feature

Месиас од Кротоне се сели во Милан

Tимот на Милан во самиот финиш од преодниот рок го доведе Жуниор Месиас од италијанскиот второлигаш Кротоне.

Оваа одлука е изненадување затоа што Месиас не е играч познат во Италија, а не па во светскиот фудбал. Станува збор за играч кој игра како напаѓач и во Серија А минатата сезона постигна девет голови на 36 натпревари. Тоа е негова единствена сезона во најелитната италијанска лига затоа што сезонава со Кротоне ќе игра во Серија Б.

Пред две сезони тој играше и во Серија Ц каде го носеше дресот на Гозано и Чиери Калчо.

Дефинитивно ова е еден од најчудните трансфери ова лето.


Рондо се врати во Лос Анџелес Лејкерс

Ветеранот во НБА лигата, Ражон Рондо, ќе го напушти Мемфис и ќе се активира во екипата на Лос Анџелес Лејкерс.

Кошаркарот  ќе се врати во редовите на „езерџиите“ за кои настапуваше од 2018 до 2020 година кога го освои вториот шампионски прстен во кариерата.

Рондо е петтиот играч кој направи кам-бек во градот на филмската и телевизиската индустрија . Пред него тоа го направија и Двајт Хауард, Кент Бејзмор, Вејн Елингтон и Тревор Ариза.


Барса го продава Емерсон во Тотенхем

Барселона и Тотенхем постигнаа договор за трансфер на десниот бек Емерсон.

Откако Барса ја одби првата понуда, Тотенхем испрати нова понуда и се доближи до сумата од 30 милиони евра, па каталонскиот клуб ја прифати.

Барселона го купи Емерсон пред речиси три години од Атлетико Минеиро, но тој играше на позајмица во Бетис претходните две сезони, каде што остави многу добар впечаток.

Тој досега одигра три настапи за Барселона оваа сезона, но Барселона поради финансиската состојба реши да го продаде.


Португалецот Рубен Диас го продолжи договорот со Манчестер Сити

Најдобриот играч на Манчестер Сити минатата сезона, Рубен Диас денес стави потпис на нов договор.

Според новиот договор Диас со обврза на верност со „граѓаните“ до 2027 година и ќе добие значително зголемување на платата.

„Диас доби двојно повисока плата и во наредните шест години ќе добива 165.000 фунти неделно.

Португалецот пристигна од Бенфика минатото лето и се етаблираше во еден од клучните играчи во тимот на Гвардиола.


Флик го потврди Нојер како старо-нов капитен на германската репрезентација

Ханси Флик, потврди дека голманот на Баерн(Минхен, Мануел Нојер, ќе продолжи да ја носи капитенската лента кај „панцирите“.

„Да, Нојер ќе остане капитен на Германија. Нојер за мене е играч од светска класа и човек кој може да го води тимот“,  изјави Флик кој ќе дебитира на клупата в четврток на мечот со Лихтенштајн во квалификациите за Мундијалот.


Арсенал не стартувал вака лошо од 1954 година

Актуелниот англиски шампион Манчестер Сити го декласираше во саботата Арсенал со 5-0 (3-0) во рамки на првиот натпревар од 3. коло во Премиер лигата.

Стрелци за Сити беа Гундоган (7 минута), Торес (12, 84), Жезус (43) и Родри (53).

Арсенал, кој дербито во Манчестер го играше 55 минути со фудбалер помалку поради исклучувањето на Џака, го претрпе третиот пораз во новата сезона што за лондонскиот премиерлигаш е најлош старт од 1954 година.

Арсенал е последно пласиран на табелата со гол-разлика 0-9.


Само вакцинирани судии ќе водат натпревари во НБА лигата

НБА лигата објави дека е постигнат договор со асоцијацијата на НБА судии, и ќе бара сите судии кои ќе делат правда на натпреварите од најсилната кошаркарска лига на светот, задолжително да бидат вакцинирани со вакцина против Ковид-19. Исклучок може да се направи само ако некој судија од медицински или религиозни причини не смее да се вакцинира.

Судии кои нема да сакаат да се вакцинираат, нема да може да судат во НБА.

Со ова, се зголемува листата на лица од кои НБА бара да бидат вакцинирани. Вакцини им се потребни и на тренерите, лекарските тимови, обезбедувањето во салите, тимовите за комуникација, раководни луѓе од клубовите. Мајами хит и Сакраменто кингс побараа од сите вработени да се вакцинираат, а некои клубови од публиката ќе бараат доказ за вакцинација при влез во нивната арена.


Кин се враќа во Јуве, по кратките авантури во Евертон и ПСЖ

Напаѓачот Моис Кин е блиску до враќање во Јувентус. Торинскиот клуб се договори за закуп на фудбалерот со обврска да го откупи под одредени услови. Утре, 21-годишниот фудбалер ќе помине лекарски преглед за да го комплетира трансферот. Вкупниот износ на зделката ќе биде околу 20 милиони евра.

Кин се пресели од Јуве во Евертон пред две години за 25 милиони фунти. Неговиот актуелен договор со англискиот клуб истекува во 2024 година.

Италијанецот дебитираше за Јувентус во 2016 година, кога тимот го предводеше Масимилијано Алегри кој се врати во Торино ова лето. Минатата сезона, Кин играше за ПСЖ на позајмица.


Тројца ковид-позитивни во У21 репрезентацијата пред дуелот во Франција

Македонската репрезентација до 21 година ги започна подготовките за квалификациските натпревари против Франција во Ле Ман на 2. септември и против Србија на 7 септември во Охрид на стадионот „Билјанини Извори“.

Селекторот Драги Канатларовски се соочува со проблеми поради отсуството на Марио Младеновски (Ботев Пловдив), Адриан Хајдари (Рапид Виена) и Димитар Тодоровски (Работнички). Тројцата поради позитивен Ковид-19 тест ќе ги пропуштат двата воведни натпревари од квалификациите за ЕП 2023. Амел Рустемоски од швајцарски Вил поради повреда заработена на клупскиот тренинг не е во можност да се стави на располагање за првиот меч против Франција.


Пуштени во продажба билетите за натпреварот Македонија – Ерменија

Од денес може да се купат влезници за квалификациските мечеви на нашите најдобри фудбалери против Ерменија на 2 септември и Романија на 8 септември на националната арена – „Тодор Проески“ во Скопје.

Влезниците по цена од 300 денари можат да се набават преку продажната мрежа на –„MKTickets“. Според протоколите за заштита од Ковид-19, на стадионот ќе може да влезат само лица кои имаат сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од Ковид-19 односно примена најмалку прва доза, или лица кои поседуваат сертификат/потврда за прележан Ковид-19 во последните 45 дена, гледајќи од денот на оздравувањето.

Тоа не се однесува на лица под 18 годишна возраст.