Екипата на Далас повторно се соочува со проблеми поради новата повреда на Ентони Дејвис.
Тој мечот го заврши натпреварот против Јута со 21 поен, 11 скокоа и четири асистенции, недоволни за да го избегнат поразот (116-114).
Но, ако мора да има уште една долга пауза, тоа ќе биде голем проблем за Маверикс. Дејвис ја повреди раката на две минути до крајот на натпреварот и мораше предвреме да оди во соблекувалната.
Инаку, тој беше во центарот на вниманието минатата година, кога реши Далас да го размени Лука Дончиќ за него, и сето тоа им се удри од глава. Дејвис е почесто повреден отколку што е на теренот, а Далас игра очајно веќе подолг период.
-Нормално е за нас, ништо ново. Имаме многу проблеми со повредите и со болестите. Губиме еден човек, следниот доаѓа – порача тренерот Џејсон Кид.
Дејвис пропушти 20 натпревари оваа сезона и има просек од 20,3 поени, со околу 50 % шут од поле.
Вавринка ќе игра во Мелбурн, Кирјос го откажа настапот
Австралискиот тенисер Ник Кирјос го откажа настапот во сингл конкуренција на претстојниот Австралија Опен, а негово место со „специјална покана“ го доби Стан Вавринка (рангиран е како 156-ти тенисер) и на тој начин ќе ги прескокне квалификациите.
„Не сум доволно подготвен за настап во Мелбурн и ќе се појавам само во конкуренција на машки двојки, каде ќе настапам со Танасис Кокинакис и ќе се обидеме како пред четири години да стигнеме до пехарот. Подготвен сум за враќање на терен, но не сум подготвен да играм пет сета, сепак тоа е нешто друго“, изјави Кирјос.
Вавринка објави дека ова ќе биде негов последен настап во Мелбурн каде во 2014 година освои Грен слем титула со победата над Рафаел Надал.
Моќно второ полувреме, втора победа на Македонија на „Жолтиот Куп“
Македонската сениорска ракометна репрезентација го забележа вториот триумф на „Жолтиот Куп“ во Винтертур и тоа против Украина која беше совладана со 31-26 (13-17).
Вчера нашиот национален тим беше подобар од Бахреин, додека вечерва го положи и потешкиот тест пред се со одлична игра во второто полувреме.
Украинците не надиграа во првиот дел и на пауза однесоа +4, но по одморот улогите се сменија, избраниците на Лазаров го кренаа нивото на двете страни на теренот, функционираше одбраната, функционираше и нападот и сетоа тоа придонесе да направиме пресврт и на крајот триумфираме со пет разлика.
Капитенот Кузмановски одново беше наш најдобар стрелец со седум погодоци.
Марко Брешанини позајмен од Аталанта во Фиорентина
Марко Брешанини е новото засилување на Фиорентина за вториот дел од сезоната.
Тимот кој собра само 13 бода од почетокот на сезоната и кој, според сите очекувања, ќе се бори за опстанок, мора да се засили и да биде таму каде што му диктира репутацијата – во горниот дел од табелата.
Виола е далеку од тоа, но Брешанини е делот што недостасува за клубот, а тренерот Паоло Ваноли веќе разговарал со него и се чини дека би можел да добие вреден играч во средниот ред.
Брешанини веќе тренираше со тимот, а договорот е до крајот на сезоната, станува збор за позајмица со право на откуп, што ќе се дискутира на крајот од сезоната.
Брешанини одигра само осум натпревари за Аталанта оваа сезона.
Сака и Арсенал заедно уште пет години
Букајо Сака и Арсенал нема намера да го напушти Арсенал. Фудбалерот и клубот се договориле за нов, подобрен петгодишен договор.
Еден од најдобрите играчи на Арсенал ќе остане во клубот до летото 2031 година. Финансиските детали од новиот договор не се објавени.
Актуелниот договор на Сака исекуваше во 2027 година.
Сабаленка ќе пропушти неколку турнири оваа зима
Во пресрет на првиот Грен слем турнир Австралија Опен најдобрата светска тенисерка Арина Сабаленка го привлече вниманието. Таа изјави дека во плановите за оваа сезона и е настап на помалку турнири, како би го одморила своето тело.
Сезоната е дефинитивно луда. Тенисерките се повредуваат, а на некои турнири настапував и болна и бев навистина исцрпена, истакна Сабаленка која настапува на турнирот во Бризбејн.
Според правилата на ВТА најдобрите тенисерки во сезоната мора да ги одиграат четирите Грен слем турнири, десет од серијата 1.000 и шест од серијата 500. Доколку неоправдано отсуствуваат постои можност да бидат казнети парично и со одземање на бодови.
На турнирот во Бризбејн, Сабаленка во полуфиналето ќе игра против Каролина Мухова.
Рома преговара со Португалецот Силва
Екипата на Рома во обид да се засили во текот на јануарскиот преоден рок ќе испрати понуда до фудбалерот на Борусија Дортмунд, Фабио Силва.
Португалецот кој во текот на летото му се приклучи на тимот од Бундес-лигата не ја добива посакуваната минутажа.
Медиумите наведуваат дека „милионерите“ немаат намера да се разделат со Силва додека трае сезоната.
Алегри: Мечот со Џенова е добра лекција за нас
Тренерот на фудбалерите на Милан, Масимилијано Алегри, не го криеше разочарувањето по вчерашното реми на домашен терен со Џенова во меч од Серија A.
„Мора да ги гледаме позитивните страни, ние имавме две или три добри шанси но, потоа примивме гол. Тоа беше лекција за зрелост што треба да ја научиме.
Не можете да очекувате еден натпревар да го реши проблемот. Одигравме многу неповрзано и брзоплето во одредени ситуации“, рече Алегри.
Познати двојките за претколото на одбојкарскиот Куп на Македонија
Натпреварувањето од Купот на Одбојкарската федерација на Македонија за сезоната 2025/26 ќе стартува на почетокот на февруари со натпреварите од претколото со кои ќе биде дефиниран изгледот на осминафиналната фаза во женска конкуренција, односно четвртфиналните двојки кај мажите.
Според пропозициите учеството во Купот на Македонија е задолжително за клубовите кои се дел од Првата и Втората лига мажи и жени. Дефинирањето на двојките од претколото во двете конкуренции се прави според пласманот на екипите на табелата по завршувањето на првиот дел од првенството.
Кај мажите, првите четири пласирани екипи во првенството, Штип УГД, Струмица 47&72, Работнички 71&22 и ГОК Борец обезбедуваат директен пласман во четвртфиналето, додека останатите тимови ќе се соочат во претколото. Двојките се Универзитет во Тетово и Јанта Волеј, Сушево со Скопје, Лирија ќе се соочи со Весна Пробиштип, додека Шкендија ја противник ја има Македонија Џио. Се игра во еден добиен натпревар на теренот на подобропласираната екипа, а дуелите се закажани за 4 февруари (среда) 2026 година.
Победниците од овие дуели ќе обезбедат пласман во четвртфиналето, каде паровите ќе бидат одредени со јавен полудиригиран ждреб. Екипите ќе бидат поделени во две групи според пласманот од есенскиот дел на сезоната. Четвртфиналето исто така ќе се игра во еден добиен натпревар на терен на подобропласираните екипи.
Во женска конкуренција клубовите кои се дел од Втората лига ќе се соочат меѓусебно во претколото, додека екипите од Првата лига имаат директен пласман во осминафиналето.
Фламинго Волеј – Шкупи, Вардар жени – Универзитет во Тетово, Форца Волеј ЕМА – Бами Кор, Јанта Волеј БУТ – Виола Волеј, Ново Село – Куманово и Борец – Виктори Волеј се двојките од претколото. Се игра во еден добиен натпревар на теренот на подоброрангираниот тим, на 4 февруари (среда) 2026 година, а победниците продолжуваат во осминафиналето.
Изгледот на осминафиналната рунда ќе биде дефинират според пласманот од есенскиот дел на сезоната и ќе се игра во еден добиен натпревар на терен на подобриот. Победниците од овие дуели ќе обезбедат учество во четвртфиналето.
Куп на Македонија, претколо – мажи (04.02.2026)
Универзитет во Тетово – Јанта Волеј
Сушево – Скопје
Лирија – Весна Пробиштип
Шкендија – Македонија Џио
Куп на Македонија, претколо – жени (04.02.2026)
Фламинго Волеј – Шкупи
Вардар жени – Уни во Тетово
Форца Волеј ЕМА – Бами Кор
Јанта Волеј БУТ – Виола Волеј
Ново Село – Куманово
Борец – Виктори Волеј
И Арсенал се вклучи во трката по капитенот на Кристал Палас
Лидерот на Премиер лигата Арсенал според британските медиуми влегува во трка за трансфер на англискиот репрезентативец Марк Геи.
Играчот летово беше пред премин во редовите на шампионот Ливерпул, но во последен момент на последниот ден од периодниот рок менаџерот на Кристал Палас Оливер Гласнер го стопираше преминот.
По повредите на последните дуели во редовите на Манчестер Сити на Јошко Гвардиол и Рубен Диас, „граѓаните“ покажаа сериозен интерес за ангажман на Геи во овој преоден рок.
Но, сега за ангажман на играчот интерес има и од менаџерот на Арсенал Микел Артета. Трансфер на Геи во јануари значи и плаќање обесштетување за неговиот сегашен клуб Кристал Палас, но во јуни играчот е слободен во изборот на клубот.