feature

Миранчук останува во Бергамо и следната година

Аталанта не планира да го продаде рускиот играч за врска, Алексеј
Миранчук во зимскиот преоден рок.
Неговите добри настапи во последните натпревари го убедија клубот
од Бергамо да одлучи да го задржи, пренесуват италијанските
медиуми. Според изворот, Миранчук е еден од претендентите да биде
стартер во вториот дел од сезоната во Серија А.
Тој во понеделникот на мечот со Салернитана за првпат се запиша во
листата на стрелците во тековнава сезона.


Ливерпул и Челзи се избегнаа во полуфиналето на Лига Купот

Фудбалерите на Ливерпул доцна синоќа триумфираа против Вест Хем
со 5-1 и го пополнија последното место во полу-финалето во Лига
Купот на Англија.
„Црвените“ сега ги очекува пресметка со Фулам додека Челзи ќе оди
на мегдан со Мидлзборо.
Првите натпревари ќе бидат одиграни на 9 јануари додека реваншите се закажани за 23 јануари.


Чави критичен кон своите фудбалери и покрај победата

Барселона вчера успеа да ја совлада Алмерија со 3-2 и да освои нови
бодови во најсилната фудбалска конкуренција на Шпанија.
Иако домаќините се вложија максимално за да ја остварат целта,
нивниот тренер, Чави, упати критики за односот на фудбалерите.
„Tимот го нема истиот дух што го покажа во шампионската сезона.
Ни недостасува агресија и концентрацијa“, изјави Чави незадоволен
што Каталонците примија два гола.


Бразилецот Бералд пред потпис со ПСЖ

Париз Сен Жермен е блиску до потврда за трансферот на Лукас Лопез Бералд од бразилскиот Сао Паоло.

Станува збор за бразилски стопер кој професионален фудбалер стана пред една година. Берландо важи за еден од најталентираните на својата позиција и ПСЖ за него би требало да плати околу 25 милиони евра.

Досега одигра 51 натпревар за Сао Паоло и постигна еден гол, а за репрезентацијата на Бразил до 20 години собра 20 настапи.

Фабрицио Романо објави дека Сао Паоли го проценува на 25 милиони евра и клубовите би можеле да се договорат. Од друга страна самиот Берландо веднаш ги прифатил личните услови и не правел никаков проблем.


Барса го враќа Верати во Европа

Марко Верати минатото лето го напушти ПСЖ и неочекувано кариерата ја продолжи во Катар. Верати се пресели во Ал Араби за 45 милиони евра, а за овој клуб досега одигра осум натпревари и подели четири асистенции.

Јасно е дека во нозете на 31-годишниот Италијанец се уште има квалитетен фудбал и сигурно може да биде на нивото потребно за европскиот фудбал уште некоја година.

Сега се појавува изненадувачка информација дека Барселона може да го доведе Верати како решение до крајот на сезоната. Каталонците имаат проблеми, Гави ја заврши сезоната, Педри се мачи со повредите и сега се здоби со нова, иако е полесна доволна е за аларм во јануарскиот преоден рок.

Опцијата би била Верати да дојде како позајмен фудбалер до крајот на сезоната. Скоро целата своја кариера Верати ја помина во ПСЖ каде што дојде од Пескара.


Халанд е спортист на годината според „Би-би-си“

Британскиот радиодифузен сервис „Би-би-си“ го прогласи Ерлинг Халанд за спортист на годината.

Дваесет и тригодишниот норвешки напаѓач освои тројна круна со Манчестер сити во сезоната 2022/23, освојувајќи ги Премиер лигата, ФА Купот и Лигата на шампионите.

Халанд наградата спортска личност на годината ја доби на свечена церемонија организирана од „BBC“.

За наградата конкурираа и американската гимнастичарка Симон Бајлс, фудбалерката на Шпанија и Барселона, Ајтана Бонмати, тенисерот Новак Ѓоковиќ, капитенот на јужноафриканскиот рагби тим Сија Коласи и светскиот шампион во Формула 1, Макс Верстапен.

Минатата година наградата ја освои Лионел Меси, кој со Аргентина го освои Светското првенство.


Брахим Диаз има понуди да замине во Италија и Англија

Брахим Диаз ова лето се врати во Реал Мадрид и требаше да биде
големо засилување, но може експресно да си замине.
Диаз блескаше во дресот на „росонерите“, па Реал одлучи да го врати
како замена за Асенсио ова лето. Меѓутоа, Диаз не се вклопува во
системот на игра на Анчелоти и добива мала минутажа, па може
експресно да го напушти „кралскиот“ клуб.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал е спремен да го пушти
уште во јануари, а четири клуба од Серија А и Премиер лигата
покажуваат интерес за него.
Диаз изминатите три години со успех го носеше дресот на Милан, па
е спремен да се врати во Италија.


Барела интересен за два премиерлигаши

Англиските медиуми пренесуваат дека неколку клубови од Премиер
лигата се заинтересирани за ѕвездата на Интер, Николо Барела.
Барела веќе две сезони е еден од најдобрите играчи за врска во Серија
А и го привлече вниманието на многу европски клубови. Интер има
финансиски проблеми и на лето најверојатно ќе мора да направи
продажба на една голема ѕвезда.
„Нероаѕурите“ сакаат да го задржат 26-годишниот играч за врска, но
доколку пристигне богата понуда нема да можат да ја одбијат.
Манчестер Сити и Њукасл покажуваат најсилен интерес за
Италијанецот и нема да жалаат пари да го доведат во своите редови.


Распродаден Ф4 на Евролигата во Берлин

Евролигата соопшти дека се распродадени билетите за Ф4 турнирот
во 2024 година, кој ќе се одржи во Берлин.
Влезниците во претпродажба се „распродадоа“ за само еден час, а во
јавна продажба беа распродадени за помалку од четири часа.
Стандардната цена на билетот беше 519 евра. Очигледно, ниту цената
на билетите не беше пречка тие да се распродадат набргу.


Белград ја доби организацијата на ЕП во пливачки спортови

Челниците на Европската пливачка организација (ЛЕН) одлучиja
Европското првенство во пливање следната година да се одржи во
Белград, од 10 до 23 јуни.
Првично, ова првенство требаше да се одржи во Казан, Русија, но
откако започна војната во Украина и сите меѓународни натпревари на кои требаше да биде домаќин Русија автоматски беа одложени,
челниците на ЛЕН доделија нов домаќин.
Освен во пливање, Белград ќе биде домаќин и на натпревари во
синхронизирано пливање и скокови во вода, како и во далечинско
пливање.
Првенството во Белград ќе биде и последна можност за
натпреварувачите во овие спортови да го исполнат олимпискиот
стандард, пред Игрите што ќе се одржат во Париз.