feature

Спринтерката Ричардсон позитивна на марихуана

Американската атлетичарка, Шакари Ричардсон , нема да учествува на Олимписките игри во Токио. Таа избори пласман на Игрите, а потоа паднала на допинг-тестот. Ричардсон била позитивна на марихуана.

Американските квалификации за Токио се одржаа во Јуџин. На трката на 100 метри, Ричардсон, го освои првото место со резултат 10.86 секунди. Најдобар резултат во кариерата и е 10.72 секунди, што е шесто најдобро време во историјата.

Доколку и вториот тест биде позитивен, таа ќе биде суспендирана. Интернационалната атлетска федерација за ваков прекршок предвидува суспензија од две месеци до две години.

„И јас сум човек“, напишала Ричардсон на социјалните мрежи.


Брозовиќ најнова желба на Барса на Куман

Барселона е силно заинтересирана за играчот за врска на Интер, Марсело Брозовиќ, пренесуваат шпанските медиуми.

28-годишниот хрватски репрезентативец е посочен како замена за Пјаниќ, кој ова лето сигурно ќе го напушти „Камп Ноу“.

Брозовиќ е еден од најважните играчи на Интер, но влезе во последната година од договорот и не може да постигне договор со „нероаѕурите“ за продолжување на соработката.

Поради тоа Интер ќе мора да го продаде ова лето, а Барселона внимателно ја следи ситуацијата и спрема понуда.


Гигантот Бордо ризикува исфрлање од Лига 1

Францускиот фудбалски клуб Бордо беше отстранет од елитната Лига 1 и испратен во втората лига по повлекувањето на мнозинскиот акционер.

Клубот објави дека ќе се жали на одлуката, бидејќи во лигата беше претставен новиот проект за финансирање на клубот од страна на бизнисменот Жерард Лопез. Бордо се надева дека жалбата ќе биде прифатена откако проектот ќе биде финализиран и тимот ќе биде вратен во елитата. Бордо доживува сериозни финансиски проблеми и е ставен под административна контрола по повлекувањето на американскиот сопственик – команијата „Кинг Стријт“ во април.

Целиот француски фудбал страда сериозно по раскинувањето на договорот за ТВ-права со „Медиапро“ и недостигот на приходи како резултат на празните стадиони поради пандемијата на коронавирусот. Бордо е една од најпознатите екипи во Франција, тим кој доминираше во 80-тите години од минатиот век кога освои четири титули.


Салах не се најде на списокот, Египет без главната ѕвезда во Токио

Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах не беше вклучен во египетската репрезентација за Олимписките игри во Токио.

Салах не се најде на списокот со 22 играчи објавен на официјалната веб-страница на Египетскиот фудбалски сојуз. 29-годишниот Салах, најпознатата спортска sвезда во Египет, настапи на Игрите во Лондон 2012 година, постигнувајќи гол на сите три натпревари во групната фаза против Бразил, Нов Зеланд и Белорусија, пред Египет да биде елиминиран по поразот од Јапонија.

Во Токио, Египет е во групата Ц со двократниот шампион Аргентина, со победниците во 1992 година – Шпанија и Австралија. На Олимпијадата учествуваат играчи на возраст под 23 години на фудбалскиот турнир, но на секоја екипа им е дозволено да имаат по тројца играчи над таа возраст.


Куртоа: Италија заслужи да игра полуфинале на ЕП

Голманот на Белгија, Тибо Куртоа го коментираше резултатот од четвртфиналето на Европското првенство – 2020 година со репрезентацијата на Италија (1-2).

„Тешко е, но знаевме дека нè чека ваква игра. Имавме две шанси, но голманот им помогна. Плус, дозволивме резултатот да се отвора премногу лесно. Навистина, можеше да се да биде поинаку, но италијанската репрезентација заслужи да победи“, изјави Куртоа за УЕФА.

Белгија по овој пораз си оди дома, додека Италија продолжува понатаму на патот кон финалето, а пред тоа ја очекува средбата со Шпанија која ќе се игра во вторник.


Санчез би останал во Интер и со помала плата

Чилеанецот е отворен за подолга соработка со италијанскиот првак, па дури и со помала плата во новиот договор, кој би требало да го потпише во периодот кој претстои.

Алексис Санчез наводно нема ништо против помала плата во Интер, а во такви услови и да потпише договор кој би важел до 2024 година, актуелниот му е со важност до 2023 година.

„Газета дело Спорт“ пишува дека Чилеанецот би бил среќен доколку постигне договор со раководството на клубот од Милано за продолжување на соработката.

Весникот тврди дек Санчез не би се противел неговата годишна плата во висина од 7 милиони евра да падне на 5 милиони евра, со тоа што „нероаѕурите“ во никој случај не би размислувале на негова продажба во едно такво сценарио.

32 годишниот Санчез се приклучи на Интер по трансферот во 2019 година, а досега одигра 70 натпревари за „Нероаѕурите“.


15-годишната Миа Блажевска ќе настапи на ЛОИ во Токио

Македонската најдобра пливачка во овој момент Миа Блажевска-Еминова која има само 15 години ќе ја претставува Македонија на Летните Олимписки игри во Токио.

Таа ќе настапи како носител на специјална покана на која има право МОК, а ќе биде поддржана и од Светската пливачка федерација.

„Миа Блажевска – Еминова е предложена од МОК и ФИНА да биде наша претставничка во пливање на Летните олимписки игри во Токио 2020!Таа има најдобар резултат меѓу најдобрите македонски пливачки (741 ФИНА поени), постигнат во Белград, на 20 Јуни 2021 година. Миа на овој меѓународен митинг, на трката на 100 метри – слободно, постигна време од 57.13 секунди, резултат со кој го стекна правото да се натпреварува на Летните олимписки игри во Токио. Миа има 15 години, но веќе 11 години професионално се занимава со пливање.Мораме да признаеме дека нешата пливачка надеж е вистинска рекордерка!“, објавија од МОК.


Ферхан Хасани го напушти Партизани од Тирана

Македонскиот репрезентативец Ферхан Хасини си заминува од Партизани Тирана.

Причината поради која заминува Хасани од Партизани е тренерот Илир Даја.

„Си заминувам од Партизани, сакам да им се заблагодарам на луѓето во клубот и навивачите. Додека бев во Албанија игравме без навивач и жалам за тоа, но сепак ја чувствував поддршката. Тренерот Илир Даја не ми даваше доволно простор, не ме стемаше за дел од стартниот тим. Професионалец сум и го почитувам изборот, меѓутоа знам дека имам квалитет да играм повеќе од 10 минути во еден натпревар“, изјави Хасани за „Панорама Спорт“.


Филип Антовски потпиша за Австрија Виена

Филип Антовски е вардарово дете, во 2018 премина во Динамо Загреб од каде лани беше испратен на позајмица во Славија Софија. Ова лето одигра неколку пријателски натпревари за Австрија Виена, ги освои челниците на овој клуб кои денеска го промовираа како ново засилување.

„Филип Антовски е многу интересен фудбалер – технички вешт, пргав и со офанзивен приод. Има голем потенцијал, сакаме да му дадеме поддршка да го искористи и се надеваме дека ќе ужива тука во иднина, и за некое време ќе може да ни помогне. Ние сакаме на секоја позиција да имаме по двајца добри фудбалери“, вели спортскиот директор на Австрија Виена, Мануел Ортлехнер.

Антовски е среќен поради трансферот и вети дека ќе го дава максимумот на секој меч.

„Чест ми е што ќе бидам дел од еден од најдобрите клубови во Австрија кој има толку многу историја и традиција. Можам да ветам деа ќе го давам најдоброто за Австрија Виена во секоја минута која ќе ја одиграм. Многу сум среќен што сум дел од оваа фамилија“, изјави Антовски.


Милан и Бреша преговараат за откуп на договорот на Тонали

Милан се обидува да се договори со Бреша за перманентен трансфер на Сандро Тонали, росонерите сакаат да ја спуштат првично договорената сума.

Милан плати 10 милиони евра за позајмица на Тонали со опција за перманетен трансфер, треба да доплати уште 15 милиони евра за комплетно да го има играчот од средниот ред.

„Калчо Меркато“ пишува дека Милан и Бреша водат преговори, росонерите сакаат да дадат уште десет милиони евра за да го отупат целосно, но помалиот италијански клуб не сака да слушне.

Бреша останува на ставот дека Милан треба да даде уште 15 милиони евра за да го добие во целост Тонали.