feature

Тактичка револуција во Премиер Лигата

Оваа сезона во Премиер Лигата се случува неочекувана тактичка пресвртница, каде долгите аути повторно добиваат значење како оружје за напад. Во просек, тимовите изведуваат над три долги фрлања по натпревар, речиси двојно повеќе од било која сезона во последните десет години. Овој некогаш потценет потег сега носи реална закана, особено откако минатата сезона беа постигнати рекордни 14 голови директно по аути. 

Но враќањето на директната игра не застанува тука. Долгите топки се сѐ почеста појава, бидејќи екипите се обидуваат да го прескокнат агресивниот пресинг преку испраќање на топката длабоко во противничката половина. Променава на Манчестер Сити од техничарот Едерсон кон подиректниот Донарума е само еден показател за новата насока. Наместо да ризикуваат во својата зона, клубовите сега повеќе се потпираат на долги отворања од голманите кои предизвикуваат воздушни дуели и креираат нови можности. 

Интересен новитет е и тоа што се повеќе дефанзивци, особено централни бекови, ги изведуваат ударите од гол и веднаш ја упатуваат топката во противничката половина. Оваа тактика, веќе видена на мечеви како Борнмут против Тотенхем, има за цел да внесе непредвидливост и да ги дезориентира противниците. Физички бара повеќе, но тимовите се подготвени да вложат повеќе за мали добивки. 

Најсмелиот потег, сепак, доаѓа уште на самиот старт. Неколку екипи почнаа намерно да ја шутнуваат топката во аут веднаш по почетниот свиреж, додавајќи им ја на противниците, но длабоко во нивната половина. Иако на прв поглед делува абсурдно, оваа стратегија е внимателно пресметана. Целта е да се изнуди опасна зона за притисок или сет-пис во близина на голот. Оваа сезона веќе има повеќе такви случаи отколку во последните пет години споено. 

Јасно е дека тактиките во Премиер Лигата брзо се менуваат. Тимовите не само што анализираат податоци, туку и се подготвени да експериментираат со неконвенционални идеи. 


Ериксен ново засилување во средниот ред на бундеслигаш

Кристијан Ериксен официјално е нов фудбалер на Волфсбург, откако потпиша договор до јуни 2026 година. 33-годишниот Данец доаѓа како слободен агент, по разделбата со Манчестер Јунајтед. 

Ериксен успешно ги мина медицинските прегледи и за првпат во кариерата ќе настапува во германската Бундеслига. Со неговото доаѓање, Волфсбург додава креативност во тимот и добива играч со големо интернационално искуство. 

Од клубот го истакнаа неговото лидерство и техничка зрелост како клучни вредности, особено за помладите играчи. Волфсбург ова лето се насочи кон млади таленти, а Ериксен се смета за идеално засилување кое ќе внесе рамнотежа меѓу младоста и искуството. 

Со повеќе од 300 настапи во Премиер Лигата и успешни ангажмани во Холандија, Италија и Англија, Ериксен носи стабилност и визија во средниот ред. По неговото инспиративно враќање на терените по срцевиот застој во 2021 година, тој сега ја започнува новата страница во кариерата – во германското првенство. 

Волфсбург моментално се наоѓа на шестото место на табелата и се подготвува за домашниот натпревар против Келн. Ериксен би можел наскоро да дебитира, со цел да помогне во борбата за врвот на Бундеслигата. 


Уапсен Кики Мусампа, се терети за даночна измама

Поранешниот играч на Ајакс и сегашен помошник-тренер на вториот тим на клубот, Кики Мусампа, е уапсен и испрашуван од полицијата во вторникот. Ова е во врска со тековно кривично истражување за долготрајни даночни измами.

Службата за даночни истражувања и криминал (Fiod) во Холандија, исто така, го задржа и неговиот 65-годишен сметководител. Претресени се домовите на него и на 48-годишниот Мусампа. Запленети се сметководствени документи и луксузни часовници.

Поранешниот играч на Атлетико Мадрид и Манчестер Сити веќе со години има проблеми со даночните власти. Минатиот месец беше наметнат запор врз неговиот исклучително скап имот во центарот на Амстердам. Се очекуваше тој да биде јавно продаден на аукција минатата недела, но аукцијата беше одложена во последен момент.

Мусампа и неговиот сметководител се осомничени за измама со даночни пријави за приходи во текот на неколку години, информира Fiod. Тие беа уапсени и испрашувани во вторникот. Мусампа е ослободен во среда рано попладне, откако помина една ноќ во притвор, додека неговиот сметководител сè уште е задржан.


Организаторите на УС Опен заработија рекордна сума на пари

За три недели, колку што вкупно траеше последниот грен – слем турнир САД Опен заработени се 900 милиони долари што е за 300 милиони повеќе од минатата година.

Организаторот смисли нов начин како да се зголемат приходите, а идеите кои ги имплементира се покажаа како полн погодок.

Приходите од билетите беа астрономски, најевтината чинеше 25 долари, а во големото финале достигна до 25 илјади долари.

Секоја ложа се издаваше за 100 илјади долари дневно, па се проценува дека само од таа ставка, организаторот имал приход од 71 милион долари.

Интересно е тоа што и наградниот фонд оваа година беше зголемен за 20%, а сепак тенисерите добија само 10% од вкупните приходи, односно 90 милиони долари.


Анри: Сите знаат дека Зидан ќе биде идниот француски селектор

Поранешниот француски фудбалски репрезентативец Тиери Анри нема сомнежи дека Зинедин Зидан ќе биде новиот селектор на клупата на Триколорите по најавеното заминување на Дидие Дешан по Светското првенство следното лето.

Одговарајќи на новинарско прашање, дали самиот размислува да се кандидира за селекторското место, Анри рече: „Не знам што да одговорам. Сите знаат кој ќе биде новиот селектор. Вие го знаете тоа, јас го знам тоа, му посакувам сè најдобро“.

Изјавата на Анри се совпаѓа со гласините, а според весникот „Екип“ постои широк консензус во рамките на Француската фудбалска федерација за кандидатурата на Зидан, иако федерацијата е претпазлива, велејќи дека е „прерано“ да се донесуваат одлуки, но уверува дека ќе бидат подготвени кога ќе дојде време.

Доколку информациите се потврдат, Зинедин Зидан ќе се врати на тренерската клупа пет години откако го напушти Реал Мадрид во 2021 година.


Адли ја напушти Фиорентина и потпиша за Ал-Шабаб

Екипата на Ал-Шабаб од Саудиска Арабија официјално го потпиша играчот од средниот ред на Милан, Јасин Адли. Договорот е вреден 8 милиони евра и ќе биде валиден до 2028 година.

Се очекува Французинот да заработува годишна плата од 7 милиони евра. Младиот играч на Пари Сен Жермен му се приклучи на Милан во 2021 година од Бордо, но не успеа да се етаблира.

Минатата сезона ја помина на позајмица во екипата на Фиорентина но, тимот од Фиренца не се одлучи да му го откупи договорот.


Лукаку не сакал операција, ќе с лекува со конзервативен третман

Главниот лекар на Наполи, Рафаеле Канонико, го објасни степенот на повреда на фудбалерот, Ромелу Лукаку, кој реши да не се подложи на операција.

Белгискиот напаѓач претрпе кинење на бутниот мускул за време на пријателскиот натпревар против Олимпијакос во предсезоната, што ќе го исклучи од терените четири до пет месеци.

„Мора да разјасниме, имавме две опции: конзервативен третман или хируршка интервенција. Играчот одлучи да ја избере првата“, откри специјалистот.


Артета ги става на трансфер листа Тросар и Габриел Жесус

Крилните напаѓачи на Арсенал, Бразилецот Габриел Жесус и Белгиецот Леандро Тросар, ќе бидат ставени на трансфер листата во зимскиот преоден рок, јавија денеска британските медиуми.

Тренерот на лондонскиот премиерлигаш Микел Артета во голема мера се потпираше на Жезус и Тросар во последните три сезони, но доаѓањето на шведскиот напаѓач Виктор Ѓокереш донесе промени.

Арсенал ова лето потроши близу 300 милиони евра за нови засилувања. Најголемиот дел од парите се потрошени за играчите од средниот ред Мартин Зубименди и Еберечи Езе, како и за централниот напаѓач Ѓокереш, кој постигна 97 голови во последните две сезони во Спортинг.

Договорите на Жезус и Тросар истекуваат во јуни 2027 година и Арсенал ќе се обиде да ги продаде што е можно поскоро за да извлече што е можно повеќе пари како компензација.


Фабијански се врати во Вест Хем

Полскиот фудбалски голман Лукаш Фабијански е нов играч на Вест Хем, објави денеска англискиот клуб.

Фабијански потпиша договор со Вест Хем до крајот на сезоната и се враќа во лондонскиот клуб во кој настапуваше од 2018 година до 30 јуни оваа година, кога го напушти клубот по истекот на неговиот договор, а се врати по трансферот на Вес Фодерингем во Арис од Лимасол.

„Навистина сум среќен што се вратив затоа што овој клуб очигледно многу ми значи. Отсекогаш сум бил, и сигурно ќе бидам, играч кој секогаш го става тимот над своите лични цели. Мислам дека тогаш луѓето би можеле да ме видат како добра личност во општеството, добра личност која треба да биде во тимот поради она што го носам и затоа не е само прашање на мене, туку на тимот“, рече Фабијански за клупскиот сајт на Вест Хем.


Рами на Алкалоид и Охрид во првото дерби во сезоната

Во салата „Автокоманда“ во Скопје беше одиграно едно од највозбудливите отворања на новата сезона во македонската ракометна Супер Лига.

Алкалоид и ГРК приредија атрактивен дуел кој ја исполни публиката со неизвесност и големи пресврти, а средбата заврши без победник (24-24).

Гостите за прв пат се непоразени во домот на Алкалоид, во 13 одиграни меѓусебни средби.

Кај домашните, Урош Борзаш даде шест гола, а Монси Тордарсон запиша четири реализцаии, додека кај Охрид, Дарко Ѓукиќ имше пет, а Анте Иванковиќ четири гола.

Одличен беше и голманот Бојан Блажески со 10 одбрани.