посебно бидејќи ќе биде моето последно. Тоа е финале – нема фаворити – но ако играме добро, ќе ги имаме нашите шанси.“


Одермат победи на првиот супер-џи сезонава

Швајцарецот Марк Одермат триумфираше на првиот спуст во новата сезона од Светскиот куп во алпско скијање. Одермат со триумфот синоќа во Бивер Крик дојде до својата трета победа оваа сезона и вкупно 48. во кариерата.

Одермат ја мина патеката за една минута и 29:84 секунди, што беше за 30 стотинки побрзо од второпласираниот Американец Рајан Кокран-Зигл.

Норвежанецот Адриан Смисет Сејерстед го освои третото место, со заостанување од 0,69 секунди.

„Двапати тука за влакно ја испуштав победата, па затоа сега сум многу среќен“, рече Одермат по својата петта спуст победа во кариерата.

Швајцарецот е водечки во Светскиот куп со 300 бодови, Австриецот Марко Шварц е втор (166), а Норвежанецот Хенрик Кристоферсен е трет (158).

На програмата денеска е трката во супервелеслалом, додека велеслаломот е закажан за в недела.


Лион обвинет за фиктивни трансфери вредни 120 милиони евра

Олимпик Лион повторно се поврзува со скандалозна афера. Како што објавија француските медиуми, станува збор за проневера, која се случила во периодот кога клубот го водеше Џон Текстор. Наводно, откриени се фиктивни трансфери вредни повеќе од 120 милиони евра.

Во последните неколку дена, Олимпик Лион контактираше со неколку компании кои ги купија долговите на Ботафого, кој исто така е во сопственост на Текстор, барајќи исплата на пари за трансфери на играчи кои никогаш не пристигнале во Франција.

Француските медиуми објавуваат дека меѓу тие играчи се споменуваат Луис Енрике, Игор Жесус и Саварињо. Според достапната документација, тие играчи требало да бидат дел од внатрешни трансфери во рамките на групацијата „Игл“.

Целиот скандал излезе во јавноста со протекување на преписка која на прв поглед не изгледа безопасна. Анализата покажа дека документите всушност кријат сериозни финансиски проблеми за францускиот клуб.

Лион едвај избегна испаѓање во втората лига минатата година. Откако беше поднесена жалба, казната на Лион беше намалена, а клубот се обврза да работи штедливо и рационално. Сега старите проблеми се враќаат како бумеранг, секако во најлош можен момент за клуб кој се обидува финансиски да се стабилизира и да ја врати довербата на навивачите.

„Лекип“, тврди дека оваа документација покажува наводни трансфери иако никогаш не била идеја овие играчи да играат за Лион. Главното прашање е дали станува збор за случајна грешка, недоразбирање или многу свесна намера и проневера?

Како што е наведено, во оваа скандалозна приказна се вклучени и трети страни. Компаниите што ги купија долговите на Ботафого ги сакаат своите пари, а Лион сè уште официјално молчи.

Стручњаци од Франција веруваат дека ова би можело да се претвори во еден од најголемите финансиско-административни скандали во поновата историја на европскиот фудбал. И тоа не само затоа што станува збор за огромна сума пари, туку и поради сложеноста на водењето бизнис во една сопственичка структура.


Македонија ќе ја заврши годината на шеесеттото место

Кошаркарите на сениорската репрезентација на Македонија иако забележаа две победи, сепак, забележаа пад на најновата ФИБА-листа.

Меѓу најдобрите десет селекции нема промени. Лидер е САД, следат Германија и Србија, а потоа се Франција, Канада, Австралија, Шпанија, Аргентина, Литванија и Бразил.

Турција скокна од дванаесеттото на единаесеттото место, додека едно место падна Летонија. Македонија во светот се наоѓа на 60-тото место, а нашиот национален тим го прескокна Данска.

Најголем скок имаат Руанда (9 места) и Јамајка (8 места), најголем пад имаат Сенегал (6 места) и Костарика (5 места).