feature

Атаман разочаран од Ти Џеј Шортс

MADRID, SPAIN – APRIL 15: TJ Shorts, #0 of Paris Basketball celebrates at the end of the Turkish Airlines EuroLeague Play-in A match between Real Madrid and Paris Basketball at Movistar Arena on April 15, 2025 in Madrid, Spain. (Photo by Thiago Mora/Euroleague Basketball via Getty Images)

Американецот со македонски пасош, Ти-Џеј Шортс имаше лош почеток во новата клупска средина, тимот на Панатинаикос. Член на идеалната петорка на Евролигата од минатата сезона и најкорисен играч (МВП) на Еврокупот (2024) и Лигата на шампионите (2023), тој се приклучи на грчкиот клуб ова лето и има просек од само 6,1 поен и 2,7 асистенции за 14,7 минути по натпревар во Евролигата.

Гласините сугерираат дека Црвена ѕвезда веќе покажа интерес за Шортс да го добие на позајмица.

Досега, сум 90% незадоволен од неговиот настап во нашиот тим. Не знам чија е вината, негова или наша, но реалноста е дека тој не ги исполнува очекувањата. Не знам ништо за гласините, изјави тренерот на грчкиот тим, Ергин Атаман.

Панатинаикос во досегашниот тек од Евролигата има пет победи и четири порази.


Донарума фаворит за признанието голман на годината

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) ги објави номинираните за наградата за најдобар голман на годината.

Во потесниот список се Алисон Бекер (Ливерпул), Тибо Куртоа (Реал Мадрид), Џанлуиџи Донарума (Манчестер сити), Емилијано Мартинез (Астон вила), Мануел Нојер (Баерн Минхен), Давид Раја (Арсенал), Јан Сомер (Интер) и Војчех Шчесни (Барселона).

Гласањето ќе продолжи до 28 ноември.

Актуелен добитник на наградата е Емилијано Мартинез.


Ѓоковиќ лесно до полуфиналето во Атина

Светскиот тенисер број 5, Новак Ѓоковиќ, вечерва го победи Португалецот Нуно Борхес во четвртфиналето на турнирот во Атина со 7-6/1, 6-4. Мечот траеше 1 час и 45 минути.

Ѓоковиќ сервираше девет аса, направи една двојна грешка и реализираше една од пет брејк топки. Борхес сервираше седум аса, направи една двојна грешка и не реализираше ниту една од две брејк топки.

Триесет и осумгодишниот Србин ќе се соочи со Германецот Јаник Ханфман во полуфиналето на турнирот во грчката престолнина.

Наградниот фонд изнесува 766.715 евра.


Беќири: Само неколку секунди не делеа од победа

Фудбалерите на Шкендија беа трагичари на синоќешниот натпревар против Јагјелонија (1-1) во третото коло од Конференциската лига на УЕФА. Тетовчани долго водеа, а примија гол за реми во последните секунди од средбата на националната арена „Тодор Проески“.

По натпреварот тренерот на македонскиот шампион Јетон Беќири беше видно разочаран.

„Нормално дека сме разочарани, бидејќи секунди не делеа од трите бода. Сепак, фудбалот е таков и мора да го прифатиме овој резултат. Можеби немавме среќа, можеби требаше да постапиме поинаку, ама во последните секунди немавме среќа. Мислам дека не беше од преголема желба, туку не бевме добро поставени во одредени позиции. Фудбалот е таков, ако на последниот меч победивме со гол во последна секунда, сега се случи спротивното. Овојпат три секунди нè делеа од победата. Задоволен сум од екипата, во првиот дел бевме повнимателни. Игравме против квалитетен ривал. Освен моментот кога примивме гол, Јагјелонија немаше шанси за погодок, па тоа значи дека добро бевме поставени. Единствената наша дефанзивна грешка беше тој примен гол.

И ние и Дрита влегуваме со исти шанси. Тие се со бод повеќе, па очекувам да биде 50-50%. Ова се пријателски екипи и очекувам добар натпревар во Приштина.

Се е во ред моментално со Зејнулаи, доби непредвидлив удар одблизу. Ќе направи медицински преглед, ама во моментов е добар“, изјави Беќири.

Шкендија по три рунди во европското натреварување има четири бода и уште е во игра за место во плеј-офот. Следниот предизвик ќе им биде против Дрита во Приштина на 27 ноември.


Андонова двоен стрелец за ЖФК Мадрид во Купот на Кралицата

Најдобрата македонска фудбалерка, Наташа Андонова, денеска беше двоен стрелец за тимот на Мадрид во куп дуелот против Хуевла кој го добија со 7-1.

ЖФК Мадрид се пласираше во осминафиналето од Купот на Кралицата откако лесно ја мина Хуевла и тоа на гостински терен.

Наташа Андонова ја отвори серијата погодоци со гол уште во четвртата минута од натпреварот, Македонката беше прецизна и по седум минути игра во вториот дел.


Шкендија испушти победа во 100. минута против Јагјелонија

Фудбалерите на Шкендија во последните моменти од натпеварот со Јагелонија останаа без победа и одиграа 1-1 за четврти бод во лигашкиот дел од Конференциската лига.

Јагјелонија беше фаворизирана пред натпреварот, но денеска на теренот не покажа речиси ништо. Полјаците немааа ниту една посериозна прилика, само неколку удари кои не беа опасни за голманот Гаје.

Ниту Шкендија не се закани во првото полувреме, избраниците на Беќири не упатија ниту еден удар во рамките од голот.

Шкендија на самиот старт од второто полувеме во 49. минутаа дојде до гол за водство, стрелаше Љатифи по еден корнер.

Во продолжение одново гледавме слична игра како и во првиот дел со тоа што Полјаците уште помалку напаѓаа, но во последните секунди ја искористија единствената шанса кога Лозано постигна гол со еден волеј удар за конечни 1-1.


Џон Мекгин доби нов договор со Астон Вила

Шкотскиот фудбалски репрезентативец, Џон Мекгин, потпиша нов договор до летото во 2028 година.

31-годишникот кој и се приклучи на Астон Вила од Хибернијанс во 2018 година, се гледа како еден од клучните играчи во тимот.

Тој е капитен од 2022 година. Претходно соработката со англискиот состав ја продолжија и Мети Кеш , Лука Дињ и Бубакар Камара.


Продажбата на билети за натпреварот Велс – Македонија отворена до понеделник

Продажбата на билети за квалификацискиот натпревар за Светското првенство помеѓу Велс и Македонија, што ќе се одигра на 18 ноември во Кардиф, ќе биде отворена до понеделник (10 ноември) на полноќ.

Навивачите и поддржувачите на македонската репрезентација кои планираат да му дадат поддршка на националниот тим во Кардиф можат да ги обезбедат своите влезници преку официјалниот систем за продажба на билети на Фудбалската федерација на Македонија, FFM Tickets – Football Federation of Macedonia

Целата постапка за купување и преземање на билетите за натпреварот Велс – Македонија е детално објаснета на следниот линк: FAW-Tickets-Portal-Guide.pdf, истите информации се достапни и на платформата на ФФМ за продажба на билети.

За македонските навивачи според правилата на УЕФА се издвоени близу 1500 билети во секторот од стадионот наменет за гостински навивачи. Цената на влезница, утврдена од Фудбалската асоцијација на Велс, изнесува 2800,00 денари.


Интер Мајами без Суарез во „мајсторката“ против Нешвил

TOKYO, JAPAN – FEBRUARY 07: Luis Suarez of Inter Miami looks on during the preseason friendly match between Vissel Kobe and Inter Miami at National Stadium on February 07, 2024 in Tokyo, Japan. (Photo by Kenta Harada/Getty Images)

Огромен удар за Интер Мајами пред решавачкиот трет натпревар од плејофот на МЛС против Нешвил. Нивниот клучен напаѓач, Луис Суарез, е суспендиран за натпреварот во сабота, каде што е во прашање целата сезона.

Уругвајската ѕвезда доби суспензија, бидејќи удрил противнички играч без топка во вториот меч од серијата. Жалбата на клубот од Мајами на суспензијата од еден натпревар беше одбиена.

Суспензијата беше поради инцидент во 71-та минута во поразот на Интер Мајами со 2:1 во реваншот од плејофот.

Суарез го удири играчот на Нешвил, Енди Нахар, во момент кога топката беше далеку од нив.

Иако судијата на теренот не досуди фаул, Дисциплинската комисија на МЛС последователно ја прегледа снимката и му изрече на Суарез суспензија од еден натпревар.


Мурињо не се помирува со елиминација од ЛШ на неговата Бенфика

Бенфика загуби со 1-0 во Лисабон од Баер Леверкузен во четвртото коло од Лигата на шампионите. По четири кола, тимот на Жозе Мурињо има ист број порази со гол-разлика од 2-8. Токму гол-разликата ја прави разликата помеѓу претпоследната Бенфика и последниот Ајакс, кој исто така е на нула бодови, но со гол-разлика од 1-14.

Сепак, Мурињо верува дека Бенфика може да се пласира во плејофот за нокаут фазата.

„Јас сум поголем оптимист од тоа. Никој нема да ме убеди дека сме елиминирани. Математиката е многу јасна – остануваат 12 бода во игра, а ни требаат околу девет. Математиката вели дека е можно, но не само тоа. Овој натпревар ме убеди дека можеме да ги добиеме натпреварите што ни се потребни.

Имаме уште два натпревари до крајот на календарската година, и ако ги добиеме двата, целосно сме во игра за да продолжиме понатаму. Лигата на шампионите е највисокото ниво на европскиот фудбал. Денес, противникот беше тим кој не создаде ниту шанса, ризикуваше ништо… но тоа е многу високо ниво. Со три стопери вредни милиони и со многу квалитет“, рече Мурињо. .

Мурињо пристигна во Бенфика на 18 септември и досега го предводеше клубот во 11 натпревари. Тој забележа 6 победи, два нерешени резултати и три порази.

Во Лигата на шампионите, тој ја предводеше Бенфика во поразите против Челзи (1-0), Њукасл (3-0) и вчерашниот 1-0 против Баер. Во преостанатите четири кола од Лигата на шампионите, Бенфика ќе игра против Ајакс во Амстердам, Наполи во Лисабон, Јувентус во Торино и Реал Мадрид во Лисабон.