feature

Сити фаворит за потписот на Ману Коне

Манчестер Сити би можел да се вклучи во трката за фудбалерот на Рома, Ману Коне, откако Манчестер Јунајтед се откажа од трансферот поради цена од околу 60 милиони евра.

Во текот на летото, Коне значително ја зголеми цената со одличните игри во Серија А, но и со настапите за Франција на Светското првенство, каде што беше едно од најголемите откритија.

Интер и Манчестер Јунајтед покажаа интерес, но во меѓувреме се повлекоа поради високата цена што ја одреди Рома.

Според „Мејл Спорт“, во Манчестер Сити биле согласни дека Коне би бил одлична замена за Тижани Рајндерс, кој беше продаден на Саудиска Ал Кадисија, за 61 милион евра.

Рома е свесна дека мора да генерира приходи од продажба за да финансира нови засилувања, особено на позиции каде што тренерот нема доволно алтернативи.

Во исто време, Манчестер Сити наводно е подготвен да ги продаде Омар Мармуш и Савињо во Тотенхем за вкупно 150 милиони евра, што дополнително би отворило простор за нови трансфери.


Еуфорија во Равена, пристигна Роналдињо

Легендарниот Роналдињо пристигна во Италија, каде што ќе биде официјално претставен како нов член на Равена, клуб кој се натпреварува во третата италијанска лига.

Бразилската фудбалска икона слета на аеродромот во Форли, во регионот Емилија-Ромања, каде што беше пречекан пред официјалната презентација на неговиот нов ангажман.

Она што го прави овој потег особено интересен е фактот што Роналдињо има 46 години и последниот официјален натпревар го одигра уште во 2015 година, во дресот на Флуминензе. Сега, 11 години подоцна, легендарниот Бразилец повторно ќе биде дел од професионалниот фудбал.

Неговото враќање, сепак, нема да биде класичен трансфер. Роналдињо е дел и од сопственичката структура на Равена, а неговото ангажирање е дел од поширок проект за промоција и финансиско зајакнување на клубот.

Од Равена потврдија дека Бразилецот ќе одигра најмалку еден официјален натпревар во текот на сезоната. Целта е симболична – Роналдињо сака својата кариера да ја заврши со уште еден гол во официјален натпревар.


Србија ја надигра Франција во пријателски меч во Белград

Кошаркарската репрезентација на Србија оствари голема победа над Франција со 90:87 во првиот од двата пријателски натпревари меѓу овие две селекции. Пред преполните трибини во Белградската арена, избраниците на Душан Алимпијевиќ одиграа одличен натпревар и на крајот успеаја да го издржат налетот на Французите.

Во центарот на вниманието очекувано беа Никола Јокиќ и Виктор Вембањама, а дуелот на двете големи НБА ѕвезди дополнително придонесе за спектакуларната атмосфера во салата.

Србија подобро го започна мечот и по првата четвртина имаше предност од 22:19. Франција одговори во вториот период, па на полувремето резултатот беше 46:45 за домашната селекција.

Клучната предност Србија ја направи во третата четвртина. Домашните кошаркари го засилија темпото, ја подобрија играта во одбраната и стигнаа до двоцифрена предност пред последните десет минути.


Капитално засилување за Ипсвич: Доаѓа Габриел Жесус

Бразилскиот фудбалер Габриел Жезус ќе го напушти шампионот Арсенал и во новата сезона ќе настапува во Ипсвич. На тој начин ја завршува својата кариера, без многу натпревари и минути во дресот на Арсенал, но сепак со шампионска титула.

Трансферот во Ипсвич ќе треба да биде реализиран следната недела.

Жезус имаше и преговори со Наполи каде требаше да биде замена на Ромелу Лукаку, но сепак се реши да остане во Англија и во Премиер лигата.

Инаку, во редовите на Арсенал мина четири сезони од 2022 година, а дојде од Манчестер Сити и не успеа да наметне како стартер во тимот на Микел Артета.


Фенер се вклучува во трката по Ељиф Елмас

Ni Napoli 14/01/2026 – campionato di calcio serie A / Napoli-Parma / foto Nicola Ianuale/iImage Sport nella foto: Eljif Elmas

И додека чека трансфер во нов клуб, и натаму продолжуваат шпекулациите за иднината на Елиф Елмас. Јасно е дека за македонскиот репрезентативец нема место во Лајпциг, и дека ќе си замине од германскиот тим, но нејасно е каде ќе ја продолжи кариерата.

Јувентус, Астон Вила, Бешикташ… Се само дел од екипите кои се појавија на списокот заинтересирани за услугите на играчот од средниот ред. Но, сега има една доста интересна варијанта.

Според познатиот турски фудбалски аналитичар Ердал Вахид, Елмас силно сака да се врати во старото јато – во Фенербахче.

Останува нејасно само дали и турскиот клуб го сака истото, и дали ќе почне преговори за негов ангажман ова лето.

Елмас беше дел од Фенербахче од 2017 до 2019 година, од каде потоа замина во Наполи, па во Лајпциг, од каде мина на позајмици во Торино и во Наполи. Ова лето се врати во германскиот тим, но повторно ќе бара нова средина. За него враќање во Фенербахче би можело да биде реална опција, доколку се остварат најавите од Турција.


Верстапен го продолжи договорот со Ред Бул до 2030 година

Верстапен го продолжи договорот со Ред Бул до 2030 година

Формула 1 тимот Ред Бул објави продолжување на договорот со својот возач Макс Верстапен. Новиот договор важи до 2030 година. Претходниот договор на Холанѓанецот требаше да истече во 2028 година.

Претходно се шпекулираше дека Верстапен размислува да го напушти Ред Бул и да продолжи кариера во друг тим, а медиумите првенствено ги наведуваа Мерцедес и Мекларен како опции.

Верстапен вози за Ред Бул од 2016 година. Дваесет и осумгодишниот тркач е четирикратен шампион во Формула 1.

По 11 трки од шампионатот во Формула 1 во 2026 година, Верстапен е шести во генералниот пласман. (


Мурињо: Не би го потпишал Ламин Јамал за Реал

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, изјави дека не би го потпишал напаѓачот на Барселона, Ламин Јамал.

„Не би го донел Јамал во Реал. Тој е одличен фудбалер, нема сомнение за тоа. Има огромен потенцијал да се подобри. Различен е, но… Имаме одличен состав, а јас немам потреба никој друг да го додадам во мојот тим… Моите играчи се најдобри. Барселона на Флик? Ми се допаѓа. Тие работат многу добро со Деко и имаат многу добри играчи“, изјави Мурињо за „Ел Чирингито ТВ“.

Деветнаесетгодишниот Јамал е производ на младинската школа на Барселона. Неговиот тековен договор е до 2031 година. „Трансфермаркт“ ја проценува неговата вредност на 220 милиони евра.

Во официјалните натпревари за главниот тим на каталонскиот клуб, Јамал одигра 151 натпревар, постигнува 49 гола и 52 асистенции.


Македонија со европско сребро, Ана Бергер со злато – параглајдеристите испишаа историја во Крушево

Македонија е европски вицешампион во параглајдинг, а Ана Бергер е новата европска шампионка во женска конкуренција. На домашен терен, пред публиката во Крушево, македонската параглајдинг репрезентација стигна до историскиот успех – сребро во екипна конкуренција, додека Бергер го освои европскиот врв во поединечна женска конкуренција.

Европското првенство во параглајдинг се одржа од 8 до 19 август во Крушево, со учество на 130 пилоти од 30 земји. Словенија го освои златниот медал во екипна конкуренција, Македонија заврши на второто место, додека бронзата ѝ припадна на Шпанија.

Македонија го започна првенството од деветтото место, но со секоја нова трка постепено напредуваше на табелата. На седмиот натпреварувачки ден тимот се искачи на третата позиција, а клучниот чекор кон среброто беше направен на 18 август, кога македонските пилоти успеаја да ја надлетаат Шпанија и да се искачат на второто место.

Преостануваше уште само последниот натпреварувачки ден – и Македонија ја одбрани позицијата и го освои европското сребро.

Во текот на првенството беа одлетани девет трки, долги од 68 до 104 километри. Секој од пилотите прелета вкупно 813 километри и помина повеќе од 35 часа во воздух во деветте натпреварувачки дена.

Дарко Станковски леташе без грешка во сите девет трки и постојано носеше одлични поени за тимскиот резултат. Мартин Јованоски, пак, во седум трки освои исклучително важни поени за македонскиот тим.

На најдолгата трка на првенството, долга 104 километри, Јованоски не успеа да стигне до целта, но тогаш до израз дојде квалитетот и широчината на македонскиот тим. На сцената стапи Ѓорги Ристовски, кој со феноменален лет го спаси тимскиот резултат.

Важен дел од успехот беше и Ана Бергер, која со дисциплинираното и константно летање постојано беше во позиција да ги покрие евентуалните грешки на тимските колеги кои се бореа за највисоките позиции.


Лејкерси ќе се подготвуваат на Балканот

Речиси целиот состав на Лејкерси отпатува во Словенија на тренинг камп кој ќе се одржи од 20 до 24 август. Настанот го организира лидерот на тимот, Лука Дончиќ.

16 од 17 играчи на „езерџиите“ полетаа за Љубљана со приватен авион изнајмен од Дончиќ. Toa можеше да се види на објавените фотографии.

Големата НБА ѕвезда во целата програма обезбедил торби со сувенири, вечера во еден од неговите омилени ресторани, риболов на Бледското езеро, голф и други заеднички активности.


Извлечени двојките од првото коло на Купот на Македонија

Утврден е распоредот и натпреварувачките парови од 1/16-финалето на Купот на Македонија за сезоната 2026/27, согласно пласманот на екипите во натпреварувачката сезона 2025/26. Во оваа фаза ќе се одиграат 15 натпревари, додека Силекс, како освојувач на Купот на Македонија за сезоната 2025/26, е слободен во 1/16-финалето и директно ќе настапи во 1/8-финалето.

ПАРОВИ – 1/16-ФИНАЛЕ:

Овче Поле Свети Николе – Вардар

Победа Валандово – Струга Трим Лум

Крошу Спорт Битола – Тиквеш 1930

Могила 2023 – Аресими 1973

БВК Коњари – Башкими 1947

Студеничани – Пелистер

Венец Неготино – АП Брера Струмица

Влазними Јуниор – Македонија ЃП 1932

Вардар Неготино – Работнички

Каменица Саса – Шкупи 1927

Тетекс 1953 – Брегалница 2008

Кожуф Гевгелија – Скопје

Детонит Плачковица – Шкендија 77 Арачиново

Новаци 2005 – Охрид Лихнидос

Осогово – Беласица

Слободен во 1/16-финалето: Силекс

Натпреварите од 1/16-финалето ќе се одиграат на 1 или 2 септември 2026 година. Исклучок се натпреварите Крошу Спорт Битола – Тиквеш и Могила – Аресими, кои ќе се одиграат на 24 септември, поради учеството на селекција од Битола на квалификациите за УЕФА Регионалниот куп во Босна и Херцеговина.

Екипите домаќини ќе можат натпреварите да ги организираат на стадиони кои се одобрени најмалку за одигрување натпревари од Втора МФЛ.

Согласно Пропозициите за Куп натпреварувањето на ФФМ за сезоната 2026/27, до финалето на Купот на Македонија ќе се игра само еден натпревар, односно нема да има реванш-средби. Доколку натпреварот заврши со нерешен резултат по истекот на регуларните 90 минути, веднаш ќе се пристапи кон изведување пенали, сè до добивање победник.

Ждрепката за 1/8-финалето на Купот на Македонија ќе биде извршена согласно Пропозициите за Куп натпреварувањето за сезоната 2026/27.