feature

Ига Швјонтек без загубен гем во финалето го освои Вимблдон

Полската тенисерка Ига Швјонтек е новата шампионка на Вимблдон откако попладнево во финалето ја надигра Аманда Анисимова од САД со убедливи 2:0 во сетови (6-0 и 6-0).

На тој начин полската тенисерка со овој успех испиша дел од историјата на Вимблдон. Финалниот меч траеше 57 минути.

Во текот на мечот Швјонтек имаше шест брејка од девет можности, притоа ривалката ниту еднаш не успеа да дојде до брејк топка. Во вкупниот број поени скорот беше 55-24 за Швјонтек.

За Швјонтек ова е прва Грен слем титула на Вимблдон во првото финале, а вкупно шеста грен слем титула во кариерата.

Анисимова со солзи во очите во заврши мечот.

Финалето во машка конкуренција се игра утре со почетокот 17 часот, а ќе играат Јаник Синер и Карлос Алкараз.


Барди претставен како нова десетка на Коњаспор

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Енис Барди денеска беше претставен како нов играч на Коњаспор. Тој во следните две сезони ќе го носи дресот на овој турски тим.

Ова воедно ќе биде трет тим од Турција за кој ќе настапува Барди, откако претходно беше член на Трабзон и на Бодрум.

Барди ќе го носи дресот со број 10.


Еурофарм Пелистер се засили со 15-годишен десен бек

Новиот суперлигаш Еурофарм Пелистер 2 активо работи на засилувањата за новата сезона. Ново име е 15-годишниот Илија Илијевски, еден од најголемите таленти на македонскиот ракомет. Тој во Битола доаѓа од матичниот клуб Вардар Неготино.

Младиот ракометар потпиша договор на четири години, а со тоа клубот од Битола ја продолжува стратегијата за млади македонски ракометари да го сочинуваат костурот на клубот.

Илиевски е висок 202 сантиметри и игра на десната бековска позиција.


Борнмут се засили со Ѓорѓе Петровиќ

Борнмут го комплетираше своето најголемо летно засилување, постигнувајќи договор со Челси за трансфер на српскиот репрезентативен голман, Ѓорѓе Петровиќ, за сума од 25 милиони фунти.

Како што објави и трансфер-експертот Фабрицио Романо, зделката е завршена, а Петровиќ ќе потпише петгодишен договор откако следната недела ќе ги мине лекарските прегледи.

На прв поглед, овој трансфер е збунувачки за многумина. Зошто Челси би го продал голманот кој според многу навивачи беше подобар од Роберт Санчез минатата сезона? Одговорот лежи во филозофијата на новиот тренер, Енцо Мареска.


Кошта по само шест месеци се враќа во Примеира

Фудбалерот на Jувентус, Алберто Кошта, ќе биде ставен на списокот за трансфери, најавија дел од медиумите во Италија.

Tренерot на „старата дама“, Игор Тудор, му доволил на 21-годишниот десен бек да бара нова средина. Претходно имаше најава дека Спортинг Лисабон е заинтересиран за неговиот потпис.

Португалскиот клуб во текот на летово сака да го ангажира фудбалерот кој вреди од 15 до 20 милиони евра.


Пиоли се врати на клупата на Фиорентина

Фудбалскиот состав Фиорентина, потврди, дека искусниот стратег, Стефано Пиоли, се врати во клубот.59-годишниот специјалист потпиша тригодишен договор со „виолетовите“.

Тој во текот на летово го напушти саудискиот состав Ал-Наср на Кристијано Роналдо и се врати во Европа.

Пиоли на времето играше во Фиренца а потоа во еден период беше и тренер на екипата од Италија.


Ирански судија ќе го води финалето меѓу ПСЖ и Челзи

Иранецот, Алиреза Фагани, ќе го суди финалето меѓу Пари Сен Жермен и Челзи на Светското клупско првенство во фудбал во САД.

47-годишниот судија со знакот на ФИФА ќе биде на центарот на утрешниот меч во Њу Џерси кој ќе започне во 21.00 часот. Фагани стана судија на ФИФА во 2008 година и беше дел од финалето на Олимписките игри во Бразил.

Тој го судеше и натпреварот за бронза на Мундијалот во Русија како и два меча во групната фаза на Светското првенство во Катар.


Малик Тилман е замената за Вирц во Леверкузен

Екипата на Бајер Леверкузен го обезбеди фудбалерот од средниот ред на репрезентацијата на САД, Малик Тилман.

Неговиот договор ќе биде валиден до 2030 година. 23-годишниот фудбалер доаѓа од ПСВ за 35 милиони евра, објави инсајдерот, Флоријан Плетенберг.

Тилман во претходната сезона во холандското првенство одигра 26 средби со ефект од 12 гола и 2 асистенции.


Јуве и Јунајтед преговараат за Санчо

Челниците на фудбалскиот состав Јувентус му понудиле на Манчестер Јунајтед 10 милиони евра + 5 милиони евра како бонуси за потписот на Џејдон Санчо.

Според најавите од Италија, составот од Торино се обидува да го ангажира 25-годишниот крилен напаѓач. Фудбалерот кој е во немилост на менаџерот на „црвените ѓаволи“, Рубен Аморим, во претходната сезона играше како позајмен во Челзи.

Тој забележа 42 меча за „сините“ во сите конкуренции на кои даде пет голови и направи десет асистенции.


Јунајтед се вклучи во трката по Словенецот Шешко

Многу е очигледно од почетокот на летото дека Манчестер Јунајтед сака нов напаѓач, но нивните цели се многу различни. Не изгледа дека англискиот клуб има јасна намера кого да доведе како број девет, барем засега.

Меѓу многуте имиња за кои Манчестер Јунајтед е заинтересиран ова лето е и ѕвездата на РБ Лајпциг Бенџамин Сешко. Словенечкиот напаѓач број девет се смета за еден од најголемите таленти меѓу напаѓачите во европскиот фудбал во моментов.

Според угледниот новинар Кристијан Фалк, преку Caught Offside, Манчестер Јунајтед мора да се согласи на сума од околу 77,5 милиони фунти за да го потпише со Бенџамин Шешко. Арсенал е уште еден клуб кој е силно заинтересиран за неговите услуги и води напреднати разговори, но се смета дека тој е прескап за двата клуба.

Со само 22 години, Шешко постигнал 21 гол и обезбедил 6 асистенции во 45 натпревари минатата сезона. Тој ги има сите атрибути за да стане еден од најдобрите во светот и неговата продукција би можела да се подобри доколку игра за подобра екипа.