feature

Дибала уште месецов се сели во Челзи?

Пауло Дибала во зимскиот преоден рок би можел да го засили Челзи.

Италијанските медиуми пренесуваат дека лондонскиот клуб е заинтересиран да го доведе Аргентинецот кој во својот договор има клазула од 12 милиони евра која не важи само за клубовите од Серија А.

Дибала во Рома пристигна како слободен играч, па така побара во неговиот договор да има клазула која лесно ќе може некој клуб да ја плати. Клазулата важи до 15-ти јануари, па така Челзи ако е навистина заинтересиран нема многу време.

Маурисио Покетино има пролбеми во нападот, Николас Џексон и Армандо Броја не се на потребното ниво, додека Кристофер Нкуку повторно е повреден и ќе паузира три месеци.

Дибала би можел да биде решение, иако не е класичен напаѓач. За Рома во досегашниот дел од сезоната постигна шест голови и додаде исто толку асистенции на 17 натпревари во сите натпреварувања.


Швајцарецот Шер го продолжи договорот со Њукасл

Њукасл го продолжи договорот со централниот дефанзивец на тимот Фабијан Шер. Двете страни се договорија да соработуваат до крајот на сезоната 2024/2025.

„Во овој тим се чувствувам како дома. Се чувствувам многу удобно да живеам во Њукасл, го сакам овој град. Сакам да играм за клубот и да им носам радост на нашите неверојатни навивачи. Не можам да опишам со зборови колку ги сакам и колку ми значи нивната поддршка“, изјави Шер за прес-службата на Њукасл.

Шер игра за англискиот клуб од 2018 година. Оваа сезона, дефанзивецот одигра 28 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна еден гол. Претходниот договор на играчот со сегашниот клуб важеше до крајот на јуни 2024 година. Проценетата цена на фудбалерот, според интернет порталот Трансфермаркт, е 10 милиони евра.

Претходно се дозна за можниот трансфер на играчот од средниот ред на Њукасл, Бруно Гимараеш во ПСЖ.


Њукасл ќе испрати понуда за Рафиња од Барселона

Англискиот состав Њукасл може да испрати понуда за играчот на Барселона, Рафиња, откако Каталонците најавија дека сакаат да се ослободат од 27-годишниот репрезентативец на „кариоките“.

Рафиња кој беше купен од Лидс во 2022 година за големи 58 милиони евра, за шпанскиот состав одигра 69 натпревари со ефект од 14 голови и 19 асистенции.

Во исто време се појавија шпекулации дека Рафиња е интересен и за екипите од Саудиска Арабија.


Наградна игра ЕДНА КО НИЕДНА

Правила за приредување на наградна игра

Член 1

Назив и седиште на трговското друштво

Приредувачот на Наградната игра е Друштво за производство, трговија и услуги КЛУБ СПОРТ 77 увоз-извоз ДОО  Битола, со седиште на ул. Даме Груев бр.70, 7000 Битола, Македонија со ЕМБС: 6462278 (во понатамошниот текст:,,Приредувачот’’).

Член 2

Цел на Наградната игра

Наградната игра се организира и спроведува со цел рекламирање на услугите кои ги врши Приредувачот,, КЛУБ СПОРТ 77 ДОО Битола’’.

Член 3

Име, опис, податоци за наградите и времетраење на Наградната игра

Официјално име на наградната игра е ЕДНА КО НИЕДНА!.

ЕДНА КО НИЕДНА! е наградна игра со која на учесниците кои ги исполнуваат подолу наведените услови им се доделуваат 3 награди и тоа:

1.ПРВА НАГРАДА парична награда во висина од 300.000,00 ден;

2.ВТОРА НАГРАДА парична награда во висина од од 200.000,00 ден;

3.ТРЕТА НАГРАДА парична награда во висина од 100.000,00 ден.

Наградната игра започнува на 10.01.2024 година од 00.00 часот, а ќе трае заклучно со 10.02.2024 година до 23:59 часот, при што последниот одигран пар на тикетот мора да биде со решен статус (последниот одигран пар на тикетот мора да биде завршен) до 10.02.2024 година до 23:59 часот;

Член 4

Место на спроведување, учество и услови за учество на наградната игра

Наградната игра се спроведува на територијата на Република Северна Македонија во сите уплатни места (Подружници) на Приредувачот КЛУБ СПОРТ 77 ДОО БИТОЛА кои го носат називот ЕВРО ТИП.

Учесникот на наградната игра треба да ги исполнува следниве услови:

Да е полнолетно лице  (македонски државјанин) кој со себе носи валиден документ за идентификација и утврдување на полнолетноста и кој се придржува на официјалните правила на игри на среќа кај организаторот.

За учество во наградната игра учесникот мора да поседува клуб картичка.

За учество во наградната игра се сметаат тикети уплатени и евидентирани на клуб картичка.

Последниот одигран пар на тикетот мора да биде со решен статус (последниот одигран пар на тикетот мора да биде завршен) до 10.02.2024 до 23:59 часот;

За наградната игра важат и парови одиграни на игри во живо;

За наградната игра важат и парови одиграни од Екстра тип;

Системски тикети не влегуваат во наградната игра;

Се забранува учество во Наградната игра на сите лица кои се вработени кај Приредувачот и на членовите на нивното потесно семејство.

Член 5

Утврдување на добитниците на награди

Утврдувањето на добитниците на наградите  ќе се спроведи на начин што организаторот објавува листа на играчи на игри на среќа во обложувалница кои оствариле недобитни тикети со погоден највисок коефициент со еден промашен пар сметајќи го вкупниот коефициент без коефициентот на промашениот пар.

Утврдувањето на добитниците ќе се одржи на ден 11.02.2024 во 12:00ч во административните простории на КЛУБ СПОРТ 77 ДОО Битола на ул.Бул 1-ви мај бр.344.

Утврдувањето на добитниците го врши комисија во состав од 3 члена од вработените лица кај организаторот.

За изборот на комисијата се составува записник.

– Добитник на наградата – парична награда во висина од 300.000,00 денари е оној играч на игри на среќа кој погодил најголем коефициент на недобитен тикет со само еден промашен пар на тикетот, односно најголем вкупен коефициент на тикетот сметајќи без промашениот пар;

– Добитник на наградата – парична награда во висина од 200.000,00 денари е оној играч на игри на среќа кој погодил втор најголем коефициент на недобитен тикет со само еден промашен пар на тикетот, односно втор најголем вкупен коефициент на тикетот сметајќи без промашениот пар;

– Добитник на наградата – парична награда во висина од 100.000,00 денари е оној играч на игри на среќа кој погодил трет најголем коефициент на недобитен тикет со само еден промашен пар на тикетот, односно трет најголем вкупен коефициент на тикетот сметајќи без промашениот пар;

Во случај на два или повеќе тикети со ист погоден коефициент, за добитен тикет се смета оној кој е уплатен прв;

Во случај на два или повеќе идентични тикети во наградната игра учествува само тикет кој е уплатен прв според времето на уплата.

Учество на наградната игра може да има секој полнолетен играч кој се придржува на основните правила на игри на среќа во обложувалница  на КЛУБ СПОРТ 77 ДОО БИТОЛА.

Член 6

Објавување резултати

Тековните потенцијални и крајни добитници ќе бидат навремено и транспарентно системски прикажани на Веб страната на приредувачот Евротип www.evrotip.mk по пат на системски софтвер на претходно проверени тикети со гаранција за погодениот коефициент, на социјалните мрежи, како и на огласна табла во сите уплатни места (подружници).

Резултатите од наградната игра ќе бидат објавени најдоцна 3 часа по утврдувањето на, односно на  11.02.2024 во 12:00ч

Член 7

Начини и рок на остварување на добивките

Добивките односно наградите ќе му бидат исплатени на добитниците во рок не подолг од 5 работни дена од  денот на утврдувањето, на нивните сопствени трансакциони сметки.

Член 8

Право на приговор

Секој учесник во наградната игра има право да поднесе приговор до Приредувачот во рок од 3 дена од денот на објавувањето на резултатите (ранг листа на тикети со највисоки коефициенти со еден промашен пар) од Наградната игра, а Приредувачот ќе одговори по приговорот во рок од 2 дена од денот на неговиот прием.

Приговорите се доставуваат во затворен коверт со назнака: ,,Приговор за Наградната игра „ЕДНА КО НИЕДНА!” и истиот треба (може)да биде доставен во било кое уплатно место (подружница) или по пошта со препорачана пратка на адреса на седиштето на Приредувачот, ул.Даме Груев бр.70 7000 Битола-Македонија.

Член 9

Запознавање на учесниците со правилата на игра

Наградната игра задолжително ќе се рекламира во секој од наведените уплатни места (подружници) каде што и се организира и спроведува.

Покрај ова организаторот може да  ја рекламира наградната игра и на други прикладни места, на рекламни паноа (Билборди), во медиумите, по избор на организаторот.

Правилата на наградната игра ЕДНА КО НИЕДНА! ќе бидат објавени на ВЕБ страната на КЛУБ СПОРТ 77 – www.evrotip.mk, во просториите на сите уплатни места (подружници) каде што и се организира и спроведува истата како и во едно од средствата за јавно информирање, пред почетокот на наградната игра, а по добивањето согласност од Министерството за финансии на Република Северна Македонија.

Член 10

Одговорност

Добивките на наградната игра ќе бидат обезбедени од Приредувачот на наградната игра (ДПТУ КЛУБ СПОРТ 77 ДОО Битола).

Приредувачот ќе биде одговорен за целосна реализација и исплата на наградите.

Со исплатата на наградите, престануваат сите обврски на Приредувачот на наградната игра спрема добитниците.

Резултатите од  наградната игра ЕДНА КО НИЕДНА! ќе бидат објавени на ВЕБ страната на КЛУБ СПОРТ 77 – www.evrotip.mk, во просториите на сите уплатни места (подружници) каде што се организира и спроведува истата како и во едно од средствата за јавно информирање, по завршувањето на истата.

Член 11

Откажување на наградната игра

Наградната игра може да биде откажана во случај на виша сила, само со поднесување на образложено барањедо Министерство за финансии и по добивање на одобрение од Министерството за финансии.

Приредувачот за тоа треба да ги информира учесниците преку медиумите.

Член 12

Евентуални спорови

Во случај на евентуални спорови помеѓу Приредувачот и учесниците надлежен  ќе биде  Основен суд Битола.


Аргентинецот Вилдоза мора на операција на коленото

BASKET LEAGUE / ΠΑΝΑΘΗΝΑΪΚΟΣ – ΛΑΥΡΙΟ (ΧΟΥΖΟΥΡΗΣ ΜΑΡΚΟΣ / EUROKINISSI)

Кошаркарот на Панатинаикос, Лука Вилдоза ќе мора да го оперира коленото на левата нога. Аргентинец тешко се повреди на натпреварот од грчкиот шампионат против Перистери, објави клубот од Атина на својата официјална веб-страница.

Вилдоза го скинал надворешниот дел од менискусот на левата нога. Како што соопштија од грчкиот клуб тој во вторник ќе биде опериран.

Од клубот не соопштија колку долго Аргентинецот ќе мора да паузира, но првите претпоставки на грчките медиуми се дека Вилдоза ќе биде надвор од терените најмалку два месеци.

Вилдоза во Евролигата има просек од 6,8 поени, 1,7 скока и 1,7 асистенции на 18 натпревари, а во грчката лига на 11 натпревари има просек од 8,5 поени, 1,4 скока и 2,8 асистенции.


Тодор Тодоровски потпиша за Поли Јаши од Романија

Тодор Тодороски, 24-годишниот македонски репрезентативец кој игра на позицијата десен бек, ќе има нов клуб во својата кариера.

Станува збор за романската екипа на Поли Јаши, која моментно е на 14 позиција со 23 бодови. Оваа информација ексклузивно ја пренесува романскиот портал „digisport.ro“, Тодороски потпиша договор на две години со Поли Јаши.

Сезонава имаше само пет настапи во најсилното унгарско фудбалско првенство во дресот на Залаегерсег.

На клупски план беше дел и од скопски Металург, Вардар, Осиек, Шибеник, Раднички Ниш, Серед и Сумгајит.

За најдобрата македонска репрезентација од 2021 година има до сега шест настапи.


Тренерот на Сао Паоло е нов селектор на Бразил

Доривал Јуниор е новиот селектор на Бразил, потврди Сао Паоло, клубот со кој искусниот стручњак го раскина договорот.

Нашиот клуб го најавува заминувањето на тренерот Доривал Јуниор, кој побара раскин на договорот за да ја преземе бразилската репрезентација“, беше објавено на сајтот на Сао Паоло. Се очекува официјално соопштение од бразилскиот фудбалски сојуз и објавување на деталите од договорот, кој според медиумите ќе биде потпишан до летото 2026 година.

ФС Бразил го отпушти Фердинанд Диниз поради лошите резултати на тимот во претходните месеци.

По шест одиграни кола во квалификациите за Светското првенство, Бразил освои само седум бода и е на шестото место, последно кое гарантира директна виза за СП во 2026 година.

Доривал Јуниор во својата богата тренерска кариера ги предводеше речиси сите бразилски гиганти – Фламенго, Палмеирас, Сантос, Флуминенсе, Васко де Гама, Крузеиро, Интернационал…


Пекелер замина во репрезентативна пензија

Кружниот напаѓач на Кил, Хендрик Пекелер, официјално ќе стави крај на репрезентативната кариера.

Пекелер нема да игра на претстојното Европско првенство, а ќе се збогува со бундес тимот на вториот пријателски натпревар со Португалија.

Во моментов е член на Кил, а во претходно играше за три бундеслигашки клуба – Бергишер, Лемго и Рајн Некар Левен.

Селекторот Алфред Гисласон на линијата од шест метри ги има на располагање Гола, Колбахер и Фишер.


Савиќ по осум години заминува од Мадрид

Црногорскиот фудбалер Стефан Савиќ по осум успешни години е пред заминување од Атлетико. Поранешниот играч на Партизан, Манчестер сити и Фиорентина оваа сезона падна во втор план кај тренерот Чоло Симеоне и одигра само 972 минути во сите натпреварувања.

Турските медиуми пишуваат дека Фенербахче инсистира на трансферот на официјално најдобриот црногорскиот фудббалер во 2023 година.

Дека Атлетико е подготвен да се раздели со Савиќ покажува и податокот дека клубот за него нема да бара обесштетување.


Крис Пол заработи скршеница на раката, го чека нова пауза од терените

Кошаркарот Крис Пол и во минатото имаше скршеници кои го оддалечуваа од НБА паркетите, но најновата скршеница на раката беше навистина чудна.

Во една ситуација кога изгледаше навистина безопасна, Крис Пол само се фати за раката по дуелот со Ајви и без да бара дозвола веднаш замина кон соблекувалната.

По крајот на мечот кој заврши 113-109 за жал пристигна потврда дека станува збор за фрактура на левата рака, па најверојатно Пол ќе мора да мине низ нова операција.