feature

Канада после 36 години, повторно на Мундијал

Фудбалската репрезентација на Канада, после пауза од 36 години, повторно ќе игра на Светско Првенство. 

Канаѓаните своето место во Катар го обезбедија после домашната победа над Јамајка со 4:0, во рамките на КОНКАКАФ квалификациите.

Канада, на едно коло пред крајот на квалификациите го зазема лидерското место со 28 бодови, со што и математички обезбеди едно од првите три места.

Последно нивно учество на Светско фудбалско првенство беше она во Мексико 1986 година.


Бекам го посакува Меси и уште тројца други фудбалери во својот Интер

Англиската фудбалска легенда, Дејвид Бекам има големи планови за клубот Интер од Мајами, каде е еден од сопствениците.

Иако, клубот кој е основан во 2018 година засега не покажува битни резултати и не ги оправда големите очекувања во МЛС лигата, Бекам не крие дека сака да доведе познати фудбалски имиња како идни засилувања за екипата.

Како најголема желба на Бекам е доведувањето на суперѕвездата Лионел Меси, кој многу тешко се адаптира во екипата на ПСЖ. 

Покрај него на листата за нови трансфер цели се наоѓаат и Луис Суарез од Атлетико Мадрид, како и двоецот од Барселона, Серхио Бускетс и Жорди Алба.


Бруно Фернандеш ќе потпише нов договор со Манчестер Јунајтед

Англискиот Би-Би-Си пренесува дека фудбалерот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш ќе потпише нов петгодишен договор со клубот, со кој ќе остане на Олд Трафорд до 2027 година. 

Португалскиот репрезентативец им се приклучи на „црвените ѓаволи“во јануари 2020 година, а пристигна од Спортинг Лисабон. После неговото пристигнување тој веднаш се етаблира во еден од најважните играчи во екипата. Неговиот актуелен договор истекува во јуни 2025 година. 

27-годишниот Фернандеш има 49 гола на 117 натпревари за Манчестер Јунајтед.


Ферстапен најбрз во Саудијска Арабија

Актуелниот шампион во Формула 1, Макс Ферстапен триумфираше на трката за Големата награда на Саудијска Арабија, во Џеда.

Возачот на Ред Бул, ја запиша првата победа во новата сезона, а 21. во кариерата. Ферстапен победата ја оствари во последните неколку круга, после одличната борба со Шарл Леклер од Ферари кој на целта стигна како втор. Третото место на подиумот го обезбеди другиот возач на Ферари, Карлос Саинс.

Наредната трка во Ф1 шампионатот ќе се вози за Големата награда на Австралија, на 10.април.


Ентоно Тејлор ќе го суди историскиот дуел во Порто

Англискиот фудбалски судија Ентони Тејлор е назначен за главен судија на мечот Португалија –Македонија во вторник на “Драгао“ во Порто. Интересно, Тејлор ни судеше и на оној историски меч во Тбилиси на 12 ноември 2020 година кога со голот на Пандев ја победивме Грузија и се пласиравме на Европско првенство.

Негови помошници ќе бидат Гери Бесвик и Мајкл Нун, а четврти е исто така познатиот Мајкл Оливер.


Мутињо: Не смееме да ја потцениме Македонија

Играчот за врска во португалската репрезентација, Жоао Мутињо, предупредува дека неговата селекција не смее да ја потцени селекцијата на Македонија во финалниот бараж за пласман на СП во Катар.

“Не можеме да бидеме премногу сигурни. Имаме играчи кои посакуваат и треба да присуствуваат на Светското првенство. Но тоа не е доволно. Мораме да покажеме на теренот дека сме подобри. Можеби ќе немаме многу можности за постигнување гол бидејќи Македонија одлично се брани. Тоа го видовме против Италија“, изјави Мутињо, кој има 143 настапи за националниот тим.

Натпреварот меѓу двете репрезентации се игра на 29.март на стадионот Драгао во Порто.


Луис Енрике: Шпанија е еден од фаворитите на Светското првенство во Катар

Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација Луис Енрике верува дека неговата селекција, која е микс од млади и искусни играчи, може да биде еден од кандидатите за титулата на Светското првенство во Катар.

„После период на сомнежи и прашања, сега можам да кажам дека создадовме група на млади талентирани фудбалери и неколку ветерани кои можат да се соочат со секој противник“, изјави Енрике за медиумите во Шпанија.

Гледајќи ги другите селекции и споредувајќи ги со нас, можам да кажам дека Шпанија ќе стигне до последната фаза на Светското првенство.


Дибала пред договор со Интер, ќе добива 7,5 милиони по сезона

Интер е блиску до договор со ѕвездата на Јувентус, Пауло Дибала.

Неодамна стана јасно дека Дибала нема да го продолжи договорот со Јувентус и на лето ќе замине како слободен агент.  Иако неколку клубови се заинтересирани за Аргентинецот, сепак Интер е фаворит за неговиот потпис и преговорите се во напредна фаза.

Двете страни се блиску до договор и Дибала ја прифатил понудата за четиригодишен договор тежок 7,5 милиони евра по сезона.


Роналдо играч на месец март во Манчестер Јунајтед

Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо е прогласен за најдобар фудбалер на тимот во март, објавено е на официјалниот сајт на клубот.   Тој го освои првото место во гласањето на навивачите. Во конкуренција за наградата беа и  Џејдон Санчо и Фред. 

Во март, 37-годишниот Португалец постигна хет-трик на мечот против Тотенхем (3-2) во Премиер лигата. Роналдо оваа сезона одигра 24 натпревари во Англиското фудбалско првенство за Манчестер јунајтед, постигнувајќи 12 гола и три асистенции.


Прогласени најдобрите пливачи за 2021 година

Пливачката федерација на Македонија ги прогласи најуспешните пливачи за 2021 година. Според постигнатите резултати во 2021 година за најуспешни беа прогласени следните пливачи во одредени категории:

Најуспешни се следните пливачи:

Најуспешен пливач во Сениорска категорија за 2021 – Мажи

Деркоски Филип П.В.К.Орион

Најуспешен пливач во Сениорска категорија за 2021 – Жени

Крстевска Миа П.В.К.Орион

Најуспешен пливач во Младинска категорија за 2021 – Мажи

Стојановски Андреј ПК Нептун

Најуспешен пливач во Младинска категорија за 2021 – Жени

Дамјанова Софиа ПК Вардар 2018

Најуспешен пливач во Кадетска категорија за 2021 – Мажи

Ѓуретановиќ Никола ПК Вардар 2018

Најуспешен пливач во Кадетска категорија за 2021 – Жени

Милковска Јана ПК Вардар 2018

Најуспешен пливач во категорија Постари пионери за 2021 – Мажи

Ѓуретановиќ Никола ПК Вардар 2018

Најуспешен пливач во категорија Постари пионери за 2021 – Жени

Дамјанова Софиа ПК Вардар 2018

Најуспешен пливач во категорија Помлади пионери за 2021 – Мажи

Герасимовски Василиј П.В.К.Орион

Најуспешен пливач во категорија Помлади пионери за 2021 – Жени

Велкова Емилија ПК Нептун

Најуспешен пливач во Далечинско пливање за 2021 – Мажи

Евгениј Поп Ацев ПК Вардар 2018

Најуспешен тренер за 2021 година – Илија Стојановски П.В.К.Орион