feature

Милтон од Лејкерси се сели во Партизан

Шејк Милтон е новото засилување на кошаркарскиот клуб Партизан.

Како што пишува „Телеспорт“, 28-годишниот бек потпиша двегодишен договор со црно-белите и ќе заработува 1.200.000 долари следната сезона.

Исто така, неговото доаѓање значи дека Ифе Лундберг повеќе не е во плановите на Партизан.

Милтон играше во Филаделфија во период кога тимот редовно стигнуваше до полуфиналето на Источната конференција, а беше дел од тимот кој во сезоната 2020/21 во лигата го зазеде првото место на Истокот.

Таа сезона тој имаше и најдобра статистика во НБА со просек од 13 поени по натпревар, 3,1 асистенции, 2,3 скока за 23,2 минути. Тој беше и еден од најважните играчи кога ѕвездата на тимот, Џоел Ембиид, ја освои наградата за најкорисен играч во 2023 година.

По таа сезона, тој ја напушти Филаделфија и практично неговата кариера тргна надолу. Смени многу тимови, а во претходните две сезони беше во пет тима: Минесота, Детроит, Њујорк Никс, Бруклин и Лос Анџелес Лејкерс, кои неодамна го отпуштија.


Реал спрема стомилионска понуда за Родри

Раководството на Реал Мадрид размислува да испрати понуда вредна 100 милиони фунти со цел да се обиде да го привлече носителот на „Златната топка“, Родри од Манчестер Сити, како што тврди утрово весникот „Сан“.

Новопоставениот тренер на „кралевите“ го одредил токму ангажирањето на играч за врска кој ќе има повеќе дефанзивни функции, како еден од големите приоритети во селекцијата на тимот ова лето.

Веќе неколку недели се зборува за различни опции кои се разгледуваат на „Сантијаго Бернабеу“ за оваа позиција, а дури беше спомнато и името на Анџело Штилер од Штутгарт. Пред неколку дена пак се појави друга интересна информација дека Алонсо влегол во спротивставеност со раководството на клубот, од каде што му изјавиле дека се спремни да излезат со сериозна понуда само за фудбалер од висока класа.

Токму како потврда на оваа информација, сега се чини дека Реал подготвува впечатлива понуда за Родри во обид да бидат примамени Манчестер Сити, но и самиот фудбалер. Родри бил поврзуван и во минатото со мадридскиот тим, но моментално тој има само уште две години од актуелниот контракт, кој трае до 2027 година. Доколку одбие да го обнови, тој би влегол во последната година од договорот следното лето, што соодветно би довело до сериозно намалување на цената на фудбалерот.


Тер Штеген одлучи да се оперира, го чека нова долга пауза

Марк андре тер Штеген се огласи на социјалните мрежи дека оди на операција поради проблеми со грбот, голманот најави дека ќе биде отсутен три месеци и овој детаљ може да и направи проблем на Барселона.

„Каталонците“ ова лето го донесоа Жоан Гарсија, кој треба да биде новиот број 1, па создадоа конфликт со Марк андре тер Штеген, кој не сака да си оди и планира да се бори за минутажа на „Камп Ноу“.

Но потоа испадна дека голманот ќе мора да направи операција поради проблеми со грбот, и ова беа добри вести за Барса, ќе се отвореше дополнителен простор во сметката за плати за регистрација на нови играчи.

Марк андре тер Штеген денеска се огласи на социјалните мрежи и соопшти дека ќе оди „под нож“.

Сепак, со еден збор тој може да и направи проблем на Барселона – спорен е момент каде што вели дека ќе паузира околу три месеци.

За Барселона да може да искористи 80% од платата на Марк андре тре Штеген за регистрација на други фудбалери, потребно е тој да биде надвор од терените четири или повеќе месеци.

Во своето соопштение, „каталонците“ најавија дека временска рамка за опоравувањето ќе биде понудена откако ќе биде извршена операцијата следната недела.


Антонио Каланоски се врати во матичниот Охрид

Охрид промовира сериозно засилување, веројатно едно од најголемите во клупската историја.

Нов член на охриѓани е Антонио Каланоски кој се враќа во својот матичен клуб со цел да помогне во борбата за ПМФЛ. Искусниот напаѓач минатата сезона беше дел од Гостивар и Брера.

Во кариерата Каланоски зад себе има голем број на клубови. Кариерата му тргна токму во Охрид, па следуваа: Металург, Локомотива, Напредок, Еуромилк Горно Лисиче, Младост Царев Двор, Силекс, Борец, Победа, Беласица, Шкупи, Гостивар и Брера.

Се очекува Каланоски да биде огромно засилување за охриѓани во новата сезона.


Французинот Ласана Диако потпиша за Струга Трим Лум

Струга Трим Лум ја зацврсти дефанзивната линија со нов интернационалец, а тоа е Ласана Диако.

Станува збор за 26-годишен стопер со потекло од Мали и француски пасош. Диако доаѓа во редовите на стружани од Париз 13 Атлетик кој се натпреварува во третата француска лига.

Претходно во кариерата Диако бил дел од Кретеил, Шамбле, Луситанос, Клермон Б, Шатилон и Вилеџуф.


Исак сака да замине од Њукасл, Ливерпул чека на голем трансфер

Фудбалерот на Њукасл, Александар Исак, го информирал клубот дека сака да си замине ова лето.

Според новинарот на „Дејли мејл“, Крег Хоуп, управата на Њукасл е запознаена со плановите на играчот и сега ќе одлучи што да прави.

Се забележува дека Исак е главна цел на Ливерпул, и покрај купувањето на напаѓачот на Ајнтрахт, Југо Екитике.

Претходно, беше објавено и дека Ал-Хилал бил заинтересиран за Исак, но страните во моментов не преговараат.

Денес стана познато дека 25-годишниот Швеѓанец не е вклучен во составот на Њукасл за натпреварите од азиската турнеја.

Во сезоната 2024/25, Исак постигна 27 гола и имаше шест асистенции во 42 натпревари. Неговиот договор со Њукасл е со важност до летото 2028 година.


Шпанија е светски првак во ватерполо

Spain, wiinner of the gold meedal with headcoach David Martin of Spain goalkeeper Unai Aguirre of Spain, Alberto Egana Munarriz of Spain, Alvaro Granados of Spain, Bernat Sanahuja of Spain, Miguel De Toro Dominguez of Spain, Fran Valera of Spain, s77, Sergi Cabanas Pedago of Spain, Jose Javier Bustos of Spain, Pol Daura of Spain, Unai Biel of Spain, Alejandro Bustos of Spain, goalkeeper Eduardo Lorrio of Spain, Oscar Asensio of Spain , Final, Greece and Spain, Gradski Bazeni Moraca, April 13, 2025, Podgorica, Montenegro.

Шпанската ватерполо репрезентација е победник на турнирот во ватерполо на Светското првенство во водени спортови во Сингапур.

Во финалето, попладнево шпанската репрезентација ја победи унгарската репрезентација со резултат од 15-13.

За Шпанија, ова е четврта победа на Светските првенства во историјата.

Исто толку трофеи на Мундијалите имаат и Унгарија и Италија.

Во мечот за третото место, Грција ја победи Србија со 16:7. (МИА)


Шампионот ги „запали моторите“, Гарабаја прозиваше во Битола

Денес со работен состанок во спортската сала „Боро Чурлевски“ беше означен старт на сезоната 2025/26.

На средбата беа претставени новиот тренер Рубен Гарабаја и новите ракометари во ростерот. На ракометарите им се обрати спортскиот директор Звонко Шундовски, а тренерот ја претстави својата програма на работа за ова лето.

Во првата фаза од подготовките ракометарите на Еурофарм Пелистер ќе се подготвуваат во Битола, а централната фаза ќе ја реализираат од четврти август на Златибор. Таму ќе се бруси формата десет дена и ќе се одиграат првите контролни натпревари.

По враќањето во Македонија, ракометарите на Еурофарм Пелистер ќе учествуваат на турнирите во Охрид (19-23 август) и Скопје (28-31 август).

Првите официјални натпревари Еурофарм Пелисгер ќе ги одигра во септември. Суперкупот на Македонија против Вардар 1961 на 3 септември, првиот натпревар од Суперлигата на теренот на Бутел Скопје на 6/7 септември и првиот дуел од Лигата на шампионите против Загреб на 10/11 септември.


Чичарито казнет заради сексистички коментари

Мексиканскиот фудбалер Хавиер Ернандез Чичарито е казнет за сексистички коментари на социјалната мрежа „ТикТок“.

Мексиканската фудбалска федерација (FMF) го казни најдобриот стрелец на сите времиња во националниот тим за објавување видеа што промовираат родови стереотипи.

„Пред неколку дена, на социјалната мрежа „ТикТок“, Хавиер Ернандез даде коментари што промовираат родови стереотипи, се сметаат за медиумско насилство и се спротивни на родовата еднаквост во спортот“, се вели во заедничкото соопштение на Мексиканската фудбалска федерација (FMF) и главните мексикански машки и женски лиги.

Комисијата за родови прашања и различност на FMF започна истрага во понеделник со цел спречување и казнување на ова однесување од страна на поранешниот играч на Манчестер јЈунајтед.

Донесена е одлука да се казни стрелецот со 52 гола на 109 настапи за Мексико и да се предупреди дека може да се изречат построги санкции во случај на повторување на прекршокот.

Чичарито минатиот викенд објави видеа во кои ги повикува жените да „дозволат да бидат водени од маж“ и ги обвинува за „искоренување на машкоста“.

Играчот, кој е во Чивас од јануари 2024 година, исто така рече дека општеството станало „пречувствително“ и ги доведува во прашање феминистичките концепции за улогите во семејството.


Вардар со предност патува за Лозана во КЛ

Вардар ја победи Лозана со 2-1, во првиот натпревар од второто квалификациско коло за пласман во главната фаза во Конференциската лига.

Вардар може да жали што не успеа да стекне поубедлива предност пред реваншот во Швајцарија наредниот четврток. Лошите 15 минути на почетокот на вториот дел, кога Вардар, впечатокот е без потреба за повлече и овозможи на Лозана да има активен резултата пред возвратниот дуел.

Црвено-црните апсолутно го контролираа натпреварот во првото полувреме, играчите на Лозана не упатија ниту еден удар кон голот на Талески. Во финишот на првиот дел, во 47.минута, Тодороски упати удар од 18 метри, голманот на Лозана ја одби топката на неа налета Мато и ја закова во голот.

Притисокот на стартот од второто полувреме, Швајцарците го материјализраа со прекрасниот гол на Дијаките. 19-годишникот со десната нога го погоди левиот горен агол од голот на Вардар.

Овој гол ги раздвижи Вардарци, Мато пропушти две шанси, а во 78.минута по една мешаница пред голот најдобро се снајде Омерагиќ кој го постави конечниот резултат.