feature

Наби Кеита се однесувал непрофесионално, Вердер ќе го казни

Поранешниот играч за врска на Ливерпул, Наби Кеита ќе биде казнет од Вердер затоа што во неделата одбил да игра против Баер Леверкузен.

Тимот од Бремен гостуваше кај Леверкузен и претрпе тежок пораз од 5-0. Натпреварот ќе остане запаметен по тоа што „фармацевтите“ ја освои првата титула во Бундеслигата и тоа на шест кола до крајот.

Кеита потпиша тригодишна соработка со германскиот клуб откако во претходното лето му истече договорот на „Енфилд“.


Газдата на Челзи со чудна трансакција се спаси од суспензија на клубот

Откако сопственоста на Челзи премина во рацете на конзорциум предводен од Тод Боели, „сините“ трошеа како никој друг и одвоија повеќе една милијарда фунти на нови играчи.

И покрај тоа што се потпишуваа долгогодишни договори за сумата да се амортизира на подолг рок, „сините“ бележат големи загуби и ризикуваат да ги прекршат правилата за Финансиски фер плеј, а со тоа и да им бидат одземени бодови.

Последните информации сигурно нема да им се допаднат на ривалите, Челзи продал два хотели за речиси 76 милиони фунти со цел да ги намали загубите.

Сомнително е тоа што компанијата која ги купува хотелите е во сопственост на Тод Боели и неговите соработници, па испаѓа дека тие сами на себе си продаваат.


Пуштени во продажба билетите за дуелот Македонија – Фарски Острови

Ракометната Федерација на Македонија ги објави цените на билетите за бараж натпреварот со Фарски Острови за Светското првенство 2025. Билетите ќе чинат 200 и 300 денари.

Натпреварот ќе се одигра на 12 мај со почеток во 19 часот во Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ во Скопје. Претходно македонските ракометари ќе гостуваат на Фарски Острови.

Продажбата на влезници за натпреварот почна денес и се одвива online на интернет-страницата на МК Тикетс (https://mktickets.mk ) а влезници можат да се купат и на сите продажни места на МК Тикетс низ државата.


Але ќе го пропушти клучниот натпревар на Борусија Дортмунд

Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Себастијан Але, нема да игра на реваншот против Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите закажан за денес.

29-годишниот напаѓач би можел да го пропушти остатокот од актуелната сезона поради повредата на скочниот зглоб која ја заработи на саботниот дуел со Борусија Менхенгладбах.

Але ќе биде подложен на уште еден преглед. Борусија Дортмунд го пречекува Атлетико Мадрид со негатива од 2-1 од првиот четвртфинален меч одигран минатата недела.


Познати учесниците на женскиот ракометен турнир во Париз

Репрезентациите на Унгарија, Холандија и Шпанија први од квалификацискиот турнир обезбедија пласман на Олимписките игри во Париз.

Во дерби дуелот од првата група, репрезентацијата на Унгарија славеше над Шведска со три гола разлика, 28-25. Унгарија во првото коло ја совлада Велика Британија и со победа дојде до четири бодови, со кои си обезбеди билет за настап на најголемата спортска манифестација.

Шведска и Јапонија имаат по два бодови, но во последното коло, азиската репрезентација ја чека тешко соочување со Унгарија, додека Шведска ќе игра со Велика Британија.

Од втората група пласман на ОИ обезбедија репрезентациите на Холандија и Шпанија, откако денес остварија нова победа.

Холандија без многу проблеми славеше над Чешка со 32-18, а „црвената фурија“ потешко од очекуваното победи против Аргентина со 26-23.


Бешикташ го смени шестиот тренер оваа сезона

Турскиот фудбалски гигант Бешикташ соопшти дека ја прекинува соработката со Фернандо Сантош.

Под водство на поранешниот селектор на Португалија, 16-кратниот шампион е на 4. место во Суперлигата на Турција со 48 бода, 36 зад водечкиот Галатасарај. Сантош на тренерското место кај „црно-белите“ беше назначен во јануари.

Во последните пет натпревари тимот не успеа да оствари ниту една победа и тоа е причината за неговиот отказ.

Фернандо Сантош е шестиот тренер на тимот за оваа сезона. Бешикташ ја започна кампањата со Французинот Валериен Исмаел, потоа се наредија Шенол Ѓунеш, Бурак Јилмаз, Риза Чалибај, Сердар Топрактепе.


Луис Алберто најави заминување од Рим

Фудбалерот од средниот ред на Лацио, Луис Алберто, предизвика реакции во Рим, откако објави дека сака да го раскине договорот. По победата на Лацио над Салернитана, Алберто јавно објави дека побарал прекин на соработката.

„Имав неколку тешки недели зад мене поради се што се случи. Што планирам? Не знам, но знам дека ова е мојата последна сезона овде, не сакам повеќе да бидам дел од Лацио. Не сакам ниту евро од Лацио и веќе побарав да го раскинам мојот договор“, изјави Алберто.

Шпанецот веќе извесно време е во немилост, а не беше во добри односи со Маурицио Сари кој претходно си замина од клубот. Сезонава одигра 39 натпревари на кои постигна четири гола и забележа осум асистенции.

Алберто во Лацио дојде од Ливерпул, во 2016 година, а за овој тим одигра дури 302 натпревари постигна 51 гол и забележа 76 асистенции. Најавите се дека Алберто има понуди од Шпанија и би можел да се врати во неговата татковина.


Артета: Еден пораз не смее да ја разниша екипата

Арсенал не смее да остане само на пропуштената шанса, туку мора да го надмине поразот од Астон Вила, изјави лондонскиот менаџер Микел Артета. Во неделата „топчиите“ загубија на домашен терен со 2-0, и останаа два бода зад Манчестер Сити, кој е сега осамен на врвот на табелата.

„Тоа е реалноста. Така беше во последните неколку месеци. Знаевме дека може да дојде овој тежок момент и сега мораме соодветно да реагираме. Ако само еден резултат не потресе, тогаш не сме доволно силни. Имавме одличен настап во првото полувреме, моментумот се смени, сега мораме да застанеме на нозе“, изјави Артета по вчерашниот пораз од Астон Вила.

Веќе в среда Арсенал го очекува мечот со Баерн Минхен во реванш четвртфиналниот натпревар од Лигата на шампионите, откако првата средба меѓу двата тима заврши нерешено 2-2.


Фудбалер на Барса славеше заедно со фановите на поранешниот клуб

Фудбалерот на Барселона Иниго Мартинез предизвика голем скандал бидејќи со приватен авион отишол на прославата на трофејот на Aтлетик Билбао.

32-годишниот стопер на Барселона во минатото правеше потези кои во најмала рака се дискутабилни, но овојпат веројатно ја помина границата. Мартинез, со приватен авион заминал во Билбао за со навивачите да ја прослави победата на Атлетик во шпанскиот Копа дел Реј.

Билбао го освои Копа дел Реј на 6. април победувајќи ја Мајорка во финалето на пенали, а претходната вечер беше организирана голема прослава. Мартинез се приклучи на играчите на Атлетик кои со чамци славеа во реката и покажаа непочитување кон неговиот сегашен клуб Барселона.

Ова не е прв пат Мартинез да предизвикува скандали. Тој порасна во Реал Сосиедад, лутиот ривал на клубот од Билбао и секогаш велеше дека никогаш нема да се пресели во Атлетик, за потоа да заигра за овој клуб во 2018 година.


Касиљас: Се плашам да не ни го одземат Мундијалот во 2030 година

Легендарниот, Икер Касилјас, вели дека ФИФА би можела да ја елиминира Шпанија како домаќин на Мундијалот во 2030 година поради скандалот поврзан со Кралската шпанска фудбалска федерација (РФЕФ), чиј поранешен претседател Луис Рубиалес е обвинет за корупција.

„Се плашам дека може да ни биде одземено Светското првенство во 2030 година, ќе видиме!“, напиша Касиљас, означувајќи го профилот на „RFEF“.

Шпанија, Португалија и Мароко треба да бидат домаќини на големиот фудбалски настан кој ќе биде специфичен бидејќи за прв пат ќе донесе и три натпревари во Јужна Америка: по еден во Аргентина, Уругвај и Парагвај.