feature

Лазаров: Оптимист сум, имаме слатка мака кого да избереме

На редовната седница на Управниот Одбор на Ракометната федерација на Македонија, селекторот, Кирил Лазаров ги презентираше своите планови за претстојното Европско првенство во Норвешка, Шведска и Данска.

„Подготовките ќе се одвиваат во неколку фази, акцент ќе ставиме на воигрување на тимот, ќе ги искористиме сите можни денови на располгање. Добивме ешка група, се работи за домаќинот Данска, ќе пробаме достојно да го презентираме македонскиот ракомет, тука е Португалија која знаеме каков ракомет игра. Против Романија тука ја гледаме нашата шанса, нема да ја потцениме. Јас сум голем оптимист поради она што го гледам на теренот.

Успеавме да се пласираме на уште едно големо првенство, успеавме да го продолжиме континуитетот на спортот број еден во Македонија од осомостојувањето на нашата држава со сосема нова генерација. Успеавме да наполниме сала со нова генерација. Пласманот е потврда на успешноста на Светското првенство каде игравме со силни противници. Заедно со клубовите направивме јака база на играчи, имаме слатка мака кого да се одбереме. Но, тоа работа на вкус, секогаш ќе има незадоволни од изборот“, рече Лазаров.

Македонија секоја година е учесник на големо натпреварување и постојат темели оваа традиција да продолжи.


Собирот на ракометарите на 22 декември, следат силни тестови пред патот за Хернинг

Машката ракометна репрезентација на Македонија го дефинира планот на подготовки и контролни натпревари пред Европското првенство во Хернинг.

Првиот собир е закажан за 22 декември, а неколку дена подоцна репрезентативците ќе патуваат за Пореч, каде ќе играат едеи контролен меч со селекцијата на Хрватска.

По новогодишните празници ќе следи и настап на „Жолтиот Куп“ во Швајцарија, каде Македонија ќе се најде во група со Бахреи, Украина и со Швајцарија. По овие средби македонските ракометари ќе патуваат од Швајцарија директно за Данска. Премиерниот дуел со Данска е закажан за 16 јануари 2026.


Драмата меѓу Еурофарм Пелистер 2 и Бутел заврши без победник

Вистинска драма донесе натпреварот од 16. коло на Суперлигата меѓу Еурофарм Пелистер 2 и Бутел. Дуелот заврши без победник, 24-24, по што овие два тима ќе ја продолжат трката за место кое води во плеј-офот.

Пелистерци, кои настапија без повредениот Белистојановски, имаа минимална предност на паузата (11-10). Сепак, во вториот дел гостите од Скопје заиграа подобро и преку Тодор Узунчев и одличниот голман Благојче Трајкоски се обидоа да го скршат отпорот на домаќинот, но пелистерци успеаја останат непоразени во самиот финиш од мечот.

Дуелот во „Боро Чурлевски“ продолжи со израмнета борба во која двата тима се меуваа во водство, но „бутелци“ имаат за што да жалат ако се знае дека на четири минути до крајот преку Узунчев поведоа со три гола предност (21-24). Сепак, младите битолчани се вратија од работ на амбисот и со голот на Митревски на половина минута до крајот стигнаа до значаен бод.

Најдобар поединец кај пелистерци беше Мохамед Азиз со девет голови, а на спротивната страна еден гол помалку постигна Тодор Узунчев.


Мбапе нема да настапи и на гостувањето кај Алавес

Килијан Мбапе, од клупата за резерви, го гледаше поразот на Реал Мадрид од Манчестер Сити (1-2). Најдобриот играч и стрелец на Реал има повреда на коленото, поради што под знак прашалник е и неговиот настап на „Мендизороза“ в недела, против Алавес.

„Мбапе не беше подготвен за игра и сè уште не знаеме дали ќе може да игра против Алавес. Мора да почекаме…“ рече тренерот Алонсо.

Мбапе се мачи со повреда на левото колено уште од првото полувреме од натпреварот против Селта. Иако повредата не е сериозна, а политиката на клубот е јасна, минимум ризик, особено кога станува збор за Мбапе.

Ситуацијата во тимот на Реал поради повреди е критична. Против Алавес, Алонсо нема да може да смета на Карвахал, Камавинга, Трент, Менди, Алаба, Хаусен и Милитао. Поради црвените картони добиени против Селта, дуелот ќе го пропуштат Фран Гарсија и Карерас.

Повредата на Мбапе би можела да го зголеми бројот на отсуства на дури единаесет играчи, што дополнително ја комплицира ситуацијата за Мадрид.


Француски тенисер казнет на 20 месеци заради местење мечеви

Меѓународната агенција за интегритет на тенисот (ИТИА) објави дека францускиот тенисер Квентин Фолио е суспендиран од спортот на 20 години.

Дополнително, Фолио беше казнет со 70.000 долари и му беше наредено да врати коруптивни плаќања во вкупен износ од над 44.000 долари, откако беше утврдено дека извршил 27 прекршувања на Програмата за борба против корупцијата во тенисот (ТАЦП).

Истрагата на ИТИА откри дека 26-годишниот Фолио бил централна фигура во мрежа на играчи кои дејствувале во име на синдикатот за местење натпревари. Тој е шестиот играч кој е санкциониран како дел од оваа истрага, по случаите на Џејми Флојд-Анџел, Пол Валсеки, Лук Фомба, Лукас Буше и Енцо Римоли.

Фолио, чиј најдобар АТП ранг беше број 488 во август 2022 година, негираше 30 обвиненија поврзани со 11 натпревари помеѓу 2022 и 2024 година, од кои осум тој ги играше.

Обвиненијата вклучуваа местење натпревари, примање пари за да не се вложи максимален напор за обложување, нудење пари на други играчи за местење натпревари, давање внатрешни информации, вклучување во заговорнички акти, одбивање да се соработува со истрагата на ИТИА и уништување докази.

Далечинското сослушување пред независната антикорупциска службеничка Амани Калифа се одржа на 20 и 21 октомври 2025 година. Таа потврди 27 од 30-те обвиненија, кои се однесуваа на 10 од 11-те натпревари.

Во писмена одлука од 1 декември 2025 година, Калифа го опиша Фолио како „вектор на поширока криминална мрежа, која активно регрутираше други играчи и се обидуваше дополнително да ја зацврсти корупцијата на професионалните турнеи“.

Отежнувачки фактори, вклучувајќи го и намерното попречување на истрагата на ИТИА од страна на Фолио, исто така беа земени предвид при одредувањето на казната.

За време на суспензијата, Фолио не смее да игра, да тренира или да присуствува на кој било тениски настан под покровителство на членовите на ИТИА, вклучувајќи ги АТП, БТА, ИТФ, Тенис Австралија, Француската тениска федерација, Вимблдон и УСТА, како и сите национални тениски асоцијации.


Познати пет учесници во плеј-оф фазата на ЛШ

По комплетирање на шестото коло во првата фаза од фудбалската Лига на шампиони, одредени се петте тима кои дефинитивно ќе играат во нокаут рундата.

Арсенал, Баерн Минхен, Пари Сен-Жермен, Манчестер сити и Аталанта, кои ги заземаат првите пет места на табелата, го обезбедија своето место во плејофот.

Седмото и осмото коло од Лигата на шампионите ќе се одржат во јануари 2026 година.

Тимовите кои ќе завршат од првото до осмото место директно ќе се пласираат во осминафиналето, додека уште 16 тима ќе играат во плејоф рундата.


Одбојкарките ги дознаа противниците за Европската лига 2026

Македонската женска одбојкарска репрезентација денес ги дозна противниците во Европската лига 2026. Ривали на македонските одбојкарки ќе бидат селекциите на Португалија и Унгарија.

Изданието на Евро-лигата 2026 добива и нова тежина, односно ќе биде дел од квалификацискиот процес за Европското првенство 2028, a натпреварувачкиот систем не претрпе некои посериозни промени. Новитет е дека нема веќе поделба на Златна и Сребрена, туку има една единствена Европска лига, во која ќе се натпреваруваат селекциите кои не настапуваат во ФИВБ Лигата на нации. Правилото вели дека доколку една репрезентација учествува во Европската лига 2026, тоа значи дека треба да настапи и во изданието во 2027, во спротивно ќе подлежи на санкции од ЦЕВ.

Новиот систем стартува со прелиминарна рунда во која, според позициите на последниот ЦЕВ ранкинг, репрезентациите на Данска, Луксембург, Албанија и Литванија, ќе играат еден турнир (29-31 мај 2026) за да ги дадат последните двајца патници во лига-фазата. Првите две селекции од овој турнир ќе играат во лига-фазата која ќе се игра низ три викенди во јуни 2026 година.

Македонската репрезентација натпреварувањето го започнува во Португалија, каде првиот викенд (5-7 јуни) ќе се соочи со Унгарија, на 6 јуни, односно ден подоцна игра со организаторот на првиот турнир, Португалија.


Белингем: Разбирам зошто нѐ исвиркуваат

Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Џуд Белингем, се осврна на реакциите на навивачите на „Сантијаго Бернабе“ по поразот од Манчестер Сити во Лигата на шампионите.

„Разбирам зошто нѐ исвиркуваат, луѓето плаќаат многу пари за да нѐ гледаат. А ние играме за најдобриот клуб во светот“ , рече Англичанецот во интервју за „CBS Sports“.

„Кралевите“ и покрај поразот на домашен терен имаат реални шанси да бидат во топ 8 во лигата на шампионите и да го прескокнат првото елиминациско коло.


Големо признание за ФФМ: Филип Поповски делегат на синоќешното дерби Реал Мадрид – Манчестер Сити

Нашиот Филип Поповски доби уште едно големо признание од УЕФА со ангажманот како делегат на синоќешното мега-дерби од групната фаза во Лигата на шампионите помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити на „Сантјаго Бернабе“. Престижниот ангажман претставува силна потврда за угледот на македонските фудбалски професионалци и на Фудбалската федерација на Македонија во европските фудбалски структури.

Поповски останува еден од највисоко котираните македонски претставници во УЕФА, редовно ангажиран како делегат на врвни меѓународни натпревари. Поранешниот прв оперативец во „Куќата на фудбалот“ беше делегат и на финалениот натпревар на последното Европско првенство, признание кое го потврдува неговото долгогодишно искуство и довербата што ја ужива.

За време на престојот во Мадрид, Поповски беше пречекан од легендарниот Емилио Бутрагењо, задолжен за протоколот на Реал Мадрид. Легендарниот фудбалер на „Кралскиот клуб“ со симпатии се присети на гостопримството во Македонија и на топлото скопско лето за време на УЕФА Суперкупот 2017. Разговорот ги врати и спомените за Кирил Дојчиновски, кој му беше тренер на Бутрагењо во Мексико, а подоцна повторно се сретнаа и во Скопје.

Ангажманот на Поповски на еден од најгледаните натпревари во светскиот фудбал е уште една силна потврда за квалитетот, професионалноста и довербата што македонските претставници ги уживаат во УЕФА.


Емери искрен за Елиот: „Не е со нас“, што значи ова за Ливерпуловиот талент?

Sideview of Harvey Eliott playing for Aston Villa

Неизвесноста околу иднината на Харви Елиот во Астон Вила се продлабочи по последните изјави на Унаи Емери. Ливерпуловиот играч, позајмен летово, ретко добива минутажа, а со приближувањето на јануари се отвора прашањето дали неговиот престој во Бирмингам ќе продолжи. Дополнителна тежина носи и клаузулата за потенцијален трансфер од 35 милиони фунти, која се активира дури по 10 настапи, бројка што во моментов делува далечна, бидејќи Елиот има само пет.

Елиот пристигна во Вила по големиот трансфер на Флориан Вирц во Ливерпул, во обид да обезбеди редовна игра. Наместо тоа, последен пат играше пред повеќе од два месеца, а беше изоставен од последните седум премиерлигашки состави. Емери ја пофали неговата работа на тренинзите, но јасно стави до знаење дека во моментов не гледа начин да го вметне во ротацијата, особено со оглед на силната форма на екипата и конкуренцијата во средниот ред.

На прес-конференција пред мечот, Емери призна дека водел неколку разговори со Елиот за неговиот статус: „Разговараме за неговата ситуација… Сакаме решение кое ќе биде најдобро и за играчот и за клубот.“ Тој додаде дека Елиот „не е со нас“ во смисла на долгорочни планови, иако максимално професионално се подготвува.

Ливерпул размислува за можен повик назад за да спречи застој во развојот на играчот. Арне Слот би можел повторно да го интегрира во тимот, или пак клубот да бара нова позајмица со гарантирани минути. Лајпциг и Вест Хем покажаа интерес уште во летниот преоден рок, што остава отворени алтернативи.

Елиот би можел да добие уште некоја шанса во напорната празнична програма, но доколку продолжи да биде изоставуван, неговото враќање на Енфилд, или преселба на друго место, изгледа сè пореално.