feature

Нуњез се извини за црвениот картон против Кристал Палас

Напаѓачот на Ливерпул, Дарвин Нуњез го прекрши молкот и призна дека покажал грдо однесување поради што доби црвен картон на „Енфилд“ против Кристал Палас (1-1). Тој исто така вети дека тоа нема да се повтори.

„Свесен сум за грдото однесување што го имав. Тука сум да учам од моите грешки и тоа нема да се повтори“, напиша Нуњез на Твитер.

Набргу потоа, уругвајскиот интернационалец објави и фотографија на која го напушта теренот со наведната глава по црвениот картон.

„Се извинувам на сите во Ливерпул. Ќе се вратам“, додаде тој како коментар.

Поради исклучувањето, новото засилување на „црвените“ ќе го пропушти дербито против Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ во понеделник.


Марсијал се враќа за дербито со Ливерпул

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Антони Марсијал, се очекува да му се стави на располагање на тренерот Тен Хаг за големото дерби од Премиер лигата против Ливерпул.

Марсијал поради повреда не настапи на првите два натпревари на Манчестер Јунајтед кој беше поразен од Брајтон и Брентфорд. 

Според информациите, офанзивецот на Јунајтед веќе започнал со поинтензивни тренинзи со екипата и се надева дека ќе биде потполно подготвен до понеделник за кога е закажан натпреварот со ривалот од Ливерпул.


Манчестер Јунајтед посакува ангажман на Каземиро од Реал

Манчестер Јунајтед веќе подолг период се обидува да доведе играч со кој ќе го засили средниот ред на екипата. 

После проблемите околу посакуваниот трансфер на Де Јонг од Барселона, челниците на Јунајтед се фокусираа на доведување на Адриен Рабио од Јувентус. Но по се изгледа дека ангажманот на Французинот нема да се случи бидејќи во текот на преговорите двете страни не се договориле околу високата плата која ја бара актуелниот играч на Јувентус.

Според најновите информации, Манчестер Јунајтед подготвува понуда за играчот од средниот ред на европскиот првак Реал Мадрид, Бразилецот Каземиро. Останува да се види дали евентуалната понуда ќе биде примамлива за Каземиро за тој да го напушти Мадрид и да се пресели во Манчестер.


Роналдо доби „зелено светло“ да си замине од Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед му дал дозвола на Кристијано Роналдо да си замине.

Португалецот имаше желба да ја смени средината за да игра во Лигата на шампионите. Поради ова, тој ги пропушти практично сите подготовки и се приклучи на тимот на само седум дена пред почетокот на сезоната.

Во текот на целото лето се зборуваше за различни опции на кои размислува Кристијано Роналдо, се споменуваше враќање во Шпанија, па дури и во Спортинг, а пред само два дена се пишуваше дека бил одбиен од двата милански клуба – Интер и Милан.


Шкендија се раздели со Синдрит Гури

Актуелниот македонски фудбалски вицешампион Шкендија постигна меѓусебен договор со својот досегашен напаѓач Синдрит Гури за прекин на соработката.     Гури дојде во редовите на тетовскиот прволигаш во септември лани и беше главен играч во нападот на Шкендија, постигнувајќи решавачки голови во домашното првенство и натпреварите во европските натпреварувања. 

„Изразувам благодарност до соиграчите, стручниот штаб и навивачите за поддршката што ми ја даваа за време на мојот престој во Шкендија и Тетово. Горд сум што имав можност да дадам сè од себе за „црвено – црниот“ дрес“, изјави попладнево Гури за клупскиот сајт. Шкендија минатата недела на пенали беше елиминирана од шведски АИК во третото квалификациско коло во УЕФА Конференциската лига, откако претходно ги елиминира ерменски Арарат и Велмеира од Летонија.


Гвардиола доби нов бек, Гомез потпиша за Сити

Манчестер Сити и официјално го објави трансферот на левиот бек Серхио Гомез, кој доаѓа од Андерлехт за 11 милиони фунти. 21-годишниот Шпанец потпиша четиригодишен договор и стана петтото ново засилување на шампионот ова лето, по Ерлинг Халанд, Калвин Филипс, Стефан Ортега и Хулијан Алварез, кој потпиша во јануари, но им се приклучи на „граѓаните“ ова лето.

Минатата сезона, Гомез, кој исто така дојде од академијата на Барселона, забележа 49 настапи во сите натпреварувања за белгискиот тим на легендата на Сити, Винсент Компани.

На стартот од преодниот рок, Пеп Гвардиола сакаше да го доведе Марк Кукуреља на оваа позиција, но откако Сити не се договори со Брајтон за цената на Шпанецот, кој потоа замина во Челаи, менаџерот на „граѓаните“ се сврте кон Гомез.


Тухел нуди богатство за Гордон од Евертон

Раководството на премиерлигашот Челзи понуди 47 милиони евра за услугите на талентираниот фудбалер на Евертон, Ентони Гордон, објави денеска „Скај спорт“.     

Евертон, наводно, ја одбил оваа понуда, меѓутоа лондонскиот клуб е подготвен, освен пари, на клубот од Ливерпул да му понуди и некои свои играчи, бидејќи тренерот на Челзи по секоја цена сака да го види младиот англиски репрезентативец во своите редови. 

Гордон (21) потекнува од академијата на Ливерпул, но од 2019 година е во градскиот ривал Евертон за кој има 60 настапи и еден постигнат гол. Гордон ги мина сите младински селекции на Англија, а пред неколку недели имаше понуди за трансфер од Тотенхем и Њукасл.


Пулишиќ по една сезона го напушта Челзи

Американскиот фудбалски репрезентативец Кристијан Пулишиќ би можел да ги напушти редовите на премиерлигашот Челзи до крајот на летниот преоден рок, пренесуваат денеска британските медиуми.     Тренерот на Челзи, Томас Тухел, наводно не смета на услугите на Пулишиќ во продолжение на сезоната и поради тоа раководството на лондонскиот клуб одлучило да го продаде американскиот фудбалер или да го прати на едногодишна позајмица. 

Најголем интерес за Пулишиќ покажува Њукасл, кој сè уште не завршил со засилувањата во летниот преоден рок. Пулишиќ (23) дојде во Челзи од Борусија Дортмунд во 2019 година за 60 милиони евра, но не ги исполни очекувањата на клубот од Лондон.


Де Брујне: Не сум загрижен, Бернардо ќе остане во Сити

Кевин Де Брујне очекува Бернардо Силва да остане негов соиграч од Манчестер Сити.

„Тој ќе остане, па не сум загрижен за ништо. Што и да се случи, Бернардо е добар за тимот и очекувам да биде со нас оваа година“, изјави Де Брујне.

Претходно во летото беше објавено дека Сити е подготвен да го продаде играчот од средниот ред Силва за 100 милиони евра, а Барселона е заинтересирана за 28-годишниот Португалец.

Бернардо Силва минатата сезона на 50 натпревари за шампионот во сите натпреварувања постигна 13 гола и имаше 7 асистенции. Договорот на играчот од средниот ред со клубот е до 30 јуни 2025 година.


Атлетик Билбао му „зеде“ добивка од 4 милиони денари

Обложувач од Пирок, Општина Боговиње својата среќа ја побара во составување на тикет со 17 парови фудбалски натпревари кој пред десет дена го уплати во обложувалницата Евротип, и беше во игра за добивка се до вчерашниот ден. Тикетот беше одигран со Евротип Клуб Картичка што ја направи неговата потенцијална добивка за 4 милиони денари поради ЕвроБонусот.

Овај тикет можеше да биде еден од оние кои носат огромна добивка и шанса за голема среќа. Меѓутоа на патот до таа среќа и добивка застана шпанскиот Атлетик Билбао (особено голманот Рајковиќ) кој не успеа да слави победа на домашен терен против Мајорка, и со тоа одиграниот „кец“ остана единствениот промашен тип на тикетот.

На нашиот играч од Пирок му посакуваме да продолжи со составувавање на вакви тикети и во иднина, кои сигурно во еден момент ќе му ја донесат посакуваната добивка.