feature

Мареска разочаран: Лидс беше подобар и заслужи да нè победи

Челзи синоќа загуби за првпат по осум натпревари и тоа на гостувањето кај Лидс Ј. Енцо Мареска го призна поразот.

„Тие беа подобри од нас во секој поглед и заслужено победија. Немаме што да извлечеме од овој натпревар за во иднина. Можеме само да се обидеме да разбереме што направивме, а потоа да почнеме одново. Игравме многу добро против Арсенал и Барселона, но тоа не значи дека секогаш ќе играме на ист начин, бидејќи треба да се прилагодиме на ситуацијата и да ги ротираме нашите играчи. Нивото на игра нема секогаш да биде исто. Секако, по натпревари како последните два, очекувате посилна игра, но тоа не е секогаш можно. Ниту еден играч не играше најдобро денес. Се надевам дека беше само лош ден. Ги загубивме сите предизвици“, рече менаџерот на Челзи.


Украинецот Усик доби дозвола да го брани WBC појасот

Светскиот првак во тешка категорија, Александар Усик, побара дозвола доброволно да ја одбрани својата титула во WBC. Таа петиција беше одобрена вчера, со тоа што поранешниот шампион Деонтеј Вајлдер се искачи меѓу првите 10 на WBC, па сега Американецот има право да го предизвика Усик во битка за појасот.

Усик е непоразен, но повеќе не е неоспорен светски шампион во тешка категорија откако ја напушти титулата во WBO, која ја имаше од 2021 година, кога првпат го победи Ентони Џошуа. Но, украинската ѕвезда ги има шампионските појаси во тешка категорија на WBC, WBA и IBF и сега доби дозвола доброволно да го одбрани појасот на WBC.


Проблеми за Ефес, Ларкин отсутен дури до февруари

Лоши вести пристигнуваат од таборот на Анадолу Ефес, откако клубот потврди дека ќе мора да се снаоѓа без својата најголема ѕвезда, Шејн Ларкин, најмалку до февруари.

Американскиот плејмејкер се рехабилитира од повреда која бара подолг период на опоравување, па медицинскиот тим одлучи да не ризикува со негово прерано враќање на терените.

Тоа значи дека Ларкин ќе ги пропушти клучните натпревари од домашното првенство, како и важни дуели во Евролигата.

Неговиот изостанок претставува сериозен удар за амбициите на Ефес, бидејќи станува збор за еден од лидерите на тимот и играч кој често ги решава најтешките натпревари.

Ларкин со години е симбол на големите успеси на клубот, вклучувајќи и освојување на титулите во Евролигата.

Тренерскиот штаб ќе мора да најде нови решенија во ротацијата, а тежиштето ќе падне врз останатите носители на играта, кои ќе треба да го покријат отсуството на својот капитен.

Се очекува Ларкин да се врати на паркетот во текот на февруари, доколку рехабилитацијата се одвива според планот, а навивачите на Ефес со нетрпение го очекуваат неговото враќање во битката за трофеи.


Пресврт во Белград: Тринкиери нема да го наследи Обрадовиќ

Италијанскиот тренер Андреа Транкиери нема да го замени Жељко Обрадовиќ на клупата на белградски Партизан.

Дел од медиумите најавуваа дека тренерот и претседателот на клубот Остоја Мијаиловиќ сепак ќе потпишат договор.

До договор не дојде, а тензиите кај „црно-белите“ се зголемија особено што тренерското место е и натаму празно.

Дополнителен проблем е и тоа што и другите потенцијални тренери не прифаќаат да седнат на „жешкото столче“ на клупата на Партизан.

Клубот од Белград сепак не е без тренер и на дуелот од Евролигата утре (четврток) против Баерн Минхен ќе ги предводи Мирко Оцокољиќ, кој ја има улогата вршител на должност.

Транкиери две години беше на клупата на Партизан 2018-2020 и замина за баерн Минхен, а последен клуб му беше Жалгирис.


Гарабаја: Треба да работиме на нападот, одбраната беше добра

Ракометарите на Пелистер не успеа да слават во Загреб и да ја искористат големата шанса да останат во трка за едно од местата кои водат во нокаут фазата од Лигата на шампионите. Иако почнаа добро, синоќа во Загреб нашиот првак на крајот беше поразен.

Рубен Гарабаја, стратегот на Пелистер даде своја кратка анализа за мечот.

„Тежок натпревар. Добро го отворивме, и би рекол дека игравме доста добро на дефанзивната страна, но за да победите во натпревар од Лигата на шампионите мора да играте добро на двете страни од теренот, а против Загреб нашиот напад не изгледаше добро. Тоа е дефинитивно нешто на кое ќе треба да работиме и да најдеме начини да бидеме повнимателни, потрпеливи и подобро да се грижиме за топката“, изјави тренерот на Пелистер.


Брера е есенски првак во младинска конкуренција

Во пресрет на последната рунда од првиот дел во Младинската Суперлига јасно е дека Брера ќе остане на првата позиција.

Струмичани денеска триумфираа над Арсими со 5-0 и имаат предност од четири бода во однос второ и трето пласираните Работнички и Вардар.

Стрелци на головите за АП Брера беа Бојан Велков, Габриел Талески, Марио Митрев додека Иван Танчев на два пати го совлада противничкиот голман.

Работнички беше убедлив во соочувањето со Тетекс и славеше со 10-1. По три пати прецизни беа Ердин Шабани и Дитмир Хоџа, двоен стрелец е Беркај Шаини додека по еден погодок постигнаа Јован Коцески и Кренар Хоти додека единствениот гол за Тетовци беше дело на Феми Велија.

Вардар ја совлада Струга ТЛ со 3-2. Стрелци на погодоците за “црвено-црните” беа Иво Марковски, Никола Ристевски, а сопствена мрежа ја погоди Елис Жута. На спротивната страна головите ги постигна Јусуф Доко.

Македонија ЃП до трите бода против Охрид Лихнидос стигна со голот на Бесмир Исмани додека Њу Старс славеше со 2-1 во дуелот против градскиот ривал Шкупи.

Шкендија Тетово триумфираше над Брегалница со 6-0, Пелистер го совлада Скопје со 4-1 додека Башкими како гостин забележа победа над Тиквеш со 6-0.

Пелистер пред своите навивачи беше убедлив во мечот со Скопје и славеше со 5-1.

Во пресрет на последното коло Брера има 40 бода, четири повеќе во однос на Работнички и Вардар додека четвртопласираната Македонија ЃП има 31.


Трамп и Роби Вилијамс на мундијалската ждрепка во петок

Британскиот пејач Роби Вилијамс и американската диско група Вилиџ Пипл ќе настапат на претстојното извлекување на групите за Светското првенство.

Извлекувањето ќе се одржи во центарот „Кенеди“ во Вашингтон во петок во 18 часот, а на него ќе присуствува и претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.

Вилиџ Пипл ќе ја изведат својата иконска песна од 1970-тите, „YMCA“, која неодамна стана синоним за предизборните митинзи на американскиот претседател.

Пи-ар службата на Трамп објави дека претстојното Светско првенство во фудбал е национален проект број еден за претседателот и дека тој ќе дејствува така и во неговата организација.

На извлекувањето ќе учествуваат 48 национални тимови, кои ќе бидат поделени во 12 групи.


Штом Нојер ќе замине во пензија, Баерн ќе го доведе Мењан

Германскиот великан, Баерн Минхен, замената за Мануел Ноер, ја најде на „Сан Сиро“. Германските медиуми тврдат дека Баерн е подготвен да му понуди профитабилен договор на Мајк Мењан.

Мануел Ноер, човек кој ја дефинираше улогата на голманот во модерниот фудбал се подготвува за пензија. На сите во Баерн им е јасно дека неговата форма драматично паѓа. Најдобро тоа се виде во дербито против Арсенал, во Лигата на шампионите.

Прв пик на Баерн за нов голман е 30-годишниот Мењон. Интересот на Баварците е голем бидејќи по завршувањето на сезоната Мењон бесплатно може да го напушти Милан. Поради тоа во Минхен подготвуваат услови што голманот нема да може да ги одбие, барем така тврдат германските медиуми.

Французинот стана член на Милан во 2021 година. Тој пристигна од Лил за нешто повеќе од 16 милиони евра.

За Милан одигра 177 натпревари, на 67 пд нив не прими гол.


Шоу на Мбапе, Реал го освои Билбао

Фудбалерите на Реал Мадрид го победија Атлетик во Билбао со 0-3, во 15. коло од Ла Лига.

Централна фигура на натпреварот беше незапирливиот Килијан Мбапе, кој постигна два гола и забележа асистенција, во триумфот што го врати Реал на бод минус од лидерот Барселона.

Килијан Мбапе во само 24 натпревари оваа сезона, за клубот и репрезентацијата, постигна 30 гола и забележа шест асистенции.

Првиот гол беше потврда за класата на Французинот, ја прифати топката некаде на средината од теренот, потоа започна молскавичен продор, сам против сите, се ослободи од еден, а потоа и од друг бек и ја погоди мрежата на Унаи Симон.

Во 42. минута, тој несебично со глава го погоди Кававинга, кој потоа се „поклони“ за 2-0.

Мбапе го заврши натпреварот во Баскија мајсторски во 59. минута со удар од околу дваесет метри во поблискиот агол од голот на Симон, го фати на „спиење“ голманот на Атлетико.


Ливерпул не го победи ни Сандерленд, Челзи загуби во Лидс

Фудбалерите на Челзи и Ливерпул влегоа во натпреварите од 14. коло од Премиер лигата како фаворити, а на крајот си заминаа дома со наведнати глави.

Ливерпул ремизираше 1-1 дома со најпријатното изненадување оваа сезона, Сандерленд.

Интересно е што ова е прво реми во Премиерлигата за „црвените“. Ливерпул не успеа да ги освои трите бодаа, на четири од последните пет натпревари.

Сандерленд така остана пред Ливерпул на табелата, на шестата позиција со бод повеќе.

По неинтересно прво полувреме и 0-0, првиот гол падна во 67-та минута кога Талби ги доведе гостите во водство.

На крајот Ливерпул успеа да избегне пораз. Во 81. минута погоди Вирц, но Германецот не му се израдува на првиот гол во дресот на „црвените“, бидејќи набргу одлуката беше дека тоа е автогол на Мукиеле, но резултатот остана 1-1.

Челзи, изненадувачки, по брилијантните натпревари против Барселона и Арсенал, доживеа тежок пораз во Лидс. „Сините на „Еланд Роуд“ загубија со 3-1.

Ова беше прваа победа за Лидс по четири последователни порази во Премиер лигата и со неа се извлекоа од зоната за испаѓање, додека „сините“ го претрпеа првиот пораз по четири натпревари и останаа на четвртото место на табелата.

Веќе на полувремето беше јасно каде дека Лидс ќе слави победа. Со головите на Бијол и Танака, Лидс дојде до предност 2-0..

Гостите го намалија резултатот во 50-та минута, преку Педро Нето, но тоа беше се од нив. Калверт-Луин во 72-та минута стави точка на натпреварот.