feature

УЕФА ја казни Албанија пред дуелот со Србија

Селекцијата на Албанија ќе ја дочека Србија во квалификациите за Светското првенство во јуни во Тирана.

За овој натпревар ФИФА одреди казна за домашната селекција поради однесувањето на навивачите. Станува збор за однесувањето на мечот против Андора кога дел од трибините имаше скандирања против Србија и заедничката организација на ЕП за млади фудбалери во 2027 година.

Албанците ќе имаат намален капацитет на својот најголем стадион за 20% и затворање на дел од трибините за мечот со Србија.

Овој натпревар и онака е прогласен од висок ризик, па Фудбалскиот сојуз на Албанија ќе има полни раце работа.


Надир Хифи е „Ѕвезда во подем“ на Евролигата

Кошаркарот на Париз, Надир Хифи беше прогласен за „Ѕвезда во подем“ за оваа сезона во Евролигата.

Дебитантот во Евролигата е најпријатното изненадување оваа сезона, успеа да го заземат местото кое носи пласман во плеј-ин, каде ривал ќе им биде Реал Мадрид.

Хифи за 20 минути колку што беше на теренот оваа сезона во Евролигата имаше просек од 14,7 поени, 2,1 скока и 1,3 асистенции.

Претходните години наградата „Ѕвезда во подем“ ја добија Габриеле Прочида (Алба), Јам Мадар (Партизан), Рокас Јокубаитис (Барселона), Усман Гаруба (Реал Мадрид).


Ралф Шумахер не верува во останување на Верстапен во Ред Бул

Поранешниот Формула 1 возач Ралф Шумахер верува дека Макс Верстапен наскоро може да го напушти Ред Бул.

„Убеден сум дека ако ажурирањата на Ред Бул немаат ефект пред трката во Имола и тестовите на моторот во 2026 година покажат слаби резултати, Макс Верстапен дефинитивно ќе го напушти тимот. Тој сега покажува феноменална разлика во брзината – на секој тим му треба возач како него. Мислам дека ќе има нов предизвик во Астон Мартин каде што може да постигне уште повеќе“ изјави Шумахер за „Racingnews365“.

Следната фаза од Формула 1 ќе се одржи во Саудиска Арабија од 18 до 20 април.


Барса во септември ќе се врати на новиот „Камп ноу“

Објавен е веројатниот датум за враќање на Барселона на стадионот „Камп Ноу“.

Според „Onze Mondial“, клубот очекува да ја заврши реконструкцијата во септември оваа година. Капацитетот на стадионот по завршувањето на сите процеси се очекува да биде 105 илјади гледачи.

Реконструкцијата на „Камп Ноу“ започна во 2023 година. Оттогаш, Каталонците своите домашни натпревари ги играат на „Олимпискиот стадион“ во Барселона, кој има капацитет од 56.000 гледачи.

По 31 коло, Барселона води во Ла Лига со 70 бодови, четири бода повеќе од Реал Мадрид.

Вечер тимот на Ханс Дитер Флик ќе игра на гости кај Борусија Дортмунд во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Првиот натпревар заврши со победа на Каталонците со 4:0.


Матеус верува во пресврт на Баерн во Милано

Лотар Матеус верува дека Баерн Минхен и покрај поразот од Интер (1-2) на првиот натпревар сепак ќе продолжи понатаму.

„Цврсто верувам дека Баерн оди понатаму! Вистина е дека „Сан Сиро“ има посебна моќ, но кога се работи за Баерн, играњето на противничкиот стадион, пред противнички навивачи, секогаш носи посебна мотивација“, изјави Матеус.

Тој смета дека Интер не може двапати да се „провлече“.

„Дури и минатата недела во Минхен можеше да се види дека Баерн е подобар тим. Единствениот проблем е, како и против Дортмунд, што не успеваат да ги искористат шансите. Ако успеат, Баерн ќе успее да ја анулира негативата од еден гол. На првиот натпревар решија ситници. Хари Кејн ја погоди стативата, не му оди најдобро во последно време, но не верувам дека е во криза. Знае тој што треба да направи за да постигне гол“.

На крајот, Матеус изјави дека резултатот од натпреварот на стадионот „Џузепе Меаца“ ќе биде 3:1 за Баерн.


Салах одбил богатство за да потпише нов договор со Ливерпул

Фудбалерот на Ливерпул Мохамед Салах добил профитабилна понуда од Саудиска Арабија вредна 500 милиони фунти, јавува „Би-би-си“.

Сепак, фудбалерот реши да го продолжи договорот со Ливерпул, бидејќи сè уште се стреми кон „спортски предизвици во Премиер лигата и Лигата на шампионите“.

Египетскиот интернационалец ќе остане најплатен играч во тимот со плата од околу 400.000 фунти неделно. Воедно, тој не ја исклучува можноста да се пресели во саудискиот клуб по истекот на новиот двегодишен договор со англискиот клуб.

Салах оваа сезона забележа 46 настапи за Ливерпул во сите натпреварувања, постигнувајќи 32 гола и 23 асистенции.

Неговиот актуелен договор со клубот е до летото 2027 година.


Дресот на Дончиќ во Лејкерси напродаван сезонава во НБА лигата

Објавен е податокот за продажба на дресови во НБА сезонава, по 11 години најпродавани дресови не се оние на Леброн Џејмс и Стивен Кари. Годинава за прв пат најпродаван е дресот на словенечката ѕвезда Лука Дончиќ.

На Дончиќ веројатно му помогна тоа што среде сезоната го смени клубот, па најпрвин неговите дресови ги купуваа навивачите на Далас Маверикс, а потоа и на Лос Анџелес Лејкерс.

Од 2014 година, Леброн и Кари редовно ги имаат најпродаваните дресови. Во тој период дресот на Леброн седум пати бил најпродаван, а на Кари четири пати.

Според достапните податоци, Леброн го имаше најпродаваниот дрес во 2011 година, додека во 2012 година најпродаван беше дресот на Дерик Роуз, а во 2013 година дресот на Кармело Ентони.

Иако не се на првото место, Кари и Леброн останаа на врвот и го заземаат второто, односно третото место. Џејсон Тејтум од Бостон Селтикс и Џејлен Брунсон од Њујорк Никс се меѓу првите пет продавачи.


Валенсија пред ангажман на Исмаел Бако

Шпанска Валенсија планира да го ангажира Исмаел Бако. Договорот на 29-годишниот центар со екипата на Уникс ќе заврши на крајот на сезонава.

Тој има просек од 8,6 поени и 6,4 скокови на 41 натпревар во ВТБ лигата.

Според дел од медиумите, белгискиот кошаркар е една од приоритетните цели на шпанскиот клуб кој сака да се врати во Евролигата.


Суарез има сон, сака да влезе меѓу десетте најдобри стрелци во историјата

Напаѓачот на Интер Мајами, Луис Суарез призна дека би сакал да стане еден од десетте најдобри стрелци во историјата на фудбалот.
Суарез: Би сакал да станам еден од најдобрите десет стрелци во историјата на фудбалот. Уругваецот има најмногу освоени титули меѓу своите сонародници. Суарез има 587 гола на своето име, а има потреба од уште 34 гола за влез во престижното рангирање.

„Понекогаш е лесно да се каже дека не обрнувам внимание на статистиката и головите, но адреналинот во фудбалот се заснова на нив. Иако имам 38 години, мислам дека можам да постигнам нешто уникатно за уругвајски фудбалер. Да влезам во топ 10 најдобри голгетери во историјата на фудбалот би било неверојатно“, рече Суарез, цитиран од „Ел Паис“.

Луис Суарез игра за Интер Мајами од јануари 2024 година. Претходно, Уругваецот ги носеше дресовите на Гремио, Национал, Атлетико Мадрид, Барселона, Ливерпул, Ајакс и Гронинген.


Филип Лазаров доби нов договор во Ратингем

Македонскиот ракометен тренер, Филип Лазаров останува во Германија, откако по успешната сезона доби нов договор во Ратинген Интерактив.

Клубот под водство на некогашниот лев бек на македонската репрезентација се избори за пласман во Третата германска лига, а како награда за тоа Лазаров доби продолжување на соработката.

„Ова ќе биде моја осма сезона во клубот и сè уште сум тука со голема страст. Токму поради тоа мојата мотивација и чувството на одговорност постојано се на високо ниво. Главната причина зошто продолжувам е успешната сезона што сè уште трае. Имам чувство дека започнавме да пишуваме нова приказна.

Третина од нашиот сениорски тим доаѓа од нашите младински категории – тоа е огромен успех за нас. Токму тоа е нашата долгорочна цел: да обезбедиме што е можно повеќе талентирани играчи од нашата школа, кои веќе покажаа одлични партии во оваа сезона“, изјави Лазаров по потпишувањето на новиот договор.