feature

Анчелоти: Не треба да правиме драма од овој пораз

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, изјави дека тој е виновникот за тешкиот пораз од Барселона  во неделното Ел Класико.

Гостите од Барселона славеа на „Сантијаго Бернабеу“ со убедливи 4:0 во 29.коло од шпанската Ла лига.

„Тие играа подобро од нас. Ние имавме лоша вечер и тоа е тоа. Секој Ел Класико натпревар е тежок. Многу ми е жал за поразот, меѓутоа треба да останеме мирни, и не треба да правиме драма од ова. Треба да го заборавиме поразот и да гледаме напред“, изјави италијанскиот тренер.

Реал Мадрид се наоѓа на првото место од табелата со освоени 66 бода, додека Барселона е трета со 54 бода и натпревар помалку.


Анчелоти: Жал ми е, јас сум виновен за овој пораз

арло Анчелоти ја презеде одговорноста за тешкиот пораз од 0-4 од Барселона во „Ел Класико“.

Барселона синоќа ги надигра Мадрид, нанесувајќи им убедлив пораз и прекинувајќи ја серијата од шест меча без победа.

„Тие одиграа подобро од нас. Имавме лоша ноќ и тоа е тоа. Тешко е затоа што ова е „Ел класико“, игравме против Барса. Жал ми е. Но, мора да бидеме мирни. Не треба да правиме драма од ова. Мора да го заборавиме ова и да гледаме напред. Им кажав на играчите дека е моја вина“, рече Италијанецот.

Реал е прв на табелата со 12 бода повеќе и натпревар помалку од Барса.

„Имаме голема предност. Сега имаме репрезентативна пауза. Се надевам дека играчите кои беа повредени ќе се вратат“, додаде Анчелоти.


Таљафико потврди дека во јануари преговарал со Барса

Николас Таљафико потврди дека во јануари бил блиску до трансфер во Барселона, но Ајакс го блокирал трансферот во последен момент.

Барселона го сакала Аргентинецот на позајмица со право на откуп, но Ајакс не се согласил и не дошло до договор помеѓу двата клуба.

Таљафико се надева дека на лето повторно ќе биде актуелен трансферот во Барселона и дека ќе се пресели на „Камп Ноу“.

„Барселона ме сакаше, преговараше со Ајакс, но не дојде до договор. Во јануари беше комплицирано, но се надевам дека на лето лесно може да се реализира трансферот“, изјави Таљафико.

Не е тајна дека Барселона сака да ја засили конкуренцијата на левата бековска позиција и да донесе алтернатива за Жорди Алба.


Ѓоковиќ пак е број еден на АТП листата

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се врати на врвот на АТП листата!

По краткото владеење на Русинот Данил Медведев, Новак се врати на тронот и ја започна 362-та недела на врвот на светскиот тенис.

Ѓоковиќ сега има 20 бода повеќе од Медведев, кој оваа недела настапува на Мастерсот во Мајами.

Ѓоковиќ не може да губи бодови, бидејќи минатата сезона не играше на овој турнир, додека Русинот треба да брани четвртфинале.

По уште еден одличен резултат, на третото место излезе Шпанецот Рафаел Надал, додека на четвртата позиција падна Александар Зверев.


Рашфорд подготвен да замине од Манчестер Јунајтед во Ливерпул

Маркус Рашфорд сериозно размислува за својата иднина на „Олд Трафорд“, пренесуваат англиските медиуми.

Рашфорд се уште не донел конечна одлука за својата иднина, но сериозно размислува да ги напушти „црвените ѓаволи“ на крајот на сезоната.

Тој има договор до 2023 година и на лето ќе влезе во последната година од договорот, па треба да донесе одлука.

Извори блиску до играчот за англиските медиуми потврдија дека неговиот телефон постојано звони и агентите му презентираат интерес од многу клубови ширум Европа.


Милан и Наполи подготвуваат трампа во која е вклучен и Елмас

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан е силно заинтересиран за македонскиот репрезентативец Елиф Елмас и сака да го донесе на „Сан Сиро“.

Милан е во потрага по офанзивен фудбалер за врска, а тренерот Пиоли е голем симпатизер на квалитетите на Елмас. Наполи нема лесно да се откаже од „дијамантот“, но Милан е спремен да понуди трампа, пренесува „Калчомеркато“.

Имено, Наполи е силно заинтересиран за Анте Ребиќ, во кого гледа наследник на Инсиње, а „росонерите“ се спремни да понудат трампа. Вредноста на Елмас и Ребиќ е приближна на 30 милиони евра, па останува да видиме дали Наполи ќе се согласи на ваква трампа.


Фриц го сопре Надал и го освои првиот Индијан Велс

Американскиот тенисер Тејлор Фриц ја освои својата прва мастерс титула во кариерата. Тој во финалето на Индијан Велс успеа да го совлада Рафаел Надал со 2:0 во сетови и му го нанесе првиот пораз сезонава.

Фриц е првиот Американец кој го освои турнирот во Индијан Велс уште од 2001 година кога шампион беше Андре Агаси.

Благодарение на освоените бодови, Тејлор Фриц за прв пат ќе се најде меѓу 15. најдобри тенисери на АТП листата, заземајќи го 13-тото место.


Оливеира со триумф на Мото ГП трката во Индонезија

Возачот на КТМ, Мигел Оливеира, победи на трката за Големата награда на Индонезија, која беше втора од овогодинешниот Мото ГП шампионат.

Трката се возеше по дождливо време и истата започна после повеќе од еден час одложување. Португалскиот мотоциклист на патеката „Мандалика“ ја оствари својата четврта победа во кралската класа, и вкупно 16. во кариерата.

Второто место на трката го освои бранителот на титулата, Фабио Квартараро на Јамаха, додека трет беше возачот на Прамак Дукати, Жоан Зарко.


Ливерпул го израмни својот клубски рекорд

Екипата на Ливерпул победи на секое од своите последни 7 гостувања во сите натпреварувања. На овој начин “црвените“ го израмнија своето најдобро клупско достигнување во историјата по бројот на последователни победи на гостински терен. 

Ливерпул имаше седум последователни успеси на гостински терен во два претходни случаи , во февруари 1982 година и во март 1988 година.

Тимот од „Енфилд“ како гостин го совлада Нотингем Форест со 1:0 и се пласира во полуфиналето од ФА Купот каде ќе се сретне со екипата на Манчестер Сити.


Нeјмар ќе го менува ПСЖ со богатиот Њукасл

Според француските медиуми, се поизвесна е разделбата на Нејмар и ПСЖ, а Бразилецот кариерата би можел да ја продолжи во Њукасл. Богатите Саудијци се сериозно „загреани“ за Бразилецот и подготвени се да започнат преговори за неговото доаѓање во Премиер лигата.

Наводно, челниците на Њукасл се подготвени на „светците“ да им понудат „баснословна сума“, со што Нејмар би станал најплатен фудбалер во светот.

Да потсетиме, има тотален колапс на системот во ПСЖ по елиминацијата од Реал Мадрид во Лигата на шампионите и дека повеќето нивни ѕвезди на лето ќе си заминат од „Паркот на принцовите“.

Речиси е сигурно дека клубот ќе го напуштат тренерот Маурисио Почетино и Килијан Мбапе, а се поизвесно е и заминувањето на Меси кој не се прилагоди на тимот