feature

Меси нема да замине во Саудиска Арабија на позајмица

Лионел Меси планираше да ја искористи претстојната четиримесечна пауза од МЛС за да остане во форма пред Светското првенство во 2026 година, но неговиот план не наиде на разбирање во Саудиска Арабија.

Како што објави „RMC Sport“, аргентинскиот фудбалер сакал да потпише краткорочен договор со еден од клубовите на Саудиската професионална лига во текот на зимскиот период, со цел да остане во натпреварувачкиот ритам. Сепак, локалните власти и клубовите експресно ја отфрлиле таа можност.

Причината е јасна, саудиската лига не сака да стане привремена дестинација за странски ѕвезди, туку се стреми да изгради сериозно и конкурентно натпреварување кое ќе им конкурира на најсилните европски лиги.

Во овој контекст, отфрлањето на предлогот на Меси се толкува како принципиелен потег што покажува дека Саудијците не сакаат да бидат „тренинг полигон“, дури ни за еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.

Меси, кој игра за Интер Мајами две години, досега постигна 73 гола и запиша 37 асистенции во 83 натпревари. Тој неодамна го продолжи договорот со клубот од Флорида до 2028 година, кога ќе има 41 година.

Неговата моментална пазарна вредност е околу 18 милиони евра, што е сè уште импресивно за играч во доцните фудбалски години.


Исак ќе го пропушти дуелот со Реал

Alexander Isak looking disappointed

Александер Исак ќе го пропушти натпреварот на Ливерпул против Реал Мадрид во Лигата на Шампионите, потврди менаџерот Арне Слот. Шведскиот напаѓач, кој летово стана најскапото засилување во историјата на клубот, и понатаму се мачи со повреда на препоните што го држи надвор од терен веќе неколку недели.

Иако постоеше надеж дека ќе се врати наскоро, Исак сè уште не тренира со остатокот од тимот и нема да биде во составот против клубот од Мадрид. Слот сепак откри дека постои можност Швеѓанецот да се најде во тимот за дербито со Манчестер Сити, но неговата целосна подготвеност останува неизвесна.

Дополнителен удар за Ливерпул се повредите на Алисон Бекер и Жереми Фримпонг, кои ќе отсуствуваат и за дуелот со Реал и за оној со Сити. Двајцата имаат проблеми со задната ложа и се очекува да се вратат дури по репрезентативната пауза.

Проблемите со повреди сериозно му го отежнуваат изборот на составот на Арне Слот во период кога тимот го очекуваат два исклучително важни натпревари. Исак, кој требаше да биде клучниот играч во нападот, засега не успева да воспостави континуитет поради честите паузи, што дополнително ја комплицира ситуацијата на Црвените.


Томовски со Битигхајм најдобар голман во втората Бундеслига

Мартин Томовски блеска во редовите на Битигхајм во Втората Бундеслига. Македонскиот голман брани во врвна форма од почетокот на сезоната, а моментално тој е најдобар голман во лигата.

На социјалните мрежи 2. Бундеслига објави информации за голманите, па таму на врвот котира Томовски. Македонецот има најмногу одбрани во тековната сезона, дури 102 во првите девет кола на шампионатот.

Моментално тој има четири интервенции повеќе од второпласираниот паскал Бохман.

Мартин Томовски е голман со најголем процент на одбранети удари во 2. Бундеслига.

Македонскиот голман има 34% одбрани, а по него следува пак Бохман со 33%, па Амбросуис со 32%, а по 31% имаат Плауе и Ван дер Мерве. Во оваа статистика се бројат само голманите со над 30 одбрани во лигата.


Компани: Тимскиот дух е моќта на ПСЖ

Тренерот на Баерн Минхен, Винсент Компани, го изрази своето восхитување од тимската игра на Пари Сен Жермен. Баварскиот гигант денес им гостуваат на Парижаните во натпревар од четвртото коло од главната фаза на Лигата на шампионите.

„Многу сум импресиониран од нивниот тимски дух, нивната способност да ја вратат топката и нивната индивидуална класа. Кога зборуваме за ПСЖ, не е доволно да се фокусираме само на еден играч. ПСЖ отсекогаш имал играчи од светска класа. Ние исто така имаме одлични квалитети, поради што натпреварот ќе биде толку возбудлив“, рече Компани.

„Секако, индивидуалните квалитети се неопходни за победа и не треба да го занемаруваме овој аспект. Но, она што го прави ПСЖ толку силен е токму фактот дека тие работат како тим во секоја фаза од играта“, додаде Белгиецот.

„Мора да веруваме во себе и да одиграме совршен натпревар. Се соочуваме со победникот на Лигата на шампионите и еден од фаворитите на турнирот“, заклучи тренерот на Баерн.


Си замин Виеира, Џенова победи на гости кај Сасуоло

Џенова со гол во судиското продолжение победи на гостувањето кај Сасуоло со 1-2 и ја забележа првата победа во италијанската лига оваа сезона.

Поради лошите резултати раководството му даде отказ на Патрик Виеира, а на првиот натпревар без него веднаш стигна првата победа.

Малиновски во 18. минута донесе водство за Џенова, а по само две минути игра во второто полувреме Берарди израмни на 1-1.

Се очекуваше дека со тој резултат ќе заврши мечот, но во 93. минута Остигард погоди за победа на Џенова.


Мастантуоно има хронична повреда, на неопределоно време надвор од терените

Фудбалерот на Реал Мадрид, Франко Мастантуоно, ќе биде надвор од терените на неопределено време поради повреда на препоните или спортска хернија, пишуваат шпанските медиуми.

Според овие извори, 18-годишниот Мастантуно не тренирал заедно со тимот на Реал во понеделникот.

„На нашиот играч Мастантуоно му е дијагностицирана пубалгија по медицинските тестови. Неговото закрепнување ќе биде внимателно следено“, објави клубот.

Во соопштението не се наведува колку долго аргентинскиот фудбалер ќе биде надвор од терените. Мастантуоно одигра 12 натпревари за Реал оваа сезона во сите натпреварувања.

Аргентинецот дојде во „кралскиот клуб“ од Ривер Плата на почетокот на оваа сезона. Досега постигна еден гол за најтрофејниот клуб во светот. Тој се смета за еден од најголемите таленти во светскиот фудбал.

Инаку, сличен проблем со пубалгија има и младата ѕвезда на барселона, Ламин Јамал.

Пубалгијата е комплексна и многу непријатна повреда за спортистите. Таа влијае на пубичната област и долниот дел од грбот и често се опишува како една од најлошите што може да ги доживее еден фудбалер.


ФИФПро го избра тимот на годината

Здружението на професионални фудбалери, ФИФПРО, во понеделникот ги објави идеалните тимови во машката и женската конкуренција за 2025 година. Повеќе од 26.000 фудбалери од 68 земји гласаа за најдобрите 11 во машката и женската конкуренција.

Во „идеалните 11“ се вклучени најмногу играчи од европскиот шампион Пари Сен Жермен: Ашраф Хакими, Нуно Мендес, Витиња и Усман Дембеле, како и поранешниот играч Џанлуиџи Донарума, кој ја освои Лигата на шампионите со Парижаните и се пресели во Манчестер Сити ова лето.

Со само 18 години, напаѓачот на Барселона, Ламин Јамал, стана најмладиот играч именуван во тимот на годината, соборувајќи го рекордот поставен од Килијан Мбапе во 2018 година, кога францускиот напаѓач беше именуван во тимот на 19 години.

Посебно изненадување е отсуството на ѕвезди како Ерлинг Халанд, Мохамед Салах и Рафиња, кои не влегоа во првите 11.

Идеалните 11 (Мажи):

Голман: Џанлуиџи Донарума (ПСЖ/Манчестер Сити, Италија)

Одбрана: Вирџил ван Дајк (Ливерпул, Холандија), Ашраф Хакими (ПСЖ, Мароко), Нуно Мендес (ПСЖ, Португалија)

Среден ред: Џуд Белингам (Реал Мадрид, Англија), Кол Палмер (Челзи, Англија), Педри (Барселона, Шпанија), Витиња (ПСЖ, Португалија)

Напаѓачи: Усман Дембеле (ПСЖ, Франција), Килијан Мбапе (Реал Мадрид, Франција), Ламин Јамал (Барселона, Шпанија).


Нико Вилијамс мора на операција, ќе паузира до февруари

Дефинитивно Нико Вилијамс, фудбалерот на Билбао и репрезентацијата на Шпанија оваа есен е далеку од својата посакувана форма. Проблемот на Нико и исто како оној на Ламине Јамал, пубелгијата.

Токму затоа лекарскиот тим на Билбао веројатно ќе одлучи напаѓачот да биде подвргнат на оперативен зафат со цел да биде максимално подготвен за пролетниот дел од сезоната, како и за СП 2026.

Имено ако сега се оперира, Нико Вилијамс ќе биде во аут до февруари, а што повеќе се чека тогаш би можело повредата да се влоши и за него да биде крај на оваа сезона што секако дека ќе биде катастрофа како за Билбао така и за селекцијата на Шпанија.


Вил Стил доби отказ од клупата на Саутемптон

Саутемптон донесе одлука да го отпушти досегашниот тренер Вил Стил поради слабите резултати.

Младиот тренер го напушти Ланс минатото лето. Причината е неговата девојка, која се опоравува од инфекција на мозокот во Лондон и тој сакаше да биде што поблиску до неа.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст

Саутемптон беше неговиот избор. Неговото внимание го привлече проектот и амбицијата да се вратат веднаш во Премиер лигата, но 21-та позиција во Чемпионшипот не го задоволува никого на “Сент Мерис”.

Поради тоа, клубот реши да го отпушти по 16 натпревари во сите натпреварувања колку што беше на клупата во Чемпионшипот. Само четири победи, три врзани порази и многу слаба офанзива…


Тен Хаг меѓу кандидатите за клупата на Вулверхемптон

Холандскиот стратег Ерик тен Хаг повторно би можел да се врати во Премиер лигата, откако по неуспешната авантура во Баер Леверкузен доби отказ на самиот старт од сезоната.

Според информациите на познатиот италијански новинар Фабрицио Романо, Тен Хаг е меѓу главните кандидати за нов тренер на Вулверхемптон, клуб кој остана без кормилар по серија слаби резултати.

Иако неговиот мандат во Манчестер јунајтед не донесе очекувани успеси, раководството на Вулвс верува дека искусниот Холанѓанец може да донесе стабилност и нова енергија во тимот.