feature

Прогноза за дуелот помеѓу Барселона и Атлетико Мадрид

Sideview of Raphinha

Барселона го пречекува Атлетико Мадрид на Камп Ноу во клучен дуел за врвот на табелата во Ла Лига. Каталонците се на врвот со 34 бода од 14 натпревари, откако неодамна ја презедоа лидерската позиција од Реал Мадрид со пресврт и победа од 3-1 против Алавес, благодарение на головите од Ламин Јамал и Дани Олмо. Атлетико е четврти со 31 бод, во серија од седум последователни победи, вклучително и 2-0 победа против Реал Овједо, но заостануваат три бода зад Барселона.

Тимот на Ханси Флик покажува силна форма на домашен терен, со пет победи по ред и со постигнати три или повеќе голови во шест од последните осум натпревари. Меѓутоа, дефанзивата на Барселона се уште остава простор за подобрување, бидејќи во последните 10 натпревари има само една „чиста мрежа“. На спротивната страна, Атлетико е непоразен во последните девет натпревари во Ла Лига. Атлетико гo има постигнато првиот гол во 14 последователни натпревари и има пет „чисти мрежи“ во последните девет.

Во меѓусебните дуели, Барселона има предност, победувајќи во седум од последните десет средби, додека нивните натпревари во 2025 година досега донесоа вкупно 15 голови.

Според експертите, Барселона е фаворит за победа во овој високопрофилен дуел, со шанси од 54% за три бода на домашен терен. Прогнозата е за тесна победа на Барселона, 2-1 или 3-1, иако контранападите на тимот на Симеоне можат да бидат решавачки.


Најдобрата светска фудбалерка ја скрши ногата на тренинг

Трикратната освојувачка на „Златната топка“, шпанската репрезентативка Аитана Бонмати ја скрши ногата за време на тренинг со репрезентација во кампот „Лас Розас“ во Мадрид.
Шпанија се подготвува за реваншот од финалето на Лигата на нации на УЕФА против Германија. Бонмати одигра 77 минути на првиот натпревар без голови во Кајзерслаутерн и сега мора да се врати во својот клуб Барселона за да почне со процес на рехабилитација.

По спроведените медицински тестови, шпанската фудбалска Федерација објави денеска дека Бонмати има скршеница на левата фибула.

Бонмати оваа година стана првата фудбалерка која трет пат ја освои „Златната топка“, освојувајќи тројна круна со Барселона во шпанскиот фудбал, а настапи и во финалето на Европското првенство со Шпанија. УЕФА ја прогласи и за најдобра фудбалерка измината сезона во Лигата на шампиони.


Сет Кари се согласил да потпише за „воините“

Ветеранот Сет Кари ќе му се приклучи на својот брат, двократниот МВП во НБА лигата Стеф Кари, во тимот на Голден Стејт, потпишувајќи договор до крајот на сезоната, јавија денеска американските медиуми.

Трисетипетгодишниот Сет Кари беше дел од претсезонските подготовки на Голден Стејт, но не беше повикан во тимот на почетокот на регуларната сезона поради финансиски ограничувања.

Голден Стејт имаше можност да задржи само 14 кошаркари во својот состав, но сега ќе може да додаде уште еден.

За Сет Кари ова ќе биде 12 сезона во НБА лигата во кои настапуваше за девет различни екипои, но сè уште нема настапувано заедно со својот брат во текот на регуларната сезона.

Последен пат беше на теренот во пролет оваа година во дресот на Шарлот.


Гојун: Еурофарм Пелистер не е подобра екипа од нас

Пелистерци го победија Загреб во првиот меч одигран во Битола, но искусниот ракометар на Загреб Јаков Гојун најавува реванш и подобрување на впечатокот во елитното натпреварување.

„Не сакам да кукам и да барам изговори, но не се сеќавам кога екипата имала толку голем број повредени играчи. Во тешка ситуација сме, немаме победа по девет одиграни кола. Верувајте, нам ни е најтешко, затоа што на некои мечеви воопшто немавме среќа.

Во Битола игравме рамноправно, имавме и напад за бод, но на крајот загубивме. Што се однесува до Еурофарм Пелистер, сметам дека тие не се подобра екипа од нас, но имаат четири бода и тоа мораме да го почитуваме.

Верувам дека дојде време среќата малку да ни се насмевне. Овој колектив заслужи да замине на зимските празници со барем еден успешен резултат. Ќе го дадеме нашиот максимум за да победиме и да ги израдуваме навивачите“, изјави Гојун.

Натпреварот помеѓу Загреб и Еурофам Пелистер ќе се одигра в среда од 18:45 часот.


Натаниел Браун на мета на Манчестер Јунајтед

Луѓето од Манчестер Јунајтед континуирано ги следат игрите на дефанзивецот на Ајнтрахт Франкфурт, Натаниел Браун, велат последните информации од Англија.

Наводно, тимот од „Олд Трафорд“ сака да го ангажира 22-годишниот бек кој има тековен договор до 2030 година.

Анализите велат дека Германците за неговиот потпис ќе бараат околу 60 милиони евра.


Даниел Фарке пред отказ од клупата на Лидс

Челниците на фудбалскиот состав Лидс, дефинитивно ќе размислуваат за промена на кормилото.

Имено, менаџерот Даниел Фарке, би можел да биде отпуштен доколку претрпи порази во претстојните натпревари против Челзи и Ливерпул.

Англискиот состав откако претрпе четири порази во последните пет рунди, се спушти на 18-то место на табелата


Родриго руши негативни рекорди, триесет меча не постигнал гол

Крилниот напаѓач на Реал Мадрид, Родриго не успеа да постигне гол во својот 30-ти натпревар по ред, со што го израмни рекордот на сите времиња за напаѓачи на Реал Мадрид, според статистичкиот портал „365Scores“.

Според изворот, овој антирекорд претходно му припаѓал на доминиканскиот поранешен напаѓач на Кралскиот клуб, Маријано Дијаз.

Последниот гол на Родриго за Реал Мадрид беше во март 2025 година. Тогаш, во плејофот од Лигата на шампионите за сезоната 2024/25, Бразилецот постигна гол против Атлетико Мадрид (2:1).

Оваа сезона, 24-годишниот напаѓач одигра 15 натпревари за Реал Мадрид во сите натпреварувања, при што имаше само две асистенции.


Анчелоти го потврди Естевао за Мундијалот следното лето

Селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, изјави дека играчот на Челзи, Естевао, ќе игра за Бразил на Светското првенство, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико во 2026 година.

Естевао пристигна во Челзи од Палмеирас во јуни оваа година за 29 милиони фунти. Младиот бразилски фудбалер одигра 18 натпревари за Челзи оваа сезона и постигна пет гола.

„Мислам дека Естевао ќе игра за Бразил на Светското првенство 2026. Врз основа на тоа како Естевао играше во последните шест месеци, мислам дека ќе игра на Мундијалот“, изјави Анчелоти.

Естевао дебитираше за Бразил во 2024 година, а за репрезентацијата одигра 11 натпревари и постигна пет гола.

„Тој е многу, многу посебен играч. Тој е сосема поинаков, бидејќи е природно талентиран. Што се однесува до неговиот талент, не може да го подобри, но она што може да го направи е да обезбеди континуитет“, додаде селекторот на Бразил.

Анчелоти истакна дека е задоволен од настапите на младиот фудбалер во Челзи.

„Естевао напредува многу добро во Челзи. Не сум разговарал со претставниците на Челзи, но сум сигурен дека работат на посебна програма со него. Мислам дека националниот тим мора да го искористи овој голем талент“, заклучи Анчелоти.


Фенер во последен момент се избори за реми со Галатасарај

Во азискиот дел на Истанбул се одигра 281-то интерконтинентално дерби. На стадионот „Шукру Сараџоглу“, Фенербахче и Галтасарај одиграа 1-1 (0-1).

Голот за гостите од европскиот дел беше заслуга на Лерој Сане во 27-та минута. Германскиот репрезентативец го совлада Едерсон, поранешен соиграч од Манчестер Сити.

Џокерите од клупата на Џовани Тедеско, Левент Мерјан и Колумбиецот Џон Дуран се заслужни за нерешениот резултат. Во 95-та минута тие креираа акција по која Колумбиецот го постави конечниот резултат.

На табелата по 14 рунди води актуелниот првак Галатасарај со 33 поени, еден повеќе од Фенербахче и два од Трабзон.


Макаби му даде доверба на Одед Каташ

Макаби Тел Авив објави дека Одед Каташ ќе остане на чело на тимот барем до крајот на сезоната.

„Кошаркарскиот клуб Макаби Тел Авив изразува целосна доверба во тренерот Одед Каташ. Клубот му посакува успех во сите предизвици што го очекуваат во остатокот од сезоната“, се вели во официјалното соопштение на учесникот во Евро-лигата.

Објавата доаѓа по гласините дека екипата од Израел се обидува да пронајде нов тренер.