feature

Инзаги: Интер заслужи да игра во финалето

Тренерот на фудбалерите на Интер, Симоне Инзаги, по вчерашната елиминација на Барселона, вели дека неговиот состав заслужено влегол во финалето на Лигата на шампионите.

„Мораме да и честитаме и на Барселона, бидејќи е навистина силен противник. Потребен беше супер Интер, па им честитам на моите момци за двата неверојатни натпревари. Тоа е единствениот начин да се стигне до финалето.

Горд сум што сум нивни тренер бидејќи дадоа сè од себе. Никогаш не бевме арогантни, заслуживме да стигнеме до финалето“, рече тренерот на италијанскиот тим


Зомер е јунакот: Одбраните на Швајцарецот го одведоа Интер во финалето

По завршувањето на реванш натпреварот од полуфиналето на Лигата на шампионите помеѓу Интер и Барселона.

Натпреварот кој се одигра на стадионот „ Џузепе Меаца“ во Милано. Мечот заврши со резултат 4-3 во корист на домашната екипа по продолжение или вкупен резултат 7-6 во корист на италијанскиот клуб.

Според официјалната веб-страница на УЕФА, за најдобар играч на натпреварот беше прогласен голманот на миланскиот Интер, Јан Зомер. Голманот на Интер го зварши натпреварот со 7 одбрани, но дел од нив беа во клучен момент од натпреварот кој можеше да заврши со друг епилог доколу Зомер не беше на голот на Интер.

Во финалето на Лигата на шампионите, милански Интер ќе игра против победникот од натпреварот ПСЖ – Арсенал.


Лацио без дефанзивци на дербито против Јуве

Алармот се вклучува во Лацио. Против Јувентус в сабота во 18:00 часот на Стадионот Олимпико, тренерот, Марко Барони, ќе мора да се справи со многу повредени и болни на стоперските позиции

Единствениот што е достапен во моментов е Лука Пелегрини. Црногорецот, Адам Марушиќ, е под знак прашалник иако лекарскиот тим ќе се обиде да го опорави за да ја покрие дупката во одбраната.

„Римските орли“ во финишот на сезоната во Серија „А“ се борат за место во Лигата на шампионите.


Дибала ги одбил понудите од Саудиска Арабија за да остане во Италија

Пауло Дибала кој беше подложен на операција на тетивата и ќе биде надвор од терените до крајот на сезоната, вели дека не размислувал за напуштање на тимот иако во изминатото лето имаше одлични понуди од Саудиска Арабија.

„Нема да лажам, тоа се бројки што навистина ве тераат да размислите, се прашувате: „Што да правам?“, но, мислам дека има поважни работи. Вистината е дека сум многу среќен во Рим и моето семејство е исто така многу среќно.

Тоа не се одлуки на една личност, понекогаш клубовите треба да донесуваат одлуки што се спротивни на принципите и идеите на играчите“, рече напаѓачот на Рома.


Рафиња се изедначи со учинокот на Роналдо

Фудбалерот на Барселона, Рафиња, го израмни рекордот на Кристијано Роналдо, по бројот на голови и асистенции во една сезона во Лигата на шампионите.

Бразилецот на вчерашниот меч кај Интер во реваншот од полуфиналето постигна погодок за предност од 3-2 но, неговиот тим го загуби мечот по две продолженија со 4:3 и не влезе во големото финале.

Рафиња во сезонава постигна 13 гола и запиша 8 асистенции. Достигнувањето на Кристијано Роналдо датира од сезоната 2013/2014, кога играше за Реал Мадрид.


Јанис летово заминува од Милвоки

Apr 9, 2024; Milwaukee, Wisconsin, USA; Milwaukee Bucks forward Giannis Antetokounmpo (34) calls a play in the second quarter against the Boston Celtics at Fiserv Forum. Mandatory Credit: Benny Sieu-USA TODAY Sports

Јанис Адетокумбо остана без конкретен резултат во плејофотод НБА лигата втора година по ред и покрај фактот што ја заврши регуларната сезона како еден од најдобрите играчи.

Заедно со Никола Јокиќ и Шеј Гилџис-Александар, Јанис е кандидат за МВП со 30,4 поени, 11,9 скока и 6,3 асистенции.

Како што објави инсајдерот од НБА, Хауард Бек, во подкастот на Зак Ло на „Рингер“, Јанис Антетокумпо ќе може да избира ова лето и тоа помеѓу тимовите на Њујорк, Мајами или Лос Анџелес.


Миленкоски го скрати списокот за Златната Европска лига

Селекторот на машката одојкарска репрезентација на Македонија, Јошко Миленковски го објави скратниот список од 16 одбојкари кои ќе треба да се појават на првиот собир во Струмица на 15 мај. Прв предизвик за Македонија е Златната Европска лига, а Миленковски се одлучи за проверен ростер. Базата ја сочинуваат капитенот Никола Ѓоргиев и организаторот на играта Ѓорѓи Ѓоргиев, потоа Александар Љафтов, Лука Костиќ, Стојан Илиев, Тоше Ефремов, како и средниот блокер Филип Савовски.

Капитенот на Струмица 47&72 Владо Милев како најискусен треба да даде стабилност во националниот тим, а целата слика да ја надополнат најдобрите одбојкари од домашната сцена, од редовите на ново-стариот шампион Струмица 47&72 и освојувачот на Купот, Штип УГД.

Селекторот Миленкоски првата прозивка ќе ја има во хотелот „Пандев“ во Струмица на 15 мај напладне.


ПАО и Монако последни се „чекираа“ на Ф4 во Абу Даби

Кошаркарите на Панатинаикос се пласираа во завршниот турнир од Евролигата, откако го победија Ефес, во петтиот натпревар од серијата со 75-67. Панатинаикос на завршниот турнир во Абу Даби ќе ја брани титулата.

Панатинаикос до победата го предводеше Чеди Осман со 28 поени и осум скока. Двоцифрени беа и Кендрик Нан со 12 поени, четири скока и пет асистенции, односно Џериен Грант со 11 поени, осум скока и три асистенции.

Кај Ефес се истакна Елајџа Брајант со 16 поени со четири скока и асистенции, а го следеше Шејн Ларкин со 11 поени, еден скок и четири асистенции.


Интер е првиот финалист: По антологиска драма и продолженија ја елиминира моќната Барса

Интер, втор пат во три сезони ќе се бори за титулата во Лигата на шампионите. Во спектакуларен натпревар, Интер ја победи Барелона на „Џузепе Меаца’ со 4-3, откако натпреварот во основниот дел заврши 3-3.

Интер по првиот дел имаше предност 2-0, Барселона се врати во вториот дел во интервал од шест минути, а пресвртот го комплетираше Рафиња во 88:минута. Пет минути подцна еден од хероите на Интер оваа вечер, Ачерби изедначи и избори продолженија.

Во дополнителните 30 минути натпреварот го реши Давиде Фратези во 99. минута.

Покрај Ачерби и Фратези, херој на Интер е и голманот Јан Зомер. Швајцарецот прими три гола, но имаше неколку изворедни интервенции. Осбено се истакна во 56.минута кога го одбрани ударот на Ерик Гарсија и во 114. минута кога беше поуспешен од Ламин Јамал.

Интер во финалето, на 31.мај во Минхен, ќе игра против победникот од натпреварот меѓу ПСЖ и Арсенал. Реваншот е во среда во Париз, ПСЖ има предност 1-0.


Жоржињо договори слободен трансфер во Фламенго

Жоржињо ќе го напушти Арсенал во летниот преоден рок и ќе се пресели во Бразил, ќе го носи дресот на Фламенго.

Жоржињо и Фалемнго имаат вербален договор за тригодишна соработка која наскоро треба да биде и официјализирана.

Актуелниот договор на Жоржињо со Арсенал истекува по крајот на оваа сезона, па тој како слободен играч ќе потпише за бразилскиот клуб.

Жоржињо е роден во Бразил, но има и италијански корени па настапува за репрезентацијата на Италија.

Можеби ќе ве интересира
Флоријан Вирц си ја отворил душата и го информирал Чаби Алонсо каде