feature

Баварците спремни да го купат Саул Нигез

Баерн Минхен има желба да го купи играчот за врска на Атлетико Мадрид, Саул Нигез. 26-годишниот фудбалер долго време се поврзуваше со трансфер во различни тимови, а досега најчесто се споменуваа имињата на Барселона и Реал Мадрид. Сепак, според последните информации, Баварците во моментов се на чекор од негов потпис, бидејќи веќе контактирале со претставници на играчот за да започнат првични разговори за можен трансфер. Оваа сезона Саул се почесто е на клупата за сметка на Маркос Љоренте и Коке. Саул има договор со „јорганџиите“ до 2026 година.


Тенисер на сред натпревар се закануваше со убиство!

Тенисерот од Босна и Херцеговина, Дамир Џумхур беше дисквалификуван од турнирот во Акапулко по скандалозното однесување на натпреварот против Холанѓанецот Ботик ван Сандсхулп.
Се се случи во момент кога Ван Сандсхулп зеде брејк, што го револтираше Џумхур кој започна да удира со топчиња кон противникот, да го навредува судијата и да се заканува со убиство.
Повод за ваквото однесување беше дискутабилната одлука која претходеше на брејкот, бидејќи линискиот судија сигнализираше поен, нешто со што Џумхур не се согласи.
Интересно е дека 125. тенисер на светот сам го напушти теренот по овој инцидент, а кратко потоа се огласија и организаторите на турнирот во Акапулко потврдувајќи ја дисквалификацијата на Џумхур поради лошото однесување.
За потсетување, овој тенисер своевремено беше на 23. место на АТП листата.


Конечно разрешница, ѕвездата на Ливерпул се сели во Барселона!

Џорџињо Вајналдум во наредниот трансфер период ќе го напушти Ливерпул како слободен играч и ќе потпише за Барселона. Играчот за врска на актуелниот англиски шампион и холандската репрезентација, на крајот од сезоната ќе стане слободен играч и според информациите на англиските и шпанските медиуми, тој нема намера да го продолжи.
Наместо тоа, тој ќе се пресели во Барселона. Во наредниот трансфер период не се очекуваат големи трансфери од каталонскиот клуб, реално е доведување на играчи кои би можеле да пристигнат без отштета. Мадридска Марка веќе претходно наведе дека тоа би можеле да бидат Серхио Агуеро, Ерик Гарсија, Мемфис Депај и токму Вајналдум, за кого сега се тврди дека тој трансфер е веќе „скоро завршен“.
Вајналдум претходно можноста да настапува за Барселона ја опиша како исполнување на сонот, па затоа нема намера да остане во Ливерпул.


Ван Дајк го демантираше Клоп?

Јирген Клоп во текот на викендот потврди дека Вирџил ван Дајк нема да настапи на претстојното Европско првенство, но во Холандија веруваат во спротивното.
Релевантниот медиум „Де Телеграф“ повикувајќи се на извори блиски до дефанзивецот на Ливерпул истакнуваат дека Ван Дајк не сака да ја исклучи можноста за настап на Европскиот шампионат.
Неговиот план е да се врати на тренинзи во текот на месец мај, па во согласност со неговата форма и со консултации со лекарскиот тим да донесе одлука.
Ван Дајк неодамна почна да тренира и одлично се опоравува од тешката повреда на коленото, а останува да видиме дали ќе биде спремен во јуни.
Во Ливерпул инсистираат Ван Дајк да го пропушти ЕП и да биде подготвен за подготовките за наредната сезона, додека Холанѓанецот не ја исклучува можноста да настапи на шампионатот.


Зидан го сака Милинковиќ-Савиќ, подготвен да плати и 70 милиони евра

Раководството на Реал Мадрид интензивно бара замена за 35- годишниот хрватски играч за врска, Лука Модриќ и верува дека играчот на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, е токму фудбалерот кој им е потребен.
„Кралскиот клуб“ е подготвен да плати 70 милиони евра за 26- годишниот Србин, што, според Флорентино Перез, одговара на пазарната вредност на играчот во моментот. Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан веќе даде зелено светло за операцијата, бидејќи Милинковиќ-Савиќ одговара на техничките, тактичките и физичките карактеристики на тимот, што е важен фактор.


Само во Евротип, со бонус си ја „дуплираше“ добивката!

Бонусите кои ги нудат спортските обложувалници Евротип се дефинитивно највисоките кои може да се најдат, а кој знае тоа да го искористи, може добро и да заработи!
Доказ за тоа е добивката на обложувач во Македонска Каменица, кој својот „викендашки“ тикет од 17 натпревари, со влог од 100 денари го претвори во добивка од над 150 илјади денари!
Користејќи ја својата Евротип клуб картичка, тој стигна и до бонус на својата добивка од 80%, односно нешто повеќе од 80 илјади денари!

Поволностите кои ги нуди клуб картичката на Евротип и бонусите кои следат на секој тикет, ги искористи и „мајстор“ за НБА од Скопје.
Тој, комбинирајќи конечни типови, како и типувајќи на најбогатата понуда на НБА играчи, со 11 погодени натпревари стигна до добивка од над 200 илјади денари, вклучувајќи и бонус од 17%, или скоро 35 илјади денари!

Не заборавајте, секој Ваш тикет уплатете го со Евротип клуб картичка и искористете ги бонусите кои се во висина од дури 467%!


Медведев испиша историја на АТП листата!

Ако почетокот на минатата недела на АТП листата го одбележа рекордот на Новак Ѓоковиќ по бројот на недели поминати на првата позиција, третата недела од март ќе помине во знакот на Даниил Медведев, кој по турнирот во Марсеј се проби на второто место. Избивањето на 25-годишниот руски тенисер на втората позиција одекна во светот на тенисот, бидејќи Медведев е првиот играч по 15-годишната доминација на големата четворка кој успеал да го оствари ова достигнување. Претходните деценија и половина тоа беа само Ѓоковиќ, Надал, Федерер и Мареј. Медведев по триумфот во Марсеј му побегна на второпласираниот Надал 270 бодови, а Ѓоковиќ ја започна 312 недела на чело на АТП листата. Откако Медведев го помина на листата, на Надал му се заканува и Доминик Тим, кој се доближи на само 45 бода. Меѓу првите 10 остана и Циципас, Федерер, Зверев, Рубљев, Шварцман и Беретини.


ПСЖ го нуди Паредес и пари за Бенасер

Oд Франција пристигнуваат информации дека ПСЖ го означил Исмаел Бенасер од Милан како приоритет ова лето. „Светците“ никогаш не го криеа интересот за 22 годишниот Бенасер, но сега наводно ќе тргнат во акција да стигнат до неговиот потпис. Милан минатото лето го купи Бенасер од Емполи за 16 милиони евра, но само една година подоцна Алжирецот се проценува на 50 милиони евра. ПСЖ го гледа Бенасер како клучен во „ремонтот“ во средниот ред и спремни на лето да го донесат во Париз. Спортскиот директор Леонардо му понудил трампа на „росонерите“ и е спремен покрај одредена сума да го испрати и Паредес на „Сан Сиро“.


Како реагираше Ди Марија кога дозна дека семејството му е киднапирано? (видео)

ПСЖ во 29. коло изненадувачки загуби од Нант на домашен терен со 2:1. Францускиот првак водеше со голот на Дракслер, но гостите со головите на Коло и Симон дојдоа до пресврт. Сепак, фудбалот падна во втор план во 62. минута, кога тренерот на ПСЖ Маурисио Покетино изненадувачи го извади од игра Анхел Ди Марија, а го внесе Леандро Паредес. Ди Марија мораше да излезе бидејќи во тие моменти се одвиваше голема драма во неговиот дом. Информацијата прв ја дозна спортскиот директор Леонардо кој седеше во ложата. Потоа, информацијата стигна до самиот тренер кој веднаш реагираше.
Додека излегуваше од игра, Покетино му говореше на Ди Марија дека крадци влегоа во неговиот дом во кој во тие моменти беше неговото семејство. Аргентинскиот фудбалер веднаш од стадионот замина дома. Според некои информации, сцените во куќата на Ди Марија за време кражбата биле исклучително насилни и членовите на неговото семејство биле киднапирани, но никој не е повреден. Во истовреме, крадци влегле и во куќата на родителите на Маркињос.


МЗТ Скопје го отпушти тренерот Ѓорѓи Кочов

Tимот на МЗТ Скопје денес потврди дека Ѓорги Кочов повеќе не е тренер на тимот од Аеродром. Кочов заминува после поразот на МЗТ од Академија ФМП. Младиот стратег се договори со управата за взаемно раскинување на договорот, а од денес тимот ќе го води Дарко Радуловиќ. Радуловиќ беше прв помошник на Кочов и добро го познава тимот и играта, па не би требало да има некои големи променни во структурата. Кочов во МЗТ стигна во 2018 година.