feature

Андреј Јакимовски по победата над Азербејџан: Нашиот фокус – од ден на ден да бидеме подобри и подобри

Уште на првиот меч од претквалификациите, Андреј Јакимовски покажа дека е иднината на македонската репрезентативна кошарка.

Одигра одличен натпревар против Азербејџан, го круниса со двоен ефект од 25.поени и 11.скока.

„Ова е прв добар чекор за нас во овој циклус. Влеговме како фаворити и го оправдавме тоа. Има уште многу до нашата посакувана цел и форма. Но како што кажав, ова е добар чекор кон тоа. Сме на добар пат и се надевам дека во наредните циклуси ќе бидеме комплетни, сите заедно и нашиот фокус е на Ирска. Мислам дека се работи за посилна селекција од Азербејџан и нашиот фокус е таму, од ден на ден да бидеме подобри.

Овој период е доста краток, но мора да го искористиме за да се воиграме и запознаеме. Мур е одличен играч, го имаме и Вајли. Наше е да се подобруваме од ден во ден, и да го дадеме нашиот максимум.

Имав доста измешани емоции на кам-бекот во репрезентацијата. Сакав и претходно да играм, но поради некои оправдани причини не можев. Среќен сум што сум тука, ќе се јавувам на повикот на селекторот ако сум спремен и здрав. Задоволен сум и лично како одиграв, иако секогаш може подобро“- искоментиора најдобриот поединец во победата над селекцијата на Азербејџан.


Марјан Илиевски: Го забораваме овој меч, веќе се подготвуваме за она што ни следи – Ирска

Македонија имаше успешен почеток на претквалификациите за пласман на Евробаскетот 2029 година. Вечерва во СРЦ „Кале“ делувавме убедливо во натпреварот против Азербејџан, славевме убедлив триумф кој носи уште поголема доза на самодоверба во нашиот тим, кој за три дена има нов предвизик, гостински, дуелот со селекцијата на Ирска во Даблин, (вечерва загуби на гостувањето во Луксембург).

На задоволство на селекторот Марјан Илиевски, кој имаше само пофални зборови за прикажаното од страна на неговите избраници во овој премиерен меч од групата „А“.

„Ова беше заслужена победа. Морам да ја пофалам тимската хемија и енергија која постои во овие три дена. Никогаш ниту преценуваме, ниту потценуваме некого. Но мора да ги пофалам играчите дека за краток период функционираа одлично, и тоа што го покажаа на теренот и го покажува и семафорот, е заслужено. Овој дуел со Азербејџан го забораваме и архивираме и останува да се спремиме за она што ни следи – Ирска.

Имаме патување за Ирска, и како и за секој меч е исто. Мора да направиме добар скаутинг и во краткиот период да ги рехабилитираме играчите кои имаат поголема минутажа и се повозрасни. Мора да функционираме со енергија на високо ниво, а без разлика кој е на другата страна, мора да бидеме максимални“.

Селекторот Илиевски ја објасни и промената на позицијата „натурализиран играч“…

„На овој меч играше Омаре Мур затоа што има промена во нивниот тим кај натурализираните играчи, па ние решивме да користиме играч на бековската позиција. Секако дека Мур ги оправда очекувањата на стартот, иако дојде веднаш по мечот со Баерн.

Се вклопивме добро, и станува збор за вистински професионалец и позитивна личност. Можеби јавноста очекуваше дека ќе се случуваат атракции и многу поени, сепак, тој донесе стабилност и ја држеше целата екипа со искуството кое го носи со себе. Добро ја постави својата игра и си ја заврши задачата“ – дополни Илиевски на прес-конференцијата по натпреварот.


Кокошков доби отказ од клупата на Анадолу Ефес

Анадолу Ефес објави дека го отпушта главниот тренер Игор Кокошков.

Педесет и тригодишниот српски тренер го презеде турскиот клуб ова лето по враќањето од НБА.

Кокошков поголемиот дел од својата кариера го помина како помошник тренер во тренерските штабови на клубовите од Американската лига.

Кратко време ги тренираше Феникс Санс (2018-19) и Фенербахче (2020-21), а работеше и со репрезентациите на Грузија, Словенија и Србија.

Анадолу Ефес има скор од 5-8 во Евролигата и 6-3 во Турската лига.


Повредата на Лара Гут Бехрами е сериозна, дури и кариерата доведена во прашање

Една од најдобрите светски скијачки Лара Гут Бехрами од Швајцарија ја заврши сезонава откако доживеа тешка повреда. Таа на тренинг трка во супервелеслалом во Купер Маунтајн во Колорадо.

Таа најави дека ова ќе и биде последна сезона во кариерата, а првиот настап сезонава требаше да го има на 29.ноември (сабота).

Гут Бехрами заработи оштетување на менискусот и кинење на лигаментите на коленото.

Се вбројува во најдобрите во женското скијање со 48 победи во Светскиот куп во три дисциплини (супервелеслалом, спуст и велеслалом). Во два наврати беше победничка на Светскиот куп (2016 и 2024 година), а има и седум мали кристални глобуси.


Дел Пјеро верува во талентот на Кенан Јилдиз

Алесандро Дел Пјеро, имаше пофални зборови за младиот фудбалер на Јувентус, Кенан Јилдиз, кој има забележителни настапи во континуитет. Легендарниот играч на „старата дама“ исто така реагираше и на играта што ја покажува тимот од Торино.

„Јувентус треба да покаже карактер во моментите кога е потребно. Клучно е за нив да ја завртат сезоната“.

Доаѓањето на Лучијано Спалети им даде емотивен поттик но, тоа треба да се поддржи на теренот со големи победи. Навивачите го очекуваат токму тоа“ , нагласи легендата на Јуве.


Македонија со убедлива победа над Азербејџан ги започна претквалификациите

Кошаркарската репрезентација на Македонија со победа ги отвори претквалификациите за Европското првенство во 2029 година. Во Скопје, Македонија го совлада Азербејџан со 87-49.

Македнија ја оправда улогата на фаворит и според очекувањата забележа лесна и убедлива победа.

Андреј Јакимовски беше најдобар со дабл-дабл (25 поени и 11 скокови). Двоен учинок од 16 поени и 11 скока реализираше и капитенот, Војдан Стојановски, Зеќири уфрли 17 поени.
На своето деби за репрезентацијата на Македонија, Омари Мур дојде до скор од шест поени, исто толку скокови и девет асистенции.
Во наредното коло од групата А, на 30.ноември, нашата најдобра селекција ќе гостува во Даблин кај Република Ирска.


Шкендија поразена се враќа од Косово

Фудбалерите на Шкендија го запишаа вториот пораз во Конференциската лига. На гостувањето во Косово, Дрита ја порази Шкендија со 1-0. По втроиот пораз во Конференциската лига, Шкендија остана на четири поени и се наоѓа на 25-то место на табелата.

Натпреварот не понуди некој врвен квалитет, се играше тврдо од двете страни. Пресуди голот на Манај во 20.минута. Впечаток е дека дефанзивците можеда да реагираат подобро во оваа ситуација.

Шкендија во наредната рунда ќе го пречека Слован од Братислава. Натпреварот се игра на 11 декември.

Инаку, Слован го направи најголемото изненадување во петтото коло, на домашен терен, по пресврт го победи Рајо Ваљекано (2-1).


Фермин Лопез две недели надвор од терените

Фудбалерот на Барселона, Фермин Лопез, ќе биде надвор од терените во следните две недели поради повреда на листот, десната нога, објави каталонскиот клуб.

22-годишниот играч од средниот ред, европски и олимписки шампион со Шпанија, се очекува да ги пропушти следните три натпревари на каталонскиот клуб во лигата против Алавес, Атлетико Мадрид и Бетис, а неговото враќање се очекува да биде во натпреварот од Лигата на шампионите против Ајнтрахт на 9 декември.

Откако ги повреди препоните на крајот на септември, тој се врати во тимот како плејмејкер пред сонародникот Дани Олмо. Тој постигна пет гола и четири асистенции во шест натпревари.

По поразот од 3:0 против Челзи во Лигата на шампионите, Барселона, која е втора во шпанското првенство со 31 бод, еден помалку од првопласираниот Реал, игра против Алавес во сабота.


Аморим нема намера да го менува системот на игра во Јунајтед

Менаџерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, инсистираше дека не е опседнат со препознатливата формација 3-4-3 која на времето ја користеше во Спортинг.

Португалецот претходно изјави дека формацијата не проблем за неговиот тим и дека нема да ја напушти но, сега е подготвен да го стори спротивното.

„Размислувавме за Брајан како централен напаѓач бидејќи е многу брз во транзициите. Може да биде поопасен и можеме да го искористиме во иднина“, рече Аморим.


Петар Мијалков нов европски првак во мотоциклизам

Македонија годинава доби нов европски шампион во мотоциклизам – Петар Мијалков, човек кој со огромна посветеност, храброст и дисциплина успеа да се искачи на самиот врв на БМУ Европскиот шампионат.

Со моќни настапи, стабилни резултати и карактер што не отстапува пред предизвиците, Петар ја испиша една од најубавите страници во историјата на нашиот мото спорт.

Во негова чест, во Штип беше организиран свечен шампионски круг, каде што љубителите на мотоциклизмот го поздравија и му оддадоа признание за европскиот успех. Минатиот месец, по повод 8 Ноември – Денот на ослободувањето на Штип, Петар Мијалков доби и специјална награда и признание од градоначалникот Иван Јорданов и од Градот Штип, како благодарност за огромниот придонес и промоција на градот на меѓународната спортска сцена.

Кој е Петар Мијалков?

Петар ја носи љубовта кон мотоциклизмот од најрана возраст. Иако желбата отсекогаш постоела, недостигот на финансии и услови го одложиле неговиот почеток. Во 2017 година го купува својот прв мотор и започнува да вози по улични патеки, но сонот за вистинска тркачка стаза секогаш стоел како недостижна цел. Кога конечно ги обезбедува потребните средства, започнува да тренира на стаза – и во 2023 година официјално влегува во светот на трките.

Активно се натпреварува само три години, но резултатите зборуваат сами за себе. Во втората натпреварувачка година (2024) ја освојува својата прва голема титула – БМУ Европски вицешампион и Државен шампион на Македонија. Веќе следната година, неговиот талент и труд кулминираат: Петар е на самиот врв и на БМУ Европскиот шампионат и на Државниот шампионат за 2025 година.

Надвор од патеката, Петар е смирен, вреден и семеен човек. Во брак е три години со сопругата Стефанија. Татко е на синот Драган, а семејството наскоро ќе се зголеми – тие ја очекуваат својата принцеза. Токму семејната поддршка, како што вели самиот Петар, му дава сила да продолжи, да се усовршува и да чекори кон уште поголеми цели.