feature

Евротип предлог тикет – Сабота 29.05.2021

Еден од најдобрите спортски новинари во државата и регионот – Зоран Мишевски селектира дел од понудата за денешните натпревари и ни даде свое гледиште како би се одвивале истите. Украдете дел од идеите или преземете ги неговите типови, па се надеваме на добивки. Предлог тикетот во ЕВРОТИП носи над 28 коефициент:

Манчестер Сити – Челзи ГГ, 3+

Финалето на двата англиски клуба верувам дека ќе биде отворен натпревар и ќе понудат фудбал каков што милуваат Гвардиола и Тухел цела сезона. Сметам дека ќе има голови и ќе ги постигнат двете екипи.

 

Холштајн Кил – Келн 2

Поразот на домашен терен сигурно не беше планиран, па „јарците“ мора да се вадат на гостувањето во северна Германија. Квалитетот е на нивна страна, па не смеат да си дозволат два слаби натпревари во низа, а им „гори под нозе“.

 

Брентфорд – Свонси 0-2

Плеј-офо натпреварот за промоција во Премиер лигата е натпревар со голм влог и не очекувам многу голови. На дуелот на „Вембли“ фаворити и поискусни се фудбалерите од Велс. Свонси има подобар ростер и знае како се играат вакви натпревари. Сепак, и Брентфорд не е без шанси, посебно ако ја научи ланската лекција. 

 

Тенерифе – Овиедо ГГ

Последно коло во шпанската секунда, двете екипи имаат исто бодови се очекуваа да влезат опуштено на овој натпревар и да играат фудбал без многу калкулации.

 

Бате Борисов- Славиа 1,3+

Бате е втор на табелата, играа со многу послаба екипа и е огромен фаворит во дуелот со Славиа. Се очекува сигурна победа со многу голoви и приклучок кон борбата за врвот.


МЗТ Скопје го елиминира Пелистер и ќе се бори за осмата титула

„Металците“ беа подобри од битолчани и во СЦ „Јане Сандански“ со резултат (89:78) и ја затворија серијата со (2-0). Досега играа 14.пати во големото финале. Беа половични во походите на шампионската титула. Но кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром се изборија за уште една можност. Да играат и по 15. пат во големото финале и да се борат за својот осми шампионски пехар и двојна круна во оваа сезона. Во вториот меч од полуфиналето, по втор пат беа подобри од најдобрата екипа во регуларниот дел – Пелистер, по втор пат во рок од 48.часа, доволно за да ја затворат серијата со брзи (2-0) и од следната недела, по неколку дена одмор, да ја отворат серијата за титула каде за противник ја имаат екипата на Еуро Никел 2005.


Бастони доби нов подобрен договор во Интер

Интер ризикува да се раздели со некои од клучните играчи ова лето, но Алесандро Бастони нема да биде меѓу нив. Централниот дефанзивец потпиша нов договор со Интер до 2024 година. Бастони стана столб на одбраната под водство на Антонио Конте и ја имаше главната заслуга за освојувањето на титулата минатата сезона. Преговорите за неговиот нов договор беа одложени за некое време, но на крајот сепак се е договорено. Бастони одигра 33 натпревари оваа сезона во Серија А, а од влегувањето во првиот тим на Интер има 74 настапи на официјални натпревари. Тој е исто така репрезентативец на Италија. 22-годишниот дефанзивец го привлече интересот на многу клубови со своите редовни настапи. Се сметаше дека Баерн Минхен ќе даде понуда за него, но Баварците веќе го купија Упамекано од Лајпциг.


Македонија ја декласира Данска во Шлагелсе како реванш за струмичкиот пораз

Македонските одбојкари на најдобар можен начин ѝ се реваншираа на Данска за поразот од пред пет дена во Струмица и со идентични 3-0 прокнижија нови бодови во Шлагелсе во рамките на ЦЕВ Сребрената европска лига. Во дуелот од четвртото коло во групата А , Македонија освои нови бодови со што нашите одбојкари покажаа дека може квалитетно да одиграат и на гостински терен и да слават на убедлив начин. Првиот сет беше изедначен, Македонија сепак успеа да го добие со 25-23. Во вториот сет Македонија направи добра серија и успеа да се одлепи и предноста да ја зголемува за највисоките 25-17). Одличната игра ја продолжија и во третиот сет кој го добија со 25-21.


Симоне Инзаги ги напушти Лацио и се наоѓа пред потпис со Интер

Симоне Инзаги кариерата многу веројатно ќе ја продолжи во Интер. Инзаги одлично го водеше Лацио и сите очекуваат договорот кој му истекуваше на крајот на сезоната да биде продолжен. Но се се променило кога пристигнала понудата од Интер.

Фабрицио Романо објави дека договор помеѓу Интер и Инзаги има, а таа вест може да се каже и дека е потврдена откако Лацио и официјално соопшти дека Инзаги повеќе не е нивни тренер.



Жоао Марио по никоја цена не сака да се врати во Интер

Спортинг од Лисабон ќе биде новиот клуб на фудбалерот на Интер, Жоао Марио. Марио кој минатата сезона ја помина како позајмен во Португалија сака да остане во својата земја и нема намера да се врати во Милано.

Агентот на фудбалерот Федерико Пасторело се состанал со управата на Интер за да разговара за продажбата на играчот. Спортинг веќе му понуди 4-годишен договор на Марио и во тек се преговорите меѓу клубовите.

Сумата на трансферот се проценува околу десет милиони евра.


Солскјер ќе добие нов договор на „Олд Трафорд“

Манчестер Јунајтед ќе започне преговори за нов три годиншен договор со менаџерот Оле Гунар Солскјер, тврди Телеграф.

Весникот известува дека управата на клубот гледа напредок во перформансите на тимот под водство на Норвежанецот, иако тимот стигна до финалето на Лигата на Европа и загуби на пенали против шпански Виљaреал во средата.

Актуелниот договор на Норвежанецот истекува следната година.


Буфон се сели во Шпанија, но не во Барселона?

Севиља решила сериозно да ги засили своите редови за наредната сезона, а прва мета е купување на нов голман.

Повеќе шпански медиуми пишуваат дека голманот на српската репрезентација Марко Дмитровиќ е завршена работа и дека после истекот на договорот со Еибар ќе пристигне во Андалузија.

Но, сега шпанските медиуми наведуваат дека тој не е единствена опција. Томас Вацлик ќе го напушти клубот, а во клубот ќе остане Јасин Боно, а управата стапила во контакт и со Џанлуиџи Буфон.

Засега се споменуваше дека Барселона е заинтересирана за 43-годишниот Бугон, но во тој случај искусниот голман би бил цело време резерва на Марк Андре Тер Штеген.

Во случај да дојде во Севиља, заедно со Мароканецот Боно и Србинот Дмитровиќ би се борел за прво место меѓу стативите.


10.000 барања за билети за натпреварите на Македонија на ЕУРО

Фудбалската федерација на Македонија денеска информираше дека одделот во ФФМ задолжен за распределба на билети за натпреварите на македонската репрезентација за Европското првенство преку електронска форма добил вкупно 10.395 барања за купување на влезници за натпреварите на Македонија од групната фаза за ЕУРО 2020.

Имајќи го во предвид бројот на билети кои ги имаше на располагање, велат од ФФМ, можеше да задоволат помалку од десет проценти од лицата кои аплицираа за билети за ЕП. Согласно одлуката на Управниот одбор на ФФМ, приоритет за купување на влезници да добијат здравствените работници, „Куќата на фудбалот“ информира дека од вкупниот број билети со кои располагаше Фудбалската федерација на Македонија, приоритет беше даден и најголем процент за купување на билети добија здравствените работници и навивачите на македонската репрезентација.


Ричардс од Ридинг е нов фудбалер на Баерн

Германскиот шампион Баерн Минхен денес го претстави првото засилување за следната сезона.

Станува збор за 23-годишниот англиски фудбалер Омар Ричардс, кој доаѓа од Ридинг, како слободен играч.

Ричардс минатата сезона одигра 41 меч во Чемпионшип и го привлече вниманието на многу европски клубови, но Баерн ја победи конкуренцијата.

Левиот бек денес стави потпис со клубот од Минхен до 2025 година.