feature

Укпа е првото засилување за Арсими во новата година

Македонскиот прволигаш Арсими официјално го промовираше првото засилување за продолжението на сезоната, ангажирајќи фудбалер добро познат на домашната сцена.

Нов член на дебитантот во ПМФЛ е Хоган Укпа. 24 годишниот играч за врска доаѓа како слободен фудбалер, а последен клуб во неговата кариера беше Струга Трим Лум, со која освои две шампионски титули. Нигериецот претходно настапуваше и за неколку клубови во татковината, како и за Лиепаја од Летонија.

Укпа беше без ангажман од јуни минатата година, по разделбата со стружани, а во Арсими од него очекуваат да донесе дополнителен квалитет и свежина во средниот ред.

По завршувањето на есенскиот дел од шампионатот, Арсими се наоѓа на петтото место на табелата со 22 бода, остварени преку шест победи и четири нерешени натпревари.


Аргентинецот Тиаго Фернандез потпиша за Виљареал

Шпанскиот тим Виљареал го потпиша 21-годишниот играч од средниот ред Тиаго Фернандез како слободен трансфер. Договорот е со важност до јуни 2031 година.

Аргентинецот претходно го раскина договорот со Велез Сарсфилд. Откако го имаше своето деби за сениорскиот тим во 2023 година, тој постигна шест гола и имаше девет асистенции во 48 натпревари за аргентинскиот клуб.

Фернандез беше повикан и во репрезентацијата на Аргентина до 23 години. Во декември 2024 година, тој претрпе повреда на коленото и никогаш повеќе не играше за националниот тим. Во Виљареал, играчот ќе биде дел од првиот тим и веќе започна со тренинзи.


Џоел Ордоњез за 50 милиони евра од Бриж се сели во Ливерпул!

Неколку извори пренесуваат дека Ливерпул го договорил трансферот на Џоел Ордоњез од Клуб Бриж во зделка вредна околу 50 милиони евра.

Првото засилување за Арне Слот во јанури ќе биде нов централен дефанзивец, ова го пишуваат неколку медиуми од Еквадор и „островото“.

Како што велат извештаите, Ливерпул го договорил трансферот на 21 годишниот Џоел Ордоњез од Клуб Бриж, кој важи за еден од најперспективните одбранбени играчи и интерес за неговите услуги пројавија неколку клубови.

Челзи се откажа поради високата цена, но на „Енфилд“ решиле да не штедат и ќе инвестираат околу 50 милиони евра за комплетирање на зделката.

Мак Геи во последниот ден од летниот преоден рок беше пред трансфер во Ливерпул, но трансферот пропадна во последен момент, а повредите на Џо Гомез и Џовани Леони само дополнително ја влошија работата кога е во прашање последната линија на „црвените“.


Кирјос: Размислував да го напуштам тенисот

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас изјави денеска дека поради силни болки во грбот размислувал минатата година да стави крај на професионалната кариера.

„Најголемата грижа ми беше дали воопшто ќе можам да го завршам натпреварот. Се прашував: „Можам ли да одиграм уште еден натпревар без болка?“ Бев навистина исплашен по поразот на Ју Ес Опен (од Германецот Даниел Алтмаер). Не можев да одам два дена. Тогаш почнувате да се прашувате за иднината на вашата кариера“, рече Циципас.

Дваесетиседумгодишниот грчки тенисер го имаше најдобар ранг на АТП листата во 2021 година, кога беше трет тенисер во светот, а играше и во две грен слем финалиња против Србинот Новак Ѓоковиќ, во 2021 година на Ролан Гарос и во 2023 година на Австралија Опен.

Циципас во моментов е рангиран на 36. место на АТП листата, а по поразот во август на Ју Ес Опен одигра само два натпревари во Дејвис купот.

Тој истакна дека имал проблем со грбот во последните шест до осум месеци, но и дека е задоволен од тековниот процес на лекување, посочувајќи дека е без болки веќе пет недели.


Сигурдсон без Марин Шипиќ на Европското првенство

Хрватската ракометна репрезентација се соочува со голем проблем пред Европското првенство, кое започнува за само 15 дена.

Селекторот Дагур Сигурдсон речиси сигурно ќе биде без еден од своите клучни играчи, дваесет и деветгодишниот Марин Шипиќ, поради сериозна повреда.

Повредата на коленото се покажа како премногу сериозна, па шансите за неговиот настап на Европското првенство беа сведени на минимум.

Како замена, селекторот Сигурдсон го повика Златко Раужан, пивотерот на РК Сесвете. Оваа сезона, Раужан импресионираше со своите настапи во Лигата на Европа и домашното првенство. Дополнителна препорака е фактот дека во Сесвете го тренира легендарниот пивот Игор Вори, кој најдобро ги познава неговите квалитети.

Хрватска, Европското првенство ќе го отвори за точно 15 дена со натпревар против Грузија.


Серхио Рамос го купува својот матичен клуб

Познатиот шпански фудбалер Серхио Рамос испрати официјална понуда до поранешниот клуб Севилја, со цел заедно со група деловни партнери, да стане малцински сопственик на андалузискиот клуб.

Приказната околу продажбата на Севилја е далеку од завршена и, според шпанските медиуми, доби неочекуван пресврт.

По спроведената длабинска анализа наранотењето на клубот, американските инвеститори значително ја намалиле својата понуда за купување на шпанскиот клуб, а легендарниот дефанзивец Серхио Рамос се појави како потенцијален инвеститор.

Финансиската состојба на Севилја наводно ги „олади“ американските инвеститори. Иако претходно се шишуваше дека се подготвени да платат 3.400 евра по акција, по деталниот преглед на работењето, решија да понудат максимални 2.700 евра по акција. Овој пресврт го враќа целиот процес речиси на почеток.

Рамос започна прелиминарни контакти со цел да добие подетални информации за ситуацијата и можностите за инвестирање во клубот каде што ја започна својата брилијантна кариера и за кој одигра 87 натпревари во два мандати.

Рамос, кој подоцна стана икона на Реал Мадрид, веќе има искуство со инвестиции во фудбалски клубови. Тој е еден од инвестициските партнери во клубот Сан Фернандо.


Германецот Фулкруг претставен на „Сан Сиро“

Никлас Филкруг официјално го засили тимот на Милан и ќе конкурира за место во тимот, за натпреварот со Каљари.

Филкруг пристигна во кампот на „росонерите“ од Вест Хем, каде што остана година и пол.

Претходно, тој играше за Борусија Дортмунд, Вердер Бремен, Хановер, Нирнберг и Гројтер Фирт.

Тој ги одигра своите најдобри натпревари во дресот на Вердер, каде што постигна 45 гола на 90 натпревари во четири сезони. Во неговиот претходен клуб, Вест Хем, постигна три гола на 29 натпревари.

Милан го позајми од „чеканите“, а дали ќе го откупат неговиот договор зависи исклучиво од игрите и перформансите на напаѓачот до крајот на сезоната.

Да ве потсетиме дека „росонерите“ почнаа да бараат нов напаѓач по повредата и операцијата на глуждот на Мексиканецот, Сантијаго Хименез.


Малачи Флин ќе добие пасош и ќе настапува за Турција

Кошаркарот на Башахшехир, Малачи Флин, може да добие турски пасош и да се вклучи во репрезентацијата за квалификациските мечеви во февруари и март.

27-годишниот играч од САД игра на позицијата плејмејкер и сигурно ќе биде големо засилување за четата предводена од селекторот, Ергин Атаман.

Тој има искуство од НБА лигата бидејќи настапуваше за Њујорк Никс, Детроит Пистонс и Шарлот Хорнетс.


Венус Вилијамс доби покана за настап во Мелбурн и на 44 години!

Американската тениска ветеранка Венус Вилијамс доби специјална покана од организаторот за настап на претстојниот Грен слем турнир. Поранешната најдобра тенисерка на светот со ова ќе стане највозрасната тенисерка учесничка на турнирот во Мелбурн. Венус на 17.јуни наполни 45 години.

Рекордерка досега беше Кимико Дате која во 2015 година настапи на истиот турнир со 44 години и три месеци.

-Се радувам на враќање на турнирот во Мелбурн. Имам многу неверојатни спомени и благодарна сум за поканата, изјави Венус.

Последниот меч Венус го одигра на УС Опен кон крајот на авуст ланската година кога загуби од Каролина Мухова со 2:1 во сетови.

Вилијамс има освоено седум Грен слем титули (Вимблдон 5, УС Опен 2) и има одиграно два финални меча во Мелбурн.


Стојановски ќе прозива на 9 јануари, централната фаза подготовки во Турција

Фудбалерите на Пелистер ќе ги започнат подготовките за вториот дел на сезоната на 9 јануари 2026 година. Со работен состанок и прв тренинг на стадионот „Петар Милошевски“, тимот ќе ги почне активностите во новата година.

Првата фаза ќе биде одработена во Битола, а од 17 до 31 јануари нашата екипа ќе се подготвува во турскиот центар Анталија. Тимот ќе се екипира и со цел потенцијал ќе ја бруси формата низ тренинзи и интернационални пријателски натпревари.

20 јануари – Пелистер – Спартак Суботица (Србија)
24 јануари – Пелистер – Железничар (БиХ)
28 јануари – Пелистер – Невбахор Наманган (Узбекистан)

На 9 јануари клубот ќе одржи прес-конференција и брифинг со медиумите, на кој на располагање ќе бидат претставници на клупската управа, шефот на стручниот штаб, Милан Стојановски, и дел од фудбалерите.