feature

Милан му ја нуди капитенската трака на Симон Кјаер

Симон Кјаер доби понуда од клубот за нов договор. Неговиот актуелен договор со „росонерите“ истекува во јуни 2022 година.

Сепак, искусниот централен дефанзивец брзо стана важна фигура за тимот предводен од Стефано Пиоли. Милан понуди зголемена плата на 32-годишниот Данец, од 1,2 на 1,5 милиони евра, објави „Газета дело Спорт“. Покрај тоа, Кјаер е фаворит за капитенската лента.

Капитенот Алесио Ромањоли често остануваше на клупата по трансферот на Томори на „Сан Сиро“ во јануари. Симон Кјаер се приклучи на Милан во јануари 2020 година, и досега има одиграно 58 натпревари и 1 гол за Милан.


Ховедес го менува Бироф на директорското место во германската репрезентација

Поранешниот дефанзивец на германската репрезентација и долгогодишен член на Шалке 04, Бенедикт Хеведес ќе биде назначен за нов директор на германската фудбалска репрезентација, објави „Спорт Билд“.

Хеведес ќе биде врската меѓу тимот и Германскиот фудбалски сојуз. Тој ќе мора најпрво да мине обука, пред да го замени сегашниот менаџер Оливер Бироф, чиј договор истекува во 2024 година.

Во јули минатата година, на 32-годишна возраст, Хеведес објави крај на својата професионална фудбалска кариера.


Барса бара 50 милиони евра за продажба на Гризман

Сагата за евентуалната продажба на Антоан Гризман продолжува, бидејќи Барселона сака да се ослободи од Французинот.

Трампата со Атлетико Мадрид пропадна во последен момент, но од „Камп Ноу“ се уште му бараат клуба на 30-годишниот напаѓач бидејќи сакаат да се ослободат од него.

„Се обидуваме да ги балансираме финансиите, па поради тоа сме спремни да слушнеме понуди за Гризман“, изјави Лапорта.

Каталонските медиуми пренесуваат дека Барселона е спремна да го пушти Гризман доколку пристигне понуда од 50 милиони евра.

Французинот е еден од најплатените фудбалер во тимот, а Барса сака значително да го намали буџетет за плати.


Судијата Скомина заминува во пензија, ќе биде директор не третолигашот Изола

Словенечкиот судија Дамир Скомина оди во пензија. Според локалните медиуми, тој е принуден да се повлече од активното судење поради повреда на коленото.

Скомина нема да остане надвор од фудбалот долго време, затоа што наскоро седнува на директорското место во словенечкиот третолигаш Изола.

Во текот на кариерата, Словенецот судеше на Светското првенство во Русија и на Европските првенства и Олимписките игри, како и на финалето во Лигата на шампионите и Лигата на Европа. Тој беше судија на натпреварот во кој Барселона го забележа најубедливиот пораз во историјата, кога беше поразена од Баерн со 8-2 во четвртфиналето од Лигата на шампионите.


Ентони во Лос Анџелес, Лејкерси капарисаа уште една ѕвезда

Кармело Ентони следната сезона ќе го носи дресот на ЛА Лејкерс, тоа го објави познатиот НБА новинар, Адриан Војнаровски.

Според Војнаровски, Ентони кој беше слободен агент се договорил за едногодишна соработка со „езерџиите“. Неговиот менаџер Фрејзер, во изјава за ЕСПН ја потврдил информацијата.

Во последните две сезони еден од највозрасните кошаркари во НБА лигата ги помина во дресот на Портланд.


Илаиш Мориба ја напушта Барса и се сели во Челзи

Илаиш Мориба минатата сезона доби прилика во првиот тим на Барселона и таа знаеше како да ја искористи.

Овој 18 годишен играч за врска во вториот дел од сезоната доби прилика да дебитира и одигра солидно. Сепак, неговиот статус во клубот во последните недели се промени затоа што одби да го продолжи договорот кој му истекува летото 2022 година.

Каталонските медиуми потврдија дека менаџерите на Мориба не одговориле на последната понуда за продолжување на соработката.

Во исто време, тие откриваат дека пристигнала понуда од Челзи, кој е подготвен да испрати трипати поголема плата за дијамантот од „Ла Масија“.


Кејн и Тотенхем во „војна“, напаѓачот пред казна од клубот

Тотенхем нема да го игнорира однесувањето на напаѓачот Хари Кејн, кој не се појави на тренингот во базата на клубот за да се подготвува за новата сезона.

Според „Телеграф“, лондонскиот клуб ќе го казни 28-годишниот фудбалер за пропуштање на тренинзите и ќе ја зголеми сумата доколку продолжи вака. Претседателот на Тотенхем, Даниел Леви, исто така, ќе разговара со Хари Кејн. Се тврди дека Тотенхем е разочаран од однесувањето на играчот.

Самиот Кејн, како што веќе беше објавено, инсистира на џентлменски договор со Даниел Леви. Пред една година, првиот човек на Тотенхем вети дека ќе го ослободи играчот ова лето. Хари има намера да се пресели во Манчестер Сити.

Кејн дебитираше за Тотенхем во 2011 година. Неговиот договор со клубот трае до 2024 година. Минатата сезона, напаѓачот одигра 35 натпревари во англиската Премиер лига, постигна 23 гола (четири од пенал) и даде 14 асистенции.


Баер Леверкузен и Астон Вила го потврдија трансферот на Бејли

Германски Баер Леверкузен и официјално потврди дека напаѓачот Леон Бејли се сели во Астон Вила. Иако неодамна беше потврдено дека Бејли (23) и Астон Вила се договориле за соработката, сепак, имаше само одредени детали што требаше да се допрецизираат.

Откако се е ставено на хартија, како што објавија од Леверкузен во соопштението за медиумите , Бејли ќе им се придружи на Англичаните.

„Во Леверкузен тој од талент стана врвен играч“, рече спортскиот директор Симон Ролфес, кој на својот поранешен играч му посака успех во иднина.

Бејли се пресели од Генк во Леверкузен во јануари 2017 година.


Постигнат договор за соработка на Олимписките комитети на Македонија и Словенија

Претседателот на МОК, Даниел Димевски и Претседателот на Олимпискиот комитет на Словенија, Богдан Габровец, денеска потпишаа договор за Олимписко партнерство и соработка во однос на заеднички подготовки на најдобрите македонски и словенечки спортисти Олимпијци во пресрет на зимските Олимписки игри Пекинг 2022, Медитеранските игри Оран 2022, Европските игри Гдањск 2023, летните Олимписки игри Париз 2024.

Договорот се однесува и на понатамошни активности по и во овој период кои се однесуваат на унапредување на работата на спортската администрација, спортскиот односно тренерскиот кадар, спортската медицина, користење на спортските објекти и воопшто на спортските ресурси со кои располагат словенечкиот и македонскиот спорт, објавија од МОК.


Фабињо стави потпис на нов договор со Ливерпул

Бразилецот Фабињо стави потпис на нов, долгорочен договор со „црвените“. Информацијата денес официјално ја објавија клубот од Енфилд. Иако Ливерпул не ги откри деталите, медиумите откриваат дека новиот договор е до 2026 година.

Се очекува наскоро потпис на нов договор да стави и првиот голман Алисон Бекер.

Последните три сезони бев навистина среќен. Научив многу со менаџерот, со целиот персонал, како и со соиграчите. Заеднички постигнавме многу работи и мислам дека ова е најдоброто место за напредок, да се учи од стручниот штаб, од момците“, изјави Фабињо.