feature

Симеоне не мрда никаде, ќе го води Атлетико и догодина

Се шпекулираше дека Диего Симеоне би можел да го напушти Атлетико по 14 години, но тоа, барем засега, нема да се случи.

Аргентинскиот стратег е врзан со договор со клубот до летото 2027 година, а според шпански „АС“, тој ќе го одработи договорот.

На почетокот од оваа сезона имаше неколку тешкотии, бидејќи Атлетико многу брзо испадна од трката за титулата, но го надоместија тоа со пласман во финалето на Купот, каде што ќе играат против Реал Сосиедад, како и во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Истиот извор додава дека не е исклучено Атлетико да му понуди нов договор на Симеоне во текот на летото.

Интер се споменуваше како потенцијална дестинација за Симеоне, а ситуацијата ја следат и во Аргентина, која би сакала да го види како следен тренер.


Дејан Недев на ИТКФ карате семинар во Кипар

Каратист Дејан Недев во периодот од 27 до 30 март 2026 година ќе одржи ИТКФ карате семинар во Ларнака и Лимасол, Кипар, на покана на Кипарската федерација за традиционално карате.

На семинарот ќе учествуваат каратисти од Кипар, Грција и Турција, што претставува одлична можност за размена на знаење и искуства.

Во текот на семинарот ќе бидат демонстрирани: Кати, Кихон и Бункај, својствени за традиционалното карате. На крај од семинарот ќе се одржи и полагање за мајсторски појаси.


Вилсон: Подобри сме од Тиквеш, но тоа мораме да го докажеме на терен

Кошаркарите на Пелистер не дозволуваат слабата четврта четвртина од последниот дуел со ТФТ да ги исфрли од ритам, па „зелено-белите“ максимално мотивирани и фокусирани влегуваат во новиот предизвик – домашниот дуел со Тиквеш закажан за недела во 18:30 часот.

Пелистер сигурно ќе го заврши суперлигашкиот дел на третата позиција, но тренерот Даскаловски и неговите избраници се решени да стигнат до победи во последните две рунди за со уште поголема самодоверба да влезат во плејофот.
Центарот Ленгстон Вилсон. кој игра во одлична форма во последно време, верува во триумф над Тиквеш, но истовремено и предупредува дека кавадарчани се тим што не смее да биде потценет.

„Се наоѓаме во добар ритам и нема да дозволиме неуспехот со ТФТ да остави трага на наредните натпревари. Верувам дека сме подобар тим од Тиквеш, дека ќе стигнеме до победата, но исто така јасно ни е дека фаворитската улога мораме да ја оправдаме на терен. Тиквеш е тим со кој игравме и пријателски натпревари, добро го познаваме, имаме квалитетни странци во своите редови. Ќе пресуди дисциплината во нападот, мораме да се лимитираме на што помалку загубени топки. Исто така, одбраната мора да биде на високо ниво, да стигнеме до лесни поени од транзиција со што би си ја олесниле задачата на патот до триумфот“, вели Вилсон во пресрет на неделниот дуел со кавадаречкиот суперлигаш.

По овој дуел битолчани имаат уште едно гостување, кај Кожуф во Гевгелија.


Баер Леверкузен го потврди трансферот на Алајбеговиќ

Баер Леверкузен го потврди трансферот на Керим Алајбеговиќ, кој во летото 2025 година премина во Ред Бул Салцбург. Германскиот прволигаш ја искористи откупната клаузула договорена за репрезентативецот на Босна и Херцеговина.

Алајбеговиќ минатата година го напушти тимот до 19 години на Леверкузен и се пресели во Салцбург, а сега потпиша петгодишен договор со клубот од Леверкузен, кој ќе стапи на сила на 1 јули оваа година. Баер го купи за осум милиони евра.

Младиот 18-годишен играч на репрезентацијата на Босна и Херцеговина одигра одличен натпревар синоќа во Кардиф, асистираше за голот со кој Един Џеко го изедначи резултатот против Велс, а потоа во пенал-рулетот го реализираше последниот пенал. Не играше во почетниот состав, влезе од клупата во 62-та минута.


Виртус му врачи отказ на Душко Ивановиќ

Виртус од Болоња објави дека ја прекина соработката со тренерот Душко Ивановиќ. Исто така, клубот потврди дека со Ивановиќ заминал и неговиот помошник, Ненад Трајковиќ.

Ивановиќ го презеде Виртус во декември 2024 година.

Виртус ја заврши таа сезона на 17-то место во Евролигата, а исто така стана и шампион на Италија, по 17-ти пат во историјата.

Претходно, клубот од Болоња беше најдобар и во регуларната сезона.

Последниот натпревар на Ивановиќ на клупата на италијанскиот клуб беше против Армани во 33-то коло од Евролигата, во кое тимот од Милано убедливо славеше како домаќин.

Црногорецот како главен тренер ги водеше и Басконија, Црвена Звезда, Бешикташ, Химки, Панатинаикос, Барселона, Лимож и Фриборг.

Виртус моментално се наоѓа на 15-та позиција на табелата во Евролигата со учинок од 13 победи и 20 порази.


Јамајка и Боливија се избори за финале на интернационалниот плеј-оф

Репрезентациите на Јамајка и Боливија се на чекор до пласман на Светското првенство откако ноќеска постигнаа победи во полуфиналните дуели од интерконтиненталните баражи. Боливија во Гвадалупе го совлада Суринам со 2-1, иако противникот поведе со 1-0. Сепак со два гола за седум минути Боливија ја потврди фаворитската улога.

Во Запопан, Јамајка со голот постигнат во првиот дел ја совлада селекцијата на Нова Каледонија и се избори за уште еден натпревар.

Финалните дуели од интерконтиненталните баражи се играат на 31.март, а двојките се: ДР Конго – Јамајка (се игра во Запопан) и Боливија – Ирак (се игра во Гвадалупе).


Сабаленка се избори за финале во Мајами

Најдобрата светска тенисерка Арина Сабаленка успеа да се пласира во финалето на Мастерсот во Мајами откако во полуфиналето ја совлада шампионката на Австралија опен Елена Рибакина.

Таа во полуфиналето беше поуспешна со 2-0 во сетови (6-4 и 6-3). Ова е нов триумф за Сабаленка во меѓусебните дуели откако претходно ја победи и во финалето на Индијан Велс.

Сабаленка стана четвртата тенисерка од 2000 година која успеала да игра финале на првите четири турнири во тековната сезона.

Нејзина противничка во финалето ќе и биде Американката Коко Гоф, која беше убедлива во мечот против Каролина Мухова препуштајќи и само два гема 2:0 во сетови (6:1 и 6:1).

Финалниот меч ќе биде 13.ти меѓусебен дуел на Сабаленка и Гоф, а скорот е 6:6 во победи.


Карик нема да биде потврден, Јунајтед ќе добие нов менаџер

Времениот менаџер на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик, би можел да добие понуда само за краткорочен договор, објавија медиумите во Англија.

Челниците на тимот не брзаат да донесат конечна одлука иако нема многу слободни тренери на пазарот кои може да седнат на клупата на „Олд Трафорд“.

„Црвените ѓаволи“ сакаат да ангажираат стратег кој има искуство од Премиер лигата. Во моментов не се шпекулира со имиња.


Рафиња пак се повреди со репрезеентацијата, Барса на големи проблеми

Капитенот на Барселона, Рафиња, повторно се здоби со повреда на „задната ложа“, која веќе ја повреди двапати оваа сезона.
Рафиња го одигра првото полувреме во поразот од Бразил прптов Франција (1:2), во пријателски натпревар, почувствува болка во шеснаесетникот и веднаш побара промена.

Откако се врати на теренот, Рафиња е еден од најважните играчи во тимот на Ханси Флик, оваа сезона одигра 31 натпревар, постигна 19 гола и запиша осум асистенции.

Повредата на Рафиња дојде во најлошиот можен момент, бидејќи по паузата, Барселона игра дури три натпревари против Атлетико Мадрид, прво во Ла Лига, а потоа и двомечот од четвртфиналето во Лигата на шампионите


Фудбалски феномен: 78-годишниот Рој Хоџсон е нов тренер на Бристол Сити

Поранешниот менаџер на Кристал Палас, Рој Хоџсон

Во потег што го вчудовиди фудбалскиот свет и ги сруши сите предрасуди за возраста, Рој Хоџсон официјално се враќа покрај аут-линијата. На 78-годишна возраст, поранешниот англиски селектор потпиша договор со Бристол Сити, преземајќи ја функцијата шеф на стручниот штаб до крајот на сезоната.

Ова не е само обично назначување, ова е момент во кој се затвора еден голем круг за човекот чие име е врежано во историјата на европското тренерство. Хоџсон се враќа на Ештон Гејт по цели 44 години. Неговиот прв ангажман во клубот датира од 1982 година, период на длабока финансиска криза, но неговото денешно враќање е проследено со почит каква што заслужува само вистинска икона.

Тајмингот на овој ангажман е речиси поетски. Оваа година се навршуваат точно 50 години откако Хоџсон ја започна својата менаџерска кариера во шведскиот Халмштад во 1976 година. Од тој историски подвиг, кога тим пред испаѓање го однесе до шампионската титула, Рој го прокрстари светот: од гигантот Интер и англиската репрезентација, па сè до исцрпувачките битки за опстанок во Премиер лигата. Со прифаќањето на овој предизвик, тој продолжува приказна која опфаќа пет децении, со што станува една од најдолговечните фигури во историјата на овој спорт.

Задачата е јасна: да му помогне на Бристол Сити да помине низ финишот на сезоната во Чемпионшип. Договорот, финализиран денеска, го носи Хоџсон на клупата со итна задача, да му ја врати самодовербата на тимот додека раководството бара долгорочно решение. Неговото присуство на теренот е само уште еден доказ дека во фудбалот класата е вечна, а годините се само бројка за оние со легендарен дух.