feature

Фабрегас го договори Мората во Комо

Алваро Мората, капитен на шпанската репрезентација и искусен голгетер, е новиот напаѓач на италијанскиот Комо.

За трансферот се зборуваше веќе некое време, а сега угледниот италијански инсајдер Николо Шира потврди дека сè е договорено.

Мората ги договори личните услови со италијанскиот клуб, а на крај се усогласија и сите три вклучени клуба – Галатасарај, Милан и Комо.

Трансферот беше прилично замрсен бидејќи во целата приказна беа вклучени три страни. Мората официјално е под договор со Милан, но моментално игра на заем во Галатасарај, што трае до почетокот на следната година.

Турскиот гигант има и опција за откуп на договорот за осум милиони евра, но и покрај таа клаузула, Мората се враќа во Италија!

Клучната улога во трансферот ја одигра неговиот поранешен соиграч од репрезентацијата и актуелен тренер на Комо, Сеск Фабрегас (38), кој лично го посака во соблекувалната.

Фабрегас интензивно гради респектабилен проект во Серија А, а со доаѓањето на Мората дополнително го засилува силниот напад.


Кајл Вокер-Питерс потпиша за Вест Хем

Вест Хем го официјализираше трансферот на англискиот дефанзивец Кајл Вокер-Питерс, кој потпиша тригодишен договор со клубот од Лондон.

28-годишниот бек пристигнува како слободен агент по истекот на договорот со Саутемптон, каде ги мина последните пет сезони. Во дресот на „светците“ одигра 202 натпревари, постигна седум голови и забележа 12 асистенции во сите натпреварувања.

Вокер-Питерс своето фудбалско школување го мина во Тотенхем, каде доби шанса и во првиот тим, пред да замине во Саутемптон во потрага по поголема минутажа. Има настапи за сите младински селекции на Англија, а во 2022 година забележа и два меча за сениорскиот состав, против Швајцарија и Брегот на Слоновата Коска.

Со искуство во Премиер лигата и континуитет во изминатите сезони, Вокер-Питерс се очекува да биде значајно засилување за тимот на Вест Хем во новата сезона.


Погба верувва во трансферот на Рашфорд во Барса

Францускиот фудбалер, Пол Погба, кој на времето играше за Манчестер Јунајтед, го критикуваше раководството на тимот за одлуката да се раздели со Маркус Рашфорд.

„Лудо е, но среќен сум за него бидејќи тие го отпишаа. Јунајтед губи одличен играч. Штета за нив. За Барселона е одлично, да бидам искрен.

Манчестер Јунајтед купи неколку нови играчи а новиот тренер претпоставувам сака да изгради нешто негово“, потенцираше Погба кој по паузата поради допинг скандалот конечно се врати на терените.


Вардарци ќе добијат висока премија ако ја елиминираат Лозана

Фудбалерите на Вардар ќе поделат премија од 100.000 евра доколку го минат и второто квалификациско коло во Конференциската лига во кое играат против Лозана од Швајцарија.

Вардар го мина првото квалификациско коло од ова натпреварување откако со вкупни 5-2 ја совлада екипата на Ла Фиорита од Сан Марино. За овој успех црвено-црните поделија премија од 50.000 евра.

Сега раководството на клубот им вети двојно повеќе пари за успех против швајцарскиот претставник кој минатата сезона заврши на петтата позиција во домашната лига.

Лозана ќе биде вистински предизвик и слика за квалитетот на овој тим на Вардар.

Првиот натпревар меѓу Вардар и Лозана се игра на 24. јули (четврток) во Скопје, реваншот е седум дена подоцна во Швајцарија.


Несторовски се повреди и ќе го скокне стартот на првенството на Хрватска

Македонскиот напаѓач Илија Несторовски нема да биде подготвен за почетокот на новата сезона во хрватскиот шампионат, откако на подготовките во Словенија заработи незгодна повреда.

Несторовски беше еден од клучните играчи на Славен Белупо во минатата сезона, но сега го чека пауза од најмалку две недели, што значи дека дефинитивно нема да биде во комбинација за првите натпревари од новата кампања.

Славен Белупо ќе мора да бара алтернативи во нападот додека Несторовски се рехабилитира и се враќа во форма.


Тиквеш потпиша со Турчинот Толга Јакут

Екипата на Тиквеш се пофали со ново име за средниот ред, а тоа е Толга Јакут.

Станува збор за турски фудбалер за врска кој има офанзивни карактеристики. 24-годишникот доаѓа во Тиквеш од редовите на турска Чанкаја, а претходно има повеќе ангажмани во оваа земја. Како младинец се промовира во неколку клубови, а дебитира за Ескисехирспор во сениорскиот фудбал.

Кавадарчани беа доста активни на трансфер пазарот ова лето. Досега во клубот пристигнаа Илиески, Ацковски, Стевковски, Тасев, Рамадани, Спасов, Ивановски и Ѓорѓиевски по преземањето на Тиквеш од новиот турски сопственик.


Реал мора да се помачи да го добие Конате

Челниците на Реал Мадрид стапиле во контакт со луѓето од Ливерпул за да добијат информација околу можен трансфер на фудбалерот, Ибрахим Конате, наведуваат дел од медиумите во Шпанија и Англија.

„Белите“ сакаат да ја дознаат сумата што ќе треба да ја платат за дефанзивецот на „црвените“ кој според неофицијални информации, има желба да остане на „Енфилд“.

Неговиот активен договор е валиден до летото во 2026 година.


Маркез доминатно до победата во Брно

Шпанскиот возач на Дукати, Марк Маркез, супериорно победи на трката за Голема Награда на Чешка.

Тој на патеката „Брно“ стана првиот возач на италијанскиот производител кој забележал пет последователни победи во Мото ГП. Второто место го обезбеди Италијанецот, Марко Беџеки член на Априлија додека трет заврши Акоста Педро од Шпанија со Ред Бул. Маркез е лидер во шампионатото со 381 поен пред неговиот помлад брат Алекс и Франческо Банаја.

Наредната трка во Мото Гран При ќе биде возена на 17 август на патеката Ред Бул Ринг за Големата награда на Австрија.


Монтоја: Верстапен ќе потпише за Мерцедес

Поранешниот возач на Формула 1, Хуан Пабло Монтоја, проговори за можната средба меѓу шефот на Мерцедес, Тото Волф и возачот Ред Бул, Макс Верстапен.

„Макс и Тото веројатно се сретнале за да ги потпишат документите. Ако Макс стигнал до оваа фаза од преговорите, тоа значи дека видел сè, разговарал за сè и донел одлука.“- рече Монтоја.

„Веројатно имаше уште еден последен чекор. Лично, го гледам Верстапен во Мерцедес “– вели Монтоја.


МекТоминеј: Титулата со Наполи е најдобар момент во мојата кариера

Скот Мектоминеј минатото лето направи изненадувачки трансфер и од Манчестер Јунајтед се пресели во Наполи, потег кој се покажа како полн погодок за него како индивидуалец, но и за клубот од Неапол.

Шкотот перфектно се снајде во системот на Антонио Конте и со 12 гола и 6 асистенции одигра клучна улога во освојување на Скудетото.

„Вклопувањето во Серија А беше многу лесно благодарение на тренерот Конте и моите соиграчи, кои беа фантастични со мене од првиот момент кога пристигнаа.

Титулата со Наполи беше најдобриот момент во мојата кариера. Не можев ни да сонувам за ништо подобро. Дадов интервју пред четири месеци и им кажав на „Наполитанците“ дека сакам да им ја донесам титулата во лигата и преку напорна работа – го постигнавме тоа. Целта беше многу важна, но сега мора да се фокусираме на новата сезона и мора да го направиме тоа повторно. Одличните тимови и одличните играчи секогаш се поглеадни и ќе дадам се од себе за овој тим. Имаме многу натпревари оваа година и одлична група, -рече Шкотот кој даде коментар и за прославата на пехарот во Серија А.

Беше неверојатно – не очекував нешто такво! Целата поддршка беше неверојатна, да бидам искрен. Били и јас седевме дома потоа, воздивнавме и само рековме „Вау!“. Заслугата за Скудетото му припаѓа на тимот, на тренерот, се разбира, но пред сè на навивачите, тие беа 12-тиот играч во текот на целата сезона. Тие беа тука и во добри и во лоши времиња. Дури и кога имавме тешки моменти, тие ни помогнаа“, заклучи Мектоминеј.