feature

Меси не брза со одлуки: „Ќе играм додека чувствувам дека можам да давам максимум“

Lionel Messi pointing to the sky in an Argentina shirt

Лионел Меси ја нарече светската титула најголемиот момент во својата кариера, „сонот што го бркав цел живот“. По сите освоени трофеи, индивидуални и колективни, тој призна дека токму Светското Првенство било делчето што недостасувало за неговата кариера да биде целосна. „Тоа е нешто што секој фудбалер го сонува, да ја подигне најпосакуваната титула во спортот,“ изјави аргентинскиот ас.

Сега, кога големиот сон е исполнет, вниманието на Меси е насочено кон следната сезона со Интер Мајами. Тој планира внимателно да го процени своето физичко и психичко подготвување во претсезоната за да утврди колку може да придонесе и за клубот и за репрезентацијата на Аргентина.

„Ќе видам како ќе бидам со здравјето и формата. Сакам да бидам искрен со себе и со тимот, ако можам да помогнам, ќе бидам таму,“ Меси кога беше прашан дали ќе настапува повторно на Светското Првенство

Неговиот внимателен пристап покажува дека, и покрај годините и сите достигнувања, желбата да биде од корист и за Интер Мајами и за Аргентина не исчезнала. Меси останува посветен на рамнотежата меѓу клупските и репрезентативните обврски, воден од истата страст што го придружува од првиот ден на теренот.


Евротип го воведува новиот „Happy Hour“ бонус – плус 5% добивка секое утро!

evrotip happy hour

Од 1 ноември до 31 декември 2025, Евротип ти носи дополнителен бонус „Happy Hour“, достапен секој ден од 09:00 до 11:00 часот.

Овој бонус не го заменува, туку се додава на твојот постоечки Твој 777% Бонус.
Пример: ако за 8 натпревари добиваш 7% бонус, за време на Happy Hour добиваш вкупно 12% бонус на добивката!

Без дополнителни услови – само уплати тикет од 5 или повеќе натпревари во наведениот временски период и бонусот автоматски ти се пресметува.

Happy Hour важи секој ден, што ти дава повеќе шанси да ја зголемиш добивката од твоите тикети.

Со Евротип играш паметно, добиваш повеќе и си секогаш чекор пред останатите!

Евротип – секогаш повеќе!


Бонусот кој сите го сакаат – сега уште подобар!

Од 1 ноември, Евротип го надградува најпопуларниот бонус на пазарот –
Твој 777% Бонус станува уште подостапен за сите играчи!
Од сега, бонусот започнува да се пресметува уште од 5 натпревари на
тикет, што значи повеќе можности за добивка со секој тикет, уште од самиот старт.
Повеќе возбуда, со секоја нова уплата.


Оваа промена доаѓа како резултат на внимателно слушање на барањата од играчите – затоа што во Евротип, секогаш се стремиме да понудиме повеќе.


Сега, со само 5 натпревари, влегуваш во бонус! А со секој следен натпревар, бонусот расте.
Играта никогаш не била поедноставна, а добивките поголеми


Без комплицирани услови.
Без непотребни ограничувања.
Само игра, возбуда и фер можности за секого.


Само во Евротип – секогаш повеќе!


Аморим конечно ја најде правата форма во Јунајтед

Ruben Amorim Manchester United

Манчестер Јунајтед го одигра најдобриот месец од почетокот на сезоната, освојувајќи максимални 9 бода во октомври и според некои, влегувајќи во трката за врвот на Премиер Лигата. Црвените Ѓаволи покажаа ново лице: офанзивно, брзо и решително. Во 3 натпревари постигнаа 8 гола, примија само 3 и забележаа 1 натпревар без примен гол, што ги искачи на четвртото место на табелата.

Аморим постепено ја наметнува својата филозофија преку систем 3-4-2-1, кој целосно ги ослободи напаѓачките квалитети на играчите. Мбеумо блескаше со 2 гола против Брајтон, додека Куња и Касемиро исто така ги впишаа своите имиња меѓу стрелците. Тимот се одликува со висок пресинг и брзи транзиции, токму тие ја направија разликата во триумфот од 4:2 против Брајтон, иако Јунајтед имаше помал посед.

Со вакви резултати, Аморим стана сериозен кандидат за наградата „Менаџер на Месецот“ во Премиер Лигата, заслужено признание за трансформацијата што ја донесе во тимот. Под негово водство, Јунајтед повторно игра со самодоверба и карактер, нешто што долго време им недостасуваше.

Следниот предизвик е Нотингам Форест, а атмосферата на Олд Трафорд е повторно исполнета со оптимизам. Ако тимот го продолжи ова темпо, навивачите имаат полна причина повторно да сонуваат за трофеи.


Спалети, Манчини и Паладино кандидати за клупата на Јуве

Претставници на Јувентус веќе преговараат со Лучано Спалети за можноста поранешниот селектор на Италија да ги преземе „бјанконерите“. Претходно управата на великанот од Торино го отпушти Игор Тудор по осум натпревари во серија без победа. Привремено, Хрватот ќе биде заменет од Масимо Брамбила, кој досега го водеше Јувентус Некст Џен.

Според Џанлука Ди Марцио, прв избор на раководството на Јувентус за постојан тренер е Лучано Спалети. Варијанта „Б“ е Роберто Манчини, а следната можност е Рафаеле Паладино.

Се тврди дека Спалети бара договор од една и пол година, но може да се согласи и на спогодба до крајот на сезоната со опција за продолжување од дополнителна година.

Спалети, кој во 2023 година ја донесе Наполи до шампионската титула, беше ослободен од позицијата национален селектор на Италија во јуни.


Челзи го сака Тер Штеген во јануарскиот преоден рок

Челзи размислува за сензационен трансфер на голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген, тврди телевизијата Sky Sports, барајќи начини да го засили составот на таа позиција.

“Сините” од Лондон сакаат да додадат искуство и лидерство на голманската позиција и веруваат дека Тер Штеген може да биде решението за проблемите на тимот.

Германецот го загуби стартното место, а решението на Барселона да потроши 25 милиони евра на 24-годишниот Жоан Гарсија предизвика внатрешни неизвесности, бидејќи Тер Штеген го прифати трансферот како декларација дека неговата ера завршила.

Откако претпри операција на грбот претходно летово, германскиот голман го изненади клубот, објавувајќи информации за повредата на социјалните платформи без да го информира медицинскиот оддел на Барселона. Ова беше толкувано како недостаток на професионализам од раководството. Марк-Андре тер Штеген дури беше лишен за кратко од капитенската лента, но малку подоцна му беше вратена.

Освен Тер Штеген, шефовите на Челзи размислуваат и за евентуалното ангажирање на голманот на Милан, Мајк Мањан, но изборот може да зависи најмногу од конкретниот период, бидејќи позајмицата на Тер Штеген може да се оствари уште во јануари, а Мањан е планиран како ново пополнување на долг рок.


Обид за киднапирање на најдобриот фудбалер на Зенит

Портпаролката на Министерството за внатрешни работи, Ирина Волк, потврди дека полицијата привела осомничени за обид за напад врз фудбалер и киднапирање на еден бизнисмен.

Таа не прецизираше за кого точно се работи, но според извор на порталот РИА Новости, станува збор за Андреј Мостовој. Најверојатно, фудбалерот на Зенит бил нападнат од неколку лица. Тие се обиделе да го наведат во автомобил, но еден случаен минувач му притрчал на помош и го спасил од криминалците. Сѐ се случило во текот на ноќта на 23 октомври.

Два дена по ова, на истото место бил киднапиран еден бизнисмен. Тој бил присилен да влезе во автомобил и да им предаде голема сума на пари на криминалците, по што бил пуштен. Полицијата од Санкт Петербург објасни дека четворица мажи се приведени. Против нив се покренати казнени постапки за киднапирање, обид за киднапирање и грабеж.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст

„Во Санкт Петербург моите колеги од криминалистичката полиција притвориле осомничени за киднапирање на бизнисмен и обид за киднапирање на познат фудбалер“ напиша Волк на својот Телеграм канал,


Слот под притисок, три имиња го меркаат неговото место

По одличниот старт на сезоната во Премиер лигата, Ливерпул влезе во сериозна резултатска криза. Тимот на Арне Слот, кој на почетокот запиша пет победи, сега има четири последователни порази, а поради тоахоландскиот стратег веќе добива критики.

Навивачите на клубот од „Енфилд“ не сакаат да чекаат и наводно веќе бараат оставка од Слот, а англиските медиуми веќе шпекулираат со можни наследници на клупата на Ливерпул.

Како главен фаворит се споменува Оливер Гласнер на кого му оди одлично во Кристал палас. Во игра е и Андони Ираола, кој импресионира со резултатите на Борнмут, додека како трета опција се наведува легендарниот Зинедин Зидан, иако се смета дека тој сè уште ја чека понудата да ја преземе француската репрезентација.


Мјалби руши рекорди во шведскиот фудбал

Скромниот клуб Мјалби, кој минатиот понеделник стана шампион на Шведска за прв пат во својата историја, постави рекорд, станувајќи тимот што освои најмногу бодови во историјата на шведското фудбалско првенство.

Мјалби во неделата го победи Норчепинг со 2-1 и со тоа ја забележа 21 победа во 28 коло во шведското првенство. На две кола до крајот на сезоната, Мјалби има 69 бодови, надминувајќи го рекордот од 67 бодови на Малме во 2010 година, а теоретски со победи над Ворнамо и Хакен до крајот може да дојде и до бројката од 75 бодови.

Мјалби е основан во 1939 година. Клубот е со седиште во истоименото гратче со население од околу 1.400 жители, но ги игра своите натпревари на стадионот „Страндвален“ во соседното населено место Хелевик со капацитет од 6.000 гледачи.


Двојна победа на Алексовски во Подгорица

Младиот македонски тенисер Марко Алексовски уште еден турнир во младинска конкуренција го заврши со два пехара. Тој на турнирот за играчи до 16 години „Подгорица Универзал Капитал Куп“ триумфираше во двете конкуренции (сингл и двојки). На овој начин Алексовски ја потврди и фаворитската улога прв носител во сингл.

Марко во финалето во поединечна конкуренција го совлада со 2-0 во сетови (6-4, 6-1) вториот носител Оливер Крупа од Полска. Сепак најтежок ривал му беше Србинот Лука Костиќ во полуфиналето. Тој против четвртиот носител Костиќ одигра три сета и со пресврт стигна до победата добивајќи ги двата тај брејка 2-1 (2-6, 7-6, 7-6). Во првите две рунди ги совлада Брендон Хас од Австралија 2-0 (4-1, 4-0) и четвртфинале Петар Станковиќ (Црна Гора) 2-0 (4-1, 4-1).

Во конкуренција на двојки Алексовски турнирот го заврши како победник заедно со Русинот Сергеј Артемев. Тие не одиграа финален меч бидејќи противниците (Јон Бунткер (Германија) – Вукашин Павловиќ (Србија) поради повреда го предадоа мечот. Но, во полуфиналето успеаја да ги совладаат првите носители Костиќ и Крупа со 2-0 во сетови (5-, 4-1).