feature

Гризман човек на одлука, Атлетико ја надигра жилавата Валенсија

Фудбалерите на Атлетико, во Мадрид ја победија Валенсија со 2-1 во натпреварот од 16-тото коло на Ла Лига.

По два порази по ред во шпанското првенство, „Јорганџије“ ги пречекаа „Лилјаците“, кои никогаш не загубиле четири натпревари во низа пред овој дуел.

Атлетико, влезе како фаворит, но добр се намачи за да ги освои бодовите.

Капетанот Коке ги доведе домаќините на „Метрополитано“ во водство во 17-та минута од натпреварот и тоа беше сè од екипата на Диего Симеоне во првото полувреме.

По половина час игра, Валенсија израмни, но голот на Пепелу беше поништен поради офсајд, а Атлетико отиде на полувреме со минимална предност.

Во продолжението, Белтран, по добра акција, постигна убав гол од работа на шестаесетникот во 63-та минута.

Валенсија имаше реми само 10 минути. Гризман му ја врати предноста на Атлеитико. Негов 14-ти гол во кариерата против овој противник.

Целата акција беше брилијантна, од додавањето на Марк Пубил, топката леташе 40-тина метри, до приемот и ударот на Гризман, по кој втор пат се тресеше мрежата на Агирезабала.

До крајот на натпреварот, три минути по голот на Гризман, Александе Серлот, постигна гол, кој беше поништен порад фсајд по интервенција од ВАР собата.

Атлетико моментално е четврти со 34 бода, седум повеќе од петтопласираниот Еспањол со два натпревари помалку. Валенсија има само 15 пони и се наоѓа на 16-то место.


ФИФА пријави пет милиони апликации за билети за СП 2026 за само 24 часа

Меѓународната фудбалска асоцијација (ФИФА) пријави голема побарувачка за билети за Светското првенство во 2026 година.

Само 24 часа по почетокот на третата фаза од продажбата на билети за Светското првенство, навивачи од повеќе од 200 земји поднесоа пет милиони апликации за билети преку веб-страницата.

Податоците покажуваат силен интерес за некои натпревари од групната фаза. Натпреварот помеѓу Колумбија и Португалија (Мајами, 27 јуни) е најбаран во моментов.

Во Топ 5 интересни натпревари се и: Бразил против Мароко (Њујорк, Њу Џерси, 13 јуни), Мексико против Јужна Кореја (Гвадалахара, 18 јуни), Еквадор против Германија (Њујорк, Њу Џерси, 25 јуни) и Шкотска против Бразил (Мајами, 24 јуни).

Најголемиот број апликации дојдоа од земјите домаќини: САД, Мексико и САД. Меѓу првите на оваа листа се и: Колумбија, Англија, Еквадор, Бразил, Аргентина, Шкотска, Германија, Австралија, Франција и Панама.


Капинковски: Оваа генерација има потенцијал за добри резултати

Репрезентацијата на Македонија до 18 години во изминативе неколку дена беше на мини подготовки во Струмица каде одигра два контролни натпревари со селекцијата на Црна Гора.

Составот предводен од селекторот Димитар Капинковски на двата меча забележа победи од 2-1 и најави дека следната година можеме да очекуваме добри вести од квалификацискиот турнир за пласман на континенталниот шампионат.

„Овие натпревари ги искористивме за воигрување на екипата бидејќи следната година не очекуваат квалификации за пласман на Европското првенство. За мечевите против Црна Гора сметав на 25 играчи и сите добија шанса што за мене и стручниот штаб беше одлична можност да видиме со каков потенцијал располагаме и на што треба да посветиме посебно внимание за можеме да бележиме напредок во следните натпревари”, изјави селекторот Димитар Капинковски.

Предводникот на репрезентацијата е задоволен од ангажманот на играчите за време на тренинзите во Струмица, а тоа се потврдува и со двете победи забележани на мечевите што се играа на теренот на комплексот Горан Пандев.

„Сите фудбалери максимално ја искористија можноста да тренираат заедно во овие неколку дена. Задоволен сум од нивната посветеност на тренинзите, но и залагањето на теренот како и исполнување на сите задачи што ги имаа добиено пред почетокот на натпреварите. Сметам дека во оваа генерација има голем потенцијал и доколку продолжат и во иднина да работат со овој интензитет, но и со поддршка од клубовите може да се очекуваат добри резултати”, продолжи предводникот на националниот тим до 18 години.

Оваа генерација на почетокот од следната година ги очекува силен квалификациски турнир што ќе биде голем предизвик за оваа талентирана генерација.

„Целосно сме фокусирани кон квалификациите што ќе се одржат во март следната година. Покрај домаќинот Холандија, противници ни се уште Фарски Острови и Молдавија. До одржувањето на турнирот ќе се обидеме да организираме уште еден собир и да одиграме уште некој контролен натпревар, кој ќе ни послужи за подобра подготовка пред главниот предизвик кој не очекува во март”, заврши Капинковски.


Македонија до 15 години ја победи Турција

Македонската репрезентација до 15 години славеше победа од 3-2 против врсниците на Турција.

На тренинг центарот “Петар Милошевски”, избраниците на селекторот Горан Станковски одиграа одличен меч и заслужено се радуваа на триумф против силната Турција. Димоски во 93. минута даде гол за победа, откако испуштивме 2-0 на полувреме.

Драган Петков веќе во 2. минута го отвори резултатот. Предноста ја удвоиме по 23. минути игра преку Стефан Стојановски.

Противникот во 51. и 60. минута искористи грешки во нашата одбрана и преку Озбугуту и Озкан успеа да го израмни резултатот.

Голот за победа на македонската репрезентација го постигна Павел Димоски во судиското надополнување од натпреварот.

Македонија до 15 години: Јован Дановски, Адел Мустафи, Еман Емини, Горан Ристовски, Калин Аврамовски, Дин Рожајли, Стефан Стојановски, Давор Танески, Јован Јанчевски, Драган Петков, Доротеј Христов;

Турција до 15 години: Берк Кирман, Осман Курумахмут, Окан Џенгизхан Озкаја, Ахмет Ејмен Серт, Ејмен Ајјилдиз, Мустафа Енес Бозабали, Нојан Озкан, Ноа Никчи, Топрак Кок, Армаган Лортоглу, Ајаз Озбугуту;


Русија нема да игра во следното издание на Лигата на нации

Ðîññèÿ. Ìîñêâà. Èãðîêè ñáîðíîé Ðîññèè ðàäóþòñÿ çàáèòîìó ãîëó â ìàò÷å ãðóïïîâîãî ýòàïà Ëèãè íàöèé ÓÅÔÀ ìåæäó ñáîðíûìè êîìàíäàìè Ðîññèè è Ñåðáèè. Ñòàíèñëàâ Êðàñèëüíèêîâ/ÒÀÑÑ

Руската фудбалска репрезентација и официјално останува надвор од европските натпреварувања, откако УЕФА потврди дека таа нема да биде дел од следното издание на Лигата на нации.

На официјалната страница на Европската фудбалска унија е објавен списокот на 54 национални селекции кои ќе настапат во петтото издание на ова натпреварување, при што повторно отсуствува Русија. Таа е наведена одвоено од активните репрезентации со јасна напомена дека суспензијата останува на сила до понатамошна одлука.

Со тоа, руската селекција ќе го пропушти и претстојниот циклус на Лигата на нации, продолжувајќи ја паузата која трае од февруари 2022 година, кога беше исклучена поради воената агресија врз Украина. Одлуката значи дека Русија веќе нема да учествува во трет последователен циклус на ова натпреварување.

Во меѓувреме, УЕФА испратила покани за учество до сите европски фудбалски федерации освен до руската, а националните сојузи имаат рок до 9 јануари да го потврдат своето учество. Иако во јавноста постојат шпекулации за можни промени поради геополитичките најави, од европската куќа на фудбалот засега нема сигнал дека статусот на Русија ќе биде ревидиран.

Откако е воведена суспензијата, руската репрезентација веќе пропушти две изданија на Лигата на нации, како и настапи на едно Светско и едно Европско првенство, а според актуелната состојба, изолацијата ќе продолжи и во следниот натпреварувачки период.


Мбапе го загуби спорот со ПСЖ

Килијан Мбапе претрпе правен пораз во спорот со ПСЖ, откако судот во Париз донесе одлука во корист на францускиот клуб.

Фудбалерот се обиде да издејствува замрзнување на сметките на поранешниот клуб, како дел од процесот за наплата на побарувањата, но судот го одби тоа барање. Мбапе тврдеше дека ПСЖ му должи околу 55 милиони евра на име бонуси и неисплатени примања за последните месеци од сезоната 2023 2024.

Со пресудата, судот не само што застана на страната на парижани, туку му наложи на напаѓачот да ги покрие и судските трошоци. Дополнително, Мбапе ќе треба да плати уште 3.000 евра како надомест за трошоците што ПСЖ ги имал во текот на судската постапка.

Оваа одлука претставува сериозен удар за француската ѕвезда, додека ПСЖ доби значајна правна потврда во долготрајниот спор со својот поранешен капитен.


Компанија со криптовалути со неморална понуда за купување на Јуве

Компанијата за криптовалути „Тетер“, објави дека доставила обврзувачка понуда во готово, за купување на мнозински удел во фудбалскиот клуб Јувентус, кој е во сопственост на „Ексор Холдинг“, контролиран од семејството Ањели.

Според италијанските медиуми, Тетер понудил цена од 2,66 евра по акција, што е вкупно околу 1.100.000.000 евра за 65,4 проценти од акциите на Јувентус што моментално ги поседува „Ексор Холдинг“.

Во случај на реализација на трансакцијата, „Тетер“, планира да даде јавна понуда за преостанатите акции по иста цена, со цел целосно да го преземе клубот.

„Тетер“, купи малцински удел во Јувентус во февруари 2025 година, а во април го зголеми својот удел на 10,12 проценти од акциите, со 6,18 проценти право на глас.

Компанијата објави дека понудата е целосно финансирана со сопствен капитал и е предмет на регулаторни одобренија.

Во соопштението се наведува дека „Тетер“ е подготвен да инвестира дополнителни 1.000.000.000 евра во поддршка и развој на клубот по евентуално преземање.

Јувентус е во сопственост на семејството Ањели од 1923 година.

Понатамошните чекори ќе зависат од одлуката на „Ексор“, потпишувањето на конечната документација и добивањето на потребните регулаторни одобренија.


Хаос на почетокот на турнејата во Индија на Меси

Турнејата на Лионел Меси низ Индија започна во хаотична атмосфера. На стадионот „Солт Лејк“ во Калкута претпладнево навивачите ги кршеа седиштата и ги фрлаа на теренот по кратката посета на фудбалерот на Аргентина и Интер Мајами.

Меси е во Индија како дел од турнејата за време на која треба да присуствува на концерти, младински фудбалски клиники, турнир во падел и да започне добротворни иницијативи на настани во Калкута, Хајдерабад, Мумбаи и Делхи.

Според извештаите во индиските медиуми, победникот на Светското првенство во 2022 година прошета по теренот на стадионот на кој беше откриена 20-метарска статуа со неговиот лик. Тој им мавташе на навивачите, опкружен со голема група луѓе и си замина 20 минути по неговото пристигнување.

„Само лидери и актери го опкружуваа Меси… Зошто тогаш нè повикаа? Плативме билет 100 фунти, но не можевме ниту да му го видиме лицето“, изјави еден разлутен навивач.

Главниот министер на државата Западен Бенгал, Мамата Банерџи, му се извини на Меси и нареди истрага за инцидентот.

„Длабоко сум вознемирен и шокиран од лошото управување што беше забележано денес на стадионот „Солт Лејк“, објави Банерџи на X. Искрено му се извинувам на Лионел Меси, како и на сите љубители на спортот и неговите фанови, за несреќниот инцидент.


Реал и Лион постигнаа договор за позајмица на Ендрик

Договорот за позајмица меѓу Реал Мадрид и Лион за бразилскиот напаѓач Eндрик е финализиран. Тој ќе го напушти мадридскиот клуб на позајмица во јануари за да стекне искуство пред Светското првенство, според „АС“.

Според изворот, оваа позајмица е корисна за сите страни. Ендрик ќе стекне играчка пракса со тим кој се натпреварува во европските натпреварувања и ќе има шанса да го импресионира Карло Анчелоти и да заработи место во бразилската репрезентација.

Реал Мадрид, во меѓувреме, ја штити својата инвестиција, откако потроши над 60 милиони евра за Eндрик. Клубот сè уште верува во неговиот потенцијал и сака да ја задржи неговата вредност, што го прави позајмицата важен чекор за иднината на играчот и за клубот.


Анчелоти селектор на Бразил до 2030 година

Бразилската фудбалска конфедерација е во преговори со селекторот на репрезентацијата, Карло Анчелоти, за потпишување на нов договор до 2030 година. Италијанскиот стручњак ја презеде бразилската репрезентација во мај 2025 година.

Моменталната плата на Анчелоти наводно е околу 10 милиони евра годишно, што е највисока меѓу тренерите на националните тимови. Договорот вклучува и бонус од 5 милиони евра доколку Бразил го освои Светското првенство во 2026 година.

Се забележува дека, според бразилските официјални лица, селекторот веќе направил доволно за да ја врати репрезентацијата на вистинскиот пат и да ги зголеми очекувањата за Светското првенство.