feature

Кевин Де Брујне ќе биде награден со споменик пред „Етихад“

Кевин Де Брујн се збогуваше емотивно со стадионот „Етихад“ во вторникот вечерта, додека Манчестер Сити го одбележа неговиот последен домашен настап со оддавање почит што прилега на една вистинска клупска легенда.  

Тој заминува како легенда на Манчестер Сити, откако освои 19 трофеи во текот на неговите десет години со клубот, а Сити потврди дека неговото време таму ќе биде одбележано со споменик поставен пред „Етихад“. 

Де Брујн, како клучна фигура во успехот на Манчестер Сити, беше трогнат од оваа вест. Напуштајќи го клубот како играчот со најмногу асистенции, Белгиецот засекогаш ќе остане запишан во историските книги. Со освоени шест трофеи во Премиер Лигата, Де Брујн беше централна фигура во проектот на Пеп Гардиола. 

По натпреварот, Де Брујн, заедно со своето семејство, беше претставен на теренот. Изразувајќи благодарност за изминатата деценија, Белгиецот изјави: „Тоа значи дека секогаш ќе бидам дел од овој клуб. Секогаш кога ќе се вратам со семејството и пријателите, ќе можам да се видам себеси – така што секогаш ќе бидам тука.“


Жоргињо за две недели ќе потпише за Фламенго и ќе игра на клупскиот Мундијал

Фудбалерот од средниот ред на Арсенал, Жоргињо ќе учествува на Светското клупско првенство, пренесува Фабрицио Романо.

Претходно беше објавено дека 33-годишниот играч од средниот ред кариерата ќе ја продолжи во бразилскиот клуб. Според Романо, Жоргињо договорил трансфер со Арсенал пред почетокот на Светското клупско првенство кое ќе се одржи од 15 јуни до 13 јули.

Жоргињо му се приклучи на Арсенал од Челзи во јануари 2023 година.

Оваа сезона фудбалерот одигра 27 натпревари на сите турнири и постигна еден гол.

На Светското клупско првенство во САД, ќе настапат 32 екипи, Фламенго е во Д-групата заедно со Есперанс (Тунис), Челзи (Англија) и Леон (Мексико).


Џонатан Тах го избрал Баерн пред Барса и Реал

Баерн Минхен денес договори големо засилување, откако Џонатан Тах дефинитивно ќе стане нов член на Баварците.

Цврстиот германски дефанзивец ќе потпише за Баерн како слободен агент, бидејќи неговиот договор со Баер Леверкузен истекува на крајот од сезоната, а информацијата за договорот меѓу Та и Баерн ја пренесе доверливиот инсајдер Санти Ауна.

Ауна објави дека Баерн го зема Тах пред носот на Барселона. Германскиот репрезентативец имал договор со Каталонците уште од зимата да стане член на Барселона откако ќе му истече договорот со Леверкузен.

Тах се согласил да потпише тригодишен договор со Баерн, кој ќе вклучува клаузула за автоматско продолжување за уште една година. Германецот ќе заработува 12 милиони евра годишно.

Што се однесува до Барселона, со која Тах претходно имал договор, Ауна вели дека договорот пропаднал поради финансиски проблеми што продолжуваат да го мачат клубот од „Камп Ноу“.

Пред Леверкузен, Та играше и за ХСВ и Фортуна Дизелдорф. Тој има 35 настапи за германската репрезентација.


Пеп: Само Меси е подобар додавач од Де Брујне

Манчестер Сити ќе одигра важен натпревар за место во Лигата на шампионите, во 21:00 часот го пречекува Борнмут.

И покрај важноста на натпреварот, една од главните теми на прес-конференцијата беше неизбежното заминување на клупската легенда Кевин де Брујне.

„Постојат играчи за кои е навистина, навистина тешо да се најде замена. Од многу, многу причини. Да, го знаеме тоа. Но, сезоната што ја имавме е таква каква што е. И не можеме да го негираме тоа. И, секако, мора да продолжиме понатаму“, рече тренерот Пеп Гвардиола

Новинарите го прашаа дали Белгиецот е човекот со најдобрите додавања што ги видел.

„Реков дека Лионел Меси е најдобриот додавач што сум го видел. Бидејќи Меси го правеше тоа многу блиску до голот. Но, Кевин е рамо до рамо со него. Само погледнете ја статистиката, головите и асистенциите во последната третина од теренот. Тој талент. Минатиот натпревар, повторно добивме две или три додавања од него каде што играчот беше еден на еден со голманот. Тоа е уникатно. Затоа тој е еден од најдобрите играчи што ги имал овој клуб во целата историја“.

Последниот натпревар во Премиер лигата, кој ќе биде и последен за Де Брујне во дресот на „граѓаните“, ќе биде во недела против Фулам.


Мијатовиќ промовиран во селектор на хрватската репрезентација

BOLOGNA, ITALY – OCTOBER 04: Tomislav Mijatovic, Head Coach of Anadolu Efes Istanbul during the Turkish Airlines EuroLeague Regular Season match between Virtus Segafredo Bologna and Anadolu Efes Istanbul at Virtus Segafredo Arena on October 04, 2024 in Bologna, Italy. (Photo by Luca Sgamellotti/Euroleague Basketball via Getty Images)

На предлог на спортскиот директор на Хрватскиот кошаркарски сојуз, Крунослав Симон (ХКС), Управниот одбор на ХКС денес го назначи Томислав Мијатовиќ за селектор на машката сениорска кошаркарска репрезентација на Хрватска.

Мијатовиќ е искусен кошаркарски експерт со долгогодишно меѓународно искуство, како на клупско, така и на репрезентативно ниво.

Тој ја започна својата тренерска кариера во 2001 година во КК Цибона како помошник тренер, а во 2010 година се пресели во турскиот клуб Анадолу Ефес, каде што ја презеде истата улога.

Во текот на повеќе од една деценија во клубот, тој беше клучен дел од тренерскиот персонал во периодот кога Анадолу Ефес освои две титули во Евролигата во 2021 и 2022 година, три титули во турското првенство и три турски купови.

Паралелно со својата клупска кариера, Мијатовиќ беше вклучен во работата на тренерскиот штаб на хрватската машка сениорска репрезентација долги години како тренер, со што стекна вредно искуство и длабоко разбирање на репрезентативниот систем.


Јуве целосно ќе го менува тимот за следната сезона

Екипата на Јувентус се подготвува да продаде дел од фудбалерите за да може да собере пари за купување на нови играчи во текот на летото, наведуваат денеска медиумите во Италија.

На излезната врата од Торино се Рандал Коло Муани, Ренато Веига и Франциско Консеисао. За српскиот голгетер, Душан Влаховиќ, исто така во континуитет се потенцира дека може да ја напушти „старата дама“.

Засега Јуве не излезе со конкретна информација за споменатите фудбалери.


Џејлен Вилијамс казнет од НБА лигата

Кошаркарот на Оклахома, Џејлен Вилијамс, ќе мора да плати казна од 25.000 долари поради „носење облека со непристоен текст“ на неговата прес-конференција по победата против Денвер во седмиот натпревар од плејофот во НБА лигата.

Вилијамс не употреби вулгарности додека разговараше со новинарите, но, беше критикуван за натписот на неговата маица.

Играчот кој има 24 години, во елиминацискиот дел има просек од 19,6 поени. Вилијамс на мечот со Денвер забележа 24 поени, 5 скока и 7 асистенции.


Ракометарките ќе се борат за Куп-титулата во Радовиш

Дуелот меѓу ракометарите на Вардар и Алкалоид ќе го отвори завршниот турнир од Купот на Македонија додека во вториот полуфинален меч ќе се сретнат Еурофарм Пелистер и организаторот Охрид.

Средбите ќе се одиграат на 31 мај и 1 јуни во спортската сала – „Билјанини извори“. Алкaлoид е бранител на трофејот.

Ракометарките завршницата од Купот ќе ја имаат во Радовиш на 30 и 31 мај. Во полуфиналните мечеви Вардар ќе игра со Ѓорче Петров а Чаир ќе излезе на мегдан со Металург.


3 клучни играчи достапни за Манчестер Јунајтед пред финалето на Лига Европа

Три од повредените играчи на Јунајтед – Циркзи, Јоро и Далот – се вратија на тренинзите пред финалниот дуел на клубот против Тотенхем во среда во Лига Европа. 

Оваа вест доаѓа како огромно засилување за Црвените Ѓаволи, кои се надеваат дека ќе го освојат својот прв трофеј оваа сезона и ќе обезбедат место во Лигата на Шампионите за следната. 

Во официјална објава на социјалните мрежи, Јунајтед потврди: „Џош, Лени и Диого се вратија на тренинзите пред финалето на #UEL.“ 

Далот, кој има 51 настап во сите натпреварувања оваа сезона, се здоби со повреда на потколеницата кон крајот на април. 

Циркзи, пак, беше принуден да го напушти теренот во 10 минута од второто полувреме на поразот од Њукасл на 12 април, и се стравуваше дека ќе го пропушти остатокот на сезоната. 

Само десет дена пред финалето, Јоро куцајќи го напушти теренот во второто полувреме против Вест Хем. 

Иако нивната целосна подготвеност за финалето сè уште не е потврдена, фактот што беа вклучени во дел од тренингот што беше емитуван во живо на „MUTV“ е сигурен охрабрувачки знак за навивачите на Јунајтед. 


Ајакс ја загуби холандската титула и покрај предноста од 9 бода

ПСВ Ајндховен беше крунисан за холандски шампион откако направи извонреден пресврт во завршницата на сезоната, одземајќи му ја титулата во Ередивизи на жестокиот ривал Ајакс. 

Победата од 3-1 на гостувањето кај Спарта Ротердам во неделата ја потврди 26-тата лигашка титула за ПСВ, заокружувајќи една од најневеројатните трки за шампионската круна во историјата на европскиот фудбал. Со само пет натпревари до крајот, Ајакс имаше девет бодови предност и изгледаше сигурно на патот кон својата 37-ма титула. 

Надежите на ПСВ изгледаа згаснати по поразот од 2-0 на домашен терен против Ајакс на 30 март — натпревар што многумина го сметаа за одлучувачки во трката за титулата. 

Но, Ајакс потоа загуби клучни бодови, ремизирајќи два натпревари и губејќи уште два, вклучувајќи го и разочарувачкото реми 2-2 против Гронинген, каде што примија изедначувачки гол длабоко во судиското надополнување. Тоа им овозможи на ПСВ да ги престигне со само еден натпревар до крајот. 

Говорејќи по освојувањето на титулата, Лук де Јонг призна дека дури и играчите на ПСВ се откажале. 
„По поразот дома од Ајакс, веќе се откажавме. Заостанувавме девет бода“, рече тој. 
„Никогаш досега не сум доживеал вакво нешто… Радоста е огромна, бидејќи повеќе не се надевавме.“