feature

Чаби Алонсо официјално ќе го наследи Анчелоти во Реал

Реал Мадрид доби нов тренер, Чаби Алонсо се враќа на „Сантијаго Бернабеу“, овојпат како стратег на кралскиот клуб.

Шпанскиот тренер официјално е именуван за наследник на Карло Анчелоти, откако со Баер Леверкузен имаше блескава сезона и ги освои титулите во Бундеслигата, Купот и Суперкупот на Германија.

Алонсо и минатото лето беше мета на големи клубови Ливерпул и Баерн силно го посакуваа, но тој реши да остане уште една сезона со Леверкузен. Сега, кога Спортинг го презеде Слот, а Баерн му верува на Компани, Реал ги заврши преговорите и го донесе Алонсо пред Мундијалот за клубови.

„Чаби Алонсо ќе биде тренер на Реал Мадрид во следните три сезони – од 1 јуни 2025 до 30 јуни 2028“, соопшти клубот. Презентацијата е закажана за утре во 12:30 часот по средноевропско време во „Сиудад Реал Мадрид“.


Ферарито на Шумахер продадено за 16 милиони евра

Ферарито со кое Михаел Шумахер ја освои Големата награда на Монако во 2001 година беше продадено за 15,98 милиони евра на аукција во Монте Карло.

Легендарниот Германец се тркаше во него и на Големата награда на Унгарија, каде што исто така победи таа година и ја освои четвртата од своите седум светски титули.

Автомобилот беше понуден на аукција во „Сотеби“ пред да квалификациите за овогодинешното Гран При на Монако.

Болидот од 2001 година е четвртиот најскап продаден автомобил од Ф1.

Светскиот рекорд беше поставен во февруари кога „стримлајнерот“ на Мерцедес во кој се тркаа Стирлинг Мос и Хуан Мануел Фанџо беше продаден за 50,87 милиони евра.

Ова е најскапиот автомобил продаден на аукција што го возел Шумахер, а претходниот рекорд го држеше неговиот Ф2003 од 2002 година, кој достигна цена од 11,60 милиони евра.


Гарначо и Аморим не се „мирисаат“, Аргентинецот заминува од Манчестер

Оваа сезона на “Олд Трафорд” ќе се памети како една од најнесреќните во историјата на клубот, и покрај финалето на Лига Европа. Има многу незадоволни, а прв на таа листа изгледа е Алехандро Гарначо.

Аргентинскиот напаѓач беше исклучително гневен по поразот на Јунајтед од Тотенхем во финалето на Лига Европа кога доби само 20 минути на терен. Токму тоа е причината зошто Гарначо сака да ја смени средината.

Гарначо и пред овој меч имаше одредена доза незадоволство, а одлуката на Аморим да го вклучи Маунт во стартната постава наместо него само дополнително го налути. Сега Аргентинецот бара излез од клубот.

Гарначо одигра 36 натпревари во Премиер лигата, постигна шест гола и додаде две асистенции, но често започнуваше на клупата или беше заменуван како стартер. Тоа е најголемиот проблем за него, бидејќи сака сигурно место во стартниот состав.

Веќе во претходната зима се зборуваше дека Гарначо може да го напушти „Олд Трафорд“, се споменуваше Челси, но тогаш тој трансфер не се реализираше. Можеби овој пат…


Позната најдобрата петорка во НБА лигата за сезоната 24/25

НБА лигата ги избра најдобрите петорки за сезоната 2024/25. Четворица играчи добија максимален број на гласови од стручното жири за вклучување во идеалната петорка, меѓу нив и Никола Јокиќ, српскиот центар на Денвер Нагетс и кандидат за својата четврта титула за најкорисен играч.

Максималниот број гласови од жирито го доби и Шај Гилџис-Александер (Оклахома Сити Тандер), најдобриот стрелец на НБА лигата во тековната сезона (32.7 поени во просек) .

По 100 поени во гласањето добија и Јанис Антетокунмпо (Милвоки Бакс) и Џејсон Тејтум (Бостон Селтикс).

Сите четворица повеќепати биле избрани во најдобрите петорки на НБА лигата. За првпат е вклучен во неа и Донован Мичел (Кливленд Кавалирс).


Брозовиќ ја напушта Саудиска Арабија и се враќа во Интер

Искусниот хрватски фудбалер Марсело Брозовиќ најверојатно ова лето ќе ги напушти редовите на Ал Наср и по две сезони во шампионатот на Саудиска Арабија ќе се врати во Европа.

Оваа вест ја објави италијанскиот новинар Николо Шира, истакнувајќи дека Ал Наср нема да му пречи во враќањето на стариот континент, и покрај тоа што има важечки договор до летото 2026 година.

Поранешниот репрезентативец на Хрватска, кој во ноември ќе наполни 33 години, би можел да изведе својот последна танц во европскиот фудбал, а некои фанови на Интер веќе сонуваат за негово враќање на „Џузепе Меаца“.

Брозовиќ помина речиси една деценија во редовите на миланскиот гигант, напуштајќи го клубот по поразот во финалето на Лигата на шампионите од Манчестер Сити во јуни 2023 година.


САД прв финалист на Светското првенство во хокеј на мраз

Репрезентацијата на САД попладнево ја победи Шведска во полуфиналето на Светското првенство со 6-2. Натпреварот се одигра во Стокхолм.

Головите за Американците ги постигнаа Брејди Ши, Катер Готје, Мајкл Ајсимон, Џексон Лакомб, Конор Гарланд и Шејн Пинто, кој имаше и две асистенции.

Вилијам Ниландер и Елиас Линдхолм ги постигнаа головите за Швеѓаните.

Репрезентацијата на САД стигна до финалето на Светското првенство за прв пат од 1960 година.

Американците во финалето ќе играат против победникот од натпреварот Швајцарија – Данска (почеток 18:20 за трофејот на Светското првенство во 2025 година, додека Шведска ќе се соочи со поразената селекција во натпреварот за бронзениот медал. И двата натпревари ќе се играат на 25 мај.


Баптиста се врати како тренер во Реал Мадрид

„Марка“ објави дека раководството на Реал (М) дало зелено светло за ангажирање на Жулио Баптиста како тренер и тој ќе работи во некоја од категориите во младинската академија на шпанскиот клуб.

Популарниот „Ѕвер“ своевремено дојде во Реал како напаѓач во 2005 година и за него на Севилја и беа платени 20 милиони евра, a остана на „Бернабеу“ до 2008 година.

Според „Марка“, иако не помина многу години во Реал, тој со својот однос и начинот на кој се раздели со мадридскиот состав си оставил отворена врата и останал во одлични односи со менаџментот.


Де Брујне се согласил на трансфер во Наполи

Кевин Де Брујне, попладнево ќе го одигра последниот натпревар за Манчестер сити, а потоа ќе го напушти клубот чии дрес го носеше цела деценија. Сити гостува кај Фулам, со победа ќе заврши на третото место со пласман во Лигата на шампионите.

Светските медиуми објавија дека Де Брујне, кариерата ќе ја продолжи во Наполи. Клубот од југот на Италија, во петокот ја освои четвртата титула во клупската историја.

Фабрицио Романо, објави дека преговорите меѓу Де Брујне и претставниците на Наполи траеле цела ноќ.

Нивната последна понуда за Де Брујне е тригодишен договор, а дури е познато и колку ќе заработува Белгиецот во новиот клуб.

Во првите две сезони, Де Брујне ќе има плата од шест евра годишно, а во третата сезона ќе има пет евра, а ќе добие и бонус за потпис на договорот.


Ѓоковиќ ја освои стотата титула во кариерата

Тенисерот Новак Ѓоковиќ ги искажа своите впечатоци од финалниот меч на турнирот во Женева по освоената 100-та титула во кариерата.

Новак Ѓоковиќ го победи Хуберт Хуркач со 5-7, 7-6, 7-6 и повторно покажа зошто е најдобар досега.

„Морав да работам за ова. Имав шанси во првиот сет, направив двојна грешка на сет топка. Мечот можеше да оди и на друга страна. Не знам како направив брејк, можно е и тој да ми го подари. Неколку поени го одлучија победникот, но тоа се случува на вакво ниво. Прекрасна атмосфера, полн стадион, одличен меч, ми е драго што ја освоив стотата титула“, изјави Новак Ѓоковиќ.


Британецот Кларк е победник на Македонија Опен 2025

26-годишниот Британец Џеј Кларк е победник на годинашново издание на АТП Челинџер 75 тунриот Македонија Опен откако во финалето кое траеше 84 минути го победи квалификантот Нермин Фатиќ од Босна и Херцеговина со 2-0 (6-2, 6-3). За триумфот на тунирот тој освои 75 поени и 1920 евра, додека Фатиќ освои 44 поени и 7.620 евра.