Фермин е желбата на Интер како замена за Михтарјан
Финалистот од Лигата на шампионите, Интер, активно се обидува да пронајде замена за играчот од средниот ред, Хенрик Михтарјан.
Главна опција за „нероаѕурите“ е Фермин Лопез од Барселона. Според наведеното од страна на „Калчомекато“, италијанците се подготвен да понудат 60 милиони евра за тинејџерот на Барса.
Што се однесува до Мхитарјан, тој игра за Интер од 2022 година. Во сезонава на 48 натпревари има 1 гол и 5 асистенции.
Миленкоски одбра 15 одбојкари за мечот во Марибор
Селекторот на машката сениорска репрезентација Јошко Миленкоски ќе смета на 15 репрезентативци за пријателските натпревари со Хрватска, кои викендов ги играме во Марибор, Словенија. Со екипата нема да патува единствено средниот блокер Филип Маџунков.
Маџунков е на подготовките заедно со репрезентацијата, но истовремено чека и мала хируршка интервенција на десното колено, па селекторот Миленкоски одлучи да го поштеди за контролниот двомеч.
По една недела подготовки во Струмица, репрезентацијата утре изутрина лета за Љубљана, па потоа со автобус до Марибор, каде в сабота и недела ќе одигра два пријателски натпревари со Хрватска, која исто така темпира форма за настапот во ЦЕВ Европската Златна лига.
Натпреварите ќе се играат во „Драш спорт“ центарот во Марибор, в сабота од 18 часот, односно в недела од 17 часот.
За Македонија двомечот со Хрватска ќе биде единствената проверка на силата во пресрет на годинешниот настап во ЦЕВ Европската Златна лига.
Четири земји ќе го организираат Евробаскетот во 2029 година, завршницата во Мадрид
Шпанија, Грција, Словенија и Естонија ќе бидат домаќини на 43-то Европско првенство во кошарка во 2029 година, објави Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА).
Групната фаза ќе се игра во Мадрид, Атина, Љубљана и Талин, додека финалето на Европското првенство ќе биде во главниот град на Шпанија.
Според шпанските медиуми, првиот натпревар од првенството ќе се игра на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ пред 80.000 гледачи.
„Возбудени сме што Европското првенство во 2029 година ќе се одржи на некои од најдобрите европски кошаркарски дестинации, од кои секоја има силна кошаркарска култура и јасна посветеност на обезбедување извонреден настан. Со нетрпение очекуваме да соработуваме со земјите домаќини за да обезбедиме успешен и незаборавен турнир за тимовите, навивачите и партнерите“, рече претседателот на ФИБА Европа, Хорхе Гарбахоса.
Европското првенство оваа година ќе се одржи во Латвија, Полска, Финска и Кипар од 27 август до 14 септември.
Аделман и следната сезона ќе го води Денвер
Привремениот тренер на Денвер Нагетс, Дејвид Аделман, ќе ја продолжи соработката со франшизата од Колорадо.
Според добро информираниот Шемс Чаранија, во Денвер сакаат да го задржат Аделман, кој го презеде тимот непосредно пред плејофот.
Синот на легендарниот Рик Аделман ја доби довербата на раководството по отпуштањето на Мајкл Малоун.
Неговата работа очигледно им се допаднала на челниците на клубот, кои решиле да го ангажираат како постојан тренер.
Тој успеа да оствари серија од три победи во НБА откако го презеде тимот, а потоа го водеше тимот во плејофот, во седум натпревари Денвер ги елиминира ЛА Клиперс, но потоа во полуфиналето во седум натпревар Нагетс загубија од Оклахома.
Постоеше сомнеж дали Аделман ќе остане прв тренер поради конкретни одлуки на крајот од натпреварите, но се чини дека сите во клубот се доста задоволни од неговиот придонес.
Недолго по објавата од „ESPN“, и Денвер потврди дека Аделман ќе биде новиот тренер.
Деко призна дека Барса ги сака Луис Диаз и Маркус Рашфорд
Спортскиот директор на Барселона, Деко, изјави дека луѓето од клубот им се „допаѓаат“ Маркус Рашфорд од Манчестер јунајтед и Луис Дијаз од Ливерпул.
Шпанските медиуми оваа недела објавија дека Дијаз би можел да се пресели во Барселона, а Рашфорд се надеваше на трансфер во каталонскиот клуб во јануари, мно замина на позајмица во Астон Вила.
Нема индикации дека Ливерпул воопшти размислува да отвори преговори за Дијаз, кој има уште две години од договорот со „црвените“, додека Рашфорд може да го напушти „Олд Трафорд“ за околу 40 милиони фунти, објави денес „Би-Би-Си“.
„Ни се допаѓа Луис Дијаз, ни се допаѓа Маркус Рашфорд, ни се допаѓаат и други играчи. Кога одиме на пазарот, има имиња што ги знаеме и кои би можеле да го подобрат тимот“, изјави Деко за каталонската радио станица „РАК1“.
Деко изјави дека приоритет на клубот е да доведе нов крилен напаѓач, но и да продолжи соработката со неколку играчи од тимот.
„Наш приоритет е да го зајакнеме она што го имаме, со продолжување на договорите на Педри, Гави, Араухо, Рафиња, Кунде. Јасно ми е дека кога луѓето зборуваат за засилувања, секогаш мислат на играчи што доаѓаат од странство, но за мене продолжувањето на договорите е исто така засилување. Продолжувањето на договорот со Ламин Јамал е најдобриот трансфер во историјата“, додаде тој.
Ромеро од Тотенхем е МВП на сезоната во Лига Европа
Дефанзивецот на Тотенхем, Кристијан Ромеро, кој ја освои наградата за најдобар играч во финалето на Лигата на Европа против Манчестер Јунајтед (1:0), беше прогласен и за најдобар играч на сезоната во ова натпреварување.
Капитенот на Тотенхем ја освои престижната награда по проценката на Групата за технички набљудувачи на УЕФА. 27-годишниот Аргентинец играше на 7 натпревари од Лигата на Европа и има една асистенција, со проценета точност на додавања од 91%, а неговата статистика за одземање на топката од противникот е исто така импресивна.
Ромеро се истакна на крајот од сезоната, блескајќи за време на елиминациската фаза, играјќи секоја минута од четвртфиналето, полуфиналето и финалето на турнирот.
Претходните играчи на сезоната во Лигата на Европа беа играчи како Еден Азар (Челзи), Ромелу Лукаку (Интер), Хесус Навас (Севиља) и Пјер-Емерик Обамејанг (Марсеј).
Тросар сака да остане на „Емирати“
NUREMBERG, GERMANY – JULY 13: Leandro Trossard of Arsenal FC Looks on during the pre-season friendly match between 1. FC Nürnberg and Arsenal FC at Max-Morlock Stadion on July 13, 2023 in Nuremberg, Germany. (Photo by Harry Langer/DeFodi Images via Getty Images)
Напаѓачот на Арсенал, Леандро Тросар, е подготвен да потпише нов договор со „топчиите“. Според Би-Би-Си, Белгиецот јасно стави до знаење дека не сака да го напушти клубот, и покрај профитабилните понуди од Саудиска Арабија.
Според изворот, 30-годишниот напаѓач ја потврдил својата посветеност на проектот на Микел Артета и веќе го информирал клубот за својата желба да остане. Тековниот договор на Тросар со Лондончани е до летото 2027 година. Страните разговараат за можно продолжување на договорот уште од јануари, но засега нема финален договор.
Леандро Тросар настапи на 55 натпревари за Арсенал во сите натпреварувања оваа сезона и постигна 10 гола.
Јунајтед собира пари за трансфери, сигурни продажбите на Санчо, Антони и Рашфорд
Манчестер Јунајтед им даде приоритет на продажбите на Маркус Рашфорд, Антони и Џејдон Санчо како дел од реконструкцијата на тимот за идната сезона. Рашфорд, Антони и Санчо моментално се на позајмица и Јунајтед нема намера да ги врати во својот тим следната сезона.
Кристијан Ериксен и Виктор Линделоф ќе бидат ослободени по истекот на договорите, додека се очекува Џони Еванс да се пензионира. Тајрел Маласија, кој е на позајмица во ПСВ Ајндховен, исто така е пред продажба.
Јунајтед ја одреди цената за Рашфорд, која изнесува на 40 милиони фунти, Антони ќе биде достапен за околу 32,5 милиони фунти, додека Челзи има обврска да го купи Санчо за сума од дури 25 милиони фунти.
Рафиња доби договор до 2028 година во Барселона
Шпанскиот шампион Барселона официјално објави дека една од главните фигури во тимот, Рафиња, потпиша нов договор кој ќе го обврзе со клубот до летото 2028 година, објавија Каталонците.
Бразилскиот офанзивен играч од средниот ред го парафираше новиот договор синоќа во седиштето на клубот, а на потпишувањето присуствуваа претседателот Жоан Лапорта, првиот потпретседател Рафа Хусте и спортскиот директор Деко. Така, тој го следеше тренерот Ханси Флик, кој исто така потпиша нов договор до 2027 година.
Рафиња пристигна во каталонскиот гигант во јули 2022 година од англискиот Лидс Јунајтед со амбиција да се етаблира како стартер на левото крило. Тој ја постигна својата цел во својата дебитантска сезона, придонесувајќи за титулата во Ла Лига со 10 гола и 12 асистенции. Минатата сезона, Бразилецот одржа високо ниво со десет гола и 13 асистенции во сите натпреварувања.
Сепак, тековната сезона се покажа како исклучителна – Рафиња ги надогради своите перформанси, постигнувајќи импресивни 34 гола и асистирајќи за уште 25 во 56 натпревари. Неговиот придонес беше клучен за триумфот во Ла Лига, Купот на кралот и Суперкупот на Шпанија, станувајќи еден од фаворитите за „Златната топка“, заедно со неговиот соиграч Ламин Јамал, Мохамед Салах од Ливерпул и Осман Дембеле од Пари Сен Жермен.
Се очекува и Ламин Јамал да го продолжи и својот договор ова лето, што ќе се случи откако ќе наполни 18 години во јули.
Хојлунд се враќа во Серија А, веќе има три понуди
MANCHESTER, ENGLAND – OCTOBER 19: Rasmus Hojlund of Manchester United during the Premier League match between Manchester United FC and Brentford FC at Old Trafford on October 19, 2024 in Manchester, England. (Photo by James Gill – Danehouse/Getty Images)
Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Расмус Хојлунд, би можел да се врати во Италија. Според информациите на инсајдерот, Фабрицио Романо, Интер се вклучил во борбата за 22-годишниот дански фудбалер. Клубот од Серија А го разгледува напаѓачот како засилување во летниот преоден рок.
Претходно беше објавено дека уште два италијански тима, Јувентус и Наполи, се заинтересирани за Хојлунд.
Во април се дозна дека Манчестер Јунајтед е подготвен да се раздели со играчот за 60 милиони евра.
Хојлунд играше во Серија А за Аталанта, а оваа сезона, Данецот одигра 51 натпревар на сите турнири за англискиот клуб, постигнувајќи 10 гола и запишувајќи две асистенции.