feature

Шешко веќе руши негативни рекорди во Манчестер Јунајтед

Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Бенџамин Шешко, ја продолжи својата серија без голови на осум натпревари.

Напаѓачот, купен за 85 милиони евра, вклучувајќи ги и бонусите, има два гола (кон крајот на септември и почетокот на октомври) и една асистенција во 16 натпревари за клубот.

Дваесет и двегодишниот Словенец го одигра целиот домашен натпревар синоќа во 19. коло од Премиер лигата против 20-топласираниот Вулверхемптон и не успеа да постигне гол.

Вклучувајќи ја и репрезентативната обврска серијата на без постигнат гол е 10. Тој имаше само една асистенција во тој период – во победата од 4:2 над Брајтон.


Ѓоковиќ: Кога Федерер и Надал ги завршија кариерите, си замина и дел од мене

Новак Ѓоковиќ сподели како пензионирањата на Роџер Федерер и Рафаел Надал влијаеле врз него.

„Животот е прекрасно патување и мислам дека секој од нас треба да ја раскаже својата единствена приказна и да не копира никого друг. Го велам ова затоа што се обидував да бидам некој поинаков кога се обидував да успеам. Се обидував да бидам некој што луѓето ќе го сакаат. Се обидував да бидам некој поинаков, некој позабавен. Секогаш сум го правел тоа. Затоа што луѓето не ме гледаа како трет играч. Ерата Федерер-Надал беше толку моќна што немаше место за трет играч во нивното соперништво. Но, јас го создадов тој простор. И беше неверојатно. Ја создадовме ерата на Големата тројка. Кога Федерер и Надал се пензионираа, дел од мене исто така си замина. Затоа морав да најдам нови извори на инспирација. А причината зошто продолжувам да играм тенис е, делумно, желбата да видам колку високо можам да ја подигнам летвата избирајќи го својот пат“, изјави Ѓоковиќ.

Федерер го одигра својот последен натпревар во септември 2022 година, а Надал во ноември 2024 година. з


Неочекуван старт на годината во Челзи, отказ за менаџерот Мареска

Италијанскиот стручњак Енцо Мареска повеќе не е тренер на фудбалерите на Челзи, објави англискиот клуб.

Мареска го презеде Челзи во јуни 2024 година, а со клубот од „Стенфорд Бриџ“ ја освои Конференциската лига и Светското клупско првенство во 2025 година.

„Овие достигнувања ќе останат важен дел од поновата историја на клубот и му благодариме за неговиот придонес во клубот. Со оглед на тоа што клучните цели сè уште треба да се исполнат во четири натпреварувања, Енцо и клубот веруваат дека промената му дава на тимот најголема шанса да ја врати сезоната на вистинскиот пат. Му посакуваме на Енцо се најдобро во неговата идна кариера“, се вели на веб-страницата на Челзи.

Италијанскиот тренер неодамна имаше несогласувања со раководството на Челзи, а сето тоа кулминираше по резултатската криза и една победа во претходните седум натпревари од Премиер лигата.

Челзи е на петтото место на табелата во Премиер лигата со 30 бода, додека во Лигата на шампионите е на 13-та позиција со 10 бода.


Нејмар одлучи да го продолжи договорот со Сантос

Бразилскиот фудбалер Нејмар одлучи да остане во Сантос и наскоро ќе го продолжи договорот до крајот на 2026 година, објавија медиумите во Бразил.

На овој начин, Нејмар стави крај на шпекулациите дека ќе се пресели во Саудиска Арабија.

Нејмар, одлучи да игра на сигурно, постојано да биде пред очите на селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, и да му докаже дека заслужува место во репрезентацијата на претстојното Светско првенство играјќи во дресот на Сантос.

Во јануари 2025 година, Нејмар повторно стана член на Сантос, за кој минатата година одигра 28 натпревари и запиша 11 гола и четири асистенции.

Долго време беше повреден, но на крајот од сезоната значително му помогна на Сантос да избори опстанок во најсилниот ранг на бразилскиот фудбал.

Претходно објави дека сака да игра на овогодинешното Светско првенство во САД, Канада и Мексико.

Нејмар дојде во Сантос од Ал Хилал, а претходно играше за Пари Сен Жермен и Барселона.


Трент размислува да се врати во Премиер лигата

Во последниот ден од 2025 година, некако под радарот мина фудбалски трач што би можел да ја одбележи целата година: Трент Александар-Арнолд би можел да се пресели во Манчестер Јунајтед…

Како што објавува шпанскиот „Фихајес“, „црвените ѓаволи“ се подготвени да ја повторат историјата и преку Мадрид да се засилат со поранешен фудбалер на најголемиот ривал, Ливерпул.

За потсетување, во 2009 година, Мајкл Овен се пресели од Ливерпул во Реал Мадрид, а потоа неколку години подоцна им се придружи на „Црвените ѓаволи“.

„Црвените“ никогаш не му простија, а малку е веројатно дека ќе му простат откако освојувачот на Златната топка неодамна го обвини клубот дека никогаш не се вратил.

Сега Трент би можел да ги следи неговите стапки, наводно Јунајтед е подготвен да плати 40 милиони евра.


Џошуа ја напушти болницата по сообраќајната незгода

Поранешниот светски шампион во бокс во тешка категорија, Ентони Џошуа, кој беше повреден во сообраќајна несреќа, ја напушти болницата во Лагос, на последниот ден од 2025 година.

Поранешниот двократен светски шампион и олимписки првак од 2012 година беше примен во болница со полесни повреди по несреќата во која во понеделникот загинаа неговите пријатели Сина Гами и Латиф Ајоделе.

„Ентони и неговата мајка беа присутни на погребот во Лагос“, изјави портпаролот на градската влада во Лагос, Гбенга Омотосо.

Околностите на несреќата сè уште се истражуваат.


Реал Мадрид се интересира за синот на Дејан Станковиќ

ALEKSANDAR STANKOVIC, fudbaler reprezentacije Srbije, daje intervju u SC FSS. Stara Pazova, 07.10.2025. foto: Nebojsa Parausic Fudbal, Srbija

Реал Мадрид активно работи на плановите за иднината и веќе ги насочува погледите кон подмладување на средниот ред, сектор кој наскоро ќе доживее големи промени. Во таа насока, во фокусот на шпанскиот гигант се најде и младиот српски репрезентативец Александар Станковиќ.

Според информациите на „Дефенса Сентрал“, скаутите на кралскиот клуб внимателно го следат напредокот на 20 годишниот фудбалер кој оваа сезона прикажува одлични партии во дресот на Клуб Бриж. Сепак, во Мадрид се свесни дека евентуалниот трансфер нема да биде едноставен, бидејќи Интер ги држи конците во свои раце.

Италијанскиот клуб планира да го врати Станковиќ во своите редови веќе наредното лето и располага со откупна клаузула во висина од 23 милиони евра, што значително ја усложнува ситуацијата за сите заинтересирани страни.

Покрај Реал, интерес за младиот играч од средниот ред покажуваат и Арсенал и Тотенхем, но според актуелните најави, најизвесна опција е негово враќање во Серија А и продолжување на кариерата во Италија.


Познати осминафиналните парови на Купот на Африка

Со завршувањето на натпреварите во групната фаза на Африканскиот куп на нации, сите двојки за осминафиналето станаа познати. Последните натпревари во групата Ф донесоа вистински драми и големи пресврти, при што Брегот на Слонова Коска со победа во дополнителното време обезбеди прво место.

Познати сите двојки за осминафиналето

Мали – Тунис
Сенегал – Судан
Египет – Бенин
Брегот на Слоновата Коска – Буркина Фасо
Јужна Африка – Камерун
Мароко – Танзанија
Алжир – ДР Конго
Нигерија – Мозамбик


Реал ќе ги врати позајмените фудбалери од Италија и Германија

Медиуми блиски до Реал Мадрид велат дека веќе е договорено на „Бернабеу“ да се вратат Нико Паз, Јакобо Рамон и Чема Андрес, за сите овие зделки ќе бидат платени околу 30 милиони евра.

Изминатиов период често има гласини за тоа какви се трансфер плановите на Реал Мадрид, и како тоа приоритет ќе биде ангажман на креативец од средниот ред.

Но како што објаснува „Дефенса Сентрал“ и неколку други блиски медиуми до „кралевите“, пишуваат дека веќе се договорени три трансфери.

Всушност станува збор за добро познати имиња на „Бернабеу“, односно играчи кои се продаде со можност да бидат вратени.

Станува збор за Нико Паз и Јакобо Рамон од Комо, како и Чема Андрес од Штутгарт.

Одлучено е на тројцата да се активираат клаузулите и со околу 30 милиони евра да се вратат во Мадрид


Горецка е опција за средниот ред на Барса

Леон Горецка и Ханси Флик би можеле повторно да соработуваат, сега во редовите на Барселона.

Како што открива каталонскиот новинар Фернандо Поло, германскиот репрезентативец веќе воспоставил директен контакт со Флик, при што му ставил до знаење дека е подготвен за нова соработка и дека без двоумење би прифатил трансфер на „Камп Ноу“ како слободен агент.

Сепак, засега останува нејасно дали Флик воопшто ја разгледува оваа опција, имајќи предвид дека неговата визија во Барселона е јасно насочена кон развој и доверба во помладите фудбалери кои веќе се дел од тимот. Марк Бернал се гледа како долгорочно решение во средниот ред, додека таму веќе се и клучниот Педри, Френки де Јонг, Марк Касадо, како и Гави, кој се враќа по паузата.

Дополнителен аргумент против евентуален ангажман на Горецка е и фактот што Ерик Гарсија оваа есен пријатно изненади на позицијата последен играч за врска, што само ја засилува конкуренцијата и остава впечаток дека средината на теренот кај Барселона е повеќе од добро пополнета.

Инаку, Горецка беше меѓу најважните играчи на Баерн Минхен во периодот кога Флик го предводеше баварскиот гигант. Токму во тој период, двајцата беа дел од тимот што ѝ нанесе еден од најтешките порази во историјата на Барселона со убедливи 8-2 во четвртфиналето од Лигата на шампионите.