feature

МЗТ Скопје го одбрани трофејот од Суперкупот на Македонија во кошарка

Кошаркарите на МЗТ Скопје ја продолжија доминацијата кога се говори за трофеи во мак-баскетот. Потешко од очекуваното, аеродромци го совладаа Кожув 71-64 кој за првпат играше за трофеј и така го освоија Суперкупот на Македонија.

За „штрковите“ предводени од тренерот Васко Атанасов ова беше осмо одличје во настанот кој е увертира за новата сезона во мак-баскетот.

Гил со 16 и Војдан Стојановски и МекКаден со по 13 поени беа најзаслужни за трофејот на МЗТ, додека за поразениот тим се истакнаа Парвис со 21 и Дибински и Николас со по 12 поени.


Баскет Кам очекувано го освии Суперкупот на Македонија

Екипата на Баскет Кам со победа го отвори официјалниот дел од сезоната во мак-баскетот. Тимот од Македонска Каменица славеше над Вардар со 63-44 во рамки на Суперкупот на Македонија „Драган Василов – Цевка“ – во меч кој е увертира за домашните предизвици.

Последните десет минути на мечот во СРЦ „Кале“ беа само формалност за Баскет Кам, затоа што разликата на семафорот константно растеше, за на крајот да изнесува 19 поени разлика. Кметовска и Димова имаа дабл-дабл учинок кај победникот. Кметовска даде 20 поени со уште 12 скока, додека Димова имаше 20 поени и 16 скока. Кај Вардар, Пишлевска даде 12, а Митева реализира 11 поени.


Марк Маркез нов шампион во Мото ГП

Иако до крајот на сезоната во Мото ГП првенството остануваат уште четири трки, Марк Маркез ја обезбеди титулата.

Шпанецот утринава на трката за Големата награда на Јапонија заврши како втор зад Франческо Бањаја, што беше доволно да се израдува на трофејот.

За мотоциклистот на Дукати тоа е седма титула во кариерата во „Кралската класа“, прва по 2019 година.

Со тоа Маркез се израмни со легендарниот Валентино Роси, а пред нив останува само Италијанец, Џакомо Агостини со осум.

Марк има вкупно девет светски титули, вклучувајќи ги и оние во класата до 125cc во 2010 година и Мото2 во 2012 година.

До крајот на Мото ГП шампионатот, трките во Индонезија, Австралија, Малезија и Португалија.


Симеоне: Многу емоции минуваат низ мене по оваа голема победа

Главниот тренер на фудбалерите на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, се насочи кон вчерашната голема победа против градскиот ривал Реал со 5-2 во дербито од седмто коло на шпанското првенство.

„Од почетокот на натпреварот знаевме како да им предизвикаме проблеми. Нико Гонзалез, Џулијано Симеоне, Пабло Бариос и Жулијан Алварез се движеа по крилата, привлекувајќи ги централните дефанзивци.

Има многу емоции. Оваа сезона започна со тешкотии. Многу луѓе вложуваат огромни напори кои остануваат незабележани но, работата оди одлично“, рече Симеоне


Инциденти на изборното собрание на Бенфика

Изборното собрание на португалскиот фудбалски гигант Бенфика беше прекинато денеска поради физичка пресметка што се случи меѓу членовите на собранието на лисабонскиот клуб.

Две собранија на Бенфика беа закажани за денеска, првото за анализа на финансиската состојба од претходната сезона, а второто за дискусија за изборните прописи.

Првото собрание заврши до крај, но страстите се разгореа за време на второто собрание кога потенцијалните кандидати за нов претседател почнаа да се појавуваат на главната сцена. Речиси сите кандидати кои успеаја да зборуваат за своите програми жестоко го нападнаа сегашниот претседател на клубот и поранешен португалски репрезентативец, Руи Кошта.

Претседателската позиција на Кошта, која датира од 2021 година, е сè понеизвесна, првенствено поради лошите резултати во последните години. Бенфика освои само една португалска титула во последните пет сезони. Во меѓувреме, Кошта ја загуби и довербата на навивачите.

За време на говорот на Луис Филипе Виеира, неколку присутни во салата влегоа во физичка пресметка, по што собранието беше прекинато. Изборот на новиот претседател е закажан за 25 октомври.


Делофеу најави враќање на фудбалот по долгата пауза

Големиот талент, Жерард Делофеу вели дека не се откажува од идејата да се врати на терените и покрај тоа што две ипол години е надвор од стројот, сака децата да го видат како фудбалер.

Жерард Делофеу важеше за еден од најталентираните фудбалери во школата на Барселона, се најавуваше како новиот Лео Меси, но не само што не го достигна тоа ниво, тој е пред пензија со само 31 година.

Шпанецот поради сериозна повреда на коленото две ипол години е надвор од стројот и не може глава да крене од проблеми.

„Ќе биде многу тешко, но сакам да влезам во историјата. Мислам дека би можел да бидам фудбалерот што најдолго бил отсутен од терените и сепак успеал да се врати, Тоа би било големо достигнување за мене. Сакам да го направам тоа и за моето семејство и за моите деца. Тие се родија знаејќи дека нивниот татко е фудбалер, а сега кога се малку постари, ме прашуваат кога ќе истрчам на теренот и тоа ми го крши срцето. Деулофеу потоа додава: „Мојата повреда е повеќе од само повреда, таа е како траен инвалидитет, како да ми е вградено вештачко колено. Кога не можеш да направиш чекор бидејќи коска удира во коска, тоа е многу сериозно. Водам борба не само со биологијата, туку си со себе и мојата глава. За среќа можам да тренирам секој ден и тоа ми дава огромна сила“, рече Делофеу.


Фелер заминува од позицијата спортски директор на репрезентацијата во 2028 година

Легендарниот фудбалер на Германија, Руди Фелер, ќе се повлече од функцијата спортски директор на репрезентацијата на „панцирите“ откако ќе му истече тековниот договор на крајот од Евро 2028. Тој ја презеде функцијата по испаѓањето на тимот од групната фаза на Светското првенство во Катар.

„Двапати го обновив договорот, но ќе се повлечам по летото 2028 година“, изјави тој за списанието „Штерн“.

Фелер беше селектор на Германија во 2002 година кога во финалето на Мундијалот загуби од Бразил со 2-0.


Чаби Алонсо во проблеми, тројца дефанзивци најавија отсуство заради повреди

Екипата на Реал Мадрид потврди дека капитенот, Даниел Карвахал, се повреди на вчерашното градско дерби со Атлетико и дека ќе мора да паузира околу еден месец.

Карвахал има кинење на мускулот на десната нога. Тоа значи дека искусниот десен бек најверојатно ќе биде надвор од игра за дербито против Барселона на 25 октомври. Во таборот на „белите“ во наредниот период ќе ги нема и Трент Александар-Арнолд и Едер Милитао.

Сите тројца нема да патуваат за Казахстан за пресметката во вторник во Лигата на шампионите против Каират.


Чаби Алонсо: Кошмарен меч, заслужено загубивме

Реал Мадрид доживеа убедлив пораз од 5-2 во дербито со Атлетико Мадрид, прв под водство на Чаби Алонсо. По мечот, тренерот призна дека тимот не бил на потребното ниво и дека проектот што го гради е сè уште во развој.

„Одигравме лош натпревар, ниту колективно, ниту индивидуално. Не бевме на висина ниту со топка, ниту без неа. Ова е прв пораз сезонава, но ќе продолжиме напред. Нема оправдувања, поразот беше заслужен. Ова е дерби и навистина боли кога вака ќе се загуби“, изјави Алонсо.

Тој посочи дека недостатокот на интензитет и концентрација бил клучен:

„Не се натпреварувавме на нивото што го бара ваков меч. Во дуелите бевме пасивни, со топка не наоѓавме решенија, а играта не течеше. Атлетико нè притискаше и ние не успеавме да одговориме.“

Алонсо додаде дека вината е исклучиво во играта на тимот, без врска со судиите:

„Ова што се случи нема врска со судиските одлуки. Поразот беше заслужен.“


Арне Слот: Тешко е да се прифати, но поразот ги открива нашите слабости

Менaџерот на Ливерпул, Арне Слот, ја изрази својата фрустрација по првиот пораз на тимот во Премиер лигата оваа сезона, истакнувајќи ја слабата игра при одбрана на статични позиции.

Ливерпул загуби со 2-1 на „Селхерст Парк“ од Кристал Палас, откако Исмаила Сар и Еди Нкетија го искористија корнерот и долгото додавање за победа, прекинувајќи го перфектниот старт на тимот.

И покрај одличниот настап на голманот Алисон Бекер, одбраната на Ливерпул имаше проблеми низ целиот натпревар. Слот посочи дека слабостите при статични ситуации веќе не се случајни.

„Минатата сезона тоа беше едно од нашите најсилни оружја, а сега примивме по два гола против Њукасл и Кристал Палас. Во оваа лига статичните позиции стануваат сѐ поважни, и ако сакаш да се бориш на врвот, мораш да имаш позитивен биланс во нив.“

Тој исто така истакна дека погодокот на Еди Нкетија во судиското продолжение е тежок за прифаќање, но фер поради дополнителното време.

„Секогаш е болно да примиш гол во завршницата, но имаше и замена, па половина минута дополнително беше оправдана. Мора подобро да се браниме при долгите додавања и да извлечеме поука од вакви натпревари.“