Шампионот во тешка категорија Александар Усик (24-0, 15 нокаути) планира да се бори уште три пати пред да го објави пензионирањето.
39-годишниот шампион ќе се врати на рингот на 23 мај во Гиза, Египет, против легендата на кикбоксот Рико Верховен.
Во интервју за „Ринг“, Усик рече дека ова е првата од трите планирани борби за збогување.
„Слушајте. Рико е првата борба“, објаснува Усик. „Втората е со победникот на борбата за титулата во ВБО меѓу Фабио Вордли и Даниел Дубоа. А третата е со мојот пријател, „Алчниот стомак“, Тајсон Фјури“.
Родриго успешно опериран, го чека долга пауза
Реал Мадрид попладнево соопшти дека Родриго бил успешно опериран, се очекува Бразилецот да се врати на терените на почетокот од 2027.
Родриго доживеа голем пех на натпреварот против Хетафе, при еден дуел со Адриан Лисо, го повреди коленото.
Продолжи да игра, на теренот остана уште 30 минути, но деталните тестови донесоа разочарувачки вести.
Бразилецот ги оштетил предните вкрстени лигаменти, како и менискусот на десното колено.
Од таборот на Реал Мадрид сега брифираа дека операцијата била успешна и Родриго ќе почне со процес на опоравување.
Но рехабилитацијата ќе биде прилично долга, Родриго ќе биде среќен ако повторно заигра фудбал оваа година.
Се очекува тој на терените да се врати дури на почетокот од 2027 година, а најцрните прогнози велат дека ќе паузира и до една година.
Елмас во тимот на колото во Серија А
Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас се најде во идеалниот тим за 28. коло на Серија А.
Фудбалерот на Наполи беше стрелец на гол за 2-0 во победата на неговиот тим од 2-1 против екипата на Торино в петокот. Елмас го даде вториот гол по асистенција од Матео Политано, а со тоа беше еден од најдобро оценетите играчи во својот тим.
Добриот перформанс на македонскиот „дијамант“ го смести во тимот на колото со оценка од 7,0.
Во идеалниот тим на 28. коло во калчото се најдоа: Мајк Мењон (Милан); Андреа Камбијасо (Јувентус), Адам Марушиќ (Лацио), Первис Еступињан (Милан); Да Куња (Комо), Ељиф Елмас (Наполи), Џонатан Рове (Болоња), Даниеле Малдини (Лацио); Киеран Боуви (Верона), Џанлука Скамака (Аталанта), Кенан Јилдиз (Јувентус).
Јуве сака да го задржи Влаховиќ, но со двојно помала плата
Јувентус подготвува нова понуда за Душан Влаховиќ, но со значително намалена плата во однос на неговиот актуелен договор.
Според информациите на италијанскиот инсајдер Николо Шира, клубот од Торино му понудил на српскиот напаѓач нов договор со годишна нето плата од седум милиони евра, што е речиси двојно помалку од сегашните 12 милиони кои ги заработува.
Понудата се однесува на краткорочен договор, а засега не е познато колку точно би траел.
Влаховиќ оваа сезона има проблеми со повреди и сè уште нема одиграно ниту една минута од почетокот на календарската година. Поради тоа веќе подолго време се шпекулира дека напаѓачот би можел да го напушти Торино, а новата понуда на Јувентус дополнително ги подгрева тие гласини.
Лапорта: Одбивме 250 милиони евра од ПСЖ за Ламин Јамал
Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, откри дека Пари Сен Жермен изразил интерес за напаѓачот Ламин Јамал, но каталонскиот клуб одбил да го продаде крилниот напаѓач.
– Горд сум што ПСЖ се обиде да го потпише Јамал за 250 милиони евра, но ние ја одбивме понудата. Тој е под договор со нас до 2030 година, изјави Лапорта за „АС“.
Фудбалерот игра за сениорскиот тим на каталонскиот гигнат од 2023 година.
Осумнаесетгодишниот Јамал одигра 142 натпревари за Барселона во сите натпреварувања, постигнувајќи 44 гола и 49 асистенции.
Вчера поранешниот тренер на Барселона, Чави, го обвини Лапорта дека во 2022 година го спречил враќањето на Лионел Меси на „Камп Ноу“ .
Лапорта е во трка за нов претседателски мандат во Барселона.
Перо Антиќ доби фунција во клубот од АБА лигашот Игокеа
Поранешниот македонски кошаркар и претседател на кошаркарската федерација на Македонија, Перо Антиќ ѝ се враќа на кошарката и доби функција во кошаркарскиот клуб Игокеа.
Некогашниот капитен на репрезентацијата ќе стане нов амбасадор на Игокеа, објави генералниот менаџер на клубот, Игор Додик. Тој нагласи дека харизмата, професионализмот и препознатливиот спортски дух на Антиќ ќе бидат силна инспирација за секој што е дел од оваа спортска заедница.
„Неговата харизма, професионализам и спортски дух ќе бидат силна инспирација за секој што е дел од нашата заедница“, напиша Додик во објавата на социјалните мрежи.
Со ова назначување, Игокеа и Антиќ започнуваат еден нов вид на соработка.
Таневски за дуелот со Лихтенштајн повика 22 фудбалери
Селекторот на националниот тим до 20 години, Александар Таневски за претстојниот контролен натпревар против репрезентацијата на Лихтенштајн на располагање ќе има 22. играчи.
ГОЛМАНИ: Љупче Џеков (Силекс), Стефан Јовановски (Млада Болеслав), Никола Филевски (Брегалница).
Натпреварот против Лихтенштајн ќе се одигра в среда на терените на тренинг центарот Петар Милошевски, а почетокот е закажан за 18 часот.
Ова е втор настап на овој состав на репрезентацијата со 20 години. Во првиот избраниците на Таневски на гостувањето во Лихтенштајн славеа со 3-0, Данев на два пати се запиша меѓу стрелците, а еднаш прецизен беше Величковски.
Манојлов донесе вредна победа за Работнички
Работнички оствари минимална победа од 1-0 над Арсими во последниот меч од 22.коло во Првата фудбалска лига. Стрелец на победничкиот гол беше Никола Манојлов во 66.минута.
Во неизвесен дуел, тимот од Дебар Маало успеа да искористи една шанса за да освои три бода.
Во првиот дел, Арсими имаше свои шанси, но Ондоа беше одличен на голот на Работнички.
Во 54.минута Арсими беше најблиску до водство. Селмани се одлучи за удар од далечина и ја погоди гредата од голот на Работнички.
Возврати Попзлатанов, но две минути подоцна Сухељ Мухарем имаше одлична шанса за Работнички. Се реши да лобува и за малку беше непрецизен.
Во 66.минута, Работнички дојде во водство. По една убава акција, топката дојде до нововлезениот Никола Манојлов кој успеа да ја затресе мрежата на Арсими.
До крајот, Работнички успеа да го задржи минималното водство и да освои три важни бода.
Родри помина со „солена“ казна: ФА му прогледа низ прсти на Шпанецот за нападот врз судиите
Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) официјално го санкционираше играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Родри, со парична казна од 80.000 фунти поради неговите контроверзни изјави по ремито (2-2) против Тотенхем. Иако финансискиот удар е сериозен, некогашниот освојувач на „Златната топка“ избегна спортска санкција. Тоа значи дека Пеп Гвардиола ќе може да смета на својот клучен играч во пресудниот дел од сезоната.
Дисциплинската постапка беше покрената по жестокото интервју во кое Шпанецот ја доведе во прашање „неутралноста“ на главниот судија Роберт Џонс. Револтот кај Родри кулминираше по израмнувачкиот гол на Доминик Соланке во 70-тата минута, кој беше признаен и покрај очигледните сомнежи за фал врз Марк Гехи. „Знам дека освоивме премногу и дека луѓето не сакаат повторно да победиме, но судијата мора да биде неутрален“, изјави тогаш Родри, алудирајќи на наводен анимозитет кон неговиот клуб. Овие зборови беа оценети како прекршување на правилото кое строго забранува секаков напад врз интегритетот на официјалните лица.
Пред независната регулаторна комисија, Родри го призна прекршокот, но неговиот правен тим вешто маневрираше за да избегне забрана за играње. Клубот приложи докази од минати слични случаи со менаџери како Френк Лампард и Марко Силва, кои за слични испади поминаа само со парични казни. Дополнително, шпанскиот репрезентативец достави писмено објаснување во кое појасни дека неговиот коментар за „премногу победи“ се однесувал на перцепцијата на јавноста, а не на судиите лично. Тој изрази жалење, потенцирајќи дека изјавата била плод на моментална фрустрација, а не намера за клевета.
Покрај глобата од 80.000 фунти, ФА му изрече и последна опомена на фудбалерот за неговото идно однесување. За „Граѓаните“, ваквиот исход е огромно олеснување, бидејќи евентуално отсуство на нивниот тактички столб во овој период би било катастрофално во борбата со лидерот Арсенал. Иако куќата на англискиот фудбал јасно стави до знаење дека нема да толерира сомнежи во непристрасноста на судиите, сепак беше пресечено дека овој инцидент не го поминал прагот за драстична спортска казна.
Ефектот Роналдо: Алмерија сега е попопуларна од повеќето тимови во Ла Лига
„Ефектот Роналдо“ и официјално се пресели од теренот во бизнис секторот. По синоќешната клучна победа на Алмерија, португалската икона преку својот Инстаграм профил јавно го прослави успехот пред своите 600 милиони следбеници. Со кратката, но моќна порака „Голема победа, продолжете така!“, Роналдо му стави до знаење на светот дека неговиот влог во шпанскиот клуб е многу повеќе од обична деловна трансакција: тоа е лична мисија.
Откако Португалецот презеде 25% од сопственичкиот удел, атмосферата околу стадионот Хуегос Медитеранеос е драстично променета. Додека тимот води тешка битка на теренот за влез во елитата, нивниот дигитален отпечаток веќе игра во Лигата на шампионите.
Бројките зад ова преземање се, наједноставно кажано, фрапантни. Иако Алмерија во моментов се натпреварува во втората шпанска лига, клубот доживеа вртоглав скок на социјалните мрежи. Со надминување на границата од 3,2 милиони следбеници, тие станаа петтиот најпопуларен клуб во Шпанија, оставајќи зад себе многубројни долгогодишни прволигаши.
Овој феномен најавува нова ера во спортското менаџирање, каде „ѕвезда-акционер“ може во миг да го премости јазот помеѓу скромниот буџет и глобалната препознатливост. Во овој контекст, Роналдо не е само инвеститор, туку најмоќниот светски мегафон за брендот на Алмерија.
Иако скептиците на почетокот се сомневаа во долгорочноста на овој проект, резултатите го говорат спротивното. Присуството на Роналдо генерира огромен комерцијален интерес, рекордна продажба на дресови и внимание од меѓународните радиодифузери: нешто што ретко се гледа во второлигашкиот фудбал.
Користејќи го својот победнички менталитет и ненадминат маркетиншки дофат, Кристијано ја трансформира Алмерија во „лајфстајл“ бренд уште пред тимот да обезбеди пласман во Ла Лига. Доколку овој тренд продолжи, неговиот влог од 25% набрзо ќе се смета за еден од најмудрите деловни потези во историјата на шпанскиот фудбал.