feature

Охрид се враќа со херојска победа од Атина

Македонскиот тим ГРК Охрид со победа над Олимпијакос од 31-26 се враќа од гостувањето во Атина.

Во првиот дуел од четвртфиналната пресметка во Европскиот куп на ЕХФ, ГРК Охрид покажа одлична игра и полека гледа кон следната полуфинална фаза во ова натпреварување кое минатата сезона го освои Алкалоид.

Екипата на Охрид одигра одличен натпревар и заслужено дојде до победата на натпреварот во Атина на гостински терен. Разликата во квалитет Охрид ја покжа уште во првото полувреме кое го доби со 15-10, за да во вториот дел ја одржува оваа предност и да слави на крајот со +5 голови позитива. Одличен кај макеоднскиот тим беше грчкиот пивот Николаос Лиапис со седум гола, додека Анте Иванковиќ имаше исто така седум гола, пет од нив во вториот дел. Кај Олимпијакос, Савас Савас имаше 14 гола.

Реваншот меѓу ГРК Охрид и Олимпијакос ќе се игра на 4 април во СРЦ „Билјанини Извори“, а нашата екипа ќе влезе во оваа средба со позитива од пет голови.


Александар Трајковски замина во репрезентативна пензија

„Херојот од Палермо“, каков што засекогаш ќе го паметиме во дресот на нашата фудбалска репрезентација, денеска и официјално потврди дека заминува во репрезентативна пензија. По 98 одиграни натпревари во националниот дрес, нашиот голгетер Алекс Трајковски го потврди репрезентативно повлекување.

„Денес стојам пред вас со срце полно емоции… Од првиот ден кога го облеков дресот, знаев дека тоа не е само обврска – туку чест, гордост и одговорност која не може да се опише со зборови. Да ја претставуваш својата земја, својот народ, своето семејство… Тоа е нешто што се чувствува, не се објаснува. Секој повик во репрезентацијата за мене беше како прв. Истата возбуда, истата трема, истата желба да дадам сè од себе. Секој натпревар беше битка, секој гол – момент кој ќе го носам во срцето засекогаш. Но повеќе од сè, ќе ги паметам луѓетo,соиграчите кои станаа браќа, кои веруваа во мене и сите оние кои беа дел од ова патување.

Имаше и тешки моменти… Порази кои болеа, но и победи кои не учеа што значи вистинска радост. Во сите тие моменти, едно нешто никогаш не се промени – љубовта кон дресот и желбата да се даде максимумот за нашата земја. Сепак, во изминатиот период чувствувам дека мојот труд,и залагање не беа доволно вреднувани. Посебна благодарност до навивачите,вие бевте нашата сила кога беше најтешко, нашиот ветер во грб кога ни требаше најмногу.

Ова не е лесна одлука…Заминувањето боли, но истовремено носи и гордост. Гордост што имав чест да бидам дел од оваа репрезентација и да го носам овој дрес со срце. Репрезентацијата не е само тим – тоа е семејство..Ви благодарам на сите за довербата, подршката и љубовта низ сите овие години. Ви благодарам што ми дозволивте да го живеам мојот сон.

Со крената глава и полно срце… Се повлекувам..

Со почит…Александар Трајковски“


Зајков: Психолошката реакција ќе биде клучна против Ирска

Македонската репрезентација продолжува со подготовките за следниот предизвик, гостувањето кај Република Ирска на 31 март во Даблин. По поразот од Данска, фокусот во националниот тим е насочен кон анализа на противникот и подобрување на формата пред новиот дуел.

Дефанзивецот Ѓоко Зајков потенцира дека тимот извлекол поуки од претходниот натпревар и дека клучот ќе биде во менталната стабилност во текот на целиот меч.

„Данска е навистина квалитетен противник. Се боревме добро во првото полувреме и се обидовме да затвориме на сите позиции. За жал, во второто полувреме дојде до пад на концентрацијата и примивме гол.

По направената анализа, јасно е дека имаше неочекуван пад по првиот примен гол. Тоа е сегмент на кој мора да работиме, кога ќе примиме гол, да не паѓаме како екипа, туку да се издигнеме и да реагираме подобро.

Сега сме целосно фокусирани на Ирска. Не постојат пријателски натпревари, секој меч го играме на победа. Сакаме да се надигруваме со секого и да покажеме квалитет, како што сме знаеле и претходно.

Многу е важно и од психолошки аспект да одговориме по поразот од Данска. Со добар резултат можеме побрзо да го оставиме тој натпревар зад нас и да изгледаме подобро во следните предизвици и квалификации”.


Сабаленка доминантно го освои Мастерсот во Мајами

Арина Сабаленка го освои Мастерсот во Мајами и успеа да постигне еден од од најтешките подвизи во тенисот – Саншајн Дабл.

Белорусинката ги освои Индијан Велс и Мајами во рок од две недели, а загуби само два сета на двата турнира.

Со овој успех, Сабаленка стана петтата тенисерка во историјата со ваков подвиг. аа им се приклучи на Штефи Граф, Ким Клајстерс, Викторија Азаренка и Ига Швионтек.

Во финалето, во Мајами, Азаренка ја победи Гоф со 2-1 (6-2, 4-6, 6-4), за нешто повеќе од два часа игра.

Белорусинката доминираше во првиот сет, играше речиси без грешка, додека Американката не можеше да најде ритам.

Се чинеше дека мечот брзо ќе заврши, но во вториот сет се случи пресврт. Сабаленка пропушти неколку можности за брејк на 2:2 и 3:3, што Гоф го казни, буквално од никаде направи брејк, а потоа и го освои сетот.

Во решавачкиот сет, искуството пресуди.

Сабаленка веднаш направи брејк, го контролираше мечот и ја задржа предноста до самиот крај, а потоа стави крај на финалето со уште еден брејк и испиша историја.


Финалето на ЛШ ќе се игра во дневен термин

УЕФА донесе историска одлука и направи промена на терминот на одигрувањето на финалето во Лигата на шампионите. Почнувајќи од оваа година и финалето во Будимпешта финалето нема да почнува во 21 часот, туку во 18 часот по средноевропско време. Финалниот натпревар веќе неколку сезони се игра во сабота. Целта на одлуката е подобрување за навивачите, финалистите и градовите домаќини.

Навивачите кои патуваа на натпреварот со новиот термин ќе имаат и полесен пристап до јавниот превоз, по безбедно враќање, а за градовите домаќини се очекува да има поголемо економско влијание, ќе има повеќе време за славење и дружење по натпреварот.

Новиот термин е приспособен и за тв-преносот и секако можност и помладите гледачи да го следат финалниот натпревар.

Финалето на Лигата на шампионите е врв на фудбалската сезона, а новиот почеток ќе биде погоден за сите учесници. Терминот од 21 часот е погоден за натпревари кои се играат во работните денови, се вели во соопштението на УЕФА.


Почетино верува дека САД може да стане светски првак

Селекторот на фудбалската репрезентација на САД Марусио Покетино изјави дека неговите играчи можат да постигнат резултат, во кој никој не верува – да станат светски прваци.

-Зошто не ние? Мораме да веруваме дека можеме тоа да го оствариме. Мораме да сонуваме. Мораме да испратиме добра енергија и позитивни емоции до луѓето и тие да веруваат и да не поддржат, изјави Покетино на прес-конференција.

Тој пораката јавно ја објави на собирот на играчите во рамки на подготовките.

САД се наоѓаат во групата Д, а противници им се репрезентациите на Парагвај, Австралија и репрезентација од европскиот бараж.

Светското првенство ќе се одржи од 11.јуни до 19.јули.


Без Миовски, Атанасов и Трајковски во Даблин

Македонската фудбалска репрезентација денеска на тренинг центарот “Петар Милошевски” ги продолжува подготовките за гостувањето во Даблин, каде на 31. март ќе се соочи со Република Ирска.

Во пресрет на натпреварот, селекторот Гоце Седлоски се соочува со неколку предизвици, додека дел од одлуките околу почетниот состав од претходниот натпревар против Данска отворија и одредени реакции во тимот.

Коњаспор и кинески Далиан, клубовите на Енис Барди и Исник Алими, официјално побараа двајцата репрезентативци да бидат ослободени од репрезентативните обврски, но Барди и Алими имаат јасен став дека сакаат да останат и бидат дел од националниот тим и ќе конкурираат за настап на дуелот.

Од друга страна, напаѓачот Бојан Миовски, по барање на Глазгов Ренџерс, но и со согласност од самиот фудбалер, е ослободен од обврските и веќе ја напушти репрезентативната база.

Дополнителен хендикеп за стручниот штаб претставува и повредата (адуктор) на Јани Атанасов, кој по направените медицински прегледи (магнетна резонанца) нема да биде во можност да настапи на натпреварот во Даблин.

Седлоски се осврна и на ситуацијата со Александар Трајковски и Бојан Миовски по натпреварот со Данска, потенцирајќи дека одлуките биле донесени исклучиво врз основа на натпреварувачката форма и тактичките барања.

„Александар Трајковски не беше задоволен што не започна во првиот состав, но во овој момент сметам дека физички не е на нивото потребно за да одговори на барањата на ваков натпревар. Нашиот план беше, доколку има потреба, Трајковски да добие шанса во завршницата, но текот на натпреварот не го наложи тоа. Нема причина некој да се чувствува навреден. Слична беше ситуацијата и со Бојан Миовски, кој исто така не беше задоволен што не започна, но мора да се прифати дека во репрезентацијата има 23 фудбалери и никој нема загарантирано место во почетниот состав“, изјави Седлоски.


Гофин објави заминување во пензија од тенисот

Првиот белгиски тенисер во историјата кој влезе во АТП Топ 10 Давид Гофин објави денеска дека ќе ја заврши професионалната кариера на крајот од оваа сезона.

„Моето тело конечно го плати данокот на сите овие години тенис на највисоко. Повредата на коленото што ја претрпев минатата година одигра одлучувачка улога во мојата одлука да престанам“, порача 35-годишниот Гофин во видеопорака на социјалните мрежи.

Професионалец од 2009 година, Гофин го достигна својот врв во 2017 година кога беше рангиран на седмото место во светот. Истата година, играше во четвртфиналето на Вимблдон пред да има клучна улога во пласманот на Белгија во финалето на Дејвис купот, во кое загуби од Франција

Во својата кариера има освоено шест АТП титули и загуби девет финалиња.

„Му дадов сè на тенисот, а овој спорт ми даде многу повеќе отколку што некогаш сум се осмелил да замислам: натпревари, победи и порази, емоции, луѓе кои ме придружуваа низ целото ова патување. Тоа е она што ја прави мојата одлука толку тешка“, рече Гофин, кој во моментов е рангиран на 156 место на АТП ранг-листата.


Луис Енрике го одби Јунајтед за да остане во Париз

Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, ја отфрлил понудата да седне на клупата на Манчестер Јунајтед и ќе потпише нов договор со актуелниот европски првак, објави денеска лондонскиот весник „The i Paper“. Јунајтед наводно ја разгледувал можноста 55-годишниот шпански стратег да го преземе клубот од „Олд Трафорд“, но, според весникот, Енрике сака да остане во клубот од Париз.

Јунajтед во јануари му врачи отказ на Португалецот Аморим и за привремено решение на тренерското место го назначи Мајкл Карик, кој има договор до крајот на актуелната сезона.

На седум кола до крајот на премиерлигашката сезона, Манчестер јунајтед е третопласиран на табелата со 55 бодови.


Реал не го сака Родри, Шпанецот ќе остане во Сити

Плановите на Реал Мадрид за евентуален трансфер на Родри остануваат непроменет и шпанскиот фудбалски гигант, засега, нема намера да го ангажира играчот од средниот ред на Манчестер Сити, објави денеска весникот АС.

Шпанскиот репрезентативец претходно во интервју изјави дека не ја исклучува можноста за таков трансфер: „Фактот што играв за Атлетико не ме спречува да му се приклучам на Реал Мадрид. Не можете да ги одбиете најдобрите клубови во светот – и други го избраа овој пат.“, изјави 29-годишниот Родри.

Според АС, раководството на Реал Мадрид сè уште не го гледа Родри како опција за евентуално засилување на средниот ред, бидејќи клубот има други цели во летниот трансфер за оваа позиција. Родри има договор премиерлигашот со Манчестер Сити до лето 2027 година.